Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

PGA (People’s Global Action)

Go down

PGA (People’s Global Action)

Пишување by Anarchist on Пон Мар 10, 2008 1:19 am

На 11ти март, во 20.00, во Точка ќе се оддржи презентација на PGA (People’s Global Action). Презентацијата е дел од инфо-турнејата на PGA низ поранешна Југославија.

Ова може да го најдете на терор13 страната ОВДЕ



avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: PGA (People’s Global Action)

Пишување by negative_h on Вто Мар 11, 2008 3:45 pm

ej ke odi nekoj na ova? Ako moze nekoj neka odi pa neka kaze sto se desavalo posto ja tesko deka ke mozam da odam :/
BTW, ako odi nekoj, moze tamu da go promovira forumov malce Razz. Vo sekoj slucaj, ako nekoj odi, neka sobere materijal Very Happy, pa ke se dogovorime za da go dobijam nekako Smile
Ako slucajno ispadne da odam, ke go napravam istoto Smile
avatar
negative_h

Број на мислења : 163
Age : 33
Location : nekade vo Tetovo (najverojatno na rabota)
Registration date : 2008-01-24

Преглед на профилот на членот http://www.myspace.com/negative_h

Вратете се на почетокот Go down

Re: PGA (People’s Global Action)

Пишување by Anarchist on Сре Мар 12, 2008 2:07 am

Е па вака сега Smile

Јас бев, и искрено сум изненаден пријатно. Прво да кажам што се случи потоа ќе напишам и за моите импресии.

Значи бевме, не сум сигурен за точниот број(ве молам вие кои бевте што знаете поточно да кажете), но според мојата проценка околу 30 до 40 луѓе. Луѓето кои го правеа инфотурот од PGA беа двајца и беа изненадени од бројот на присутните, патем рекоа дека вообичаено кога се собираат кај другите места обично седнуваат во круг и разговараат. Сета таа дискусија која се разви траеше нешто повеќе од саат и пол.

Прво кажаа што е PGA. People’s Global Action не е организација. Тоа е мрежа чија цел е како што разбрав, поврзување на групи и индивидуалци кои се декларираат себеси како анттиавторитарци и антикапиталисти. Еве ќе ги напишам и начелата на PGA за да не заборавам нешто.

  1. Многу јасно отфрлање на: капитализмот, империјализмот и феудализмот, сите трговски спогодби, институциите и владите кои ја подржуваат деструктивната глобализација.

  2. Одбиваме секаква форма и систем на доминација и дискриминација, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) патријархат, расизам и верски фундаментализам од секаков вид. Се залагаме за потполно достоинство на секое живо суштество.

  3. Спротивставен став, со оглед на тоа дека сметаме лобирањето не може да има голем ефект на недемократските организации полни со предрасуди, чијашто единствена управувачка политика е транснационалниот капитал.

  4. Повик за директна акција и граѓанска непослушност, подршка на борбите за општествените движења, заштитничка форма на отпор кои ја величаат почитта кон животот и се залагаат за погазените човекови права како и за создавање на локални алтернативи на глобалниот капитализам.

  5. Филозофија на организирање која се базира на децентрализација и автономија. PGA е само инструмент за координација, а не е организација. PGA нема членови, нема, а и нема да има некого на чело. Ниедна организација или личност не ја претставува PGA.



Наредната европска PGA конференција ќе се одржи најверојатно во Атина, од 20 - 27 август. Ако повеќе ве интересира за ова може да пишете на malo_kucence(et).riseup.net

Потоа повеќето од нас присутните дадовме своja e-mail адреса за мејлинг листата каде ќе бидеме информирани за тековните случувања како и можност за дискусии и сл.

PGA-europe_process(et)squat.net
pgabalkan(et)eurodusnie.nl
balkan-infoshop(et)lists.riseup.net


Потоа се дискутираше за состојбата кај нас општо, беше интересно во секој случај а јас заедно со Kropotkin успеавме да го промовираме колку толку форумов, а и на следното случување што ќе биде АНТИ-НАТО, ќе пишам во друг пост за тоа повеќе, ќе треба да поделиме памфелти за форумов. Јас не очекував дека толкав број на луѓе ќе има, но мило ми е што е така. Се надевам дека секој нареден пат ќе има што поголем број за конечно да нема место да не собере внатре, па ќе мораме да излеземе на улица! Smile

А да инаку ова собиров се одржа во Културниот центар Точка, се наоѓа позади соборниот храм во Скопје.

Ете и некои материјали собрав и дониравме малку пари кој колку сакаше и имаше, за покривање на дел од трошоците, леле им ги заборавив имињата на презентерите покоректен да бидам на другарот и другарката, сепак секоја чест за маката и трудот. А да за материјалите слободно, контактирајте ме.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: PGA (People’s Global Action)

Пишување by balkanarchy on Чет Мар 13, 2008 4:55 pm

Фала за дискусијата во Скопjе!
We are everywhere!
avatar
balkanarchy

Број на мислења : 21
Location : България
Registration date : 2008-03-13

Преглед на профилот на членот http://diy.aresistance.net

Вратете се на почетокот Go down

Re: PGA (People’s Global Action)

Пишување by Kittentits on Чет Мар 20, 2008 6:18 am

офтопик е постов ама СЛУЧАЈНО да не остана некој вишак стикер? Very Happy Или странциве собраа се' со себе?

Патем, ова ми беше прво доаѓање на ваков собир и морам да признаам дека бев пријатно изненаден. geek General lack of decency from our side настрана, (повеќе нашиве збореа, сал се надвикуваа, остајте ги луѓево да се искажат, ги уплашивте, аман) супер помина.
avatar
Kittentits

Број на мислења : 79
Age : 32
Registration date : 2008-03-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PGA (People’s Global Action)

Пишување by balkanarchy on Пон Мар 24, 2008 10:19 pm

avatar
balkanarchy

Број на мислења : 21
Location : България
Registration date : 2008-03-13

Преглед на профилот на членот http://diy.aresistance.net

Вратете се на почетокот Go down

Re: PGA (People’s Global Action)

Пишување by Anarchist on Вто Апр 08, 2008 1:07 am

Петтиот собир на Народната глобална акција во Европа – Атина 20-ти/27-ми Август



PGA – People’s Global Action (Народна глобална акција) – започна во 1998, како алатка и структура за соединување и координирање на групи и луѓе кои ги делат заедничките борби и практики, според разновидни анти-капиталистички и анти-авторитарни принципи (види ги начелата). PGA го иницира Интернционалниот караван во 1999, како и интернационалните денови на акции против G8, Советот за надворешни односи СНО, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд ММФ... Во Сиетл, Џенова, Прага, и во бројни помалку популарни настани, PGA беше движечката сила позади бројни акции и рефлексии. На средбите на интернационалите иницијативи и локални борби, групите блиски на PGA сега бараат нови настани за да се спротивстават на стагнацијата.



Во Европа, групите кои се идентификуваат со начелата на PGA се среќаваат еднаш на секои две години, преку иницијатива на некој “собирачки” колектив. Уште од 1998, овие конференции беа можност за неколкудневна размена на практики и знаење, како и воспоставување на врски, кои ќе ни овозможат да бидеме подобро организирани во заедничките акции.





Петтиот собир на Народната глобална акција во Европа овој пат ќе се одржи во Грција.

Одговорноста на организирањето и координирањето на дискусијата што се отвори на последните средби на PGA europe, е прифатена од децентрализирана мрежа од активисти/ки и колективи од Балканот. Токму тоа е и предноста на оваа иницијатива. Covenor(собирачкиот колектив) не е локален колектив како што беше случајот со другите конференции во минатото, туку е витална балканска децентрализирана мрежа. При подготовките во овие неколку месеци, неколку прашања, проблеми и идеји за акција се веќе спомнати од сите нас кои сме вклучени во конференцијата овде!!! Повторно на Балканот!

Ние би сакале да отвориме долга дискусија за локалниот активизам во комбинација со глобалната перспектива. Со други зборови ние сакаме да дискутираме за иднината на PGA мрежата и нејзините процеси, како и различните проекти, теми и идеји за акција.

На пример, темите на кои веќе работиме се следните:



Автономни простори и сквотирање, патријархалност, пол, радикален феминизам, анти-репресија, анти-милитаризам, биотехнологија, борби за заштита на околината, домородни простори, анти-глобализација, G8, DIY активности и вештини за споделување, фанзини, инфошопови, PGA инфопоинти, земја и автономија, еко-заедници, дигитални борби и автономни сервери, индимедија алатки, precarity и флексибилност, радикална теорија, продуктивно вмрежување, локални алтернативи, активизам, и други.



Ако сакате да бидете дел од средбата ќе ни бидат потребни следните информации од вас!! Ве молиме пратете ни ги на con2008@no-log.org .. имајте на ум дека нашата динамичност не е најдобра и дека ќе ни треба многу голема интернационална подршка и дефинитивно да знаеме колку луѓе планираат да дојдат на средбата .. исто така ќе ви требаат вреќи за спиење и најверојатно шатор..



Начела на PGA:



· Многу јасно отфрлање на: капитализмот, империјализмот, феудализмот, сите трговски спогодби, институциите и владите кои ја подржуваат деструктивната глобализација.

· Одбиваме секаква форма и системи на доминација и дискриминација, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) патријархат, расизам и верски фундаментализам од секаков вид. Се залагаме за потполно достоинство на секое човечко суштество.

· Спротивставен став, со оглед на тоа дека сметаме лобирањето не може да има голем ефект врз недемократските организации полни со предрасуди, чијашто единствена управувачка политика е транснационалниот капитал.

· Повик за директна акција и граѓанска непослушност, подршка на борбите за општествените движења, пропагирајќи заштитнички форми на отпор кои ја максимизираат почитта кон животот и погазените човекови права, како и за создавање на локални алтернативи на глобалниот капитализам.

· Философија на организирање која се базира на децентрализација и автономија. PGA е само инструмент за координација, а не е организација. PGA нема членови, нема, а и нема да има некого на чело. Ниедна организација или личност не ја претставува PGA.



Информации кои ни се потербни од вас:



име на колективот (ако припаѓате на некој колектив)



бројот на луѓе



работилница или тема која сакате да се организира (име на вашата работилница, што ви е потребно за тоа, на пример дали ќе ви треба проектор?)



ако сакате да учествувате во кујна (тоа дефинитивно ни треба)



во солидарност



Интернационална работна група на Петтата PGA конференција
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: PGA (People’s Global Action)

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот