Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Квир-анархизам

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Квир-анархизам

Пишување by M-1 on Пон Мај 04, 2009 12:52 pm

Ајде овде да расправаме за темата која ја начнавме на нишката за 1 Мај.

Како прво твојот одговор беше премногу агресивен и навредлив кон хомосексуалците против кои не знам зошто имаш толку против. Не е анархистички да се мешаш во било чива сексуална ориентација/кревет. Хомосексуалноста е присутна и во еволутивниот развој на сите живи суштества, како на пример кај патките. Но сепак најважно е на овој форум повеќе да не ги навредуваш хомосексуалците.
Како второ анархистичката борба е борба против сите авторитети а не само против економскиот како што е случајот кај комунистите. Анархистите се борат за правата на животните, хомосексуалците, работниците, травеститите итн. Анархизмот е многу поуниверзално движение од сите останати движениа. Целта на анархистите не е само снемување на државата туку и сите други елементи кои ја ограничуваат слободата на индивидуата. Во мојата организација има лезбејки кои се подобро теоретски потковани од мене, а и гаѓаат со камења по оклопни транспортери.
Како трето свесен сум дека работничката класа сеуште не е помирена дека ќе треба да ја толерира ЛГБТ популацијата но време е да се помири со фактот дека на секои избори гласаат за ВМРО. Работничката класа дотогаш треба да се едуцира на правилен начин за да не ги задушува слободите на било која група доколку сака да ги извојува сопствените права.
Како четврто не сум за прагматизам и сметам дека треба да поминеме низ долг период на пропаганда, теоретска и практична, па потоа да почнеме да зборуваме за револуција во која основниот и најважен елемент ќе биде работничката класа.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by Ravachol on Пон Мај 04, 2009 1:48 pm

Po sto zakluci deka imam nesto protiv homoseksualcite? Sekoj treba da si ima pravo da pravi kako sto saka, bez da gi zagrozi pravata na drugite. Toa si e jasno. Navredliv? Na koj nacin ?
Zosto si protiv pragmatizmot? Sto ima loso vo toa? Kapitalistite se obedineti okolu nivnite ZAEDNICKI INTERESI I CELI. Onie koi vo daden moment ke se obedineti okolu jasni celi i interesi sekogas pobeduvaat. Ova ne go pisuvam tuku-taka tuku imam citano za site 150-tina revolucii i vostanija koi za cel imale da ja trgnat drzavata/vlasta/ekonomskiot sistem od Spartak do Chiapas.

Анархизмот е многу поуниверзално движение од сите останати движениа. Целта на анархистите не е само снемување на државата туку и сите други елементи кои ја ограничуваат слободата на индивидуата.

A da pocnume prvo so drzavata? Mislis deka vo edne covecki zivot ima dovolno vreme da se bavis so site mozni nepravdi i avtoriteti? Aj da pocnime so najgolemiot - drzavata pa ke vidime za ponatamu. Univerzalnosta na anarhizmot e negovata sila ama vo isto vreme i najgolema slabost zatoa sto tendencijata na bezgranicni podelbi ne nosi nisto dobro. Kolku sto vidov na Wikipedia ima preku 100 vrsti anarho-ova i ona. Vo koja revolucija podelbite bile prednost?

Анархистите се борат за правата на животните, хомосексуалците, работниците, травеститите итн

Ne sakam da zvucam agresivno kako sto velis ama dali si svesen kakva reakcija bi imala ovaa izjava koga bi ja procital prosecen gragjanin?
Zosto mislis deka pravata na zivotnite,homoseksualcite,travestitite itn. ne mozat da se ostvarat vo kapitalizam. Holandija,Belgija,Danska,Norveska,Svedska i triesetina drugi zemji se primer deka moze. Mediumite se na nivna strana isto i zakonodavcite. Isto ke bide i vo istocna evropa po nekoe vreme. Znaci tie se kompatibilni so kapitalizmot i koga ke gi dobijat pravata sto ke im e posle anarhizam?

Na poslednive izbori navodno izlegoa 41% glasaci so cenzus od 40%. Najgolemiot del od niv glasaa za ovie ili onie zaradi ekonomski pricini,uceni i zavisnost. Kolku bi izlegle na glasanje koga bi bile ekonomski nezavisni?

Vo sostojba na anarhija koi prava bi bile zagrozeni? Za koi tocno prava zboruvas? Kolku sto sum informiran taa populacija se bori za brak,posvojuvanje deca,finansiranje,politicko ucestvo i prifakanje od strana na sirokite masi. Site tie raboti moze da im gi obezbedi samo drzavata. Vo anarhija ne bi bilo mozno toa.

Но сепак најважно е на овој форум повеќе да не ги навредуваш хомосексуалците.

Jas mislev deka zboruvam so argumenti i fakti okolu situacijata vo koja se naoga anarhizmot. Prenesov nekoi iskustva koi sum gi videl. Zosto gledas navreda vo toa? Ne sakam nikogo da navredam. No dobro e da se cue i poinakvo mislenje na forumov. Toa e i smislata na anarhizmot.

Pozdrav

Vive l'Anarchie

Ravachol

Број на мислења : 79
Registration date : 2009-04-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by M-1 on Пон Мај 04, 2009 2:30 pm

Не заклучив дека имаш нешто протви хомосексуалците но изразите како двоцевкаш и газољубец кои ги искористи во претходниот одговор се прилично навредливи.

Не знам дали правата на хомосексуалците можат да бидат задоволени во капиталистичко општество но тука говориме за квир-анархисти. Значи луѓе од различна сексуална оријентација кои се против државата можат истовремено да придонсат кон унапредувањето на правата на сопствената група. Се работи за здружување на силите, а и за работење во различни сектори. Не може хомосексуалците да седат затворени во своите куќи и да ја кријат сопствената сексуална оријентација се до денот на револуцијата. Револуцијата никој не ја гарантира. Можеби некои хомосексуалци никогаш нема да ја доживеат. Тоа е аргумент дека треба да се борат за сопствените права дури и под капитализам.

Просечниот граѓанин е запрепастен кога ќе го слушне самиот збор анархизам. Свесен сум дека не се подготвени да ги прифатат хомосексуалците но хомофобијата со која се заразени е излечива.

Во анархизмот не би требало ничиви права да бидат загрозени се додека тоа друштво е чисто анархистичко.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by Ravachol on Пон Мај 04, 2009 3:40 pm

Samo prenesuvav ona sto go imam slusnato.

Не знам дали правата на хомосексуалците можат да бидат задоволени во капиталистичко општество

Skandinavija,Kanada,Avstralija,Beneluks,Germanija,Anglija itn. Site se kapitalisticki.Vo ovie zemji homo se izednaceni so hetero.

Na kakvi tocno prava mislis? Objasni podetalno. Ova so pravata voopsto ne mi e jasno.

Sto e toa homofobija? Homo-coek, fobija-strav? Strav od luge? Mizantropija?

Kolku sto sum informiran taa populacija se bori za brak,posvojuvanje deca,finansiranje,politicko ucestvo i prifakanje od strana na sirokite masi. Site tie raboti moze da im gi obezbedi samo drzavata. Kako na anarhist ne mozam da ja prifatam drzavata vo nieden aspekt. Sum nemal pari za leb ama ne sum zemal socijalna pomos.

Ravachol

Број на мислења : 79
Registration date : 2009-04-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by M-1 on Пон Мај 04, 2009 5:43 pm

Не сум детално запознаен со квир-анархизмот, но ги прифаќам сите оние што сакаат да придонесат кон револуционерната борба вклучувајќи ги и гејовите, лезбејките, травеститите, бисексуалците кои се против капитализмот и државата.
Сметам дека капитализмот нема директна сразмерност со хомосеклусалноста, туку сметам дека истите спаѓаат повеќе спаѓаат под политички отколку под економски права. Во Куба ЛГБТ популацијата има повеќе права отколку во Иран покрај тоа што првата е, а втората не е капиталистичка држава. Сепак ме радува што ЛГБТ популацијата во Скандинавија, Канада итн. успеала да се избори за своите права, и заслугата за извојуваните победи им ја припишувам на нив, кои се труделе и мачеле, а не на државата или системот кои едноставно дале дозвола за такво нешто.
Хомофобијата е страв/одбојност кон хомосексуалците.
Не е точно дека државата е единствената која може да им обезбеди на хомосексуалците слободи како брак, посвојување на деца и друштвена прифатеност. Истите права ќе ги очекуваат и во анархистичко општество. Никој нема да им забранува да живеат заедно во брак, никој нема да им забранува да посвојуваат деца, никој нема да им забранува влез на концерти итн.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by Ravachol on Пон Мај 04, 2009 7:33 pm

Koj vo anarhija ke im obezbedi deca? Toa go moze samo drzava i toa t.n. 'welfare state' kako skandinavskite.
Brakot e drzavno/crkovna institucija. Pak imame tuka drzava.
Politickite prava se davaat ili zemaat od drzavata. Pak pustata drzava...
Koncerti?
Sepak mozeme samo da nagagjame kako ovie raboti bi funkcionirale vo anarhija.
Koj znae sto bi rekle Durruti,Zapata,Bonnot ili Makhno na vakvi temi.
Chiapas,Saharavi,Somalija,Patagonija,Alzir,Juzna Afrika,Bugenvil i slicni mesta kade ima praktikuvanje na anarhijata ne se mnogu slicni na Norveska i Danska.
Drzavata si ima svoi celi t.e. politicarite. Vo Danska,Svajcarija,Norveska,Liban i nekoi drugi zemji legalen e seks so zivotni (sodomija). Vo Danska ima i animal-bordeli. Vo Holandija,SAD i Kanada ima dvizenja za legalizacija na pedofilijata (vidi NAMBLA) duri i politicka partija vo Holandija. Vo Norveska seksot e legalen na 12 godisna vozrast. Vo Spanija na 13. Vo SAD i Avstralija ima dvizenja za legalizacija na poligamija i poliandrija. So tek na vreme i ovie seksualni grupacii ke se izborat za svoite prava. Potoa sleduvaat i gerontofilite,nekrofilite,kaprofazite i ostanatite diskriminirani malcinstva.

Onie sto sigurno nema da se izborat za prava :
2.5 milioni lugje koi godisno umiraat od posledica na rabota ili 'nesrekni' slucai na rabotno mesto - eksploatiranite.
7 milioni lugje koi ke umrat i umiraat od glad sekoja godina.
4 milioni lugje koi ke umrat od bolesti koi na zapad se obicna zaebancija kako TB,malarija i kolera.
400.000 lugje vo drzavnite vojni.
I uste bezbrojni i bezglasni milioni od razni drzavno sponzorirani dejstva.

Onie koi ke bidat ubivani/zatvarani/progoneti :

Neplakaci na danoci
Ilegalisti
Onie koi ne go pocituvaat drzavniot monopol

Onie koi ke bidat eksploatirani :

Site koi ne se na drzaven platen spisok.

Nadez deka i onie koi se anarhisti i onie koi ne se ke vidat kade e prioritetot.

Ravachol

Број на мислења : 79
Registration date : 2009-04-12

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by M-1 on Пон Мај 04, 2009 8:08 pm

Равашол, во претходните мои текстови јасно укажувам дека сексуалната слобода е нешто друго а економската нешто друго. Се разбира дека приоритетот е во борбата за економска и политичка слобода пред сите останати. Не гледам потреба да дискутираме понатаму за тоа.
Што се однесува до сексуалната слобода, јас иако не сум активен на тоа поле, ги подржувам лезбејките, гејовите, бисексуалците и травестите во нивните напори за остварување на сопствените права и слободи.
Во анархизмот ЛГБТ популацијата ќе може да посвојува деца бидејќи колку и да е совршено општеството повторно ќе имаме деца без родители. Никој нема да им забранува да ги посвојат доколку сакаат.
Бракот покрај религиозно/државно/спиритуална институција е и социјална институција.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by evolutionary on Саб Aвг 01, 2009 8:46 pm

brat gay prava i zivotniski prava se na 11 mesto osven ako ne ti e izmesten sistemot na vrednosta i d a sakas poise nekoja ptica od covecki zivot .
avatar
evolutionary

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-05-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by M-1 on Сре Aвг 19, 2009 4:31 pm

I mene mi e prasanjeto na homoseksualcite otprilika na 11 mesto, no toa ne znaci deka homoseksualcite treba da ziveat vo katakombi se do denot na revolucijata koga anarhizmot ke stane sistem na ureduvanje vo celiot svet.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Квир-анархизам

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот