Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Кочо Рацин трибина

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Кочо Рацин трибина

Пишување by Anarchist on Нед Дек 21, 2008 10:36 pm

Во понеделник 22.12.2008 во библиотеката браќа миладиновци во скопје во 19:00 ќе се одржи трибина по повод 100 години од раѓањето на комунистот Коста Солев. Сите се добредојдени. Организатор на оваа манифестација е движењето за социјална правда Ленка.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кочо Рацин трибина

Пишување by netocka on Пон Дек 22, 2008 11:55 am

и има памфлет, Кочо Рацин, поет и/или револуционер, да се спушти тука:
http://levicamk.blog.com.mk/
шо содржи негов малку познат расказ
Резултат
Сега пред вас, преку движења на раката и траги од мастило ќе ставам и трага на мислата,како резултат од процесите во мојот живот. И сега ќе се обидам кон него да ја дограбам последната патека што ми преостанува во мојот живот, на патот за Иднината.
Зашто мојата Сегашност е разрешена од спознанието: дека сум јас работник, роб на господарот којшто за готови пари ја купува мојата сила и дека тие пари ги добива пак од мене, продавајќи го мојот евтин труд за скапа цена. Така барем изгледа кога тој не работи како мене, па сепак подобро живее и им ја купува на другите силата и трудот. Уште и ова: дека мене ми е невозможно да се ослободам од ова ропство, зашто здружението на господарите, наречено држава, бдее над мене и моќно е како гладот наспроти лебот, иако нивната волја ја извршуваат луѓе како што сум и јас - купени за готови пари. И така, гледате, понекогаш ме фаќа ужас од тоа: зошто моето ропство - токму од тоа е неизбежно. Па сепак, ме утешува и друго спознание: дека робови, како што сум јас, има со милиони во светот, и ми влева храброст помислата: дека спознанието за нашето ропство ќе ни донесе нам свест, а таа, како непобедлива моќ, ќе ни донесе нам и ослободување. Зашто спознанието за начинот на ракување со робовите им донесува на господарите богатство, а нам, на робовите, спознанието
дека сме робови ќе ни донесе слобода!
итн

netocka

Број на мислења : 95
Registration date : 2008-09-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кочо Рацин трибина

Пишување by Anarchist on Сре Дек 24, 2008 12:34 pm

Tribinata pomina ok. Imase malku lugje okolu 30. Izlaganjeto na onie sto govorea spored mene bese na nivo. I dobrata rabota bese sto Koco Racin ne se velicese, yuku se prikazuvase faktografski. Interesno e sto imase i eden star dedo koj bese prijatno iznenaden deka povekjeto tamu bevme mladi lugje, pa i toj imase kratko izlaganje so citanje na Zaklucok od nekoj sobir sto se slucil pred nekoj den na onie preziveanite od Goli Otok. Zaklucokot bese za Koco Racin.

Inaku eve eden super text spored mene od Koco Racin, tekstot go najdov ovde:
http://www.marxists.org/makedonski/racin/1928/rezultat.htm


Кочо Рацин
Резултат


Сега пред вас, преку движења на раката и траги од мастило ќе ставам и трага на мислата, како резултат од процесите во мојот живот. И сега ќе се обидам кон него да ја дограбам последната патека што ми преостанува во мојот живот, на патот за Иднината.

Зашто мојата Сегашност е разрешена од спознанието: дека сум јас работник, роб на господарот којшто за готови пари ја купува мојата сила и дека тие пари ги добива пак од мене, продавајќи го мојот евтин труд за скапа цена. Така барем изгледа кога тој не работи како мене, па сепак подобро живее и им ја купува на другите силата и трудот. Уште и ова: дека мене ми е невозможно да се ослободам од ова ропство, зашто здружението на господарите, наречено држава, бдее над мене и моќно е како гладот наспроти лебот, иако нивната волја ја извршуваат луѓе како што сум и јас - купени за готови пари. И така, гледате, понекогаш ме фаќа ужас од тоа: зошто моето ропство - токму од тоа е неизбежно. Па сепак, ме утешува и друго спознание: дека робови, како што сум јас, има со милиони во светот, и ми влева храброст помислата: дека спознанието за нашето ропство ќе ни донесе нам свест, а таа, како непобедлива моќ, ќе ни донесе нам и ослободување. Зашто спознанието за начинот на ракување со робовите им донесува на господарите богатство, а нам, на робовите, спознанието дека сме робови ќе ни донесе слобода!

До таков резултат дојдов во трагањето на причините за мојата беда. А тоа ми е наедно и резултат на мојот петнаесетгодишен опит, откога сум и јас наемен роб. И колку тешко дојдов до него! Нашите господари ги испраќаат своите синови во посебни институти каде што купуваат свест и знаење како да постапуваат со нас, а ние, робовите, мораме сами да бараме свест за одбрана од нив, мораме со гола рака да пробиваме тунел низ грозотиите на робовската Темнина! Зашто сиот мој мисловен свет се движи во кругот: на фабриката, улицата и станот, а сета егзистенција на тој живот е така бедна, ограничена, тесна, мала, и доаѓа само тогаш, кога бедата добро ќе ме притисне на тлото. Инаку, секојдневните грижи за егзистенцијата на голиот живот и секојдневната болка, јад и патење ме спречуваат да влезам во полето на Смислата.

Имаше дни кога како улав ја барав таа Смисла, и тоа Значење коешто донесува во темнината Расветление, имаше моменти кога лебдев во Неизвесноста и редовно главечки паѓав во дното на ропското Незнаење. Имаше мисли што ми го параа мозокот:

„Зошто ние, што го создаваме светот, немаме право на достоен живот во него?...“

И тогаш... тогаш само ќе го сетев ужасот на молњата, и без да го чујам букотот на грмежот, толку бев далеку од Спознанието.

Еден ден ми рече жената, сета бледа од глад:

- Та зошто работиш кога не можеш од тоа да живееш?

Ни јас не умеев на тоа да и' одговорам, и молчев пред неа. Но душата ми ја кинеше прашањето:

- Зошто? ... Зошто е така?

Имаше моменти кога низ мозокот ми маршираше ваква мисла:

„Културата е најголема човечка добродетел, а љубовта кон својот ближен е врв на таа култура, зашто сите на земјава сме браќа меѓу себе.“

Ова, секако, сум го прочитал некаде.

И тоа е добро, прекрасно, величествено. Туку зошто не сме сите луѓе еднакви, зошто има меѓу нас робови и господари, потчинети, понижени, експлоатирани - со помошта на еден нечовечки предмет: Парите? Зошто?

И тогаш триумфално ќе продефилираше спознанието:

„Културата во рацете на господари и богаташи - само е инструмент за создавање на нивното богатство. За нив културата е - Експлоатација. И само тогаш, кога културата ќе биде во рацете на оние што работат - само тогаш културата ќе биде човечка!...“

Оние што работат? Милионите? Да!... Кога тие што го создаваат светот ќе бидат достојно наградени за својот труд, кога ќе исчезне експлоатацијата и искористувањето, тогаш луѓето ќе бидат браќа меѓу себе, а културата - култура!

... И така полека марширав кон Спознанието...

И до колку она сè повеќе се вкоренува во мене, трудот, под условите во кои работам, ми се чини непродуктивен и штетен за мене, зашто чистата печалба е за мојот господар, а со тоа тој и ме прави мене роб.

И ми се чини дека работата за рушењето на овие услови е многу попродуктивна отколку работата под нив, зашто сметам дека таа работа по ништо не се разликува од животинската работа и дека само тогаш кога ќе ги снема нив - работата за човекот ќе биде благослов, насмевка и бакнеж на Природата за неговиот труд! А дотогаш... дотогаш рушењето е попродуктивно.

Тоа ми е последниот Резултат.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кочо Рацин трибина

Пишување by Anarchist on Сре Дек 24, 2008 12:36 pm

Ups da netocka go spomnala tokmu toj tekst. Tekstot e navistina dpbar vredi da se procita.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кочо Рацин трибина

Пишување by koki_skopje on Пет Дек 26, 2008 12:52 am

Извинете малку ке ви ја пореметам темава но конечно мило ми е што го најдов форумот и што има форум за анархистичкото движење и во Македонија позз до сите не видов тема за преставување нови членови на форумов па ја искористив оваа како последна најактивна се надевам нема да замерите

koki_skopje

Број на мислења : 2
Registration date : 2008-12-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кочо Рацин трибина

Пишување by M-1 on Пет Дек 26, 2008 3:45 pm

Dobredojde Koki, ovde nema potreba za pretstavuvanje a ne e ni na odmet no sepak da ti se pretstavam i jas: Revolution is my name:)
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кочо Рацин трибина

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот