Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Анархизам и национализам (нација)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Анархизам и национализам (нација)

Пишување by M-1 on Чет Апр 15, 2010 12:27 am

Кога станав анархист дознав за проблематичноста на некои фактори за кои до тогаш не мислев дека се всушност реални, туку дека причината на конфликтот е моето неприлагодување и неразбирање. Тука пред се стануваше збор за религијата, сиромаштијата и национализмот т.е. Црквата, капитализмот и државата. Анархистичката теорија ми помогна да го разберам сопственото противење, а што најважно ми даде аргументација како подршка да истрајам на своите ставови.
Сепак, како и на секој почетник, работите ми беа далеку од јасни. На почетокот одев со негација на религиите (божества и натприродни сили), државата (нација и хијерархија) и капитализмот (сопственост и пари). За жал мојот првобитен облик на анархистичка егзистенција испадна нереален и нефункционален, пред се поради перцепцијата дека доколку луѓето веруваат дека доколку луѓето се користат со погрешни методи да стигнат до одредена цел не значи дека таа методологија не успева да остави никакви последици во реалноста. Нпр. господ не постои но факт е дека постојат луѓе кои до таа мерка веруваат во една заблуда да се подготвени да се саморазнесат во мадридско метро или на улица во Тел Авив или да извршат геноцид во Сребреница, Јасеновац итн. Затоа е и факт дека постојат и нациите, на кои јас би се концентрирал во понатамошниот дел на текстот. И да напоменам дека ревизијата на моите перцептивни и активистички ставови беше најзаслужен фактор во доаѓањето до заклучоци од овој тип.
Национализмот како политичка форма на идејата за нација, исто како што клерикализмот или фундаментализмот се политички форми на идејата за религија, всушност длабоко задира во нашите ставови. Мој личен став е дека во анархистичкото движение не е направен доволен придонес кон барем теоретското демаскирање на заблудата на нацијата. Придонес од таков вид би можел да биде клучен кон уривањето на еден најсилните темели на денешниот државно-капиталистички поредок.
Познато е дека некои од денешните цивилизирани држави се обидуваат да го прикријат или заташкаат национализмот но ниедна од нив не ни помислува да го искорени. И доколку би постоела таква намера ништо не би вродило со плод се додека постои нацијата. Познато е и дека национализмот е мечот на државата, екстаза со која се дразнат масите во кои веќе е посеано семето на нација. Споната која ги поврзува нацијата и националистичкото дејствие е тнр. „национален интерес„. Тој претставува дистракција од реалниот класен интерес, а во неговиот темел лежи идејата за класна соработка. Значи, класна соработка наместо класна борба. Класната соработка е во темелот на национал-социјалистичката идеја. Кога работникот во газдата ќе види соработник, а не експлоататор, а во работник од друга земја непријател наместо другар. Газдата е соработник само поради тоа што припаѓа на иста нација. На истиот начин попот е еден од најбогатите жители селото и е добар само поради тоа што е припадник на истата религија, па дури и нејзин првоборец. Истиот случај е и со газдата-патриот.
Она што го сметам за клучен дел од мојот придонес е дека е недоволно да се одбие учеството во остварувањето на „националниот интерес“ доколку се остане во рамките на нација, исто како што би било недоволно да се одбие учеството во „крстоносните походи„ доколку и натаму би се сметале како дел од христијаните.
Затоа секој анархист мора да се откаже од својата национална припадност исто како што се откажува од религиозната припадност. Религиите и нациите се помошни идеологии на капиталистичкиот поредок и служат за дистракција, мобилизација, поделби, успивање, пренасочување на енергијата на колективите во корист на владеачките и сопственички класи. Не ми е целта да кажам дека нациите не постојат (тоа би било исто ко да кажам дека државата не постои) туку дека се работи за крајно штетни и погрешни идеологии.
Да заклучам, проблемот не лежи во национализмот, туку подлабоко, во нацијата. Доколку нурнеме подлабоко ќе дојдеме и до државата. Сепак знаеме дека корен без стебло се суши и трули, така да демаскирањето на национализмот и нацијата би бил голем удар кон државно-капиталистичкиот поредок и голем чекор напред кон остварувањето на нашата визија.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by skatanic on Пон Апр 19, 2010 2:43 am

mi se svigjase tvojot stav ... osven vo toj del koga rece deka sekoj anarhist "MORA" da se otkaze od svojata nacionalna pripadnost.... da imas pravo ama ne trebase vo tvojata recenica da go ima zborot mora... ja mislam deka sekoj coek koga vika deka e anarhist ustvari on sfatil za nekoi raboti i togas mozel da rece deka e anarhist ...... i togas 100% sfatil za nacionalizmot i za nekoi raboti .... barem toa e moe mislenje Smile
avatar
skatanic

Број на мислења : 116
Registration date : 2009-08-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by netocka on Пон Апр 19, 2010 6:37 pm

Vcera imav zestoka diskusija so se pretvori vo nadvikuvanje. Za nacionalnata svest. Za toa kako grcite bile gjubrina i taka natamu... A se pocna od muabetot oti go nema spoemnikot na Filip na plostad, deka tie, gnasnite grci se krivi, grckite tekstilni fabriki, da da, ti se tie sto gi izmacuvaat rabotnickite....
Zaludno se obiduvav da im kazam deka zloto se kapitalistite i kapitalizmot...
Koga im rekov deka gjubre e grckata vlast kako i sekoja vlast me ubeduvaja deka taja vlast e narodot bidejki neli narodot ja glasa, pa spored toa narodot e kriv.
Im rekov deka nema potreba od nacii, granici, pasosi...zapocnaa da me napagaat so "a ti imas pasos, imas a?" Mora sekoj da ima nacionalna svest, da... ti zivejs vo utopija, ne zivejs vo relanost...ne mozi taka kako sto velis ti da se zivej...nema da smenis nisto... I pak pocnaja so muabetite, tie ti nacii se potopli a tie drugite ne se, grcite se vakvi a hrvatite onakvi...tie ne kocat, bugarite ne sakaat da sorabotuvaat so nas, kako toa ima vrska so to sho se po nacionalnost bugari, i deka kako bugari plukaat na nas i ne ja priznavat makedonskata nacija...
Ne mozev poveke da izdrzam i si otidovme i prekinavme so muabetot.

Mnogu me razocara vcerasnoto diskutiranje i vikanje, posebno deka dogase od luge koj gi smetam za bliski, drugari i ne go ocekuvav ova od niv...Posle toa se osekav skrseno i razocarano...i uste denes mi zujat usite...


Nacionalizam je, pre svega, paranoja. Kolektivna i pojedinačna paranoja. Kao kolektivna paranoja, ona je posledica zavisti i straha, a iznad svega posledica gubljenja individualne svesti; te prema tome, kolektivna paranoja i nije ništa drugo od zbir individualnih paranoja doveden do paroksizma.
od Kiš o nacionalizmu
tuka go ima celiot tekst:
http://h-alter.org/vijesti/kultura/kis-o-nacionalizmu

netocka

Број на мислења : 95
Registration date : 2008-09-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by Секс Објект on Пон Апр 19, 2010 9:31 pm

Darling, ne se razocaruvaj tolku brzo. Morame da imame razbiranje za kutrite i ignorantni sustestva. Gluposta im go zarobila mozokot, pa e malku potesko da dojdat nekoi informacii do niv Very Happy
avatar
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 30
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by sase.peace on Вто Апр 20, 2010 8:30 pm

netocka напиша:Vcera imav zestoka diskusija so se pretvori vo nadvikuvanje. Za nacionalnata svest. Za toa kako grcite bile gjubrina i taka natamu... A se pocna od muabetot oti go nema spoemnikot na Filip na plostad, deka tie, gnasnite grci se krivi, grckite tekstilni fabriki, da da, ti se tie sto gi izmacuvaat rabotnickite....
Zaludno se obiduvav da im kazam deka zloto se kapitalistite i kapitalizmot...
Koga im rekov deka gjubre e grckata vlast kako i sekoja vlast me ubeduvaja deka taja vlast e narodot bidejki neli narodot ja glasa, pa spored toa narodot e kriv.
Im rekov deka nema potreba od nacii, granici, pasosi...zapocnaa da me napagaat so "a ti imas pasos, imas a?" Mora sekoj da ima nacionalna svest, da... ti zivejs vo utopija, ne zivejs vo relanost...ne mozi taka kako sto velis ti da se zivej...nema da smenis nisto... I pak pocnaja so muabetite, tie ti nacii se potopli a tie drugite ne se, grcite se vakvi a hrvatite onakvi...tie ne kocat, bugarite ne sakaat da sorabotuvaat so nas, kako toa ima vrska so to sho se po nacionalnost bugari, i deka kako bugari plukaat na nas i ne ja priznavat makedonskata nacija...
Ne mozev poveke da izdrzam i si otidovme i prekinavme so muabetot.




Mnogu me razocara vcerasnoto diskutiranje i vikanje, posebno deka dogase od luge koj gi smetam za bliski, drugari i ne go ocekuvav ova od niv...Posle toa se osekav skrseno i razocarano...i uste denes mi zujat usite...


Nacionalizam je, pre svega, paranoja. Kolektivna i pojedinačna paranoja. Kao kolektivna paranoja, ona je posledica zavisti i straha, a iznad svega posledica gubljenja individualne svesti; te prema tome, kolektivna paranoja i nije ništa drugo od zbir individualnih paranoja doveden do paroksizma.
od Kiš o nacionalizmu
tuka go ima celiot tekst:
http://h-alter.org/vijesti/kultura/kis-o-nacionalizmu

1va godina sum i profesorkata po istorija mi e totalen nacionalist .. zenata e epten stara i iako e obrzazuvana vo socijalistickiot sistem kade sto i ne se promovirala istorijata na anticka makedonija i slicno , ama zenava e ispolitizirana i bukvalno se so e zapisano kako grcka kultura , go ucime kao makednosko , sloveni ne postojat i slicni besmislici. Bidejki vo poslednite nekolku godini im gi ispraa mozocite na nasite sogragani moze da se kaze deka sme nacionalisticka drzava i vo klasot moj od 30 dusi samo jas i uste 1 ili 2 , ne povekje mislime porazlicno.I postojano vlagam vo debati so profesorkata i nemoze nikoj da mi gi smeni stavovite. Ama toa e toa i dobro e sto barem ima edna zdrava damka na nasiov bolen svet .
avatar
sase.peace

Број на мислења : 5
Registration date : 2010-03-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by M-1 on Пет Апр 23, 2010 10:28 pm

Жал ми е поради тоа што луѓе во кои си полагала надеж имале такви ставови, но кога би зборувале за мене, јас на првите разочарувања наидов во сопствената куќа. Потребно беше многу време за да разберат и прифатат некои, за нас сосема вообичаени работи.
Кога се однесува до темата на оваа дебата би сакал да се повторам за да не бидам разбран половично. Значи, секој, апсолутно секој анархист мора да се откаже од својата национална припадност. Припаѓањето на една нација значи припаѓање на една капиталистички под-идеологија, а тоа плус анархизам е неприфатлив хибрид, монструм кој може да му користи само на државно-експлоататорскиот систем. Како што нпр. еден Богољуб може да каже дека не е православен дека оти не верува во натприродни работи и го отфрла нејзиниот универзален поредок како неправеден и нефункционален, така и еден Емир треба да се откаже од југословенството бидејќи таа, како и сите останати национални идеологии на светов му има донесено само експлоатација, колонијализам, диктатура, војна, омраза, жртви итн. и како тотално неправедна и нефункционална идеја мора да биде елиминирана.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by Pandonetti on Пет Aвг 27, 2010 12:12 am

Vakvi se moite razmisluvanja za Nacijata i Religijata. Najprvin toa se najgolemite zla koi go imaat napadnato slobodnoto covecko sustestvo. Imeno, za nekoj da bide sloboden mora da bide razbuden (prosvetlen ), a za da bide razbuden mora da znae koj go iskoristuva. Sekoj od nas raspolaga so nesto sto e potrebno na nekogo. A toj nekoj e na vrvot na samoto opstestvo, koe vo svojata zamisleno emotivno pojavuvanje se karakterizira kako nacija. Sto e nacijata, -NISTO, impuls vo mozocite na lugjeto, misla naturena od drugi, nesto sto ne e realno opiplivo i pragmaticno, nesto sto e iplementirano vo mozokot na lugjeto kako strano telu uste so edukacijata kaj decata, za da moze ponatamu tie vo ime na nacijata i religijata da bidat iskoristuvani so nivniot trud, pari, resursi pa duri i da go dadat svojot zivot vo ime na tie imaginarni tvorenija (nacija i religija ), vo bitkata so nekoj drugi zatrueni mozoci od nekoja druga "nacija" i "religija". Nacijata kako zamislena tvorba a isto i religijata im odgovara samo na visokite i bogatite klasi, siromasnite se samo topovko meso koe se koristi za interesite za drzacite na resursite. Nacijata i religijata se instrumenti na visokite klasi za manipulacija so lugjeto. Da ne se nacijata i religijata, ke postoi priroden socijalizam pomegju masite a so toa i pravilna alokacija na resursite pomegju lugjeto. Nemozete da ocekuvate od neprosvetlen covek toa da go svati, za nego ovie dve gnasni tvorbi kako religija i nacija se svetinji na koi im se poklonuva, a na toa nekoj drug "trie race". Spored mene na zemjava ke postoi mir i blagosostojba samo koga ke se iskorenat ovie dve zla. Covekot postoi i toj nema nikakva vrska so nacijata, a religijata nema nikakva vrska so bog. Bog e golemiot arhitekt koj se sozdal. no toa ne go storil po pravilata koi lugjeto gi opisale vo religijata za da manipuliraat so drugi lugje. Go znam nacinot na koj moze da se borime protiv nacijata i religijata. Toj ne e so oruzje--mnogu probale i isceznale zatoa sto nemozes da se boris protiv onie so resursite-- Nacionot e so pasivna agresija od obicnite lugje, sto znaci kontraproduktivno rabotenje kaj svoite rabotodavci so cel da im predizvikaat zagubi i bankrot, i javno nepokazuvanje na svoite planovi. PATOT E SO RAZBUDENOST I LUKAVSTVO. ZA DA GO UBIES ZVEROT MORAS PRVO DA DOJDES DO NEGOVATA GLAVA, A AKO GO POKAZES PREDVREME MECOT NIKOGAS NEMA DA DOJDES DO GLAVATA. ZATOA ME RADUVA STO SEUSTE IMA PROGRESIVNI SILI I BUDNI LUGJE KAKO VAS NA SVETOV. SE DURI NE IMA NAS IMA NADEZ. SEKAKO ZA AKCIJA MORA PRVO GRUPACIJA MORA DA SE VIDIME I SOSTANEME NEKADE NA TAEN NACIN ZA DA JA UTVRDIME NASATA REAKCIJA. I ZAPAMTETE "Audi, vide, tace"-- SLUSAJTE, GLEDAJTE I BIDETE SMIRENI, TAKA KE SOBERETE INFORMACII I SILA ZA KOGA KE TREBA DA REAGIRATE. REAKCIJATA KE BIDE PUSTANJE NA MISLA CRV NA NEMIR KOJ KE GI RAZBUDI LUGJETO, A POSLE E LESNO. PODRAV RAZBUDENI BRAKJA I SESTRI, SAMO VIE MOZETE DA SE NARECETE LUGJE VO VISTINSKATA SMISLA NA ZBOROT.
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by Anarchist on Пет Сеп 03, 2010 8:48 pm

netocka напиша:
Ne mozev poveke da izdrzam i si otidovme i prekinavme so muabetot.

Mnogu me razocara vcerasnoto diskutiranje i vikanje, posebno deka dogase od luge koj gi smetam za bliski, drugari i ne go ocekuvav ova od niv...Posle toa se osekav skrseno i razocarano...i uste denes mi zujat usite...
Другарке netocka, жалам што си морала да си отидеш од дискусијата. Знам дека сепак си човек и дека не сакаш неправда и кога ќе слушнеш такви размислувања реагираш инстинктивно, но јас сум убеден дека токму тој чекор е погрешен, мислам на заминувањето. Токму во тие моменти според мене треба еден свесен човек да регира со ладна глава. Да ја продолжи дискусијата, барем да го постигне ефектот да се замислат за момент. Да се запрашаат дали нивните ставови се точни. Знам дека не е лесно и не те обвинувам, само потенцирам дека такви дискусии каки што си имала со луѓето недостигаат во ова општество. Само треба челичење на нервите и понатамошно учество во такви дискусии.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и национализам (нација)

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот