Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Анархија како систем

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Анархија како систем

Пишување by spaceman on Вто Мар 17, 2009 11:05 pm

Анархист сум уште од пред многу време ама никогаш не сум можел да сфатам како би можела анархијата да функционира. Сето тоа убаво звучи како теорија меѓутоа проблемот со теориите е дека тие се само теории.
Некои објаснувања дека фунционирало за абориџините па ќе фунционира и за нас ми се смешни и глупи во основа.
Таквите гледања на анрхијата се лоши. Зарем навистина сакаме анархија како во првобитното општество? И дали таа може да се примени денес?
Секако дека не може. Денес имаме индустрија, развој во сите области. Имаме возови, автобуси со кои луѓето одат на работа. Имаме трактори со кои се ора, имаме многу работи кои мора да функционираат во било какво општество, тука вклучувајќи ја и анархијата.
Гледиштата дека тоа што работело за абориџините ќе работи и сега и тука се крајно несериозни.
Потоа викате дека анархијата не нуди модел на уредување. Тоа исто така е грешно. За нешто да функционира мора да постои модел, мора да се најде начин како тоа да функционира.
Не е поентата да се повикува на анархија за која не постои модел на фунционирање. Јас како анархист таква анархија не признавам. Таква анархија е истото она што сакаат медиумите да го прикажат како анархија. Хаос. За нешто да функционира мора да има модел.
Анархијата не е целосна слобода. Нема целосна слобода. Не постои такво нешто како апсолутна и целосна слобода.

Хипотетички: Година 3000, светот живее во анархија. Се е супер само има еден проблем. Премногу жители на земјата и мора да се стави контрола врз растот на популација зошто во спротивно ќе нема ниту храна ниту место за сите. Што тогаш? Ако сум апсолутно слободен можам да имам 5 деца. Ама ако имам повеќе од едно ќе пропадне светот гледано долгорочно. Во право се сите што ќе решат дека никој не смее да има повеќе од едно дете. Пред се за да опстои човештвото. Но што тогаш со слободата? Тогаш јас не сум слободен да имам колку деца сакам.

Гледате како во ваква ситуација мошне е тешко да се бара слобода или да се брани. Што е слобода? Да дозволам да пропадне светот затоа што секој треба слободно да прави деца онолку колку што сака?

Вакви судари може да се појават многу.

Токму тоа е слабоста на анрхијата како што е најчесто разбирана. Слобода. Апсолутна слобода. Нема апсолутна слобода.

Анархијата не треба да се разбира само така. Зошто да не се рават модели? Впрочем за нешто да функционира мора да има модел. Мора секој да си ги знае обврските и слободите. Дали ќе е дозволено убиство? Дали анархијата доволува убиство? Кои се моралите на анархијата? Ако не дозволува убиство тогаш јас немам слобода да извршам убиство. Која ќе биде казната за убиство? Ако има казна тогаш дали тоа е анархија од учебник?

Многу прашања кои ја имаат истата цел.

Анархија е добро општествено уредување. Меѓутоа како и секое уредување мора да има организација. Мора да се знае колку луѓе се потребни за работа на полињата, на пример. Мора секој поединец да си ги врши обврските. И какви ќе бидат казните за тие што не си ги вршат обврските? Дури и абориџините имале некои правила и казни. Што ако некој реши дека има слобода ништо да не работи? Што тогаш? Која ќе биде казната? Ако не се казни нема ли тоа да повлече и други луѓе кои ќе се запрашаат „па зошто јас работам кога некој може ич да не работи и да има исто колку и јас“?

Мора да се има фукнционален модел. Мора да се изнајде начин на функционирање. Без модел. без план, без организација ништо неможе да опстои. Ништо не може да се создаде.

Абориџините? Тие биле племе, сите тука, навечер покрај оган се собирале и дискутирале, се договарале. Како би функционирало тоа во денешно време? Како би се споиле Прилеп и Скопје? Како би се договориле? Пелагонија треба да произведе жито за сите. колку жито? Кој ќе го произведва? Кој ќе жнее, кој ќе сее?

За тоа треба модел, треба организација. Дека без никаква организација, без никаков модел едно општество ќе функционира е заблуда. За анрхија треба изработен модел. Не само да се очекува дека со кооперација тоа ќе функционира. Ништо не функционира само со кооперација. Освен можеби едно племе. Меѓутоа не една држава, континент, планета.

До сега не сум наишол на некој модел на анархија какви што има на пример за комунизмот, поставени од Карл Маркс секако. Но затоа имам наидено на еден разработен модел меѓутоа сместен во роман. Романот е фикција меѓутоа врши компарација помеѓу два света. Едниот овој што го познаваме - другиот анарххистички уреден. Книгата е добитник на бројни награди своевремено, а е настаната во периодот на хипи движењето во америка. Авторка е Урсула ле Гвин (Ursula Le Guin) а книгата се вика "The Dispossessed". Книгата ја имате и во нашиве библиотеки на српско-хрватски со наслов „Човек са празних шака“.
Би требало да ја прочита секој анархист, а и оние кои не се анархисти.

На почетокот почнав со оваа реченица: „Анархист сум уште од пред многу време ама никогаш не сум можел да сфатам како би можела анархијата да функционира.“
Сега би сакал да се надополнам, односно да ја напишам онака како што мислев, а крајниот дел го изоставив поради очигледни причини:
Анархист сум уште од пред многу време ама никогаш не сум можел да сфатам како би можела анархијата да функционира..... се додека не ја прочитав Урсула ле Гвин која мошне вешто изградила функционален систем на анрхија. Фала Урлусла!

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Anarchist on Сре Мар 18, 2009 2:30 pm

Dobredojde spaceman Smile

Ubav post, generalno se soglasuvam so tebe, bidejki rece:
До сега не сум наишол на некој модел на анархија какви што има на пример за комунизмот, поставени од Карл Маркс секако.
Ti preporacuvam da razgledas anarho-komunizam. Sekako kje treba da se procitaat nekolku knigi za da se dobie jasno celata slika.

Procitaj ja
The Conquest of Bread od Kropotkin,
What is Communist Anarchism od Berkman.

Za moralnosta, vidi isto taka i AarchistMorality od Kropotkin.

Nakratko, ekonomskiot model e slicen kako onoj na Marks, osven mozebi razlikata e vo opstestvenite hierarhii, koi vo anarhokomunistickoto opstestvo nema da postojat.

A za knigata kje ja procitam, ne znam koga, no kje ja procitam Smile
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by punk_bt on Сре Мар 18, 2009 6:29 pm

sigurno si ucel istorija taka
znam deka nekoj nema da se soglasi so mene
ama vo anticka grcija se sproveduval anarhizam
sigurno si go gledal 300 ovoj novio utkata
spartancite kral imale ama ne resaval toj za nisto osven kako general
avatar
punk_bt

Број на мислења : 69
Registration date : 2008-03-27

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Renegade on Сре Мар 18, 2009 6:59 pm

Сакам да прашам нешо во врска со насилството.Гледав сеа на вестите баш за ненормалниот австриец кој ја затворил својата ќерка,(СВОЈАТА КРВ) во визба,ја малтретирал,не ја оставал да излегва,дури имал и деца со неа али настрана то пошо вервам дека скоро сите знајте за случајов.Е сеа шо сакав да прашам.Како едно анархистичко обшество би се справило со таквите поединци(педофили,убијци,криминалци и тн.).Како што напиша spaceman: "Дали ќе е дозволено убиство? Дали анархијата доволува убиство?Која ќе биде казната за убиство?"Знам дека во врска со криминалот сега народот се осеќа побезбеден знаејќи дека полицијата му ги штити "газојте" a уствари нема врска со спречување на одреден криминален акт,туку само поможва да биде пронајден криминалецот од кога криминалот ке биди напраен.

Сепак не сум јас толку образован за функционирањето на одредени анархистички опшества и немам многу читано(имам,знам што како во глобала али никогаш не е доволно)за мислењата на одредени анархистичи писатели,и сум прилично нов член но зато сум тука да се информирам и да поставувам прашања.

Поздрав
avatar
Renegade

Број на мислења : 62
Location : Битола
Registration date : 2009-02-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Сре Мар 18, 2009 7:15 pm

Чудно, ама вчера неколку часа откако го постирав ова дознав за http://www.thevenusproject.com/.

Во суштина се работи за систем кој ги содржи сите елементи на анархијата. Не е детално разработен што ме нервира ама ми се допаѓа поради еден многу битен фактор. Креаторот на проектот се откажал од името анархија, никаде не го спомнува, ниту пак го поврзува тој систем на уредување со анархија. Во денешно време кога самиот збор анархија е сатанизиран и неговото вистински значење е малку познато (впрочем 80 % од луѓето за анархија мислат дека е хаос, безредие) одлична идеја е да се презентира тој систем под сосема ново невино име.

За овој проект дознав од филм, ама не обичен секојдневен филм туку филм кој ја прикажува реалната слика во која денес се наоѓа светот, и кој се бори за тој систем да биде срушен и засекогаш напуштен. Откако ја анализираат земјата даваат и конкретно решение, односно Проектот Венера.

Има два делови од овој одличен филм кои можете да ги најдете на: http://www.zeitgeistmovie.com/

Филмовите се бесплатни, а се добри.

Првиот зборува за религијата, за начините на контролирање, кулите близначки, големата депресија и начините за манипулирање со јавноста низ векови.
Вториот дел зборува за функционирањето на системот, контролата, манипулацијата, моќта и за Проектот Венера како алтернатива за старите корумпирани и расипани системи.

Филмовиве треба да ги погледне секој.

Анархо-комунизам. Имам претстава како би изгледало тоа, затоа што делуно јас сум комунист. Не дека не сум и анархист ама преодот кон анархија е можен само преку комунизам, барем според мое мислење. Впрочем анархија е само напреден комунизам, и затоа воопто не ме зачудува што постојат и системи наречени анархо-комунизам.

Природен преод би бил комунизам-аархокомунизам-анархија.

Да се верува дека со денешната свест на луѓето ќе може да се воведе анархија ми е малку смешно. Мора долг временски период да се припрема теренот за анархијата, прво преку комунизам, а потоа...

Секако комунизмот во првиот век-два ќе биде корумпиран, ќе пати од дечји болести но мора неколку генерации луѓе да израснат во систем кој ги пропагира тие вредности. Еден ден ќе се створи критична маса која ќе ги симне од власт комунистите затоа што не оделе по идеалите кои сами ги поставиле, и народот сам ќе го замени комунизмот со анархо-комунизам. Кој знае Кина можеби е првата држава која ќе се соочи со анархо-комунистичка револуција.

Дека светот оди натаму, кон комунизам како прв чекор кон анархија, може да се види од последните случувања во сите капиталистички земји. Владата ги помогна фирмите да не пропаднат ама затоа сега таа управува со нив. Америка за еден ден од чисто приватно општество премина во мешано, приватно, а и државно. Можеби Маркс беше во право кога рече „Комунизмот прво ќе се појави во развиените западни земји“. Ако оправдано ги наречеме сите досегашни комунистички општества социјални општества тогаш... Кој знае можеби токму оваа криза ќе ги направи западните земји вистиснки комунисти, впрочем прв стадиум според Маркс е државен капитализам, кој во западот со помошта на владите на фирмите неминовно се појави. Сега тие ги контролираат - значи тие се државни. Ова се коси со чисто капиталистичко општество, но затоа е прв крупен чекор кон комунизам. А со продлабочувањето на кризата и неминовното осиромашување на народот ништо чудно тој изгладнет невработен народ сам да ја турне државата во комунизам. Се што треба е еден добар говорник. Никој не се интересира за социјална политика, еднаквост кога има полни џебови, ама на празен стомак комунизмот звучи мошне привлечно, особено кога така гладен гледаш дека 20 % од нацијата е сита и дебела.

како и да е, според мое мислење ни претстојат интересни времиња.

Последната промена е направена од spaceman на Сре Мар 18, 2009 7:37 pm. Мислењето е променето 1 пати

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Сре Мар 18, 2009 7:36 pm

Renegade напиша:Сакам да прашам нешо во врска со насилството.Гледав сеа на вестите баш за ненормалниот австриец кој ја затворил својата ќерка,(СВОЈАТА КРВ) во визба,ја малтретирал,не ја оставал да излегва,дури имал и деца со неа али настрана то пошо вервам дека скоро сите знајте за случајов.Е сеа шо сакав да прашам.Како едно анархистичко обшество би се справило со таквите поединци(педофили,убијци,криминалци и тн.).Како што напиша spaceman: "Дали ќе е дозволено убиство? Дали анархијата доволува убиство?Која ќе биде казната за убиство?"Знам дека во врска со криминалот сега народот се осеќа побезбеден знаејќи дека полицијата му ги штити "газојте" a уствари нема врска со спречување на одреден криминален акт,туку само поможва да биде пронајден криминалецот од кога криминалот ке биди напраен.

Сепак не сум јас толку образован за функционирањето на одредени анархистички опшества и немам многу читано(имам,знам што како во глобала али никогаш не е доволно)за мислењата на одредени анархистичи писатели,и сум прилично нов член но зато сум тука да се информирам и да поставувам прашања.

Поздрав

Некои пресметале дека статистички најмногу криминалци доаѓаат од сиромашни населби и сиромашни семејства. Потоа тие заклучиле дека ако се искорени сиромаштијата, и ако се отстрани моќта од оптественото уредување, тогаш криминалот ќе падне драстично затоа што најмногу криминал се прави поради пари или поради моќ.

Е сега ова можеби и ќе отстрани дел од криминалот ама тука секогаш ќе има и случаи како овој во Австрија или оној од пред некој ден кога момче си ја застрела бившата девојка, а потоа се застрела и себе си. Во првиот случај не знам кој би бил мотив, ама во вториот може да биде љубомора.

Како би се искоренил таков криминал?

Најлесно би било кога самите луѓе би ги казнувале таквите прекршители што на крај краева и ќе мора да го направат. Во анархија нема суд, нема адвокати, нема порота. Прогонство би било најблага казнена мерка, без затвори и убивања.

Некои други размислуваат вака: Ако децата уште од мали се учат на начелата на анархија ќе размислуваат сосема поинаку. Ако се воспитуваат дека љубовта е света тогаш за нив љубовта е света. Во денешно време љубовта е кратка, децата читаат учат од нивните идоли, актери, актерки, пејачи, пејачки, а сите тие немаат брак подол од две години. Доколку децата учат за почит и морал и етика ќе научат за тоа. Но тешко е да ги учиш на морал и етика кога на голем одмор некој им го краде сендвичот, парите за автобус. Тешко е да научат дека не треба да се тепаат и убиваат кога нивните омилени цртани ликови се бркаат и тепаат, а новните акциони херое убиваат по 200 луѓе во филм. Во општество каде ќе бидат застапане сосема понакви морални и етички вредности од оние кои ги гледаме денес на вести, телевизија, филмови, едикативни установи, сосема е нормално да се развијат сосема поинакви деца со сосема поинакви размислувања и сфаќања.
Самата околина луѓето ги прави расипани, себични, бескруполозни. Во таков свет живееме, суров, себичен, неетички, неморален. Не се криви луѓето што се такви, крив е системот што ги направил такви.

Можеби и овие размислувања се грешни. Да напоменам ова не се баш мои размислувања туку на Урсула ле Гвин која во својата книга (фикција, СФ поточно) освен две напоредни општества во кои се наоѓа главниот јунак (инаку анархист) опишува и периоди од животот на глчавниот јунак додека бил дете. Како тој се градел како личност, што читал, како се однесувале другите деца. Има еден прекрасен дел кога децата си играат „затвор“. Тие живеат во анархија и слушнале за затвор од некои постари луѓе па решија да си играат. Играта завршува со плачки, а децата неможат да сфатат како тоа имало луѓе кои апселе и затворале други луѓе.

Се е до едукацијата. Донеси црнче од африка кое живеело слободно со своето племе и пробај да му го бјасниш концептот ЗАТВОР. Нема да го разбере. Ќе научи што е затвор но нема никогаш да го разбере. Пробај да му објасниш што се пари. Нема да разбере. Се што му треба има во природата. Нема да го разбере концептот на пари.

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by M-1 on Сре Мар 18, 2009 8:39 pm

Анархист сум уште од пред многу време ама никогаш не сум можел да сфатам како би можела анархијата да функционира. Сето тоа убаво звучи како теорија меѓутоа проблемот со теориите е дека тие се само теории.

М-1: Анархистчката теорија настанува преку контемплација на реални практични настани и процеси. Не се работи за сувопарна теорија туку за теорија која е креирана на основа на праксата. Да потсетам: нема пракса без теорија ниту пак теорија без пракса

Некои објаснувања дека фунционирало за абориџините па ќе фунционира и за нас ми се смешни и глупи во основа.
Таквите гледања на анрхијата се лоши. Зарем навистина сакаме анархија како во првобитното општество? И дали таа може да се примени денес?

Анархизмот сосема добро функцонирал во Мексико 1910-тите, во Украина 1917-1921 и во Шпанија 1936-1939...потоа доаѓа до цутот на фашизмот кој е најогорчен непријател на анархистите, а од друга страна на сталинизмот и се до крајот на Студената војна нема посериозни примери на практичен анархизам. Анархизмот не е примитивна доктрина, напротив таа е и настанува со цел попрактично и поефикасно да се раководи високоразвиеното општество.

Секако дека не може. Денес имаме индустрија, развој во сите области. Имаме возови, автобуси со кои луѓето одат на работа. Имаме трактори со кои се ора, имаме многу работи кои мора да функционираат во било какво општество, тука вклучувајќи ја и анархијата.

Работите кои ги наведе најдобро би функционирале во анархистичко општество.

Гледиштата дека тоа што работело за абориџините ќе работи и сега и тука се крајно несериозни.
Потоа викате дека анархијата не нуди модел на уредување. Тоа исто така е грешно. За нешто да функционира мора да постои модел, мора да се најде начин како тоа да функционира.

Анархизмот има модели, но тие не се непроменливи и конечни т.е. не се готови модели. Анархизмот не е догматичен и постојано може да се менува согласно со развојот на околностите. Може и конечно целосно да се отфрли тогаш кога ќе произлезе подобар одговарачки систем.

Не е поентата да се повикува на анархија за која не постои модел на фунционирање. Јас како анархист таква анархија не признавам. Таква анархија е истото она што сакаат медиумите да го прикажат како анархија. Хаос. За нешто да функционира мора да има модел.
Анархијата не е целосна слобода. Нема целосна слобода. Не постои такво нешто како апсолутна и целосна слобода.
Хипотетички: Година 3000, светот живее во анархија. Се е супер само има еден проблем. Премногу жители на земјата и мора да се стави контрола врз растот на популација зошто во спротивно ќе нема ниту храна ниту место за сите. Што тогаш? Ако сум апсолутно слободен можам да имам 5 деца. Ама ако имам повеќе од едно ќе пропадне светот гледано долгорочно. Во право се сите што ќе решат дека никој не смее да има повеќе од едно дете. Пред се за да опстои човештвото. Но што тогаш со слободата? Тогаш јас не сум слободен да имам колку деца сакам.

Гледате како во ваква ситуација мошне е тешко да се бара слобода или да се брани. Што е слобода? Да дозволам да пропадне светот затоа што секој треба слободно да прави деца онолку колку што сака?

Вакви судари може да се појават многу.

Токму тоа е слабоста на анрхијата како што е најчесто разбирана. Слобода. Апсолутна слобода. Нема апсолутна слобода.

Анархизмот подразбира слобода на поединецот до онаа мерка до која таа нема да ја загрозува слободата на друг поединец. Не се работи за неограничена слобода.

Анархијата не треба да се разбира само така. Зошто да не се рават модели? Впрочем за нешто да функционира мора да има модел. Мора секој да си ги знае обврските и слободите. Дали ќе е дозволено убиство? Дали анархијата доволува убиство? Кои се моралите на анархијата? Ако не дозволува убиство тогаш јас немам слобода да извршам убиство. Која ќе биде казната за убиство? Ако има казна тогаш дали тоа е анархија од учебник?

Многу прашања кои ја имаат истата цел.

Анархија е добро општествено уредување. Меѓутоа како и секое уредување мора да има организација. Мора да се знае колку луѓе се потребни за работа на полињата, на пример. Мора секој поединец да си ги врши обврските. И какви ќе бидат казните за тие што не си ги вршат обврските? Дури и абориџините имале некои правила и казни. Што ако некој реши дека има слобода ништо да не работи? Што тогаш? Која ќе биде казната? Ако не се казни нема ли тоа да повлече и други луѓе кои ќе се запрашаат „па зошто јас работам кога некој може ич да не работи и да има исто колку и јас“?

Мора да се има фукнционален модел. Мора да се изнајде начин на функционирање. Без модел. без план, без организација ништо неможе да опстои. Ништо не може да се создаде.

Абориџините? Тие биле племе, сите тука, навечер покрај оган се собирале и дискутирале, се договарале. Како би функционирало тоа во денешно време? Како би се споиле Прилеп и Скопје? Како би се договориле? Пелагонија треба да произведе жито за сите. колку жито? Кој ќе го произведва? Кој ќе жнее, кој ќе сее?

За тоа треба модел, треба организација. Дека без никаква организација, без никаков модел едно општество ќе функционира е заблуда. За анрхија треба изработен модел. Не само да се очекува дека со кооперација тоа ќе функционира. Ништо не функционира само со кооперација. Освен можеби едно племе. Меѓутоа не една држава, континент, планета.

Очигледно не си добро запознаен со анархистичката теорија но не би сакал да се поставувам премногу критички кон тебе бидејќи проблемот е од чисто техничка природа. Анархизмот си има модели, си има систем, си има организација. Абориџините јас до сега не сум чул дека некој ги зема за пример-можеби тогаш не постоела држава но секако дека постоела економска експлоатација што повторно не доведува до нешто што нема врска со анархизам. Анархизмот е фактички најорганизирано општество до сега формулирано но за тоа повеќе ќе дознаеш на форумов-впрочем затоа и постои нели Smile

До сега не сум наишол на некој модел на анархија какви што има на пример за комунизмот, поставени од Карл Маркс секако. Но затоа имам наидено на еден разработен модел меѓутоа сместен во роман. Романот е фикција меѓутоа врши компарација помеѓу два света. Едниот овој што го познаваме - другиот анарххистички уреден. Книгата е добитник на бројни награди своевремено, а е настаната во периодот на хипи движењето во америка. Авторка е Урсула ле Гвин (Ursula Le Guin) а книгата се вика "The Dispossessed". Книгата ја имате и во нашиве библиотеки на српско-хрватски со наслов „Човек са празних шака“.
Би требало да ја прочита секој анархист, а и оние кои не се анархисти.

Анархизмот си има многу разработена теорија и пракса составена од класици како Proudhon, Bakunin, Kropotkin, Most, Malatesta, Goldman, Berkman, Volin, Rocker, Dolgoff, Goodman, Ba Jin, Chomsky, Zinn, Bonnano...многу имиња нели Smile Би те посоветувал за анархизмот да не се информираш преку телевизија и останатите мејнстрим медиуми бидејќи тие знаат за анархизам исто колку и баба ми која не знае да чита. Мејнстрим медиумите сами допираат до за работи како што е анархизам мораш ти да допреш до нив, мора да нурнеш подлабоко, да тргнеш Deeper Undergroun како Jamiroquai и секако мора да се посветиш на тоа.

На почетокот почнав со оваа реченица: „Анархист сум уште од пред многу време ама никогаш не сум можел да сфатам како би можела анархијата да функционира.“
Сега би сакал да се надополнам, односно да ја напишам онака како што мислев, а крајниот дел го изоставив поради очигледни причини:
Анархист сум уште од пред многу време ама никогаш не сум можел да сфатам како би можела анархијата да функционира..... се додека не ја прочитав Урсула ле Гвин која мошне вешто изградила функционален систем на анрхија. Фала Урлусла!

Фала и на Урсула што те донесе до форумов ама ќе мора да читаш уште многу за да ја запознаеш анархистичката теорија. Добредојде на форумов!
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Сре Мар 18, 2009 10:27 pm

Шпанија 1936-1939 била во цивилна војна. Ако така фунционирал добро анархизмот тогаш имаме погрешни сфаќања за анархизмот. Истото е и со Мексико 1910. Цивилна војна.

Не одговараш на многу прашања, а на многу мои поенти само укажуваш со: тоа најдобро ќе работи во анархистичко општество и сл.

Кој ќе ора, а кој ќе лечи? Зошто па јас да орам? Зошто јас да копам, а некој друг да седи во канцеларија? Не е баш така едноставно.

Никој систем не е непроменлив.

Чисто техничка природа? Организација на едно цело општество на праведен и фер начин чисто техничка природа? Пробај едно село да организираш и ќе видиш колку е тоа чисто технички, а не па цело општество. Организација воопшто не е техничка, туку е и филозофска, психолошка дисциплина.

Хах, на овој сајт прочитав за абориџините. Незнам како не си прочитал ти. Сепак јас сум овде само два дена.

Не сум читал многу за анархизмот ама самото тоа што сум тука треба да биде показател дека не сум се информирал преку мејнстрим медиуми. Не ме потценувај или не се преценувај.

Не ме донесе Урсула на форумов. Не планирам да читам премногу за анархизам. Доволно е што имам читано за комунизам. Барем за мене. Ја разбирам целта на анархијата и тоа ми е доволно.

Искрено мене повеќе ми се допаѓа анархо-комунизам како идеја пред се затоа што е многу поостварлив и поопилив. Ама онака како што јас си го разбирам. Инаку кога сме веќе кај тоа јас многу повеќе имам интерес за смислување на ново општество, комбинација од анархија и комунизам. Едноставно сакам заплеткани работи, сакам организација, сакам да воочувам мани и да ги поправам.

Анархист кој ми кажува колку било добро во војна. Освен тоа за аватар има калаш.
Јес дека револуција секогаш е радикална ама да кажеш дека држава фунционира добро во војна е во најмала рака идиотски.

Што ќе правиме во анархија? Ќе одржуваме констатна војна? Тоа е крајно глупо и неанархистички. Тоа е хаос. Тоа е она што мејнстрим медиумите всушност го кажуваат. (а и твоите примери на функционален анархизам се всушност цивилна војна)

Мислам дека сум го утнал форумот.

И се си мислам дека не сум јас тој кој што треба да чита повеќе.

Пријатно.

п.с. Револуцијата е радикално средтсво за преземање на власта, за рушење на старите системи, а не за одрживање на константна војна. Револуцијата никогаш не се одликувала со војната, никогаш новите системи не фунционирале во војна. Нивните предности пред старите системи се покажувала во периодот што следел после војната (револуцијата).

Имаш некои изместени гледишта, незнам што си читал ама грешна литература си читал дефинитивно. Би ти го препорачал Маркс.

Edit: Да се надополнам. Ќе симнам некој понова книга за анархија само да видам фунционален модел. Ако веќе сакаш да ми помогнеш одговори на некои од моралните и етички дилеми поставени, за кои викаш си читал. Во кратки црти. Препорачај добар теотетски модел. Иако чисто се сомневам дека некој навлегувал длабоко во сите елементи и морално етички дилеми кои ги носи овој систем на организација.

Сега читнав нешто за анархијата која владеела во Шпанија од 36 до 39 и морам да кажам дека сум комплетно разочаран. Уште тоа да биде најизвикан аргумент за функционирањето на анархијата е срамота според мене.

До сега нема функционирано ваков систем на долга стаза па овие примери се крајно бесмислени и нерелевантни. за да се види дали нешто е ОК или не во пракса се потребни век, два, а не неколку месеци или години и тоа во време на цивилна војна. Постојат многу аспекти кои можат анархијата да ја поврзат со војната но скоро сите кои ми паѓаат на памет не ми звучат баш најдобро, а како примери за фунционална анархија дури ги наоѓам за смешни.

Можеби тоа е проблемот.

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by -off- on Чет Мар 19, 2009 3:59 pm

[/quote]sigurno si ucel istorija taka
znam deka nekoj nema da se soglasi so mene
ama vo anticka grcija se sproveduval anarhizam[quote]

istorijata ja pisuvaat pobednicite i onie koj se na vlast
avatar
-off-

Број на мислења : 190
Age : 28
Location : skopje
Registration date : 2008-03-03

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by M-1 on Чет Мар 19, 2009 6:53 pm

Шпанија 1936-1939 била во цивилна војна. Ако така фунционирал добро анархизмот тогаш имаме погрешни сфаќања за анархизмот. Истото е и со Мексико 1910. Цивилна војна.

Во текот на цивилната војна се одигрува револуција:
http://en.wikipedia.org/wiki/Spanish_Revolution

Истото важи и за Мексико:

http://en.wikipedia.org/wiki/Mexican_revolution

Не одговараш на многу прашања, а на многу мои поенти само укажуваш со: тоа најдобро ќе работи во анархистичко општество и сл.

Кој ќе ора, а кој ќе лечи? Зошто па јас да орам? Зошто јас да копам, а некој друг да седи во канцеларија? Не е баш така едноставно.

Никој систем не е непроменлив.

Чисто техничка природа? Организација на едно цело општество на праведен и фер начин чисто техничка природа? Пробај едно село да организираш и ќе видиш колку е тоа чисто технички, а не па цело општество. Организација воопшто не е техничка, туку е и филозофска, психолошка дисциплина.

Мислев на проблемот кој ти го имаш со анархијата-немаш доволно читано за тоа за да можеш да правиш критика на таа тема. Ти препорачувам да читаш повеќе анархистичка теорија за да можеме да правиме муабет.

Хах, на овој сајт прочитав за абориџините. Незнам како не си прочитал ти. Сепак јас сум овде само два дена.

Не сум читал многу за анархизмот ама самото тоа што сум тука треба да биде показател дека не сум се информирал преку мејнстрим медиуми. Не ме потценувај или не се преценувај.

Добро де братче дај си ракаSmile

Не ме донесе Урсула на форумов. Не планирам да читам премногу за анархизам. Доволно е што имам читано за комунизам. Барем за мене. Ја разбирам целта на анархијата и тоа ми е доволно.

Искрено мене повеќе ми се допаѓа анархо-комунизам како идеја пред се затоа што е многу поостварлив и поопилив. Ама онака како што јас си го разбирам. Инаку кога сме веќе кај тоа јас многу повеќе имам интерес за смислување на ново општество, комбинација од анархија и комунизам. Едноставно сакам заплеткани работи, сакам организација, сакам да воочувам мани и да ги поправам.

Мое лично мислење е дека анархизам не функционира без комунизам и обратно. Денес кога кажуваш анархизам фактички мислиш на анархо-комунизам.

Анархист кој ми кажува колку било добро во војна. Освен тоа за аватар има калаш.
Јес дека револуција секогаш е радикална ама да кажеш дека држава фунционира добро во војна е во најмала рака идиотски.

Каде реков дека е добро во војна? Во анархизмот држава не постои. А да се дојде до анархизам по мое мислење не може преку мировни услови. Ова на аватарот не е калаш туку М-1.

Што ќе правиме во анархија? Ќе одржуваме констатна војна? Тоа е крајно глупо и неанархистички. Тоа е хаос. Тоа е она што мејнстрим медиумите всушност го кажуваат. (а и твоите примери на функционален анархизам се всушност цивилна војна)

Откај ти е тоа дека во анархизам ќе се одржува константна војна?

Мислам дека сум го утнал форумот.

И се си мислам дека не сум јас тој кој што треба да чита повеќе.

Пријатно.

п.с. Револуцијата е радикално средтсво за преземање на власта, за рушење на старите системи, а не за одрживање на константна војна.

Револуцијата во анархизмот не е преземање на власта туку рушење на власта. Во анархизмот не постои власт. Марксистите се тие кои зборат за преземање на власта

Револуцијата никогаш не се одликувала со војната, никогаш новите системи не фунционирале во војна. Нивните предности пред старите системи се покажувала во периодот што следел после војната (револуцијата).

Имаш некои изместени гледишта, незнам што си читал ама грешна литература си читал дефинитивно. Би ти го препорачал Маркс.

Каде сум рекол дека во анархизмот треба да има војна?

Edit: Да се надополнам. Ќе симнам некој понова книга за анархија само да видам фунционален модел. Ако веќе сакаш да ми помогнеш одговори на некои од моралните и етички дилеми поставени, за кои викаш си читал. Во кратки црти. Препорачај добар теотетски модел. Иако чисто се сомневам дека некој навлегувал длабоко во сите елементи и морално етички дилеми кои ги носи овој систем на организација.

Анархизмот како систем најмногу се заснова на човековите вредности како што се солидарноста и взаемната помош. Затоа повеќе ќе ти каже Кропоткин:

http://dwardmac.pitzer.edu/Anarchist_Archives/kropotkin/mutaidcontents.html

Сега читнав нешто за анархијата која владеела во Шпанија од 36 до 39 и морам да кажам дека сум комплетно разочаран. Уште тоа да биде најизвикан аргумент за функционирањето на анархијата е срамота според мене.

До сега нема функционирано ваков систем на долга стаза па овие примери се крајно бесмислени и нерелевантни. за да се види дали нешто е ОК или не во пракса се потребни век, два, а не неколку месеци или години и тоа во време на цивилна војна. Постојат многу аспекти кои можат анархијата да ја поврзат со војната но скоро сите кои ми паѓаат на памет не ми звучат баш најдобро, а како примери за фунционална анархија дури ги наоѓам за смешни.

Можеби тоа е проблемот.

Taa идентификација на анархијата со војна ти е погрешна. Тоа е тоа што јас го нарекувам технички проблем. До анархизмот најверојатно не може да се дојде преку мировен пат, единствено преку насилна револуција затоа што капиталистите и бирократијата нема да се откажат од своите привилегии туку така. Напротив тие крваво ќе ги бранат истите и затоа анархизмот не може да се извојува преку мировен пат.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Anarchist on Саб Мар 21, 2009 11:46 am

Мило ми е што се разви ваква дискусија, ова е една од причините зошто и постои овој форум, да се разговара на одредени теми, а воедно и да не' поттикне да се образуваме за анархизмот. Како и по обичај кога луѓе разговараат, логично е и да имаат сопствени ставови, понекогаш спротивставени, понекогаш не. Сакам да кажам, разговарајте убедувајте се, разубедувајте, се не гледам ништо лошо во тоа. Кога ќе ојде ден кога ќе се согласиме за одредени работи, ајде да се органзизираме. Ова го упатувам до сите членови.

Патем еве малку за анархокомунизам:

http://www.teror13.anarhija.org/tekstovi/00078.html

http://en.wikipedia.org/wiki/Anarchist_communism
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by M-1 on Саб Мар 21, 2009 5:40 pm

Јас одамна сум за тоа да се организираме. Предлагам да се направат кружоци и секој град да има по еден колектив како нпр: Анархистички колектив-Скопје, Анархистички колектив-Битола итн.
Редовните состаноци на локално ниво би биле еднаш во неделата, а на генерално еднаш месечно или на два месеци во еден од градовите кои се центри на колективите. Доколку успееме на генерално ниво да собереме 100 членови би можеле и да образуваме анархистичка федерација која би одржувала редовни конгреси и би имала односи со колективите вон земјата.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Anarchist on Нед Мар 22, 2009 12:14 am

Нема ли така да настане централизација на анархистичкото движење, не знам мене формирање на анархо федерација со едвај 10 луѓе на ниво на територија на цела држава не ми е ок.

Сум за создавање на колективи, па и не мора да има врска географски, но какви колективи????

Јас се уште стојам на моите пацифистички ставови и покрај тоа што се декларирам како анархокомунист.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Сре Мар 25, 2009 6:28 am

Искрено кажано за анархија не сум читал баш премногу ама за комунизам знам и тоа доста. И тоа за оној комунизам замислен од Маркс и Енгелс што никогаш не владеел до сега.

Накратко за комунизмот:

1. Немонетарен систем - значи нема пари, всушност нема никаква приватна сопственост.

2. Нема сиромаштија и плата - затоа што работењето ќе биде волонтерски и луѓето ќе си земаат онолку колку што им е потребно

3. Нема влада - затоа што влади владеат, без влада сите луѓето владеат (самоуправување) и тоа е всушност вистинска демократија.

4. Нема држави - затоа што државите се вештачки и ги делат луѓето. Луѓето се луѓе пред се.

5. Нема војни - затоа што без приватна сопственост нема да има војни за ресурси, територии. нема расни, верски војни поради точката 4. Секако во коминизмот нема ниту религии

6. Нема лидери - затоа што лидери се недемократски.

7. Нема партии - затоа што политички партии не се потребни.

Е сега, ќе замолам некој да ми објасни што од ова не спаѓа во анархија. Јас колку што знам анархија е истото ова само со друго име. Што друго ми нуди анархијата освен ова што во глобала го нуди комунизмот онака како што бил замислен.

Напомена: До сега никаде не владеел комунизам. Самото тоа што на чело на тој таканаречен комунизам имало партии и лидери доволно кажува затоа што во комунизмот на Маркс и Енгелс нема пари, нема партии, нема лидери.

Во прилог една неофицијална комунистичка химна, се надевам сите знаат од кој е:

Imagine there's no Heaven
It's easy if you try
No hell below us
Above us only sky
Imagine all the people
Living for today

Imagine there's no countries
It isn't hard to do
Nothing to kill or die for
And no religion too
Imagine all the people
Living life in peace

You may say that I'm a dreamer
But I'm not the only one
I hope someday you'll join us
And the world will be as one

Imagine no possessions
I wonder if you can
No need for greed or hunger
A brotherhood of man
Imagine all the people
Sharing all the world

You may say that I'm a dreamer
But I'm not the only one
I hope someday you'll join us
And the world will live as one

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Сре Мар 25, 2009 6:43 am

п.с. Знам дека анархија, ниту пак комунизам неможе да се издвојува по мирен пат.

Тоа му било јасно и на Маркс. И самиот тој изјавувал дека за комунизам треба крвава револуција.

Сепак јас би се држел до комунизмот пред се затоа што е многу поразработен како систем од анархијата. Маркс и Енгелс го имаат многу добро објаснето, а имаат и објаснето зошто капитализмот не чини. И тоа преку научна критика.

Сепак не би се сложил да прифатам анархија како систем што функционирала во воено време. За фукционален систем потребно е да функционира во мирно време. Може да се постигне со војна но треба да фунционира во мирно време за да се каже дека фунционирал.

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Сре Мар 25, 2009 7:05 am

http://libcom.org/library/marx-theoretician-anarchism

Прочитајте... Накратко: Maximilien Rubel's 1973 article highlighting the libertarian elements within Marx's work and its importance to anarchism, regardless of Marx's lengthy critiques of famous anarchist theoreticians.

Инаку Маркс бил голем критичар на некои анархистички теоритичари. Но само затоа што никој не му бил дораснат. Искрено Маркс им дал на анархистите многу добро разработени теории за тоа како треба во суштина да се теоризира за еден систем.

Како инаку очекуваат интелектуалци да следат анархија ако не е добро објаснета, ако е недоработена, и ако нема научна критика на системот кој владее, ако нема добар темел за она што го пропагира.

Марксизмот е најдобро разработена теорија на анрхија. Поточно комунизмот. Е сега Маркс сакал да се запамти по него па си смислил ново име наместо да го користи името анархија. Мене не ми смета да се вика и Проект Венера се додека ги има истите идеали.

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by M-1 on Сре Мар 25, 2009 1:05 pm

Јас во голема мерка се согласувам со комунизмот (не кажувам марксизам за да не се ограничувам на само една личност, а ни Маркс самиот не се нарекувал како марксист). Анархизмот и комунизмот настанале и се развивале паралелно, дури и заедно се до Првата интернационала 1871. година кога Маркс одлучува партијата да оди на избори и да ја преземе власта после што би се создала „работничка држава„ која би ја угнетувала буржоазијата и полека би одумирала се дур потоплно не се елиминира капиталистичкиот систем.
Таков начин на доаѓање до комунизам или анархизам се покажа како неуспешен бидејќи на „црвената буржоазија„ или „работничката аристократија„ или „авангардата на работничката класа„ не им паѓаше на памет да се откажат од своите привилегии кои ги стекнале доаѓајќи на власт преку работничката класа. Затоа денеска има голем број на комунисти кои веќе не предвидуваат формирање на партија и одење на избори туку бараат алтернативи како радикален синдикализам или општонародно востание се со цел да се избегне таа фамозна „транзициона фаза„ кон комунизам.
Што се однесува до твојата примедба дека анархизмот фунционира само во војна да ти дообјаснам дека не се анархистите тие кои дигнале востание среде војна туку самата војна е поведена против нивната револуција. Затоа за мене периодот помеѓу 1936-1939 не е граѓанска војна туку контрареволуција против анархистите и комунистите кои ги преземаа средствата на производство а Франко како армијата, капиталистите, аристократијата и швештеништвото поведоа крстоносна војна за да ги спасат своите привилегии.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Anarchist on Саб Мар 28, 2009 12:36 pm

spaceman напиша:п.с. Знам дека анархија, ниту пак комунизам неможе да се издвојува по мирен пат.

Тоа му било јасно и на Маркс. И самиот тој изјавувал дека за комунизам треба крвава револуција.

Сепак јас би се држел до комунизмот пред се затоа што е многу поразработен како систем од анархијата. Маркс и Енгелс го имаат многу добро објаснето, а имаат и објаснето зошто капитализмот не чини. И тоа преку научна критика.

Сепак не би се сложил да прифатам анархија како систем што функционирала во воено време. За фукционален систем потребно е да функционира во мирно време. Може да се постигне со војна но треба да фунционира во мирно време за да се каже дека фунционирал.

Другар spaceman, самиот кажа дека немаш многу читатно за анархија, а велиш дека не е разработен систем.

Проблемот со комунизмот оној на маркс и енгелс е во начинот на остварувањето на тој комунизам. Поправи ме ако грешам. Тие убедуваат дека преку освојувањето на власта со помош на диктатура на пролетеријатот ќе дојдат до тоа прекрасно општество. Е тука анархистите се спротивставуваат, велат дека власта(моќта) е таа што корумпира и дека никогаш нема преку државата да се дојде до убавото општество. Комунистите зборуваат за одумирање на државата, анархистите велат за нејзино укинување. Едниот процес(одумирањето) е побавен од укинувањето. Главниот проблем е во транзициониот пеиод, во кој според мене државата како едно свесно суштество ќе закрепне од револуцијата и не само тоа туку ќе стане и посилно.

Види на пример како Ленин и останатите заебаа работа... па и самиот Ленин си призна ми се чини кога кажал „се додека постои држата нема слобода“, а кажи ми дали не беше Ленин тој кој што ја зајакна државата уште толку, откако дојде тој на власт.

Друга работа е во хиерархизирањето и централизирањето на работите во општеството. Како може да зборуваме за слобода кога имаме општествени хиерархии т.е. некој човек да биде над друг?

Топло ти го препорачувам Нестор Махно, Ерико Малатеста и Петар Кропоткин, не застанувај само на комунизмот дека го знаеш најмногу читни и за анархокомунизмот, па тогаш резимиорај, анализирај и сам види си што ешто.

Поздрав Smile
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Саб Мар 28, 2009 8:31 pm

Anarchist напиша:

Да, одумирањето е подолго од укинувањето.
Треба време да помине, да се сменат неколку генерации додека се постави темел за укинување на државата. Прво и основно треба да се едуцира сиот народ. Почнувајќи од децата. Треба да се изгради нов систем на вредносни, хумани вредности кои денес ги нема во капитализмот. Тоа може да се постигне постепено преку едукација и образование најмногу на децата, за да може тие еден ден да го спроведат комунизмот. За еден ден, месец не може да се префрли човештвото од капитализам во комунизам.

Ленин, Сталин, Тито, воопшто не биле комунисти. Тие само го искориститиле комунизмот за да дојдат на власт. Русија, Југославија и сега Кина и Куба не се комунистички општества. Таму владее државен капитализам. Поточно еднопартиски државен капитализам.

Во комунизам нема хиерархија, нема влада, нема пари.

Маркс меѓу другото кажал дека до сега сите револуции биле стартувани од малцинство луѓе, и од нив имало корист тоа малцинство. Комунизмот ќе биде првата револуција која ќе биде револуција на мнозинството.

Маркс говорел дека комунизам може да се постигне само со револуција за да фунционира веднаш. И тоа под револуција мислел насилно симнување на владата од страна на луѓето.

Самиот Маркс кажал дека во комунизам нема лидери, а со самото тоа ги покажува подоцнежните лидери (Ленин, Сталин, Кастро, Мао це) како анти-комунисти.

Интересно е што побарав нешто за анархија и најдов дека Маркс е најдобар теоретичар за анархија. Значи самите знархисти го сметаат за најдобар теоретичар, што пак значи дека сите други теоретичари се послаби. Затоа не гледам зошто би ги читал другите кога Маркс е најдобриот.

Сакале вие да признаете или не, Маркс е најдобриот теоретичар на анархија или комунизам како што тој го нарекол. Самиот Маркс ги критикувал анархистте затоа што тие немале научен пристап во своите теории. Не треба да кажеш само како - треба да кажеш и зошто. Не треба да кажеш само анархија - треба да кажеш и зошто не капитализам. Маркс не само што поставил најдобра теорија туку и научно докажал зошто капитализмот не чини.

За разлика од другиве кои ги препорачуваш Маркс е единствен што научно образложил

Нестор Махно - војник, нема јако образование, нема никакво познавање од областа на економијата, филозофијата, социологијата.

Ерико Малатаста - незавршен медицински факултет, без познавања од економија, филозофија, социологија.

Петар Кропоткин - војник, нема познавања од економија, филозофија, социлогија.

за разлика од нив Маркс е економист, уште од малечок се интересира за филозофија, историја и социологија. Докторира на филзофоско-социјална-политичка тема „The Difference Between the Democritean and Epicurean Philosophy of Nature“. Член е на филозофско друштво „Young Hegelians“ . Има напишано многу дела, 4-5 pati повеќе од сите овие три што ми ги напиша заедно.

Неговите познавања од економијата и историјата заедно со неговата сколоност кон филозофија и социологија го прават најдобар теоретичар. За жал анархизмот нема други такви теоретичари, па затоа некои анархисти го прифаќаат Маркс како најголем анархистички теоретичар... што и е.

Еве ти линк до памфлетот Анархија на Ерико Маластета http://www.marxists.org/archive/malatesta/1891/xx/anarchy.htm

Спореди го тоа „дело“ од неколку страници со 500+ страници на „Капиталот“ на Маркс.

Кој е подобар теоретичар?

Маркс само во една книга има напишано повеќе од сите овие три анархисти кои ми ги препорача.

Кој е подобар теоретичар?

За се треба научна подлога. Маркс и ја дал научната подлога на анрхијата, сакале да признаете или не.

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Anarchist on Нед Мар 29, 2009 1:24 am

Добро друже чим така велиш за маркс дека е најголем и се тоа... еве ти слика од него а откако ќе свршиш ете и тегла Very Happy

Шала на страна зарем постои нешто како НАЈГОЛЕМ теоротеичар, и ако постои зарем бројот на книги и памфлети кажува кој колку е добар? Не се согласувам.

Поздрав
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by spaceman on Нед Мар 29, 2009 7:11 am

Хахаха...

Постои теоретичар и постои ТЕОРЕТИЧАР.

Не се слогласувај ама Маркс е единствен кој научно го раскринкал капитализмот. Исто така дал и научна теоорија за поинакво општество.

Смешно е да објасниш фукционирање на цел систем на неколку страници текст како што го направил тоа Ерико Маластета ( http://www.marxists.org/archive/malatesta/1891/xx/anarchy.htm - плус запазете ја адресата, марксисти).
Неколку страници не се доволни ниту да се објасни идеологијата, а не пак фунционирањето на новиот систем кој пробува да го пропагира.

Општественото уредување е цела наука - неозбилно е да се тргне во револуција базирана на наеколку страници текст. Треба детално разработена теорија. Како тоа ќе фунционира, зошто би функционирало, зошто тоа а не ова до сега.

Маркс затоа се исмејувал со анархистите. Сега го разбирам подобро. За се треба научна основа, а не шарлатанство.

Зошто кога си болен одиш на доктор, а не кај бајачи и слични шарлатани?

Затоа што докторот има научна основа - шарлатаните немаат. Одење кај шарлатан доктор е во ред се додека пациентот има обична настинка, но кога се работи за покомплицирана болест која бара и хируршка интервенција тогаш одење кај шарлатан доктор е вистинска глупост. И едно слепо црево може да биде фатално. А за општественото уредување се излечи од слепи црева треба наука, а не шарлатанство.

Затоа Маркс е наголем теоретичар.

Исмеај се ти колку сакаш ама......

spaceman

Број на мислења : 9
Registration date : 2009-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by M-1 on Нед Мар 29, 2009 11:50 am

Не се слогласувај ама Маркс е единствен кој научно го раскринкал капитализмот. Исто така дал и научна теоорија за поинакво општество.

Не е единствен ни за критиката на државата и капитализмот ниту пак во поставувањето на научна теорија за поинакво општество.

http://dwardmac.pitzer.edu/Anarchist_Archives/kropotkin/conquest/toc.html

http://dwardmac.pitzer.edu/anarchist_archives/kropotkin/fields.html

http://dwardmac.pitzer.edu/Anarchist_archives/bakunin/godandstate/godandstate_ch1.html

http://dwardmac.pitzer.edu/Anarchist_Archives/kropotkin/mutaidcontents.html

Смешно е да објасниш фукционирање на цел систем на неколку страници текст како што го направил тоа Ерико Маластета ( http://www.marxists.org/archive/malatesta/1891/xx/anarchy.htm - плус запазете ја адресата, марксисти).
Неколку страници не се доволни ниту да се објасни идеологијата, а не пак фунционирањето на новиот систем кој пробува да го пропагира.

Општественото уредување е цела наука - неозбилно е да се тргне во револуција базирана на наеколку страници текст. Треба детално разработена теорија. Како тоа ќе фунционира, зошто би функционирало, зошто тоа а не ова до сега.

Треба да направиш разлика помеѓу памфлети и научни студии.

Маркс затоа се исмејувал со анархистите. Сега го разбирам подобро. За се треба научна основа, а не шарлатанство.

Зошто кога си болен одиш на доктор, а не кај бајачи и слични шарлатани?

Затоа што докторот има научна основа - шарлатаните немаат. Одење кај шарлатан доктор е во ред се додека пациентот има обична настинка, но кога се работи за покомплицирана болест која бара и хируршка интервенција тогаш одење кај шарлатан доктор е вистинска глупост. И едно слепо црево може да биде фатално. А за општественото уредување се излечи од слепи црева треба наука, а не шарлатанство.

Затоа Маркс е најголем теоретичар.

Исмеај се ти колку сакаш ама......

За да дискутираме понатаму за ова треба најпрвин да ѕирнеш во линковите.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Anarho on Саб Мај 02, 2009 11:58 pm

M-1 напиша:Јас одамна сум за тоа да се организираме. Предлагам да се направат кружоци и секој град да има по еден колектив како нпр: Анархистички колектив-Скопје, Анархистички колектив-Битола итн.
Редовните состаноци на локално ниво би биле еднаш во неделата, а на генерално еднаш месечно или на два месеци во еден од градовите кои се центри на колективите. Доколку успееме на генерално ниво да собереме 100 членови би можеле и да образуваме анархистичка федерација која би одржувала редовни конгреси и би имала односи со колективите вон земјата.

СЛУШАЈТЕ ГО ДЕТЕВО!
ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ И ЗНАЕЊЕ.
И ЖЕЛБА ДА ПОМАГА.
БРАВО ЗА ИДЕИТЕ.
avatar
Anarho

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-01-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by evolutionary on Саб Aвг 01, 2009 9:06 pm

Drugar Marks e najdobar kriticar i razotkrivac na zloto vo kapitalistickiot sistem.No za zal ne e najdobar vo zamislata kako da se stigne i kakov ke bide edno bezdrzavno i bezklasno opstestvo on duri ne ni govori mnogu za toa i zatoa imalo pogresni tolkuvanja na Marks kako leninizam stalinizam . A najgolemiot problem na marks e negoviot recnik on taka se izrazuva sto zamislete kako bi mozel eden proleter so 8 odelenie da go razbere? iako toa sto go pisuval marks e za tie sto nemaaat 2 grama skolo .Marks ne bil sovrsen i mislam deka zgresil deka rabotnickata kalsa treba da ja prezeme drzavata sepak mislam deka zloto ne e vo formata na drzavata tuku vo nejzinata priroda taa e izmislena i nameneta da bide masina za ugnetuvanje od klasa nad klasa i poradi samat anejzina priroda koja im hierarhisko ureduvanje i dozvoluva mok vo racete na eden ili nekolkumina i taa mok stalno ke moze da bide iskoristena ..Na primer doloku rabotnickata klasa vojuva preku sindikatite upravuvanjeto na sindikatite se vsri po direktna demokratija i izbiranje i otpovikuvanje na delegati koj ke bidat samo izvrsuvaci na odredeni raboti,raboti za koi bi se glasalo vo odredena zaednica i potoa bi moral da se vraka na svojata normalna rabota delegat nema da bide racunato kako profesija i da se infiltrira reakcioner kako delegat ke nemoze d apricini ogromna steta vo ovie sindikati vo koi sekoj ima po malku mok no ikoj nema mnogu? A dokolku reakcioner se infiltrira vo edna drzava i ja zgrabi cela mok ke bide kraj na revolucijata.Lenin,Stalin,Mao,Castro bile najgiolemi kocnici na komunizmot ne mu davale da se ispili od jajceto nareceno drzaven socijalizam ...
avatar
evolutionary

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-05-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by skatanic on Нед Окт 25, 2009 3:39 am

zarem so dodavajki nekolku zboroi ili neupotrebuvajki nekoi konkretni zboroi posebno upotrebuvanje recenici koi go objasnuvaat zborot ke ja naprai knigata pogolema..... znaci ti so vikas tie anarhisti napisale mn malku sporedeno so marks... pa valjda tie anarhisti upotrebuvale poprosti zborvi i pomalce ojasnuvanje.. so pomalce imas objasnuvanje sistemot i drugite raboti se pojasni za prostite lugje koi bas ne se zamaraat so vakvi rabtoi... vo denesno vreme lugjeto ne citaat vcise knigi tuku gledaat filmoi ili cekaat nkoj da dodje i da im objasni za nekoi raboti ?? zarem ne e taka???
avatar
skatanic

Број на мислења : 116
Registration date : 2009-08-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархија како систем

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот