Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Анархокомунизам

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Вто Ное 09, 2010 12:51 pm

Moram da priznaam deka po ona sto go procitav pogore za anarhokapitalizmot i osobeno za anarhoindividualizmot, smetam deka jas licno mnogu dobro bi se snasol vo takvo opstestvo od mnogu pricini koi ne bi gi obrazlagal sega....no pretpostavuvam i deka ke ima nekoj koj nema dobro da se snajde i taka ke nastane neddnakvost koja ponatamu ke vrodi negativni emocii kako ljubomora, frustracija i sl. sto ke rezultira so pojava na agresija pasivna ili aktivna seedno.
Nejse, ne e tolku vazno ova , sakav da se zadrzam na nekoi drugi elementi od pogorniot post.
Celosno ne se soglasuvam so toa deka samo so sila i postoenje na drzaven mehanizam moze da se nametne sostojba na "Ubercapitalist". Imeno vo slucaj na totalna sloboda na pazarot postojat i nekoi vondrzavni instrumenti za vsmukuvanje na kapitalot i unistuvanje na konkurencijata. Taka na primer, denes barem na hartija vo vid na zakon postojat vo site "civilizirani" drzavi odredbi za zastita od monopolizam i nelojalna konkurencija. Bidejki vo anarhizmot nema drzavna valast i prisila nema da postojat ni vakvi mehanizmi i se ke bide proizvod na covekovata sopstvena volja. Ponatamu postoela drzavata ili ne sekogas ke postojat mehanizmite nas unistuvanje na ekonomski pobogatite na ekonomski poslabite. Taka na primer onoj koj ima poveke kapital moze da gi diktira cenite na pazarot i da gi unistuva poslabite. Taka na primer moze da nametne ceni koi ne soodejstvuvaat so vrednosta na proizvodot koj go prodava (preterano niski) so koi ke im nanese steta na site, no vo toj period ke izdrzi onoj koj ima najveke kapital- site drugi ke bankrotiraat i ke mora da gi zatvorat biznisite. Ponatamu primerot koj go navede rothbard pogore deka koga nekoj ke prodade nesto dobiva pari na smetka na ona sto go prodal ( primer firmata),smetam deka e celosno neopravdliv pri postoenje na anarhokapitalizam, bidejki i vo takov podvid na anarhizam ako postojat pari (a bez pari nema kapitalizam) istite ke bidat podlozni na inflacija i tuka povtorno se otvaraat polinja za manipulacija. Imeno sum ti kupil firma za milion paricni apoeni, i ti gi imas parite ama jas ja imam firmata (masini prostorii lugje itn) ova vtorovo ne e podlozno na inflacija ama parite se. Uste edno bitno prasanje KAKO KE POSTOJAT PARITE I ANARHIZMOT ZAEDNO? Parite i anarhizmot se argumentum contrario eden na drug. Imeno vo sostojba na anrhizam vo koj ima sloboda na pazarot i pretpriemnistvoto, parite kako univerzalno sredstvo na razmena ke bidat najposakuvaniot objekt isto kako i vo denesnovo opstestvo. Pritoa ke mora da POSTOI NEKOJ KOJ KE REGULIRA KOLKU PARI KE SE PUSTAT VO OPTEK ZA DA NE SE OBEZVREDNAT (INFLAIRAAT) A SO SAMIOT FAKT STO KE POSTOI NEKOJ KOJ KE GO REGULIRA OVA PRASANJE ZNACI DEKA TOJ KE IMA VLAST. a VLASTA E SPROTIVNA NA ANARHIJATA. KOGA SE VO PRASANJE PARITE POSTOJAT I MNOGU DRZAVNI MEHANIZMI ZA ODRZUVANJE NA NIVNATA VREDNOST PORANO "ZLATNA KLAUZULA" DENES E NAPUSTENA OD 99% OD DRZAVITE I IMA DRUG TIP NA MEHANIZAM KOJ NE BI GO OBRAZLAGAL PODETALNO. Ako ne postoi nekoj koj ke go regulira optekot na pari i ako istite se izdavaat haoticno togas sekoj ke si printa pari kolku saka i istite nema da imaat nikakva vrednost. Pogorenavedenoto znaci deka parite vo sostojba na nepostoenje na vlast koja ke gi emitira izumiraat sami po sebe i nemozat da postojat. Bez postoenje na pari se se sveduva na naturalna razmena a vo slucaj na postoenje na istata nikoj nema da bide preterano bogat nitu preterano siromav i ke razmenuva onolku kolku sto ke mu treba za da opstojuva. Na ovoj nacin ke postoi pravilna raspredelba na resursite sto na krajot na kraistata ke rezultira so nekoja forma na anarhosocijalizam. Sto znaci povtorno deka anarhijata e vozmozna samo vo kombinacija so komunizam ili eve da ne bide komunizam ( bidejki komunizmot mnogumina gi asocira na etatizam) vo kombinacija so socijalizam.
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Rastapunk on Вто Ное 09, 2010 6:41 pm

Само кажи ми зошто мешаш Карл Маркс и анархо-комунизам?
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by р on Вто Ное 09, 2010 7:18 pm

Ех, Пандонети, Пандонети. Жал ми е што веруваш во класичните заговори против слободниот пазар и не сваќаш дека целта е само концентрација на моќта на одлучување на централни, политички центри-патем, ако јас почнам да критикувам за анархо-комунизмот служејќи се со мејнстрим мислења до кај ќе стигнеме!. Воглавно, критиките како и системот што го застапуваме мора да доаѓаат од непристрасни (кон државата) мислители и теоретичари. Не за друго, бидејќи целта на нив им е статус-кво позиција. Да се искритикува секој алтернативен систем (анархистички) за да остане Државата како главен двигател на општествено-економските односи! Но, ајде ...да речеме дека си во право!
За одговор на ова прашање стварно треба малку поголемо познавање на економиски срања. Друга битна ствар е кога се читаат или истражуваат вакви работи мора да им се влезе во сржта-а тоа е пред доста години. Анти-монополските закони и законите против нелојална конкуренција се смешка која секој ден е критикувана од критичната маса во САД. А мислам дека ни е јасно на сите дека се почнува од САД па тера навака! Инаку, на многу од истражувањата што се спроведени во САД, фирмите на прашањето дали сакаш регулација или слободен пазар, најголемите зверки кажувале регулација. Симптоматично, нели?

1/Најпрвин, природен, пазарно создаден монопол не постои. Ниту еден пример нема во историјата на економијата каде што одредена компанија е монопол по природен пат (а и нема лошо ако е по природен а не насилен пат, како што нема ништо лошо во тоа што М. Jordan е најбоље). Сите монополи досега се создадени со помош на Државата(на сила). Државата (поради одредеин економски теории) го монополизира пазарот со тоа што дава лиценца на една компанија да ја снабдува услугата и при тоа бидејќи Е ДРЖАВЕН МОНОПОЛ го контролира и регулира за да не си игра играчки! А всушност си игра- и си ги делат парите. (читај:http://mises.org/journals/rae/pdf/R92_3.pdf-kratok tekst od 16 str.).

2/Второ, цените и вредноста е субјективна. Оди отвори продавница за што сакаш и дигни ги цените колку сакаш! Ќе банкротираш за два дена! Од друга страна пак, ако некој ги спушта со цен да затвори некоја помала фирма-топ за сите други. Ќе купуваме поевтини производи. Замисли ти дојде некој дома и ти рече ти шиткам ферари за 100 евра! Ќе го одбиеш бидејќи ќе ги затвори другите бизниси? Или дека создава така монопол? Нормално, дека не-ќе го прифатиш со ширум отворени раце!
ОД друга страна, зошто да е спротивно некој да ги намалува цените кога сака и како сака? Зошто да мора на сила да го спречуваме некој да си располага со својата приватна сопственост на начин на кој он сака? Иако ваквата појава исто така е скоро непостојна во практичниот свет! Нормално, дека поголемито секогаш ќе биде појак, но тоа е бидејќи СИТЕ НИЕ ДРУГИТЕ го ВРЕДНУВАМЕ ПОВЕЌЕ! Ако постои целосно слободен пазар (значи, нема бариери за влез ниту за излез од пазарот или пак се доволно ниски) опасноста од конкуренција (дури и да ја нема) ќе претставува секогаш кочница на "големите" играчи.

ПРИМЕР:Да речеме ти си главна фаца на пазар...доаѓа нов конкурент...ти ги спушташ цените (иако, на луѓето не им е главна секогаш цената-иначе сите би јаделе во Чичко Стоилко, нели?)...затвара фирмава конкурент...повторно ги качуваш цените-во истиот ден ќе ти отвори друг конкурент...пак ќе ги спуштиш...до кога мислиш дека можеш да продаваш производи по пониска цена него што ти се трошоците...мене ми изгледа како блиску да ќе ти биде крајот!

3/Трето, монопол не значи еден играч на пазарот кој ја снабдува услугата/производот. Таквиот економски став всушност потекнува од една глупава економска школа која го сваќа пазарот како статичен-како непроменлив. Но, не е таков. Пазарот е во постојано движење. Се раѓаат нови луѓе, се менуваат вкусовите, се менуваат условите, итн. Замисли ме да имам продавница за балони за на гробишта. Сите онакви со мртвачки глави и црни, језиви. Мислиш дека ќе имам конкуренција? Би било нормално некој да рече дека имам МОНОПОЛ? Скраја да еSmile. МОНОПОЛ Е И ПОСТОИ САМО КОГА НИКОЈ ДРУГ НЕМОЖЕ ДА БИДЕ КОНКУРЕНТ и дури таа теорија до некаде е прифатена кај стварно јаките економски фаци (Ротбард, Мизес, Д.Фридман, Р.Коуз, итн.). Нормално, нема Пол Кругман да ја прифати (Кејнзијанец, советник на САД).

4/Друга битна ствар што ја спомна. ИНФЛАЦИЈА!
Најпрвин, да расчистиме нешто. Анархо-индивидуализмот не мислам дека е утописки систем. Длабоко сум убеден дека е доста добро разработен теореткси, дека е во целосна согласност со човековата природа, дека би бил најморален и најефикасен и дека има поуспешна историја од било кој друг алтернативен систем (Средновековен Исланд, Пенсилванија во времето на Пен, Келтите во Ирска, итн.). И што е побитно Е СИСТЕМ КОЈ Е СМИСЛЕН ЗА ДЕНЕШНИЦАТА (не велам дека би се спровел бидејќи пак до некаде е потребно негово градење во умовите на луѓето и тука секогаш ќе имаш кочници од многумина, но...). Нема потреба од никаков социјален инженеринг за човекот да мора драстично да се менува...да дојде Новиот Социјалистички Човек. Но, ќе останат многу од денешните проблеми-само што луѓето ќе неможат да се обраќаат на државата да им помага, туку ќе мора доброволно да си помагаме едни на други!

Дополнително, парите и АНАРХИЗМОТ СЕ ДАЛЕКУ ОД контрадикторен аргумент. Парите се во целосна согласност со анархизмот (не се можеби со анархо-комунизмот, т.е. со комунизмот, но комунизмот и анархизмот се скроз различни системи-т.е. можеби еден ден би постоело комунистичко општество без држава, но мислам дека попрво и повозможно е општество со целосна приватна сопственост и без држава). Како настануваат парите? Сосема спонтано, природно и доброволно, Историски ваквиот став е точен, но да земеме пример дека не е. Пак, За моралот е важно како треба да биде! Затоа да испитама со пример дали парите се во согласност со анархизмот! (п.с. Шпанската анархо-комунистичка револуција во 30тите не била во согласност со анархизмот кога анархистите донеле декрет дека секој што ќе користи пари ќе му лета главата)
Пример
200 луѓе сме на остров. Постои приватна и лична сопственост (што има разлика...Маркс бил против приватна, не против лична!). Имам јас крава и млеко, но ми треба месо. Идам до кај тебе в куќа и ти викам слушај Пандонети: ќе ти дадам една крава, дај ми две свињи. Прифаќаш. Но, и тебе ти треба јајца. Идеш кај Растапунк и му викаш ќе ти дадам една свиња дај ми 4 кокошки. Јасно ти е набргу колку соодноси ќе се воспостават и ќе ни биде тешко да знаеме колку кокошки ќе биде една крава итн (плус работите се субјективни). Ќе ни се отежни непотребно трговијата, а прашање е живот или смрт! Дополнително, еден ден идам јас кај тебе и не те наоѓам. Немам од каде да земам месо. И сваќам дека всушност сите на островот ни треба риба. Па, ќе му дадам на некој риба, за да ми даде месо, а он после со рибата ќе си земе тоа што му треба. Трговијата е индиректна, поделена на два дела.
Почнуваме да ја користиме рибата како разменско средство. Ти давам 10 риби ми даваш 1 свиња. Сите други производи се фиксирани со рибата. Рибата не само што можеш да си ја изедеш туку можеш и да ја размениш. И еден ден си викаме абе заеби размена со риба, дај ќе разменуваме златници кои ќе бидат фиксирани со рибата. Значи десет златнцици една риба! Модерната трговија започнува! Смени го островот сега со општество и рибата со злато и ќе видиш се како си е ок и во согласност со безвластитето и редот (анархија). Луѓето заеднички соработуваат за да си ги подобрат условите за живот! Ако ги видиш и примеров се си е во согласност со анархо-индивидуалистичките принципи-приватна сопственост, индивидуалсност, слобода!
Сега да се вратиме на инфлацијата. (патем, Централни Банки се прилично нови изуми, парите постојат од времето пред Исус). Што е инфалција? Зголемување на паричните фондови во поголем износ него што се постојаните стоковни фондови (денес ова се случува бидејќи имаме државен монопол врз парите и одврзани раце на ЦБ за манипулација со паричната маса). Со други зборови, има повеќе риби него што имаме ние производи за размена. И што настанува сега? Наеднаш, се менува сезоната и некој улови 1000 риби повеќе него претходно. Претпоставуваш што ќе се случи? Претпоставка дека е целосно слободен пазар, имаме повеќе риби (понуда) а стоките за размена остануваат исти (побарувачка), растат цените на стоките, бидејќи се падне вредноста на златникот и рибите! Во обратен случај, имаме исто риби а поради некоја многу плодна свиња се зголемат стоките за размена, тогаш ќе имаме паѓање на цените. Цените и пазарот ќе го апсорбираат вишокот на вредност на разменското средство и никому ништо. Нормална појава. Цените не треба да се статични засекогаш! Но, ова ќе биде многу поредок случај, бидејќи луѓето ќе изберат (и избрале) одреден предемет како основно средство за размена што ќе има горе-долу константна вредност.

Сепак Пандонети, тебе не ти итнересира толку ова колку што ти интересира хаосот кој може да настане ако секој почне да си кова или принта пари. Но, зарем не те плаши хаосот во анархистичкото општество што секој ќе може да биде лекар? Како би се решил овој проблем во анархо-комунистичкото? Јас сакам да бидам лекар ама сум катастрофа. Доаѓа некој кај мене го боли грло, јас му лупам инекција за јајници и му расте трета цицка. Ќе ми забрани некој? Кој ќе ми забрани? Во анархо-индивидуалситичкото е многу еднсотавно решавањето на овој проблем. КОНКУРЕНЦИЈАТА ГИ РЕШАВА ОВИЕ СТВАРИ А ПАЗАРОТ ОДРЕДУВА ЗА ШТО ИМА ПОТРЕБА! Ако луѓето имаат потреба од некој да ги проверува оние кој принтаат пари или кои лечат луѓе такви компании ќе се појават. И ќе си бидат сосема доброволни. Нешто слично како рејтинг компании. Скоро сите функции на државата (за оние кои има потреба) ќе се префлат на општесвото-под општество мислам на приватни компании, НВО, итн. Не треба да забораваш и дека секој ќе може да принта свои пари! И токму тука е трикот во целосно слободно општество. Но, тука лежи и решението што го спомнав. Тој што ќе принта неконтролирано ќе му падне вредноста и ќе банкротира. Пополека, неколку ((2-3 максимум) банкноти ќе бидат најстабилни и луѓето највеќе ќе ги користат. И фирмите кои ќе ги принтаат нема да си играат играчки бидејќи ќе постои конкуренција-секогаш луѓето ќе можат да си отворат своја принтара или да се префрлат на друга!

п.с.Знам дека системов има проблеми, но не е во спротивност со анархизмот и верувам во неговата способност да успее. НИкој систем не е совршен, бидејќи ни човекот не е! Малку бев хаотичен во одговорот но јеби га. Кога прашуваш вакви прашањаSmile. Важен елемент од целава прича е уствари дека ПАРИТЕ НЕ СЕ САМИ ПО СЕБЕ ЛОШИ, НЕПРАВЕДНИ, или пак КАПИТАЛИСТИЧКА СТВАР! Парите се елемент од историјата која го помогнала човечкиот развој. Фората е да бидат и они слободни и подложни на конкуренција, а не на Централна контрола.
И едно квиз прашање за на крај? Како ти звучи Централната Банка (која порано се викала и Народна) како капиталистички изум или како социјалистички? Дали звучи ова како капиталистички изум- централна институција која на централно ги одредува условите според кој ќе играат другите играчи на пазарот? Една мала помош за оној кој му претставува потешкотија да го одговори прашањето: отвори-Комунистички Манифест во делот каде што Маркс ги предлага чекорите како да се стигне од капитализам до комунизам и види ТОЧКА 5 мислам дека беше!
Хм.... Ах, тоа не правење разлика помеѓу капитализам и социјализам (патем, Марксистите не сакаат да ја укинат централната банка кога ќе стигнат на власт-сакаат само да и ја сменат улогата да принта бончиња кој всушност ќе претставуваат сооднос помеѓу трудовите часови согласно LABOR THEORY OF VALUE на ДЕЈВИД РИКАРДО и АДАМ СМИТ).
п.п.с. Патем поделбата на се на капитализам и комунизам нема логика некогаш. На пример кај би ја ставил Мајка Тераза на идеолошката оска? До Сталин на лево? Или пак Исус? Десно до Хитлер? Затоа мене водилка ми е доброволноста и почитувањето на индивидуалноста. Ако решавам јас за мојот живот тогаш ми е ок. Ако решава трет за мојот живот, а јас ова не го сакам и немам избор да го сменам, тогаш не е ок. И нема трет пат. Или ќе решава приватна сопственост или државна. Општествена сопственост не постои-или е државна или приватна во својата суштина!


Последната промена е направена од Rothbard на Сре Ное 10, 2010 7:58 pm. Мислењето е променето 1 пати
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by р on Вто Ное 09, 2010 7:23 pm

Не мешам Карл Маркс со анархо-комунизмот. Марксистите се нарекуваат анархо-комунисти и велат дека Маркс бил анархист. НЕ го имам јас измислено ова или пак да мешам. Ако згрешив го повлекувам, но сеедно е фактот ќе стои! Пола од анархо-комунизмот се базира на Марксови идеи (знам дека други фаци се побитни како Бакунин, Беркман, Малатеста, итн)и огромен број од анархо-комунистите се всушност Марксисти кои ја мрзат државата бидејќи Маркс рекол дека државата е заштитник на владеачката класа. А денес според нив, владеачката класа е капиталистот!
Нема да коментирам за ова, морам да правам анализа на закони од областа на животната срединаSmile.
п.с. Ако грешам за Маркс и анархо-комунистите (бидејќи не сум нешто посветен на овие теории, па можам да грешам!) тогаш еве тоа што не држи вода во моите коментари НЕ ГО ГЛЕДАЈ!
п.п.с. Иако мислам дека долгиве коментари ретко кој ги чита, но јеби га. Нема краток начин како да се објаснат стварите.
Поздрав до сите до следен викенд!


Последната промена е направена од Rothbard на Вто Ное 09, 2010 7:24 pm. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Ми текна една ствар!)
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Сре Ное 10, 2010 1:36 am

Rothbard, najprvinme interesira vrz osnova na koj kriteriumi me smesti vo grafata “klasicni zagovori protiv slobodniot Pazar” i “mejnstrim mislitel”? Ova go prasuvam ne poradi postoenje na nekoj kapric tuku poradi toa sto navistina slabo citam literatura povrzana so teorii na zagovor i me interesira koi se vrednosnite kriteriumi spored koi mozes da etiketiras ili smestis nekogo vo odredena grafa. Ako e toa samo tvoe mislenje togas OK Very Happy
Moram da zabelezam deka vo tekstov se povikuvas na dosta avtori ( iskreno nemam procitano nitu eden od niv, go nemam citano nitu marks so negoviot “Kapital”) Marks planiram da go procitam koga ke imam vreme i koga kese odmoram malku bare mod sekojdnevnoto citanje na zakoni i resavanje na tugji problemi, sto kako advokat mi e rabota. Generalno smetam deka site avtori se misliteli koi svoeto mislenje go zapisale na hartija i taka stanale nekoi “avtoriteti” na koi podocna nekoj ke se povikuva. Ova ne gi pravi poraznicni nitu od mene nitu od tebe , gi pravi samo pocitirani ( a od kade pak znaeme deka tie se vopravo Very Happy Zatoa mnogu slabo citam, bidejki se sto e lesno dostapno do javnosta bilo na net bilo vo prodavnica treba da se svati so rezerva. Ona sto sakam dago najdam id a go procitam voopsto e mnogu tesko da se pribavi, no otkoga ke seprocita se otvora nov okean na moznosti ( za ova ne bi zborel ponatamu) Nejse site zaklucoci koi gi vadam i iznesuvam bilo vo rabotata bilo vo razmislite za bilo koja problematika se temelat na kauzalno-posedicniot metod, pa taka dasite mislenja koi gi iznesov do sega smetam deka se opravdlivi i vistiniti bidejki za da bidat nevistiniti nekoj treba da gi pobie, i potoa i samiot jas poradi mojata vistinoljubivost ke gi prifatam kako takvi.
Tuku sto se odnesuvana odgovorite sto mi gi dade iskreno sum razocaran bidejki ocekuvav mnogu poveke argumenti a mnogu pomalku podelbi i objasnuvanje na naturalnata razmena Very Happy
Ok parite nastanalevo edna faza vo razvojot na covestvoto no kako ke egzistiraat bez drzavata,centralnite ili narodni bank ii drugite mehanizmi na odreduvanje na nivnatavrednost. Krajno naivno e da se veruva deka samite ke se reguliraat sebesi ideka sekoj ke moze da si printa pari Very Happy
Сепак Пандонети, тебе не ти итнересира толку ова колку што тиинтересира хаосот кој може да настане ако секој почне да си кова или принта пари. Но, зарем не те плаши хаосот во анархистичкото општество што секој ќе може да биде лекар? Како би се решил овој проблем во анархо-комунистичкото? Јассакам да бидам лекар ама сум катастрофа. Доаѓа некој кај мене го боли грло, јасму лупам инекција за јајници и му расте трета цицка. Ќе ми забрани некој? Којќе ми забрани? Во анархо-индивидуалситичкото е многу еднсотавно решавањето наовој проблем. КОНКУРЕНЦИЈАТА ГИ РЕШАВА ОВИЕ СТВАРИ А ПАЗАРОТ ОДРЕДУВА ЗА ШТОИМА ПОТРЕБА! Ако луѓето имаат потреба од некој да ги проверува оние којпринтаат пари или кои лечат луѓе такви компании ќе се појават. И ќе си бидатсосема доброволни. Нешто слично како рејтинг компании. Скоро сите функции на државата(за оние кои има потреба) ќе се префлат на општесвото-под општество мислам наприватни компании, НВО, итн. Не треба да забораваш и дека секој ќе може дапринта свои пари! И токму тука е трикот во целосно слободно општество. Но, тукалежи и решението што го спомнав. Тој што ќе принта неконтролирано ќе му падневредноста и ќе банкротира. Пополека, неколку ((2-3 максимум) банкноти ќе бидатнајстабилни и луѓето највеќе ќе ги користат. И фирмите кои ќе ги принтаат немада си играат играчки бидејќи ќе постои конкуренција-секогаш луѓето ќе можат даси отворат своја принтара или да се префрлат на друга!”
Sekoj ke moze da printa pari???? Privatni kompanii koi za drzavni funkcii i kontrola na parite Very Happy
Ako sekoj printapari ima dve mozni scenarija. Ako sekoj printa svoi pari togas koja e poentata na parite namesto da printa moze i na livce da si pisuva ako saka. I sto ke bide posle naturalna razmena so livcinja??? Eve ti nekolku od moite pari za tri kozi. Ti daj mi nekolku od tvoite pari za svinji. I sto ke se sozdadat vidovina pari koku sto ima lugje na planetava ??? Koja e poentata na postonje na parite vo ovoj slucaj. Tie treba da sluzat za poednostavuvanje na prometot a neza negova uzasna komplikacija. Vtoroto scenario e da postoi eden tip na par ii sekoj da moze da gi printa istite. I ova nema smisla. Imeno vo takov slucaj site postojano ke printaat pari( ist tip ) i parite nabrzo ke stanat pomalku vredni i od hartijata na koja se printale posto pazarot ke bide preplaven so niv i lugjeto povtorno ke se vratat na naturalnata razmena kako alternativa. Ako postojat privatni kompanii na koi ke preminat nadleznostite na drzavata togas tie kompanii zaedno nema da bidat kompanii tuku ke bidat nekontrolirana privatana vlada koja ke resava po nivni sopstveni propisi i togas nie lugjeto stvarno sme go naebale ( pardon na izraz) Toa bi znacelo povtorno postoenje na vlada , vlast, kontrola itn… A neli anarhizmot bese bezvlastie. Od ova za logicna posledica moze da se zakluci samo edno AKO NEKOGAS IMA ANARHIZAM-BEZVLASTIE SIGURNO KE NEMA NI PARI NITU PAK PRIVATNA VLAST
Vo Denesnite opstestva i drzavi Parite pretstavuvaat odraz na ekonomskata sila na drzavata koja gi izdava zatoa i sekoj paricen apoen na edna drzava ima razlicna vrednost na kursnite listi. I normalno parite se ograniceni i gi izdava edna institucija bidejki vo sprotivno bi nemale nikakva vrednost.
Ona sto navede dekanecii tipovi na banknote ke bidat najdobri 2-3, i tie posle filterot na pazarot ke se koristat bi znacelo deka ponatamu tie dva trojca koi ke gi izdavaat ovie 2-3 banknoti ke bidat emiteri na par ii ke ja imaat vlasta nad najvazniot element vo opstestvoto - parite (univerzalnoto razmensko sredstvo) I op povtorno doagjame do vlasta a neli anarhijata e bezvlastie.
Buy the way, ako nekoj e los lekar ke bide los i vo kapitalizmot i vo komunizmot i lugjeto ke go izbegnuvaat bidejki bez razlika vo koe opstestvo da ziveat nivnoto sopstveno zdravje ke im bide najgolema griza. Razlikata e sto vo kapitalizmot doktorot ke umre za jadenje posto nikoj nema da se pregleduva kaj nego a vo komunizmot keima barem jadenje i pokriv nad glava (poradi surovosta na slobodniot Pazar Very Happy .
P.S. Popstoenjeto namal million podvidovi na anarhizam ( kapitalisticki, komunisticki, sindikalen,individualen itn) mi izgleda smesen. Poentata na anrhizmot e edna bezvlastie. A kakvo ke bide toa bezvlastie zavisi od prakticnata primena na sekojdnevnoto opstojuvanje vo anarhisticko opstestvo. Non sqoluae sed vitae discimus - Ne ucime od skoloto tuku od zivotot. Samo edno e jasno deka vo toa anarhisticko opstestvo nema da postojat parite bidejki tie se proizvod na necija vlast i necija regulativa (onoj koj gi emitira i go regulira nivniot optek). Sto uste se ke postoi a sto nema da postoi mozeme da debatirame i vrz osnova na argumenti i prosvetleno razmisluvanje da dojdeme do odgovorot. Jas licno smetam deka anarhizmot ke se ostvari vo kombinacija na komunizam/socijalizam vo ekonomskite odnosi bidejki samo na toj nacin ke se sozdade potrebniot ekvilibrum koj ke ovozmozi koegzistencija na lugjeto. Toj socijalizam nema da nastane nasilno nitu pak da bide nametnat od nekogo tuku ke dojde prirodno osobeno poradi ne postoenjeto na vlasta i parite. Znaci nema million tipovi na anarhizam, anarhizmot e eden a akakvi karakteristiki ke ima e prasanje na praksa. STO BI ZNACELO DEKA ANRHIZMOT E BEZVLASTIE SO PRAVICNA RASPREDELBA NA RESURSITE MEGJU LUGJETO. VO SPROTIVNO VO ANARHISTICKO OPSTESTVO VEZ VLAST VO KOE NEMA KOJ DA NI SUDI DALI SME VO PRAVO ILI NE I NEMA “POVISOK AVTORITET” COVEKOT NE BI MOZEL DA GO OSTVARI SVOJOT GENETKI IMPERATIV I PRIMARNA CEL <>. BEZ OPRAVDLIVOST NA COVECKATA EGZISTENCIJA KOJA NEMOZE DA FUNKCIONIRA BEZ KOEGZISTENCIJA NA DRUGITE APSURDNO E DA POLEMIZIRAME ZA OPRAVDLIVOST NA NESTATA.


Последната промена е направена од Pandonetti на Сре Ное 10, 2010 1:45 am. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : POTRAGA PO PRAGMATICNATA VISTINA)
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Rastapunk on Сре Ное 10, 2010 6:47 am

Па колку и да го сметаат Маркс за анархист, социјалист, сеедно, тој не може да биде од проста причина што тој го наметнува сето тоа. На тој начин се коси со основната идеологија, а мене сеедно ми е дали Кропоткин, или Бакунин збореле добро за него. Според мене целиот тој диктаторски комунизам е за никаде и сум огромен противник на него.

А за парите... Тоа што го збореше е стварно така, ама јас мислам дека кога се би било достапно за секого многу полесно би се одвивало отколку на принцип на замена, а тоа не можеме да го знаеме, туку само да го претпоставиме.

Со лекарот, мислам дека треба јавно и отворено (слободно) да се зборува со таквите и во врска со таквите луѓе. Кога некој не го бива, не го бива. Сè е релативно, сè се менува, во еден момент изгледа дека е грешно, во друг момент се покажува дека е точно, ама ако идам на забар и ми го извади тој јазикот, јасно е како ден дека има некој проблем. Па така, дури тој човек и после сугестиите од страна на неговите другар(к)и не се повлече од неговата функција, ќе биде за џабе, никој нема да сака да се лечи кај него, ќе им биде страв пред сè.

А сума - сумару, кога те читам сфаќам дека твојата поента е дека анархо-комунизмот е многу далеку, а не дека неговите идеали се грешни. Единственото разлика е што ти мислиш дека веднаш треба да се најде замена (анархо - индивидуализам) најверојатно преку револуција, умствена, физичка, сеедно, која понатаму ќе премине во анархокомунизам, а јас сметам дека треба уште од денеска да се почне со ненасилни директни акции и организации ...(Што зависат директно од околината. Нели, не можеш да идеш да сквотираш тука пошто ќе те сметаат за фрик, а башка и полицијата ќе те исфрли во рок од три дена, ама за разлика од тука, во Англија тоа веќе долго време се практикува) ... кои ќе се косат со државата и спонатано да премине во анархо - комунизам. Извини што го изјаснив твојот став во твое име, ама само ти кажувам што мислам дека зборуваш. Smile Поздрав Smile
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by р on Сре Ное 10, 2010 7:10 am

На кратко:
Горе доле во право си кога ме сумираш, со една мала/голема разлика. Анархо-комунизмот мислам дека може да функционира само во анархо-индивидуализамSmile! Не мислам дека НЕ треба да се создаваат директни акции и организации, но тие да бидат реални и во насока и согласност со целта.
Како цел систем, анархо-комунизмот мислам дека не може да функционира поради економски ствари, но нема да го тупам сега.

п.с. Ничии идеали не порекнувам, се додека се ненасилни (значи да не користат насилна моќ и да не го користат ЗАКОНОТ, бидејќи законот е СИЛА). Но, побитното прашање е дали акциите,дејствијата кои се предлагаат може да ги постигнат идеалите! Т.е.дали средствата ќе ја исполнат целта.
Поздрав!
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by р on Сре Ное 10, 2010 8:01 am

До Пандонети:

1. Не те етикетирам, туку само реков дека користиш мејнстрим обвинувања против слободниот пазар. Обвинувања кој стојат во секој учебник по право и економија, а сепак одамна се побиени дека не држат ниту логика, ниту пак имаат историско-општествена позадина. Со други зборови, никогаш не било така како што учебниците го критикуваат слободниот пазар. Не викам дека ТИ СИ мејнстрим мислител, туку само дека такви ти беа критиките. Иначе, не користев никакви посебни критериуми, ниту претходно позната методологијаSmile. Така да, ова значи дека сме ок тука, нели?!

2. За повикувањето на автори ти одговорив на постот за каде сме биле успешни досега.

3.
Nejse site zaklucoci koi gi vadam i iznesuvam bilo vo rabotata bilo vo razmislite za bilo koja problematika se temelat na kauzalno-posedicniot metod, pa taka dasite mislenja koi gi iznesov do sega smetam deka se opravdlivi i vistiniti bidejki za da bidat nevistiniti nekoj treba da gi pobie, i potoa i samiot jas poradi mojata vistinoljubivost ke gi prifatam kako takvi.
Каузално-последичниот метод не иде баш вака. Прво ТИ треба да докажеш нешто на кое се повикуваш, а после некој да те побива. Иначе, луѓето биле приморани да веруваат во Господ пред Дарвин? Не! Тој што велел дека Господ постои морал тоа и да го докаже! Така и тука.

4.
Tuku sto se odnesuvana odgovorite sto mi gi dade iskreno sum razocaran bidejki ocekuvav mnogu poveke argumenti a mnogu pomalku podelbi i objasnuvanje na naturalnata razmena Very Happy
Ok parite nastanalevo edna faza vo razvojot na covestvoto no kako ke egzistiraat bez drzavata,centralnite ili narodni bank ii drugite mehanizmi na odreduvanje na nivnatavrednost. Krajno naivno e da se veruva deka samite ke se reguliraat sebesi ideka sekoj ke moze da si printa pari Very Happy
Целта на објаснувањето преку едноставен пример ми беше ЕМ да покажам малку природен историски развој на парите, ем да докажам дека не се во спротивност со анархизмот, ем (од примерот беше очигледно) да покажам дека нема никаква потреба од централна банка или пак од држава за тие да постојат. И најчесто тие и претходеле на државната регулација.

4.A
ko postojat privatni kompanii na koi ke preminat nadleznostite na drzavata togas tie kompanii zaedno nema da bidat kompanii tuku ke bidat nekontrolirana privatana vlada koja ke resava po nivni sopstveni propisi i togas nie lugjeto stvarno sme go naebale ( pardon na izraz) Toa bi znacelo povtorno postoenje na vlada , vlast, kontrola itn… A neli anarhizmot bese bezvlastie. Od ova za logicna posledica moze da se zakluci samo edno AKO NEKOGAS IMA ANARHIZAM-BEZVLASTIE SIGURNO KE NEMA NI PARI NITU PAK PRIVATNA VLAST
Нема секој да принта колку сака. Туку баш напротив. Не знам колку знаеш за златен стандард. Затоа и во примерот ти напоменав дека луѓето решиле да тргуваат со златници бидејќи се најдоброто разменско средство, но дека бројот на златниците е поврзан со бројот на рибите. Исто како и во златниот стандард. Бројот на парите е поврзан со количеството на злато, а цената на златото е фиксирана, како што се фиксирина сантиметрите во метрото. Секој мора да поседува 100 посто резерва злато за секој денар што ќе го испринта. И приватните компании би биле под контрола-најголемата контрола што постои-ПАЗАРОТ И КОНКУРЕНЦИЈАТА! Зошто пекарите не продаваат разни глупости? Зошто ќе банкротираат! Поради конкуренцијата не се создава никаква власт. Така да користејќи го твојот причина-последица модел, не е возможно да заклучиме тоа што ти го заклучи! Заклучок: и да го користиш причина-последица моделот треба да имаш знаење и за причината и за последицата!

5.
Vo Denesnite opstestva i drzavi Parite pretstavuvaat odraz na ekonomskata sila na drzavata koja gi izdava zatoa i sekoj paricen apoen na edna drzava ima razlicna vrednost na kursnite listi. I normalno parite se ograniceni i gi izdava edna institucija bidejki vo sprotivno bi nemale nikakva vrednost.
Парите немаат вредност бидејќи ги издава една институција. Денес немаат скоро никаква вистинска вредност затоа економистите ги нарекуваат "fiat money". Претходно парите биле поврзани со златото и всушност претставувале негова замена. Сега веќе таа можност не постои. Државата од почетокот на 20 век има целосен монопол врз издавањето пари-затоа доларот има изгубено 90% од својата вредност во последните 70 години!

6/
Ona sto navede dekanecii tipovi na banknote ke bidat najdobri 2-3, i tie posle filterot na pazarot ke se koristat bi znacelo deka ponatamu tie dva trojca koi ke gi izdavaat ovie 2-3 banknoti ke bidat emiteri na par ii ke ja imaat vlasta nad najvazniot element vo opstestvoto - parite (univerzalnoto razmensko sredstvo) I op povtorno doagjame do vlasta a neli anarhijata e bezvlastie.
Во наредната реченица си ја одговори самиот дилемава! Токму затоа е потребна конкуренција и слободен пазар на пари. Секогаш ќе имаш 2-3 најјаки фаци, но важно е тие да бидат најјаки бидејќи најбоље ни ги задоволуваат потребите, а не насилно и преку политичка моќ. Ако е целосно слободен пазарот, кога некој од овие ќе почне да се курчи, односно да издава пари повеќе него што има резерви злато, тогаш мењаме станица, пријател! И нема да биде власта во тој што ги издава парите, како што не е власта во тој што го меси лебот. Власта во слободниот пазар е како во секоја друга услуга-кај потрошувачот, односно кај СЕКОЈ ДРУГ ЧОВЕК!

7.
Samo edno e jasno deka vo toa anarhisticko opstestvo nema da postojat parite bidejki tie se proizvod na necija vlast i necija regulativa (onoj koj gi emitira i go regulira nivniot optek).
Парите како што покажав од двата коментари (а за жал ниту те убедив, ниту пак блиску те задоволив интелектуално...иако ова го наведов дека е пеколно тешко да се премислат некои луѓе дури и за ствари што не ги знаат најдобро!)не се производ на нечија власт и нечија регулатива. Како што лебот не е производ на нечија власт и Е под регулатива на сите НАС, така ќе биде и со парите. Така и било донекаде, се додека Државата не ја ставила оваа услуга под своја капа!

8. Препорака: не се правам паметен и не порекнувам нечија желба за верување во еден или друг систем. Право на слободна совест и мисла, користи ги! Но, сметам дека е пеколно важно (кога се говори за општествени системи) да се познава економијата и економските процеси. И јас работам како правник-иако магистрирав на економски, а дипломирав на правен. економската теорија не е наједностава, но добро е барем да се има добри основи. Така да, И мене ми фали надоградба!
-Во економијата мислам дека е најслаб анархо-комунизмот и е економкси невозможен! Но, тоа за друг пат. А кој сака да почне однекаде со економска логика му ја препорачувам Man, Economy and State-М.Ротбард!

9. Поздрав Пандонети, добра дискусија иако не те убедив во ништоSmile. Па што е добро тука тогаш, a?Smile
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Сре Ное 10, 2010 1:40 pm

Vo rpilog na tekstov odgovori na tvoite odgovori Rothbad

Najprvin mozebi mi vleglo nesto potsvesno od ucebnicite po pravo pa zatoa taka "nesvesno" koristejki go kauzalno pricinskiot metod go kritikuvam slobodniot pazar. Ne se soglasuvam deka ovie kritiki se nelogicni i pobieni bidejki za da bidat takvi nekoj treba da gi pobie, i mnogu me interesira vo kratki crti dokolku veke tvrdis deka se pobieni na sto se odnesuva pobivanjeto.
--"Каузално-последичниот метод не иде баш вака. Прво ТИ треба да докажеш нешто на кое се повикуваш, а после некој да те побива. Иначе, луѓето биле приморани да веруваат во Господ пред Дарвин? Не! Тој што велел дека Господ постои морал тоа и да го докаже! Така и тука."
kauza posledica znaci pricina i posledica. Za pricinata ne ti trebaat postulati ( nesto na koe ke se povikuvas), tuku ti trebaat dejstvija koi ke gi predizvikaat posledicite.
Na ovaa okolnost gi dadov objasnuvanjata deka ako nekoj ja ima mokjta da emitira pari vo opstestvoto toj ke ja ima ekonomskata vlast, a znaeme deka anarhijata e bezvlastie taka da...Inaku so kauzalno pricinskiot metod megjutoa ne trgnuvajki od pricinata tuku od posledicata ( znaci obratno), moze da se dokaze postoenjeto i na Gospod. Imeno bidejki nitu nie nitu nasite predci ne sme go sozdale svetot i posiroko univerzumot nekoja sila morala da go sozdade. Taa sila e tvorec bez razlika dali ke ja nareces Gospod ili Tvorec ( jas ja vikam Golemiot Arhitekt). Znaci postoenje na Gospod kako kreator a ne Gospod kako sto religiite go opisuvaat...
-- "Целта на објаснувањето преку едноставен пример ми беше ЕМ да покажам малку природен историски развој на парите, ем да докажам дека не се во спротивност со анархизмот, ем (од примерот беше очигледно) да покажам дека нема никаква потреба од централна банка или пак од држава за тие да постојат. И најчесто тие и претходеле на државната регулација."
Primerot koj go prezentirase a so koj sakase da pojasnis deka parite ne se vo sprotivnost so anarhizmot ne bese soodveten bidejki so istiot samo dojde do zaklucok deka ke se pojavat poedinci koi ke ja prevzemat ulogata na centralnite banki i deka povtorno istite ke ja imaat vlasta nad parite vo nivni race.A ANARHIZMOT E BEZVLASTIE. Isto taka ne objasni kako ke se spravime so haosot koj ke nastane ako sekoj pocne da printa svoi pari. Imeno toa bi bila zabuna koja ke go dovede na kolena i samiot sloboden pazar.
--Нема секој да принта колку сака. Туку баш напротив. Не знам колку знаеш за златен стандард. Затоа и во примерот ти напоменав дека луѓето решиле да тргуваат со златници бидејќи се најдоброто разменско средство, но дека бројот на златниците е поврзан со бројот на рибите. Исто како и во златниот стандард. Бројот на парите е поврзан со количеството на злато, а цената на златото е фиксирана, како што се фиксирина сантиметрите во метрото. Секој мора да поседува 100 посто резерва злато за секој денар што ќе го испринта. И приватните компании би биле под контрола-најголемата контрола што постои-ПАЗАРОТ И КОНКУРЕНЦИЈАТА! Зошто пекарите не продаваат разни глупости? Зошто ќе банкротираат! Поради конкуренцијата не се создава никаква власт. Така да користејќи го твојот причина-последица модел, не е возможно да заклучиме тоа што ти го заклучи! Заклучок: и да го користиш причина-последица моделот треба да имаш знаење и за причината и за последицата!
-- Spored ova sekoj bi printal pari kolku sto ima rezervi (zlato ili ribi), a koj ke proveruva dali se pridrzuva na toa da ne printa povekje, i se otvora uste edno prasanje, na primer vo idealni uslovi koga site pari na sekogo imaat potkrepa 100 % vo rezervi dali site pari izdadeni od sekogo ke mozat da se koritat od treti lica vo prometot so cetvrti lica. Inaku koja bi bila poentata da poseduvam pari koi gi izdal nekoj drug ako ne mozam da gi upotrebam vo prometot so nekoj tret. I sto ako pocnam da gi falsifikuvam parite koj gi izdal onoj prviot( koj e eden od najdobrite i ima 100% rezervi za parite koi gi izdava). Tuka povtorno mi treba sud, vlast, policija odnosno nekoj koj ke me spreci vo ova i ke spreci ponatamosno stetni dejstvija, bidejki jas so vakvite moi postapki ke gi devalviram paricnite apoeni na onoj koj gi izdava. Bi rekol a da ne zvuci pretenciozno deka mnogu dobro ja poznavam i pricinata i posledicata koja se odnesuva za parite. A ona sto ti go naveduvas za istoriskata pojava i razvoj na parite moze da se procita vo sekoj ucebnik po ekonomija i pravo :-)
--"Парите немаат вредност бидејќи ги издава една институција. Денес немаат скоро никаква вистинска вредност затоа економистите ги нарекуваат "fiat money". Претходно парите биле поврзани со златото и всушност претставувале негова замена. Сега веќе таа можност не постои. Државата од почетокот на 20 век има целосен монопол врз издавањето пари-затоа доларот има изгубено 90% од својата вредност во последните 70 години!"
Ne rekov deka imaat vrednost zatoa sto gi izdava nekoja institucija tuku rekov deka denes parite od rzalicnite drzavi se rezultat na nivnata ekonomska sostojba. Zatoa valutite na razlicnite drzavi imaat razlicna vrednost. Ekonomski porazvienite zemji i finansiski unii (SAD, EU, Great Britain) imaat pojaki valuti od da receme ( makedonija, srbija, bosna itn..) zatoa sto nivnata vrednost e odraz na ekonomijata na tie drzavi. So ekonomskite peripetii koi gi dozivuva edna zemja pagja i vrednosta na nejzinata valuta. Primerot so SAD koj go navede.
--"Во наредната реченица си ја одговори самиот дилемава! Токму затоа е потребна конкуренција и слободен пазар на пари. Секогаш ќе имаш 2-3 најјаки фаци, но важно е тие да бидат најјаки бидејќи најбоље ни ги задоволуваат потребите, а не насилно и преку политичка моќ. Ако е целосно слободен пазарот, кога некој од овие ќе почне да се курчи, односно да издава пари повеќе него што има резерви злато, тогаш мењаме станица, пријател! И нема да биде власта во тој што ги издава парите, како што не е власта во тој што го меси лебот. Власта во слободниот пазар е како во секоја друга услуга-кај потрошувачот, односно кај СЕКОЈ ДРУГ ЧОВЕК!"
Ova so pekarive i mesenjeto na lebot voopsto ne moze da se povrze so toj sto gi izdava parite. Ova e taka bidejki lebot ne e serazmensko sredstvo tuku toa se parite. I pekarot pece leb za pari, a parite postojat ne samo za lebot na pekarot tuku i za site dobra koi mozat da se kupat so parite, taka da pari i leb ne e isto :-)
I sto ako nikoj od onie koi gi izdavaat parite ne pocnat da se kurcat i navistina nivnite pari se potkrepeni zo rezervi zlato itn... Toa znaci deka ovie "faci" kako sto gi narekuvas uspeale preku epten uspesno rabotenje da akumuliraat kapital i soglasno toa da emitiraat pari. Ova znaci deka jas kako edinka vo anarhizmot za da ja obezbedam mojata egzistencija ke se trudam da specalam sto poveke pari od onoj koj gi emitira prodavajki dobra i uslugi, a toj ke ja ima vlasta vrz mene bidejki bez razlika na parite koi gi emitira ke gi ima rezervite kaj nego. Znaci jas ke bidam vo ekonomski potcineta situacija vo odnos na nego ( nesto kako primerot so "Ubercapitalist". Sekogas koga ima odnos na podredenost i nadredenost anarhizmot se doveduva vo prasanje.
--"Парите како што покажав од двата коментари (а за жал ниту те убедив, ниту пак блиску те задоволив интелектуално...иако ова го наведов дека е пеколно тешко да се премислат некои луѓе дури и за ствари што не ги знаат најдобро!)не се производ на нечија власт и нечија регулатива. Како што лебот не е производ на нечија власт и Е под регулатива на сите НАС, така ќе биде и со парите. Така и било донекаде, се додека Државата не ја ставила оваа услуга под своја капа!

8. Препорака: не се правам паметен и не порекнувам нечија желба за верување во еден или друг систем. Право на слободна совест и мисла, користи ги! Но, сметам дека е пеколно важно (кога се говори за општествени системи) да се познава економијата и економските процеси. И јас работам како правник-иако магистрирав на економски, а дипломирав на правен. економската теорија не е наједностава, но добро е барем да се има добри основи. Така да, И мене ми фали надоградба!
-Во економијата мислам дека е најслаб анархо-комунизмот и е економкси невозможен! Но, тоа за друг пат. А кој сака да почне однекаде со економска логика му ја препорачувам Man, Economy and State-М.Ротбард!

9. Поздрав Пандонети, добра дискусија иако не те убедив во ништоSmile. Па што е добро тука тогаш, a?Smile"
--Neznam od kade zakluci deka sum eden od onie koi "stvarite" za koi diskutirame ne gi znam najdobro, no dobro toa e tvoe pravo, a jas ke go svatam kako kompliment bidejki neosnovaniot napad ili etiketa vrz nekogo e najcesto kompliment :-) Za lebot, pekarite i parite i razlikata pomegju parite kako serazmenski sredstva i lebot kako dobro koe moze da se kupi obrazloziv pogore.
Milo mi e sto sme kolegi, ama so magisteskite sme malku porazlicni. Jas sum vo sverata na intelektualnata sopstvenost ( i povtorno sopstvenost i toa najcist supstrat od neja , sopstvenost na idejata, izumot, ama sto da pravime se duri postoi ova opstestvo mora da se gradime po postoeckite principi, bo sprotivno bi bile naivci koi ke bidat na marginite na egzistencijata:-)
Koj vid na anarhizam e najslab vo ekonomijata, i dali moze da se zbori za povekje tipovi na anarhizam mislam deka odgovoriv vo prethodniot post koga sumirav nakratko deka anarhizmot koj hipoteticki bi se javil bi bil proizvod na praksata i izvodlivosta na anarhistickite relacii. Da go delime od sega anarhizmot nema smisla koga zamisleniot prakticen anarhizam mozebi nema da bide nitu anarhokapitalizam nitu anarhokomunizam. Licno smetam deka do anarhizam ne moze da se dojde dokolku prethodno nema komunisticki etatizam koj ke izvrsi pravilna raspredelba na resursite, bidejki ako vletame vo anarhizam od postoeckava sostojba toa znaci deka vo anarhizmot ke vletaat i postoeckite debeli kapitalisti, samo sto tamu vlijanieto silata i vlasta ke preminat vo niv, i namesto da ja ostvaruvaat manipulacijata preku silata na drzavniot aparat tie direkno ke go pravat toa. So drugi zborovi nema anarhija bez ednakvost. Tendencija kon izumiranje na drzavite e i stremenjeto kon globalno opstestvo na golemite korporacii, sto znaci deka tie svesno se stremat kon nekoj vid na "anarhokapitalizam" za da dajdat vo situacija da sprovedat najgruba eksploatacija na rabotnickiot trud i lugjeto.
Pozdrav Rothbard
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by р on Сре Ное 10, 2010 4:59 pm

До ПАНДОНЕТИ:

Ќе застанам тука за темава и возможност на анархо-индивидуализам! Само незнам како веруваш во анархизам, а не веруваш во луѓето дека кога би биле слободни (ограничени со слободата на другите) не би можеле сами да си бидат господари на својата судбина. Па, им треба финален арбитер за тоа...но, ајде!

Бидејќи спомна дека работиш со интелектуално право- анархо-капиталистите и либертаријанците (во кој дел се анархисти дел се минаристи-мин.влада) се најголеми противници на интелектуално право! Види Stephan Kinsella. Многу закон адвокат од САД кој се бори против инт.сопственост. Зошто?

На кратко: сопственоста е природна потреба (и право, но тоа друга работа) за решавање човечки конфликти кога имаме ретки ресурси (а скори сите се такви-односно кога го користиш ти, не го користам јас-ако изедеш чоколадо јас нема да можам да го изедам истото-не битно колку чоколади има). Но, идејата и пронајдокот не е редок ресурс. Ако имаш ти идеја и јас ти ја "украдам", ти пак ја имаш! И најчесто оправдувањето за овие Државни и вештачки создадени права е утилитаристички, односно економската теорија вика дека пазарот потфрла тука. Тој што измишљал (ако нема ИС) ќе нема да може да ги сќари целите бенефиции (може некој одма ќе му ја украде идејата) и затоа нема да има мотивација да измишља. Што е истотака жива глупост која е побиена сто пати, но тоа можеби во некоја друга прилика кога некој ќе отвори тема IP.
Дури и историски првите измислици од интелеткуална сопственост, биле Кралски создадени монополи со кој кралот издава еден лист хартија во кој вика дека сопственикот на листов хартија може буквално да иде кај сака и да мава рекет! Тука лежи голем цинизам: денешните сопственици и Државата мрчи против "пиратски" ствари, а всушност патентот (мислам дека беше) потекнува од пиратство. Исто е и со "Copyrights" кој потекнува од монархистички обид за цензура на слободна пишана мисла. Види ако ти интересираат овие работи...иако типот е анархо-капиталист мислам дека може да се научи доста од него. Колку што знам, најпозната анархо фаца е што е против IP.
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Чет Ное 11, 2010 12:46 am

Sekoj anarhist se somneva vo anarhijata, od denesna gledna tocka no ne se somneva vo toa deka koga ke se stvorat preduslovi za anarhija i koga istata prakticno ke zazivee, preku praksata ke se oformi vo svojot idealen oblik..Pritoa treba individualni preduslovi za naarhija, koi se sozxdavaat kaj sekoja individua posebno i kolektivni preduslovi...Se nadevam eden den ke dojde toa ureduvanje na zemjava no se plasam deka nie vo nasiot zivoten vek nema da go docekame. :-(
Inaku vo vrska so intelektualnata sopstvenost se soglasuvam deka ne e nimalku naiven entitet i deka istata ima relacija so golemite monopolisti pa mozebi i monarhisti. No kako sto kazav ziveeme vo vreme koga vazat eden tip na pravila i bi bilo naivno od nas so doza na nihilizam da gi ootfrlame istite na smetka na nasata egzistencija. Ova nema smisla bidejki sekoj treba da ja obezbedi svojata egzistencija, a potoa po pat na svoe intelektualno dejstvuvanje da dade pridones za ona kon sto se stremi ( vo nasiov slucaj anarhizam i socijalna pravda).
Inaku ima nesto ka IP sto e porazlicno od drugata sopstvenost i sto mozebi e poblisko do nasite razbiranja. Imeno kaj patentite sto pretstavuvaat izumi/idei za nesto, prvata zastita pred biroata za IT trae 20 godini so moznost da se prodolzi za uste 20. Po iztekot na tie 40 godini izumot stanuva opsto dobro i sekoj moze da go koristi bez da plakja za nego. Isto taka generalno IP e svrzana so edinkata i vo 99% slucaji ne se nasleduva. Onoj 1% e isklucok :-) Ova znaci deka eden zlatnik (kako obicna sopstvenost)moze da ostane so generacii vo edno semejtvo no eden patent na primer moze vo najdobar slucaj da bide 40 godini vo posed na edno lice i tolku. Posle toa e kolektivno/opsto dobro.
Pozdrav
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Rastapunk on Чет Ное 11, 2010 2:54 am

И кога ќе се сумираат муабетите сè се сведува на тоа како да стигнеме до такво општество. Па така, главното прашање е што денеска треба да се прави и како денеска секој од нас да придонесе и за моменталната промена и за промена која реално ќе се појави после 200, 300, 500, 1000 години, што и кога ќе се земе објективно не е некој голем временски период. Мојата идеја на што треба да се прави ја образложив погоре, и пошто малку скептично гледаше на нејзе Ротбард, ме интересира кој е вашиот предлог и како мислите дека сега може да придонесеме за тоа (иако сите знаеме дека ќе умреме во мерчантелианизам, не знам како го викаш правилно, цело време го утињам Smile ).

Кон Ротбард: Пошто темава е анархокомунизам, сакам да ми кажеш зашто сметаш дека економски анархокомунизмот е неостварлив. Зашто мислиш дека денеска, или во анархокапитализмот економијата би била на многу поголемо ниво отколку во анархокомунистичко општество? Не ли сметаш дека кога веќе ќе дојдеме до стадиум на поголема свест, која повлекува многу работи како што се сфаќањето дека зависиме едни од други и дека апсолутниот егоизам на долгорочен план придонесува негативности, кога станува збор колективно, за целото општество, дека тоа што сите материјални добра ќе припаѓаат на секого посебно не претставува мотивација сама по себе и дека тоа ќе допринесе кон накачување на економската состојба?
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by р on Пет Ное 12, 2010 11:57 pm

Првиот предлог е да се расчистат работите теоретски (само ова?). Тука има најголема потреба и најголем простор за делување. Потребно е да се пренесе пораката и тоа донекаде се прави во Скопје. За почеток не е лошо (овие неколку години). Додека не е јасно што се анархистичките цели (долгорочни-немање држава, краткорочни-?), кое се средтствата кои би ги исполниле целите и зошто е потребен анархизмот не се може понатаму. Во овој процес потребно е да се вклучат воглавно мислители, значи интелектуалци кои ќе можат да одговорат на секое политичко-општествено прашање. Овие би биле креатори на системот. Под креатори на системот не мислам на тоа да им кажуваат луѓето како да си уредат домовите и колку да плаќаат данок (доволно е Државата што ова го прави, нели?), туку да им објасни дека никој друг не смее да им го кажува ова. Нормално, секогаш треба да се има на ум дека самата конституција умствена на грото од луѓето ќе биде против ваквите тези на почеток.
Потоа, потребни се млади луѓе како нас кој ќе ги дисеминираат главните идеи на анархизмот, ќе преведуваат, ќе дискутираат, ќе пишуваат (денес отворив нов блог за анархо-индивидуализам, па кој ќе биде заинтересиран за овие ствари повеќе бујрум-!(http://free-market-anarchism.blog.mk/)). Со еден збор потребно е движење кое ќе има силни теоретски основи и јасни цели и средства кои ќе служат на целта. Очигледно некој такви мали движења има, но не доволни јасни и недоволни јаки. Потребни се сериозни мислители кои ќе бидат истрајни во своите ставови и ќе стануваат се порадиклани како што стареат. Инаку, мирната (р)еволуција е невозможна.


Одкога ќе се решат овие дилеми тогаш ќе биде јасно кои дејствија би воделе повеќе, а кој помалку-до посакуваната дестинација, анархизмот! Но, ако дејствијата би биле само-деструктивни тогаш џабе е се. Социјалистичките и комунистичките идеи, оние што пробуваат да ни ги продадат како политичка опција (не, оние доброволни, радикални идеи како "доброволен социјализам") водат во скроз обратна насока од анархизмот. Можеби никогаш не бил спроведен комунизмот во пракса (онака како што би сакал Маркс), но нели е чудно нешто што секој негов обид за спроведување завршувал исто? Тоталитаризам и монструм од Држава-Левијатан. Не е возможно секој толку да грешел-од Кинезите, до Југославија, до Русија, итн. Во секоја од овие (различни) држави се направил сериозен обид да се внесе комунизмот и пропаѓал. Зарем не е нешто погрешно во самата идеја? Ако се земе Комунистичкиот Манифест тогаш ќе се види дека 50% од работите што ги предлагал Маркс ДЕНЕС ПОСТОЈАТ, а 90% се спровеле неговите пораки во државите кои се обиделе да го спроведат комунизмот. И? тотален неуспех на секое поле!

Пред некој ден гледам излегло нова книга за социјализмот. Еден од авторите на нејзината презентација (проф. Цуцуловски) не постетува на Марксовата мисла "Секој според можностите, на секому според потребите". Но, што мисли Цуцуловски? Цуцуловски мисли на СЕКОЈ ДА МУ ЗЕМЕ ДРЖАВАТА СПОРЕД НЕЈЗИНИТЕ МОЖНОСТИ ЗА КРАДЕЊЕ И ДА МУ ДАДЕ НА ОНОЈ КОЈ ДРЖАВАТА СМЕТА ДЕКА МУ Е ПОТРЕБНО! ТУка нема ништо хумано, ништо морално. Поентата ми е дека преку социјалистички и комунистички политчки идеи нема да се стигне ниту до АНАРХО-КОМУНИЗАМ, ниту до никаде. Единствено што ќе добиеме е уште еден голем Левијатан. Семоќна Држава. И тука се надевам дека сите анархисти од овој форум ќе се сложат дека ова не го сакаме(иако нема да се сложат дека би добиле ЛевијатанSmile)! Но, тогаш ако комунизмот не би функционирал, тогаш што ни останува?
Тогаш останува онаа обратна опција за која се залагам јас! Анархо-индивидуализмот. Борба за редистрибуција на моќ од страна на државата кон општеството. Дали дејствијата што ги врши државата ќе ги вршат доброволни НВО-а, локални заедници, или пак приватни компании, ми е сеедно.
(зборувам тука за комунизмот бидејќи мислам дека анархо-комунизмот е многу сличен со комунизмот само без држава...ако грешам поправете ме или пак не го земајте горново предвид)

За Растапанк:Една работа ја истакнав и претходно-јас верувам дека анархо-индивидуализмо може да го имаме денес. Не е потребна поголема свест или пак поразвиени "материјални услови". Доволно е да се тргне Државата од патот и НИЕ (слободните граѓани) сами ќе си ги решиме проблемите, нормално еволутивно. Зошто би бил анархо-капитализмот поефикасено од анархо-комунизмот? Поради истата причина што капитализмот (дури и овој денешниот-меркантализам) бил и Е поефикасен од комунизмот/социјализмот (квази социјализмот). Проблемот со анархо-комунизмот (според мене, претходните неколку години сметав дека сум анархо-комунист дур не наидов на М.Ротбард) е што е економска бајка! Анархо-комунизмот и анархо-капитализмот е разликата во тоа дали ќе има приватна сопственост на капиталот или ќе нема. Но, тоа што не сакаат да го сватат анархо-комунистите е што само ВО СЛОБОДНИОТ ПАЗАР МОЖЕМЕ СИТЕ ДА БИДЕМЕ СОПСТВЕНИЦИ НА КАПИТАЛОТ. Неможеме сите да поседуваме фабрика...ќе треба буквално да ја расклопиме и да си ја поделиме меѓу себе. Комунистите и социјалистите никогаш не успеале да ги поделат овие ствари. Бидејќи не се делливи. Само во капитализмот(слободниот пазар, не меркантализмот)каде што ПРАВАТА НА КАПИТАЛ се поделени во акции кои слободно може да се разменуваат, може да поднесе широк дијазапон од луѓе кои се сопственици на капиталот. Секој може да купи акција, секој може стане сопственик на се. Не постои друг начин дури и во анархо-комунизмот.

Анархо-комунизмот, како и комунизмот самиот, немаат разработен економски систем и тука се најслаби. Но, зошто е тоа така ти предлагам да го прочиташ текстот на Лудвиг Фон Мизес насловен "Economic Calculation in the Socialist Commonwealth". Или пак, http://mises.org/daily/2401 ова. Одкога ќе го прочиташ ќе правиме муабет.
На кратко:Кога немаш сопственост на одредена ствар Х тогаш таа неможеш да ја разменуваш (купуваш, продаваш). Кога неможеш да ја разменуваш, не можеш стварта да ја однесеш на пазар и да видиш колку вреди. Тогаш стварта Х нема цена. А кога одредена ствар нема цена тогаш неможеш да знаеш каде таа ствар би се искористила најефикасно. Во комунизмот немаш сопственост врз факторите на производство (капиталот-машини, фабрики, итн...). Сега, примени го ова горново на капиталот и можеш да разбереш зошто кога ќе постеше некоја од Комунистичките/Социјалистичките земји во 80тите или 90тите имаш чувство дека застанале во времето со развојот. Сепак, ме мрзи да објаснувам во детали. Прочитај го текстот, па потоа што не ти е јасно ќе разјасниме преку дискусија. Поздрав,

п.п.с. Интересно е што пред овој текст, социјалистите никогаш не размислувале на оваа тема. Но, одкога Мизес им го свртел вниманието немале избор. Размислувале, се труделе да дадат контра-одговор и до ден денес не успеале. Дури ниту еден од најдобрите комунистички економисти, Оскар Ланге, не успеал во ова. Во неговите постари години дури и целосно го прифака моделот на размислување на Мизес (капиталистички економист). Исто и социјалистичите земји. Одкгоа виделе дека немаат како да одговорат на оваа дилема почнале да зборуваат глупости како на пример дека ќе воведат пазарен социјализам. Но, лека полека сваќале дека пазарот им е неопходен за калкулација!

п.п.п.с. Растапунк, приметувам цело време се фаќаш за радикалниот егоизам кој го проповедам. Но, мислам дека се разбравме за ова. Под егоизам сметам дека се што правиш го правиш за твое добро дури и она што го правиш за доброто на некој друг. Егоизмот, индивидуализмот не значи дека луѓето нема да се грижат еден за дргу. Мислам дека принципот на егоизам (секогаш самиот да си си најважен) постои секогаш во секое општество. И секогаш и секаде човек со човек соработувал и си помагал (иако ги имаме и спротивните случаи). Во анархо-индивидуализмот единствената разлика е што секој индивидуално ги прави изборите. Никој неможе да му наметне на некој друг свој став преку сила, освен ако овој првиот не повредува нечие право/слобода. ТОЛКУ. Ништо повеќе, ниту ништо помалку не сваќам под индивидуалам и егоизам. Не мислам на себичност. Мислам на изборот дали да се биде себичен или великодушен е на оној кој го прави-на никој друг! И верувам во човекот...Ако не верувам во индивидуата тогаш анархизмот е бајка. Секој колектив е создаден од индивидуи и преку нив тој постои. Ако не се индивидуите кој ќе бидат анархисти-тогаш колективот пропаѓа!

МАЛЦЕ СУМ ХАОС ВО КОМЕНТАРОВ КОГА ЌЕ ГО ПРОЧИТАМ ВАКА, НО ЈЕБИ ГА... УМОРЕН СУМ, А СИ РЕКОВ АЈ ДА ОДГОВОРАМ НА ПРАШАЊЕВО ШТО ГО ПОСТАВИ. АКО НЕ ТЕ УБЕДИВ НИТУ МАЛКУ (во кое сум прилично сигуренSmile)МОЖЕШ БАРЕМ ДА ГО ПРОЧИТАШ ТЕКСТОТ ШТО ТИ ГО ПРАТИВ. ЌЕ ТИ БИДЕ ДОНЕКАДЕ ПОЈАСНОSmile!
поздрав,



Последната промена е направена од Rothbard на Саб Ное 13, 2010 12:26 am. Мислењето е променето 2 пати. (Reason for editing : ниту знам, ниту пак можам да знам во овој момент на умор!:))
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Саб Ное 13, 2010 1:10 am

Mislam deka ako nekoj gi procita nasite prethodni postovi ke najde mnogu odgovori na tema komunizam vs kapitalizam kako preodni formi kon anarhizam ( ne anarhokomunizam ili anarhokapitalizam), potocno koe od ovie dve ekonomsko-drzavni ureduvanja e pravilna faza kon anarhizmot (koj vo negoviot primenliv oblik ke se ustanovi samo preku praksa). Mislam deka nikoj nikogo neubedi vo nisto i deka toa i ponatamu se protkajuva....
No imam nekolku prasanja do Rothbard.
1.Najprvin, dali spored nego vo anarhoindividualizmot, ili anarhokaptalizmot ke postojat sela vo Afrika kako sto vo denesniov "civiliziran" svet postojat kade sto decata umiraat za korka leb i casa voda?
2.Kako lugjeto od ovie sela kade poradi tamu surovata priroda nema ni resursi nitu moznost za obrazovanie ke se izborat za mesto na slobodniot pazar?
3.Bidejki po site definicii (socijalisticki i kapitalisticki), rabotnik e onoj koj na slobodniot pazar moze da go ponudi samo svojot trud i nisto povekje, sto ke se sluci so rabotnicite vo anarhokapitalizmot, t.e. dali i ponatamu ke ostanat rabotnicka klasa ili ke se steknat so kapital sami da se vrabotat sebesi, pa site ke stanat pomali ili pogolemi kapitalisti?
4.Bidejki anarhokapitalizmot ke producira ekonomska neednakvost kaj lugjeto, kako toa anarhisticko opstestvo ke se spravi so custvata na ljubomora, bes, bunt, revolt koi ke se javat kaj lugjeto koga nivniot komsija ima povekje od niv, i kako toa anarhokapitalisticko opstestvo ke se spravi so pojavite na kriminal i upotreba na sila predizvikani od ovie custva?
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Бидејќи не се кратки!

Пишување by р on Саб Ное 13, 2010 9:20 am

Кратки одговори:Ч)

1. Незнам. Можеби, можеби и не! Важно е да се истакне дека многу од селата во Африка денеска се под експлоатација на Државата. Најчесто битните ресурси се под Државна сопственост, која ги дава на концесија на мултинационални корпорации и подоцна заедно (со политичарите) го делат шлагот. Интересно е да се примети дека најкатастрофалните држави во светот имаат најлош стандард во почитувањето на привната соптсвеност. Капитализмот (слободниот пазар мислам тука!) не е систем за богатите...капитализмот мора да значи економска слобода за секого, а не за некој да експлоатира друг. Тоа би значело дека природните ресурси кои ги има на велико патем во Африка ќе бидат најчесто во сопственост на оние кои историски ПРВИ ГИ КОРИСТЕЛЕ (начело на "homesteading"). Во овој случај ТИЕ самите (слободните граѓани Африканци) ќе одлучат дали ќе го продадат ресурсот или не. Експлоатација е невозможна бидејќи од продавањето (да речеме дека ќе го продадат) сите бенефицираат-во спротивно нема да го продадат. Но, ова е краток вовед за денешната ситуација и те повикувам да не се задржуваш на овој дел (скроз друга тема е!). Следниот дел е всушност одговорот.
Одговорот на твоето прашање Пандонети го има дадено одамна Дејвид Рикардо (еден од големите класични економисти) со неговиот закон за (РЕЛАТИВНА) компаративна предност. Што значи ова? Секој произведува она што најдобро го произведува и потоа го разменува со некој друг она што тој другиот најдобро го произведува. СИте се во ќар, бидејќи не произведува СЕ секој, туку јас произведувам едно нешто ти друго и на крајот правиме размена! Каде е трикот? Трикот е во тоа што законот за к.предност вели дека дури и некој да е подобар буквално во се (т.е.полош во се, како Афричките села да речеме), пак на сите ќе им се исплати да ги сконцентрираат своите ограничени ресурси (посебно време!)на тоа што се најдобри, а другите ствари да ги произведува оној другиот дури и ако овој првиот е подобар и во нивното производство. Така да, во ваков случај секогаш село од Африка ќе има солидна егзистенција бидејќи постои нешто во кое има релативна предност пред било кој друг.
п.с. Треба да се напомене дека не тргува село со село или пак држава со држава во системот на слободата (па и во денешниот систем). Тргува поединец со поединец. Релативната предност тука, кој секој ја има во создавање одредена ствар пред сите други е уште поистакната.

2. Прво образованието не доаѓа од небо. Секој мора да се избори прво за егзистенција, а потоа да се образова (временски погледнато). Денеска ние можеме да студираме, но пред 60 години во Македонија децата морале да станат во 6, да работат цел ден заедно со нивните, се само за фамиллиите да се одржат самите себе. Времето е еден од битните ресурси и е ограничено! Како што покажав погоре од примерот, на слободниот пазар за секого има позиција. Но, точно! За некого едноставно ќе биде пеколно тешко да се снајде. Може ќе се роди без нозе и раце или умствено болен, или сл. Што тогаш? Единствениот морален начин како да му се помогне во овој случај е доброволно луѓето да се откажат од дел од својата добивка/пари/профит (наречи го како сакаш) и да ја насочат кон оној што нема. Или пак, свесни за оваа можност, луѓето да создаваат доброволни клубови во кои секој ќе биде обврзан со договор да оделува дел од својот личен доход. (патем, пред 1930 некаде, социјалното и пензиското осигуравање биле обезбедувани од вакви клубови). Човекот е И добар. Си помага и соработува. Како што кажав и претходно-ако не веруваме дека човек со човек може да си помогне, тогаш џабе е цел муабет, посебно анархо-комунистичкиот. Нормално, очекувам контра-одговор на ова дека не е баш сигурна варијанта да си на милостина на друг. Знам, не е. Но, е единствена морална варијанта. Другата е да му земеш на некој што има со сила и да му дадеш на оној што нема! И ова нема никаква врска со анархизам-ова е класика државно насилство замачкано со смешен софизам наречен социјална правда!
п.с. Прочитав во една колумна дека СОРОС издвојувал околу милион евра за донирање на посиромашни деца за нивно солидно образование. Македонија од целиот буџет одвојува 3 милиони. Не е битно што мислење имаш или имаме за СОРОС. ФАктот е дека 1 милион евра годишно завршуваат на сметка на различни фамилии кои неможат да си припуштат да ги школуваат своите деца на начин на кој сметаат дека ќе биде најсоодветен. Цела википедиа постои од донации. Луѓето си помагаат едни со други и тој е единствениот начин за помош на ближниот и е целосно достапен во анархо-индивидуалистичко општество. Како што е и денес.

3. Третово прашање е доста суштинско и од кое зависи сваќања ќе ги имаш за социјално-политичките системи. Најпрвин, целата теорија за класна поделба меѓу капиталисти и работници е смешна! Маркс зборувал за касти. Во анализирањето на претходните историски општествени формации увидел дека секогаш луѓето биле поделени во владеачка КАСТА и владеана КАСТА. Но, ваквата поделба меѓу луѓето (до некаде, бидејќи робовскиот систем постоел во САД Уште некој период) завршила со Француската и Американската револуција и создавањето на владеење на правото. Увидувајќи го ова, Маркс незнаејќи каде да оди, морал да измисли некој нов вид поделба на владеачи и владеани и го измислил со помош на теоријата на вредноста на труд (побијај ја оваа и немаш теорија на експлоатација)-капиталисти и работници. Но, секој можел да биде и едното и другото. Оваа поделба не била врзана со статусот! Што е тогаш проблемот? За економската теорија се погрижиле австро-економиситите. За да се свати ова доста едноставно земи го едноставниов пример кој го дадов и некаде претходно: Замисли 10 луѓе на пуст остров. Секој фаќа по 1 риба дневно. Наеднаш некој Хари одлучува да не лови еден риба и да смисли некој начин за поефикасно ловење. Измислува и ја создава сам мрежата за ловење риби. Од тој ден па навака, сите фаќаат по една риба, Хари фаќа 100. Гледајќи ја ситуацијава другиве му доаѓаат на Хари и му викаат слушај Хари може ние да фаќаме риба за тебе, ти одмарај. Од 100 те риби што ќе ги фаќаме секој ден за нас 9-мина дај ни 20 риби, за тебе се останатите 80. (или пак преговараат се додека не најдат заедничка точка која ќе им одговара и на двајцата-иначе нема да се договорат). Хари нормално се сложува - ем, 80 риби ем не работи ништо. Дали има тука некаква експлоатација? Нема! Сите се во ќар. Истоте е и со капиталистите и со работниците. На капиталистот не му паѓа од небо капиталот (во теоретската анархо-индивуалистичка форма-нормално, во нашата историја и во светската капиталистите станаа капиталисти со помош на државата-но има и онакви кои станале капиталисти фер и праведно). Секој почнува од 0, како што е и примерот горе. За некој од почетна позиција 0 стигне до некоја капиталистичка позиција мора да штеди и да се откаже од некои придобивки денес. Како што Хари не јадел еден ден и измислил мрежа за ловење риби! Во анархо-индивидуалистичко општество (не утописко!), ќе постојат две можности. Едната ДА-ќе може секој да стане мал и поголем капиталист. Како што беше и шансата во РМ со приватизацијата. Секој работник можеше да биде сопственик на дел од капиталот на компаниите (Но, со одредени мучки-насилство-позната тема!-настана хаос. Патем, во овој процес најмногу потфрлија интелектуалците кои ниту им помогнаа на работниците, ниту му објаснаа на народот што се случува. СУм слушнал за два примери во кој работниците му ги поклонија акциите на моменталниот шеф. Што значи во превод дека шефот добил компанија вредна милиони евра за поклон!). Но, другата многу пореална варијанта е дека многумина ќе бидат помали капиталисти и малкумина поголеми. Другите само работници. Но, зошто е ова вака? Бидејќи на секој му се исплати ова! Зошто? Зошто некој би се согласил да работи за некој друг? За ова ти препорачувам да го прочиташ текстов (http://mises.org/journals/jls/9_2/9_2_5.pdf). Викенд е (сабота, недела) текстот е неколку страници. Се е едноставно и јасно! Теоријата на експлоатација на труд е грешна! И од мојот прост пример се е едноставно и јасно дека помеѓу Хари и другите нема никаква експлоатација-напротив, сите се во ќар се додека се е доброволно и заеднички договорено!
п.с. Секој мора да биде работник пред да стане капиталист (нормално, или неговиот претходник кој бил работник и станал капиталист, па капиталот го префрла на својот потомо-за што има право!).

4.Во 4 пример најпрвин спомнуваш дека анархо-капитализмот ќе продуцира економска нееднаквост кај луѓето (и не го спорам овој ФАКТ!), но потоа набројуваш човечки вродени карактеристики кои ги има во секое општество и низ целата историја на светот. Човек не е љубоморен, бесен и револтен само бидејќи некој има повеќе пари од него (барем јас не сум). Љубоморен сум кога некој ја шмека девојката која ја свиѓам, бесен сум кога некој ќе ме навреди, револтен сум кога Државата сака и МИ контролира се во ПРИВАТниот живот! Никое општество нема да биде човечко општество без овие и многу други природни карактеристики, освен општество во кое човекот ќе стане робот. За такво општество не говорам. Како што напоменав не зборувам за утопии, туку за практичен пример кој може да постои денес и би постоел да не би била спречена неговата еволуција.
Економската нееднаквост ќе произлегува И произлгегува од човековата нееднаквост. И тоа е здраво и човештвото оди напред поради овој факт(донекаде)-инаку ќе си шеткавме сеуште со стапови во раце и ќе тепавме мамутиSmile! Секој е различен и секој има своја свест и волја која мора да биде слободен да ги искористи на начин кој смета дека е најсоодветен за него, без притоа да повредува некој друг (физички)!.
п.с. Како ќе се справи анархо-капиталистичкото општество со криминалот е стварно сложено прашање за кое немам сериозен одговор. Логиката ми вели дека безбедноста е уште една услуга која пазарот може да ја снабди преку приватни компании или пак некои слични групации (ова го зборевме и во претходен некој пост колку што памтам). Сега, дури и Роберт Нозик (професор по политичка филозофија на Харвард, автор на Анархија, Држава и Утопија) почнува да ја развива оваа теза, и заклучува дека од ваквата состојба ќе произлезе Држава која ќе го има монополот врз примената на силата на одредена територија (оваа теза побиена можеш да прочиташ "the free-market model versus government:reply to nozick). Мислам дека и ти нешто слично збореше. Не сум спремен да го одговорам прашањето посериозно, но спремен сум да го побијам секое алтернативно! Кој би ја снабдил оваа услуга во анархо-комунистичко општество? А кој освен полиција, би не заштитил од надворешна инвазија во ан.комунизам? Кој и одговор да го дадеш можам да го речам истото што можеш да го кажеш за приватните компании (истото важи и за Државата дури а истото важи и за секој друг организиран начин на одбрана)! Што ако тој што не заштитува му прдне да не нападне? И токму во ан.комунизмот мислам дека тука си поограничен.
Морам да признаам дека тука Државата е најјака во бранењето на своите позиции, а анархимзмот(било кој сериозен анархизам) најслаб (т.е. јас како само-наречен анархист најслаб-има фаци кои знам дека го имаат разработено и овој дел)! Но, спремен сум да прифатам Држава, ако нејзнината улога и е сведена на минимум-односно само на заштита на слободите и правата на човекот-ништо повеќе! И мислам дека можеме како анархисти да научиме многу од луѓето кои се залагаат за минимизирање на Државата. Треба да се знаат кои се противници на анархизмот а кои пријатели. Социјалистите и комунистите мислам дека не се пријатели дефинитивно! Блиската историја потврдува!

Тоа се моите одговори Пандонети. Знам дека или ќе отворат нови прашања или ќе претставуваат не-одговори, но тоа е тоа. Ме заинтересира воопшто што заедно со Растапанк поставувате прашања за анархо-индивидуализмот! Тоа е добро. Very Happy Very Happy
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Пон Ное 15, 2010 12:29 am

Do Rothbard
1.Vo vrska so toa deka selata od afrika se pod eksploatacija na drzavata delunmno se slozuvam, no,del od nekoi od afrikanskite drzavi se tolku siromasni sto ukazuva deka i pokraj eksploatacijata koja ja vrsat, poradi siromasnosta na prirodata tamu od resursi (osobeno osnovnite kako hrana i voda) ne ni mozat da im zemat nisto na selata poradi toa so nema nisto. Sekoja cest na JAR koja ima dijamanti ama drugiot del od afrika e mnogu siromav. Dobrovolnite fondovi vo uslovi na kapitalizam se sveduvaat na licemerie i marketing. Toj sto ke dade saka gestot da go iskoristi za reklama i ocekuva od toa zgolemuvanje na profitot. Ova znaci deka ke pomaga se duri ima interes, a vo uslovi na pazarna ekonomija koja predizvikuva takanareena "diktatura na interesite", tesko nekoj da odvoi od svoite srdstva dobrovolno i so toa da rizikuva da padne vo ekonomski ponezavidna situacija od drugiot.
2. Vo vrska so obrazovanieto, vo uslovi na pazarna ekonomija i obrazovanieto e necij biznis. Znaci za da se obrazuvas mora da platis, a ko nemas pari ke ostanes neobrazovan. Toa znaci deka ako nekoj se rodil vo siromasno semejstvo ili vo pogorniot primer africko selo kade se zivee na rabot od egzistencijata tesko deka ke moze da plati za obrazovanie. A ucenjeto, obrazovanieto i strucnoto usovrsuvanje se preduslovi za napredok. Poentata mi e deka vu uslovi na kapitalizam siromasnite deca kolku i da se talentirani, poradi nemanje na sredtva od nivnite roditeli ke ostanat neobrazovani i ke prodolzat da ziveat na rabot od egzistencijata. Ne veruvam deka vo kapitalizmot lugjeto tolku naivno si pomagaat megjusebe, kako sto kazav pogore sekoja pomos e od interes na onoj koj ja dava. Od cisto altruisticki pricini tesko nekoj da mu pomogne na necie tugjo dete da se obrazuva, za utre da mu bide konkurencija (ako e kvalitetno) na negovoto dete. Vo kapitalizmot najdobro e konkurencijata i kvalitetot da se eliminiraat uste od pocetok, bidejki vo uslovi na sloboden pazar tugjiot kvalitet e zakana za tvojot.
3. Ova so ribive e interesen primer, no 2,22 ribi koi gi imaat drugite nsproti 80te na Hari e sepak odnos na rabotnik koj zema plata i Hari koj trpa kapital, bidejki gi ima sredstvata za rabota a ostanatite ucestvuvaat so svojot trud.
4. Spored mene besot ljubomorata i revoltot ne se covecki karakteristiki tuku se negativni custva koi se rzavivaat poradi opredeleni okolnosti na neednakvost. Napisa deka parite ne se pricina kaj tebe za ovie custva no okolnostite koi podole navede deka se pricina moze da bidat predizvikani od faktorot pari i najcesto se. Pa taka nekoj moze mnogu podobro da ja smeka devojkata sto ti se svigja so negovata skapa obleka dobra kola, i ekskluzivni apartmani koi peoduciraat ekonomska nadredenost vo odnos na tebe. Ne e tajna deka denes ogromen broj na atraktivni devojki vo gradov gi interesiraat parite. Pa se javuvaat i situacii koga odat so postari gospoda i ozeneti tipovi samo za materijalni dobra a pretezno poradi toa sto poteknuvaat od siromasni semejstva. Ova e samo eden od primerite na moralna degradacija koja zivee vo kapitalizmot. Isto taka i navredata vo denesno opstestvo e najpoveke povrzana so ekonomskiot/materijalen status vo opstestvoto. Zborovite kako "klosar eden", "vidi se na sto licis" i niza drugi se nastanati bas poradi ekonomskata neednakvost.
Vo vrska so bezbednosta i zastitata na sopstvenosta smetam deka istite nikako nemozat da se ostvarat preku privatni agencii za obezbeduvanje. Tie namesto da zastituvaat vrsat najgolem reket i toa vo sostojba na drzavnost. Zamislete kako bi se odnesuvale vo sostojba na narhija. Namesto od zakonitostite na slobodniot pazar ke se vodat samo od zakonitostite na silata pa taka namesto da obezbeduvaat ke vrsat razbojnistvo. Еве еден од примерите како ке не обезбедуваат агенциите за осигуруванје http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=130157 .
Mozebi primetuvas deka koga zboruvam za anarhisticko opstestvo vo praksa ne spomnuvam anarhokapitalizam, anarhokomunizam i slicno. Anarhizmot ke se oformi vo praksata kako vo negova edinstvena forma so koja ke moze da opstojuva. Problemot e samo od koe opstestvo ke prejdeme vo anarhizam ( od kapitalizam ili socijalizam). Jas smetam deka toa treba da bide socijalizam zosto od sostojba na drzavnost vo sostojba na bezdrzavnost moze da premineme samo so prethodno vospostavena ednakvost, koja pokraj toa sto ke bide sprovedena na delo treba do tolku da bide vgradena vo svesta na lugjeto sto istite nikogas ne bi posakale da postoi sloboden pazar kade sto nekoj ke se stekne so privilegirana pozicija vo odnos na drug. Inaku postojat dve varijanti vo anarhijata koga e vo prasanje sopstvenosta. Prvata e da postoi terminot kolektivna sopstvenost na se i site resursi da bidat zaednicko dobro na site lugje bez pritoa nekoj nesto licno/privatno da poseduva. Vtorata opcija e site da poseduvaat matematicki ednakvi delovi od vkupnite resursi vo svetot. Jas smetam deka prviot model e podobar, ama praksata ke go najde najdobriot. Vo ovakov slucaj na postoenje na kolektivna sopstvenost, nema da ima potreba od postoenje na privatni policii i agencii za obezbeduvanje, i voopsto nema da ima potreba a postoi nekoj sto ke stiti nesto sto e kolektivno dobro i nikoj licno ne go poseduva. Pa taka nema da postoi i kriminal povrzan so sopstvenosta, mozebi ke opstojuvaat uste nekoij tip na krvnite delikti no smetam deka so povisokata svest kaj lugjto i ovie ke se namalat. a i da se pojavat ke bidat suzbieni so spontano organiziranje na masite protiv istite. Tokmu od ovie pricini smetam deka vo anarhija moze da vletame samo od pozicija na kolektivnost i ednakvost sto e karakteristika na komunizmot kako ideolosko drzavno ureduvanje. Kapitalizmot ke ovozmozi premin od drzavnost vo nedrzavnost od veke privilegirana pozicija na golemite kapitalisti vo odnos na site ostanati, pa taka istite ke prodolzat da gi drzat site vo materijalna podredenost sto ke rezultira ne so anarhizam tuku so najlos vid na ekonomska diktatura.
Pozdrav
P.S. Taka da se duri se naogjame vo preodna faza od drzavnost vo anarhizam borbata na Us agaist the state ke se sveduva na borba left against right, kako bi se stvorile potrebnite preduslovi za anarhizam.


Последната промена е направена од Pandonetti на Пон Ное 15, 2010 12:40 am. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : :-))
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by р on Пон Ное 15, 2010 3:29 am

До Пандонети:

Ок.

п.с. Имам само една ствар да кажам. Интересно е (ова не го знаев до пред некој ден) што класичниот либерализам (оној кој барал минимална држава во 18 век и кој бил идеологоија на капитализмот "laissez faire") се родил како лево ориентирана идеологија. Наспроти либерализмот стоел конзерватизмот кој сакал да го задржи стариот поредок на привилегирани класи, апсолутни монархии, меркантализам и слично. Нешто подоцна, се раѓа марксистичкиот социјализам кој истотака е за радикални промени на општеството. Но што е разликата меѓу марксизмот и либерализмот (освен скоро се!). Марксизмот, т.е. социјализмот сакал да стигне до нов поредок но со истите мерки кои стариот поредок ја постигнал и ја задржувал својата позиција. Со присилба, со закон, со апсолутна монархија, со контрола на економијата, итн.
Многу често напоменуваш дека не го делиш анархизмот на подвидови. И ок е тоа. Но, таа лична дополнителна (и твоја и моја и на повеќето) идеолошка ориентација не наведува да застанеме на едната страна или другата (а постојат само две-капитализам или социјализам-друготе е се комбинација од овие две идеи). И таа теоретска основа ќе ги постави основите на идното (кога и да е!) анархистичко општество. Ако ја изберем социјалистичката (и тоа ми е поентата цело време!), анархизам нема да добиеме! Најблиското општеството е она најкапиталистичко, односно она во кое Државата има најмала улога. Кога државата има минимална моќ, општеството има најголема!
Најсоцијалистичките општества (според мене) е природно да се преобразат во најтоталитарни. И историјата го потврдува ова. Има ли нешто чудно во самиот факт што каде и да е испробана комунистичката/социјалистичката општествено-политичка идеологија...таа завршувала толку бизарно со смешно тоталитаристичка држава? За мене нема!
Споменав и претходно...анархо-комунизмот е единствено возможен во чист капитализамSmile (знам како звучи ова, не е печатна грешка!). Односно, само капиталистичкото општество (теоретски!) овозможува СИТЕ ДА БИДЕМЕ СОПСТВЕНИЦИ на капиталот! Друг начин не постои. Да ги поделиме фабриките на делчиња и да си ги носиме дома не може.
И пак ќе напоменам за крај-јас не зборувам за утопии! Анархизмот секогаш бил индивидуалистички и тоа мора да биде. А како ќе одлучат индивидуите потоа...е тоа можам да го наречам дека праксата ќе покаже како анархизмот би се развивал.

п.п.с. Мислам дека нема потреба да ти давам примери за ДРЖАВНАТА ПОЛИЦИЈА како функционира...така да, мислам дека твојот пример со приватното обезбедување не докажува ништо. Кога имаш Држава приватното обезбедување е пак смешка. Финалниот арбитар е тука, Државата и од нејзе морам да барам заштита на крај! Монополизираната моќ е тука. Се е исто! "Приватното обезбедување" во ситуацијава е само продолжена рака на државата и сите добро го знаеме ова!
Сепак, како што пишав во претходниов коментар (незнам дали ги читаш бидејќи се малку долги...но ако го тупам кажи...те пишувам пократкиSmile), дури И денес би прифатил минимална држава која ќе ја врши улогата на обезбедување на нашите животи и нашата сопственост (колку што е можно ова!)-но од секоја друга област да се повлече!Слободен пазар за слободни индивидуи!Smile

п.п.п.с. Пак ќе повторам...несериозно е да се тврди во анархизмот дека ќе нема потреба од полиција (ако форумов е за утопии требаше некаде да го пишува оваSmile).
Pozdrav i moze da smenime pokonkretna tema, mislam deka malku dosagam a?

avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Пон Ное 15, 2010 2:42 pm

I jas ke bidam dosta kratok posto meoze veke na drugive clenovi na forumov im stanavme malku dosadni :-)
Se soglasuvam deka individuite slobodno ke odlucat koj primesi od kapitalizmot ili komunizmot ke gi vgaradat vo anarhistickoto opstestvo. Ne se soglasuvam deka akarhizmot e edinstveno vozmozen so kapitalizam, naprotiv smetam deka e edinstveno vozmozen so postoenje na kolektivna sopstvenost (socijalizam) i kako sto mozes da procitas vo prethodnite postovi toa jasno se zabelezuva. Iskreno smetam deka e dobro sto imame, sprotivstaveni mislenja na ovie temi bidejki niz diskusijata i polemikata se izostruvaat stavovite koi neutralnite citateli ke mozat da gi cenat od neutralna gledna tocka i samite ke oformat niven subjektiven stav po odnos na vistinata.
Inaku so anarhijata ( zatoa i ja otvoriv temata "Anarhija vrakjanje ili progres" by the way nikoj ne se vkluci vo diskusija:-( ), smetam deka treba da se zaokruzi eden cel krug, odnosno lugjeto vo prvobitnoto opstestvo trgnale od anarhija( bezdrzavnot), pa pominale mnogu etatisticki opstestveni ureduvanja(robovladetelstvo, feudalizam, kapitalizam, socijalizam...?), za na kraj povtorno da go zatvorat krugot so anarhija. Samo sto ovaa anarhija kako posleden stadium od razvojot na opstestvenite ureduvanja vo sebe ke gi ima inkorporirano site pozitivni karakteristiki od prethodnoto iskustvo, i ke rezultira so pragmaticna funkcionalnost kako odraz na povisokiot covecki rod ( zrelo evoluiraniot covek), bidejki i covekot evoluira zaedno so negovite opstestveni ureduvanja koi se proizvod na negovata evolucija. Dotolku povekje smetam deka toj anarhizam treba da gi otfrli site elementi koi vodat kon drzavnost kako veke pominat stadium (pari, privatna sopstvenost, privatni firmi koi vrsat drzavni funkcii etc...). Ti smetas poinaku i toa e toa :-)
Ova znaci deka tvoite zabeleski za utopizmot, smetam deka ne drzat bidejki vo onoj evolutiven moment na preod od drzavnost vo anarhizam covestvoto ke bide na povisoko nivo i ona sto denes izgleda kako utopija togas ke bide realnost poinaki ne ni moze da bide.
Pozdrav
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Pandonetti on Чет Јан 27, 2011 12:21 pm

A sega ajde za toa zosto socijalizmot e pragmaticen, ispolnliv i primenliv, i zgora na se e vo soglasnost so covekovata priroda.
Najprvin, covekot e zivo sustestvo cij genetski imperativ e samoodrzuvanjeto. Instikt e da se opstojuva, zivee, bitisuva. Zivotot e del od genetskiot kod na sekoj organizam. Ako doblizime raka do zeska ringla rakata avtomatski duri bez da sme svesni za toa se trga. Taa se trga od opasnosta soglasno imperativniot instikt za odrzuvanje.
Znaci sekoj seka da opstojuva. ( zivotinski i osnoven instikt)
Bidejki lugjeto se smrtni tie opstojuvaat edinstveno po nivnata smrt preku svoite deca ( reproduktiven instikt, nasocen kon primarniot instikt so parabola-opstojuvanje na genite posle smrtta na sekoja edinka.)
Covekot e razumno sustestvo i ima pokraj genetskiot imperativ na golo odrzuvanje, i stremez za kvalitetno odrzuvanje ziveenje. Ova znaci deka sekoj se stremi da zivee pokvalitetno od prostoto prezivuvanje.
Ako go zememe gorenavedenoto kako bioloski i humaneksplibilen fakt vo sklop so covekovata priroda i nagoni mozeme da gi razgledame socijalizmot i kapitalizmot.
Kapitalizam- navidum neograznicena moznost sekoj da sozdava i poseduva dobra i predmeti soglasno svojata umesnost i sposobnost.
Socijalizam precka pri neogranicenosta da sekoj sozdava dobra i predmeti soglasno svoite sposobnosti vo benefit na pomalku sposobnite so cel da nema golema materijalna distinkcija pomegju lugjeto/edinkite. Nakratko pogolema materijalna ednakvost preku ogranicuvanje na pravoto na neograniceni moznosti vo nasoka na sopstvenosta od ednite za benefit na drugite. Socijalizmot e pohumano ureduvanje od kapitalizmot cij dvigatel e konkurencijata koja se pobiva na bilo kakov nacin vklucuvajki i surovost.
Kako socijalizmot e vo soglasnost so covekovata priroda na egzistencija i edinstvenata mozna forma na egzistencijata-KOEGZISTENCIJA. ?
Ednostavno covekot uste vo damnesni vremina se zdruzuval so drugi lugje za da moze da prezivee i da gi anulira negativnite posledici na ponekogas surovata priroda -ZAEDNO SME POSILNI I KOEGZISTIRAME ZA DA MOZE DA EGZISTIRAME. Vo zaednica so seta svojA razvojnost (rod, pleme, plemenski sojuzi, drzavi, globalizam...) kako sklop na edinki spored kapitalizmot raznite edinki bi trebalo da ziveat razlicno kvaliteten zivot soglasnop svoite sposobnosti. Ova znaci deka spored svoite sposobnosti nekoj moze da ima premnogu a nekoj moze da nema ni za leb. ( kade e tuka koegzistencijata i zamisleniot pakt spored koj lugjeto se zdruzile vo grupa so cel da im bide podobro i da egzistiraat?) E sega i kaj onoj koj nema za leb i kaj onoj koj ima premnogu zelbata za opstojuvanje e ista i golema. Toa predizvikuva onoj cija egzistencija e zagrozena svoite dejstvija da gi nasoci kon onoj koj za smetka na nego ima premnogu, onoj cii deca imaat moznosti za kvalitetno obrazovanie za smetka na negovite koi moraat da rabotat za korka leb kako bi preziveale a ne pak da imaat sredstva da se skoluvaat. Normalno, zagrozeniot e besen, isfrustriran i agresiven kon uzurpatorot na negovite osnovni sredstva za zivot koj vo svoeto bogatstvo natrpal ne samo negovi sredstva za zivot tuku i na mnogu drugi lugje. Zagrozeniot bara drugi zagrozeni i se zdruzuvaat protiv (bezobrazno) nezagrozenite bhidejki ovie gi dovele niv i nivnite semejstva na rabot na egzistencijata i go zagrozile nivniot opstanok predusloven od genetskiot imperativ. Toa zdruzuvanje na zagrozenite koe kako proizvod ima nasilni dejstvija nasoceni kon bogatite (uzurpatorite na osnovnite sredstva za zivot), go zagrozuva i opstanokot na bogatite i nivnite semejstva. Ete od kade doagja golem procent na kriminalot i nasilnite dejstvija. Za da se zastitat bogatite ja izmisluvaat sonuvackata propaganda, a glavni junaci na sonot se nacijata, nacionalizmot religijata i slicno, cija osnovna cel e da se sozdade custvo kaj ugnetenite deka i tie kako i bogatite pripagjaat na edna grupa ( primer Makedonci, Pravoslavie itn...), i uste povekje deka toa e tolku sveto sto uste i vredi da se zagine za toa. Pa taka mirnovremenskite "klosari" se voenovremenskite "zrtvi". Vo vojna i nemiri najcesto stradaat siromasnite, bogatite imaat sredstva da "privremeno" se oddalecat na pobezbedni mesta. Pa taka posle vojnata imame pomalku siromasni, bidejki za vreme na vojnata siromasnite od poveke zemji se ispoubile pomegjusebe i ostoto naselenie - kriticna masa koi svojot gnev prirodno bi go nasocile kon onie koi im go prisvoile osnovniot resurs za zivot, izmanipulirani od sonot za "grupnata pripadnost" ubivaat slicni na sebe nsto za rezultat ima namaluvanje na globalnoto siromasno naselenie i akumuliranje na nasobraniot gnev kon stackholderite.
Znaci denesnoto opstestvo so kapitalisticko ureduvanje, promovira moznosti od Bogatite preku drzavata i pravoto neograniceno soglasno nivnite sposobnosti da trupaat bogatstvo i istotot da go stitat. Potoa promovira nedostapnost ili elektivna dostapnost do obrazovanieto i drugite potencijalni preduslovi za uspeh na siromsnite so cel istite nikogas da ne stanat konkurencija na onie koi veke gi imaat resursite i bogatstvata. I na kraj za da se namali nezadovolstvoto, namesto mnozinstvoto da se nasoci kon malcinstvoto koe im gi zema i osnovnite produkti za prezivuvanje preku sopstvenosta, malcinstvoto preku promoviranje na lazni vrednosti ( nacija, Religija, zasebnost) go tera mnozinstvoto da se ispoubie megju sebe i pogresno da go kanalizira besot vo vojni i izmisleni nasilni dejstvija so povodi.
Bogatstvoto ili resursite vo svetot se raspredeleni na nacin sto 98% od naselenieto zivee so 2% resursi i obratno @% lugje ziveat so 98% resursi. Zatoa ima tolku glad stradanje i neednakvost. Ako zemjata kako planeta poseduva dovolno resursi za sekoja edinka da zivee lagodno i bez zagrozuvanje, a pritoa kako uslov e nivnata pravilna raspredelba, a nekoi edinki so pomos na nivnata "sposobnost" i "umesnost" im gi uzurpiraat resursite pod izgovor deka sopstvenosta e sveto pravo kako sto e i zivotot zastituvajki go istoto preku drzavata i pravoto, togas "Svetoto pravo" odnosno sopstvenosta e KRAZBA. I toa najvulgarna najnecovecka krazba na osnovnite resursi za prezivuvanje na mnozinstvoto. Navistina srceto mi se kine kako na covek i roditel koga gledam cigancinja kako mrznat na minus 15 na kameni most, ili koga ke slusnam na vesti deka nekoi skitnici zamrznale vo nekoja napustena zgrada, ili deka nekoj umrel od pregladnuvanje bez razlika na koj kontinent i kade, a nekoj za smetka na toa se vozi vo bentli, ima ogromni vili i pusi puri koi moze da prehranat celo africko selo pod velot na SOPSTVENOSTA. Spored mene voopsto e neizdrzano ona sto postojano go ppovtoruva rothbard deka socijalizmot e neprakticen i neprimenliv i e vo sprotivnost so logikata, a uste pomalku pak deka e utopija. Naprotiv socijalizmot e vo soglasnost so genetskiot imperativ na covekot za odrzuvanje koe nemoze da se ostvari bez koodrzuvanje na site zaedno. Kapitalizmot pak od druga strana e odraz na son, - son koj tolku dolgo e naturan od kapitalistite kon obespravenite, onie siromasnite i najpovekje onie najzagrozenite cija utresnina e neizvesna voopsto. VREME E DA SE RAZBUDIME OD KAPITALISTICKIOT SON.
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархокомунизам

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот