Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by ateist on Пон Јун 14, 2010 2:51 pm

За атеизмот и атеистите се среќаваат неколку мислења .Што е атеизмот ?

Најчесто се вели дека атеизмот е помодарство и последица – контрареакција на теизмот .
Што нее вистина .
Атеизмот постои и постоел од почетокот на светот и без теизмот само што својата драстично видлива форма ја добива во судирот со теизмот .

Најчеста пропаганда на религиите и верите е дека атеистите го мразат бог односно атеизмот е измислен како би се искажала омраза – противење кон бог .
Што е тешка глупост . Атеизмот не дал дефиниција за бог а религиозната дефинција за бог е “ сегде и сешто и нигде и ништо “ . При една ваква дефинираност атеистите немаат што да мразат .Нели услов за омраза е да постои таргет –предмет- цел на таа омраза а во конкретниот случај со таква дефиниција нее можно да се насочи омразата кон некоја конкретна определена цел .Нема што да се мрази .

Друга заблуда за атеизмот и атеистите едека тие “веруваат дека неверуваат во бог” или другачје кажано “веруваат дека бог непостои” . Атеистите во склад со својата атеистичка вера за да се произнесат во врска со некоја – било која работа па и бог прво и елементарно мора да биде исполнет условот за дефинирање на објектот – предметот за кој треба да се произнесат . Атеизмот не дал своја дефиниција а имајќи ја предвид религиозната дефиниција за бог “ сегде и сешто и нигде и ништо “ не остава простор атеистите да се произнесат . Нема непостои конкретно дефиниран предмет - објект за кој би се изјасниле .

Уште една заблуда околу атеизмот е дека атеистите се луѓе кој веруваат во науките .
Атеистите НЕ веруваат во било кој и во било какви науки туку само оние науки кој не се косат со АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА . Може некој да шлапне налепница со натпис “логија” како што е случај со “тео-логија” или “асто-логија” (хороскопџиите ) арно ама таквата “логика-логија” атеизмот НЕ ја признава . Па така и астолошки или теолошки “науки” атеистите ги ставаат во наводници оти не ги признаваат .
Атеистите признаваат и веруваат само во оние науки кој се во согласност со Атеистичката ВЕРА .

Религиозната пропаганда шири лаги за атеизмот дека тоа е помодарство својствено на современиот човек.Што е тешка лага .Атеизмот си постоел и пред религиите и пред државите Атеизмот е првата најстара и единствено вистинска човекова природна ВЕРА .
Тој постоел и пред антиката и во антиката и пред Православието Католизцимот Протестантизмот и Исламот .Атеизмот постоел и пред појавата на идеологиите .

Па така кога збориме за судир меѓу атеизмот и теизмот поимаме судар меѓу две директно спротивставени ВЕРИ .

Во што се состои атеистичката вера и која е разликата со теизмот и теистите и нивната вера ?

Разминувањето меѓу атеизмот и теизмот е уште во самиот старт од самата почетна точка .

А почетната точка е :
Библија :
Евреите11:1 А верата е тврда увереност

Вера = цврста - тврда увереност-убеденост во нештата

Е само оваа почетна точка ( ЗБОРОТ ВЕРА САМО КАКО ЗБОР КОЈ ЗА ТЕИСТИТЕ И АТЕИСТИТЕ ИМАТ СПРОТИВСТАВЕНО РАЗЛИЧНО ЗНАЧЕЊЕ) е заедничка на атеизмот и теизмот се друго понатаму се огромни непомирливи непремостливи разлики и конфронтации .

И сега да ги видиме основните принципи , правилата на атеизмот и нивна разлика со теизмот .

1 ) принцип на ДЕФИНИРАНОСТ

Евреите11:1 А верата е тврда увереност-убеденост

ДА !
НО ВО ШТО И ВО КОГО ? И НАЈБИТНО НА КОЈ НАЧИН СЕ ДОАЃА ДО ТАКВАТА УВЕРЕНОСТ- УБЕДЕНОСТ .?


За атеистите сериозно да земат нешто да разгледуваат мора тоа нешто да се констатира на некој начин . Или барем да постојат извесни индиции показатели кој барем на еден индиректен (ако не очигледен ) начин ќе укажат дека тоа нешто постои . Значи откако тоа нешто во почеток ЌЕ БИДЕ ДЕФИНИРАНО потоа се составуваат ДЕФИНИРААТ средства методи начини на кој ДЕФИНИРАНИОТ објект ќе биде испитуван и на крајот СЕ ДЕФИНИРА ШТО ЌЕ БИДЕ ДОКАЗОТ (ШТО ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ДОКАЗ ) за испитуваниот набљудуваниот ДЕФИНИРАН објект .

Кај религиите и верите овој АТЕИСТИЧКИ ПРИНЦИП го нема
Кај нив нема дефиниран објект туку секому се препушта на фантазијата да замисли некаков бог кој е “ се и сешто а нигде и ништо” .
Нема дефиниран објект за испитување
Нема дефинирани средства методи начини на испитување
Нема дефинирано што ќе се смета како доказ

Се се сведува на ПРЕТПОСТВКА .
.
Кај атеизмот е задолжителен принципот на ДЕФИНИРАНОСТ како би можело да се збори за КОНКРЕТНА РАБОТА . Задолжителен Е и принципот на ИСПИТЛИВОСТ .
Кај атеизмот е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН принципот на ДОКАЖЛИВОСТ
Кај атеистите кога некој нешто тврди ТОЈ Е НАЈПОВИКАНИОТ- должниот да си ги докаже тврдењата .

Кај религии и вери е обратно .
Секој може да тврди сешто , да фантазира измислува колку си сака безброј апсурдни и нелогични работи оти знае дека нема обврска да го докажува тоашто го тврди . Дури безобразието оди дотаму што од атеистите се бара да им ги докажуваат нивните забегании или се кријат за смешни обрзложенија дека тоа што неможе да се докаже незначи и дека не постои иако имале речиси 2000 години да си ги докажат смешните твдења .

За атеистите ПОСТОИ само она што може да ги помине (ФИЛТРИРАЊЕ ) трите подпринципи на основниот принцип на ДОКАЖЛИВОСТ тие се :
да може да се ДЕФИНИРА (принцип на дефинираност не само на објектот туку во трите фази )
да може да се Испита анализира проучи со соодветни методи инструменти итн (ИСПИТЛИВОСТ)
да може да се докаже (унапред да се дефинира што ќе се смета како доказ па ако не се добие тој резултат тогаш НЕЕ ДОКАЖАНО )

ОВИЕ ПРИНЦИПИ - ФИЛТРИ ВАЖАТ ЗА СЕ ПА И ЗА ТВРДЕЊА ЗА БОГ
.
.
2)принцип на ВЕРА = ДОВЕРБА

Евреите11:1 А верата е тврда увереност-убеденост


Значи точно е дека верата е цврста убеденост-увереност но за се дојде до таа убеденост мора да има нешто што ќе ни ВЛЕЕ – ВЛЕВА ИЗВЕСНА (степен на ) СИГУРНОСТ , нешто со што ќе ја стекне-заслужи нашата ДОВЕРБА дека е навистина така и дека може да се потпреме на таа работа.(предмет , машина , личност, систем итн) . Тоа нешто мора во склад со знаењата што ги имаме за него да ни влева ДОВЕРБА дека може да сметаме на него , да се потпреме на него значи дека имаме ГАРАНЦИЈА - сигурност .

ДЕФИНИЦИЈА ЗА АТЕИСТИЧКА ВЕРОНАУКА :


Атеситичка веронаука е наука за стекнување доверба и заслужување на доверие

За атеистите ВЕРА = ДОВЕРБА

За религиите и верите ВЕРА = ПРЕТПОСТАВКА- НАГАЃАЊЕ

Точно е дека се вели "верата е цврста убеденост" меѓутоа може ли некој да биде убеден во нешто ако претходно не стекнал доверба во истото .Непостои таков човек колку и да се декларира и да лаже .
Најчесто употребувана фраза меѓу религиозни е " јас верувам " но во смисла "претпоставувам" или "припаѓам во одредена групација" а нее дека во нешто стварно СТЕКНАЛЕ ДОВЕРБА или некој заслужил нивно доверие та можат во секое време да се потпрат на него .

Ова е СУШТИНСКА РАЗЛИКА
Атеизам .....................ВЕРА = ДОВЕРБА
Религии и вери .........ВЕРА = ПРЕТПОСТАВКА -НАГАЃАЊЕ

.
.
3) Атеистите се ДУХОВНИ луѓе
Дух –Идеал – свесно планирано тежнение кон некоја цел-идеал = дух
ДЕФИНИЦИЈА
Способноста / можноста умно разумните битија да ( тежнеат да ) вршат свесно планирани активности се нарекува дух

ПРАВНО ЗАКОНСКА ПОСЛЕДИЦА
ДЕФИНИЦИЈА : СЕКОЈ ДУХ Е ПОДЛОЖЕН НА СУД
Примери безброј... архитект проектирал а проект му е подложен на ревизија ( суд )
....изграден објект се врши технички прием (суд ) .....критика , законски последици , ревизии , судови , рецензии , отценувања ..итн значи ја нема таа свесно планирана активност ( дух ) што нее подложна на своевиен суд
Под свесно планирана активност ќе подразбираме дека е користена мисловна апаратура ..ум кој имајќи предвид повеќе параметри разработил една или повеќе варјантни решенија за еден ист проблем ( зададена задача ) и разумот кој врз основ на веќе зададени параметри водел сметка какви се ПОСЛЕДИЦИ на тернот а поготово во однос на други луге ќе предизвика таквото избрано дејстување -активност

Религиозните НЕ СЕ ДУХОВНИ бидејќи тие сметаат дека ништо не зависи од човекот туку се е преодредено А бидејќи се е предодредено човекот нема потреба да планира да се надоградува , да се усовршува бидејќи работите што треба да се случат тие секако ќе се случат .
За разлика од атеистите кој се духовни-планирачки луѓе религиозните се раководат од некакви ДОГМИ кој се измислени “вистини “ арно ама никој никогаш не ги докажал а и нема што да се докажува за нелогични претпоставки .
.
.

4) Атестите признаваат ДУША дека човекот не е само биолошко суштество – животно туку има и свој чувства и емоции

ДЕФИНИЦИЈА
Душа е способност можност на умно разумните битија да креираат/ создадат сопствени Вредносно емоционални критериуми / системи што ќе ги радува , жалости итн .

Дури и законски се санкционира – казнува нанесување на душевна-емоционална болка – стрес . Но тоа го обезбедува атеистичкото законодавство

Религиите и верите не призаваат Душа . имаат некакви објсанувања но не ги поврзуваат со чувствата и емоциите на луѓето што и нее чудно оти според нив луѓето се животни и може и да се убиваат да водат војни па така навредите - понижувањата емоционалните стресови И БОЛКИ не се сметаат за нешто битно и значајно .
Атеситите признаваат и совест па дури е пропишана иказна за несовесност .
Религиите и верите не признаваатсовест туку самите се амнестираат со наводно накакви истични ритуали дека некое непознато битие им проштаало што и да направатт .

Атеистите признаваат човекова психа и затоа постојат соодветни медицински науки . Признаваат и меѓучовечки односи и затоа постои и етика и други дисциплини кој ги проучуваат со цел нивно подобрување .Религии и вери непризнаваат ништо од сето тоа туку ги делат луѓето на садисти и мазохисти .Мазохистите требада се научат да уживаат во болките и страдањат од садитите оти тоа го барало некакво само ним знаено битие – бог .

5 ) Атеизмот не е организација

Атеистите не глумат лажно единство Кај нив од сто работи кој некој атеист ќе ги каже една да нее добра другите атеисти ќе му ги признаат тие 99 добри а ќе му ја бројат и таа една лоша –погрешна .Атеизмот нема лидери – водачи . Атеизмот не е организација .
Има две работи поврзани со тоа дека атеизмот не е организација :

А) и пет лудаци да решат да состават организација тие ќе ги совладаат сите атеисти бидејќи атеизмот нее организација .А поготово ако зад некој непотребни организации од типот на религии и вери стои вооружена државна организација тогаш атеистите за брзо време биваат истребени .

Б) Затоа пак атеизмот не може да биде обвинет дека бил поразан било кога од било кој . Тој отсекогаш бил последната одбрана на човештвото од налетот на религиозно верското лудило .
Секогаш атеистите биле тие кој први гинеле за својот дух – идеал .Биле први во борбата со религиозната затуцанштија неписмењаштија .Реки крв течеле од атеистите додека го извеле човештвото од канџите на религиозните крлежи и нивните заблуди и глупости .
Атеистите се локомотивата која неуморно го влече човештвото секогаш напред во напредок - прогрес.

Атистите може во секое време да се спорат меѓу себе во докажувањето ( ама збориме за Докажување а не претпоставки ) . Така тие имаат право да демантираат друг атеист да се оградат од него па дури и да го отфрлат . Тоа е нивно неспорно право . Такви се правилата .Не е битно дали некому се допаѓаат или не .
.
.
6 ) АТЕИЗМОТ И НАУКИТЕ

Точно едека некој луѓе кој се импресионирани од науките се откажуваат од религиозноста .Но погрешно мислење е дека НАУКИТЕ создаваат АТЕИСТИ .
Тому спротивното .Науките се производ на АТЕИЗМОТ а не обратно .

Религиите и верите со силна пропаганда сакаат науките да си ги припишат себеси .
Не само што тие ја уништиле севкупната античка писменост , сета литература неброени дела на антички мислители , ги испоубиле сите луѓе што размислувале туку со тоа го вратиле човештвото во камено доба .Занимавање со науки било строго забрането и казниво (смртна казна ).
Но !
И да сакаат неможат да си ги припишат науките на себе
Зошто ?
Просто бидејќи темелот- основата и главна причина за постоење на науките е атеизмот кој се состои во тоа дека ВЕРАТА = ДОВЕРБАТА може и мора континуирано да се доусовршува, додефинира , допрецизира . Дека основата на науките не е религиозна туку атеистичка признаваат и самите религиозни кој се бунат дека наките и научните сознанија не се фиксни – статични туку често се додефинираат допрецизираат што е спротивно на РЕЛИГИОЗНИТЕ ДОГМИ кој се според нив вечни НЕПРОМЕНЛИВИ “ вистини “ .За разлика од религиозните догми науките кој се темелат на атеистичките принципи може СЕКОЈ да ги испитува ,ако успее да докаже може и да ги доусоврши допрецезира додефинира .Ако најде валидни докази може-има право дури и да побие –поништи одредени знаења за кој се сметало дека се докажани .Значи кај науките ги имаме истите принципи од атеизмот а тоа доаѓа оттаму што науките се производ на атеистичката вера и нејзините принципи . Атеизмот Е СОМНЕЖ , истражување , трудољубивост надградување ,подобрување Затоа атеизмот е тој што ги придвижува науките .

Па така основните начела на науките се атеистичките 1 ) дефинираност во сите три фази и почетната когасе дефинира објектот за проучување 2 ) принцип на ИСПИТЛИВОСТ 3 ) принцип на ДОКАЖЛИВОСТ

Ако овие атеистичи а со тоа и научни принципи се применат на религиите и верите И ТОА ПО НИВНО БАРАЊЕ НЕЛИ ВЕЛАТ ДЕКА НАУКИТЕ ТИЕ ГИ ИЗМИСЛИЛЕ ТОГАШ ИСТИТЕ ПРИНЦИПИ МОРА ДАСЕ ПРИМЕНАТ И ЗА НИВНОТО ГЛАВНО ТВРДЕЊЕ ЗА БОГ . Значи ќе мораат да го дефинираат , да дефинираат средства методи за ИСПИЛИВОСТ и според принципот на ДОКАЖЛИВОСТ ќе мора да си ги докажат тврдењата дека така ДЕФИНИРАНИОТ бог навистина постои .

Која наука се темели на некој религија и нејзини принципи .?Нема таква
Која наука е создадена од некоја религија .?Нема таква , непостои .
Сите се создадени од атеизмот и неговите принципи..
.
.

7) АТЕИЗМОТ И МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ ВО ОПШТЕСТВОТО

Атеистичката вера ја кажаме .
ВЕРА = ДОВЕБА и – или ДОВЕРЛИВОСТ КОЈА МОРА ДАСЕ ЗАСЛУЖИ .
Да се залужи а не да се добие без никаква заслуга па потоа и нема да има одговорност ако се изигра така поклонетата доверба оти таа и е добиена без заслуга .

Тој кој е цел на ДОВЕРЛИВОСТ мора тоа прв да го докаже дека заслужува а дури потоа од другите да бара ВЕРА – ДОВЕРБА која во меѓучевечки односи се нарекува и ЛОЈАЛНОСТ – ПРИВРЗАНОСТ –ВЕРНОСТ .

Атеизмот рековме дека не е организација .
Но атеистите може да формираат свој политички а со тоа идеолошки организации
Па така дел од атеистите формираат капиталистички политички партии наречени и десница и демократски . Овие атеистички партии – организации оранизираат капиталистички општеста кој се темелат на научни сознанија и научен атеистички прогрес . Но таквите општества се конфликтни оти се темелат на крволочни меѓучовечки односи бидекќи главен двигател е алчноста на луѓето . Поради нехуманоста на ваквите општества атеистите кој ги организираат на помош ги повикуваат религиите и верите како пропагандна машинерија која ќе шири простатилак омраза и раздор меѓу луѓето па во едни такви околкности на општа НЕДОВЕРБА – НЕДОВЕРИЕ и злоба меѓу луѓето самите организатори и алчните луѓе кој најмногу ќе приграбат од општествените богатства ќе можат спокојно да дејствуваат .

Друг дел од атеистите кој решиле да формираат свој политички а со тоа и идеолошки организации кој се залагаат за хумани меѓучовечки односи кој се познати и како комунисти и анархисти и- или левица .

Треба да се каже дека атеистите не се должни да се приклучат кон било која политичка опција . Па така сите атеисти во капитализмот не се капиталисти .Исто како што и во самоуправувањето -социјализмот не бевме сите комунисти .
Не ! . Комунистите си беа комунисти а другите си бевме атеисти .
.
.
.
Cool улогата на атеизмот во историјата на човештвото

Од сето погоре до-кажано јасно е дека науките и човечката цивилизација своето постоење му до должат на атеизмот на трудољубивоста и пожртвуваноста на атеистите .

Религиите и верите се обичен продукт на политички интерес па своето постоење го темелат благодарение на на политиката Но како би имале што да им понудат на политичарите вршат метафизичко затупување на луѓето .Бидејќи со нивните смешни твдења за богови одамна ќе исчезнеле така тие своето постоење го врзуваат со : државата , владетелите , политиката , националната припадност на луѓето , и сексуалноста кај луѓето . Религиите и верите отпосле се инсталирани вештачки во човечките општества- цивилизации . Во веќе постоечките општества .Најочигледен е примерот со Православ Католик Протестант и Ислам .
Атеизмот е вера дека сомнеж мора да постои . Позитивен сомнеж дека се мора да се преиспитува , дотерува , подобрува , усовршува . В о однос на другите луѓе атеистичкиот принцип е дека ДОВЕРБАТА се ЗАСЛУЖУВА многу тешко со многу труд но може многу лесно да се изгуби ако се изигра .
Религиите и верите незаслужено бараат доверба за нешто недокажливо иако дури и за тоа безброј пати ја злупотребиле со ништо заслужено добиената доверба . Кај атеистите малку фали да се изгуби довербата а за изгрувања како што ги правеле религиите одамна ќе ги снемало . Но тие постојат благодарение на политиката на капиталистичките атеисти .
.
9 ) ПРИНЦИП НА ФУНЦИОНАЛНОСТ

АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНСКА ВЕРА
ЗОШТО ?

ПА ГЛАВНА НЕЈЗИНА ПРЕОКУПАЦИЈА СО КОЈА СЕ ЗАНИМАВА Е ВЕРАТА = ДОВЕРБАТА = ГАРАНЦИЈАТА = ДОВЕРЛИВОСТА = ЛОЈАЛНОСТА = СИГУРНОСТА .

Сите други религии вери , движења , асоцијации на луѓето им нудат забегување да фантазираат замислуваат некави ликови со кој ќе си муабетат .ТИЕ СЕ НЕКОНКРЕТНИ , НЕДЕФИНИРАНИ И СО ТОА НЕРЕАЛНИ .

Атеизмот е КОНКРЕТЕН И РЕАЛЕН .
СЕГА И ОВДЕ .
Атеизмот секогаш дава РЕЗУЛТАТ КОЈ Е ВИДЛИВ И ИСПИТЛИВ ОД-ЗА СИТЕ ЛУЃЕ .Тој е ПРАКТИЧЕ НИ ФУНКЦИОНАЛЕН .

Нештата или фунционираат или нефунционираат .Нема трета опција .

Атеизмот е чесен не се затскрива ад некави тајни туку аконавистина такви постојат ги проучува апотоа демистифицира а ако се измислици како во случајот со религии и вери тогаш атеистите како чесни луѓе ги предупредуваат другите дека станува збор за ИЗМАМА .

Тврдењата на религиите и верите НЕ ФУНКЦИОНИРААТ .
Никакви богови невидовме никого да излечат од болест или спасат нечиј живот или предупредат за опасност или оживеат мртов човек .Нивните богови дефинитивно НЕФУНКЦИОНИРААТ ОТИ И НЕ ПОСТОЈАТ .АКО НИВНИТЕ БОГОВИ ПОСТОЕЈА тогаш требаше и да се докажат гаранциите затие богови кој се ЗАПИШАНИ- НАПИСМЕНО во книгите на кој и самите се повикуваат и гарантираат .А ете сведоцисме веќе 2000 год ништо од тоашто е запишано НЕ ФУНКЦИОНИРА .
Функционираат само нивните-РЕЛИГИОЗНО ВЕРСКИ нечесни интерси и пропаганда .

ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by ateist on Вто Јун 15, 2010 1:38 pm

1)
Кога религиозните велат "ЗНАМ дека бог постои"на прашањето од каде тоа го знаат најчесто одговараат дека го чуствувале во срцето , или бубрегот или некој друг орган . Значи постоењето на бог го врзуваат со чуства емоции некаква моментална душевна состојба .

Кога Атеист вели " ЗНАМ дека бог непостои " тоа ЗНАЕЊЕ не потекнува од некакви чуства туку затоа атеистите НЕВЕРУВААТ = НЕМААТ ДОВЕРБА во било која работа која не ги поминала трите фази на стекнување вера=доверба во таа работа а тие се 1 ) дефиниран објект (ДЕФИНИРАНОСТ ) на испитување и докажулање 2 ) дефинирани начини методи на испитување (ИСПИТЛИВОСТ) 3) дефиниран статус што ќе биде сметано како доказ (ДОКАЖЛИВОСТ)

пример :
атеист вели верувам во бог ајде и другите атеисти да верувате

a) ПРВА ФАЗА = ДЕФИНИРАНОСТ
го прашуваат кој е тој бог ?
Атеист вели автомобил му е ИМЕТО .
(ДЕФИНИРАЈ ГО ) . Опис : па има мотор , акумулатор . шасија , врати прозри , седишта , волан , менувач за брзини итн .
b) ВТОРА ФАЗА = ИСПИТЛИВОСТ
Може ли да се испита ?
Да може и тоа секој негов дел посебно има инструменти за испитуивање , а и самите инструменти се составени врз база на веќе заокружени научни логични знаења кој се ставени на јавна критика и се објасниви и сватливи .
Има инструменти за вршење мерења во електичната инсталација , за количество на гориво , на водата , на акумулатот , на масло итн
Значи комлетно се може да ИСПИТА .

c) ДОКАЖЛИВОСТ
И добро што ќе сметаме како ДОКАЗ ?
ПА ФУНЦИОНАЛНОСТА ќе биде доказот во случајов .
Ако бог = автомобилот е во пропишана исправна состојба на деловите , на одржувањето значи исправност на механика - механички делови , на електрика итн И ако има гориво ГАРАНЦИЈАТА Е ДЕКА ЌЕ ФУНКЦИОНИРА .
И тоа ако КОРИСНИКОТ СЕ ПРИДРЖУВА ДО ПРОПИШАНИТЕ ГАРАНЦИИ тогаш корисникот може безбедно да управува со бог= автомобилот и ДА СЕ ПРЕВЕЗУВА = ДА ПОМИНУВА ГОЛЕМИ РАСТОЈАНИЈА НА ЗЕМЈАТА многу побрзо отколку кога би одел пешки .

ЗНАЧИ НА ВАКА ДЕФИНИРАНАТА ГАРАНЦИАЈАШТО ШТО ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ДОКАЗ АКО ЕКСПЕРИМЕНТОТ СЕ ПОВТОРИ БЕЗБРОЈ ПАТИ И СЕКОГАШ ДАВА ИСТ ЕДНОЗНАЧЕН РЕЗУЛТАТ ТОГАШ ЌЕ СМЕТАМЕ ДЕКА Е ДОКАЖАНО .
Доказ : ВОЗЕЊЕТО НА БОГ=АВТОМОБИЛОТ НА РАЗНИ РЕЛАЦИИ ПОД РАЗЛИЧНИ УСЛОВИ НО СЕТО ТОА ВО РАМКИ НА ЗАДАДЕНИТЕ ГАРАНЦИИ.
.
..
ШТОМ ЌЕ ГИ ПОМИНЕ ТРИТЕ ФАЗИ ТОГАШ АТЕИСТОТ НА ТАКВИОТ БОГ=АВТОМОБИЛ МУ ВЕРУВА .

НА СЕ ОНА ШТО НЕМОЖЕ ДА ГИ ПОМИНЕ ТРИТЕ ФАЗИ АТЕИСТОТ НЕ МУ ВЕРУВА

.
.
.
.
ТОА ГЛАВНАТА РАЗЛИКА СО РЕЛИГИИТЕ И ВЕРИТЕ
кај нив ВЕРУВАМ = ПРЕТПОСТАВУВАМ
КАЈ атеистите ВЕРУВАМ = ЗНАМ А ТОА ЗНАЕЊЕ ДОАЃА ОТТАМУ ШТО НЕШТАТА ИЛИ ГИ ПОМИНАЛЕ ИЛИ НЕ ГИ ПОМИНАЛЕ ТРИТЕ ФАЗИ НА ДОКАЖЛИВОСТ
.
.
Значи нее точно дека атеистите се замараат со секакви измислици богови ( немаат друга работа ќе се заниваат со туѓи забегувања ) туку секој што може да си ги докаже дтврењата според наведените принципи на АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА атеистите му признаваат .Ако не ги помине трите фази НЕ Е ДОКАЖАНО ПА АВТОМАТСКИ АТЕИСТЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ = НЕМААТ ДОВЕРБА
.
2) не е точно дека за атеистите атеистите важи .."верувам дека неверувам "
оти тоа е религиозна дефиниција па кога би се заменило
верувам = претпоставувам
би испаднало
претпоставувам дека не претпставувам ШТО ЕТЕШКА ГЛУПОСТ

или религиозното ВЕРУВАМ = ЧУСТВУВАМ
со замена би испаднало
чуствувам дека не чуствувам .................бетер тешка глупост

се знае кај атеистите
ВЕРУВАМ = ИМАМ ДОВЕРБА .
.
.
3) еве ДОКАЗИ дека и библијата ја признава АТЕИСТИЧКАТА ДЕФИНИЦИЈА
ДЕКА ВЕРА = ДОВЕРБА - ДОВЕРЛИВОСТ
дека нее точно религиозното вера = претпоставка

.
.
Второзаконие: 7:9 Затоа знај дека Господ, Твојот Бог, е вистински Бог, ВЕРЕН Бог, Кој го пази Својот завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и ги пазат Неговите заповеди.
32:4 „Тој е Стена, делото Му е совршено, зашто се прави сите Негови патишта. Тој е ВЕРЕН Бог и нема неправда, Тој е праведен и вистинит.

1 Коринтјани: 1:9 ВЕРЕН е Бог, преку Кого сте повикани во заедништво со Неговиот Син, Исус Христос, нашиот Господ.
10:13 Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е ВЕРЕН и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.

2 Коринтјани: 1:18 Бог е ВЕРЕН, дека: нашето слово кон вас не е „да” и „не.”.
.
.
ЕВЕ доказ дека се нуди испитливост а не ПРЕТПОСТАВКА

Малахија: 3:10 Донесете ги сите десетоци во ризницата, за да има храна во Мојот Дом. Тогаш ИСПИТАЈТЕ Ме - зборува Господ над Војските
тоа не е исто што и искушувење - првокација
Матеј: 4:7 Исус му рече: „Напишано е повторно: ‘Не ИСКУШУВАЈ Го Господа,
твојот Бог’!”

4) ЗБОРОТ ВЕРА - ВЕРУВАМ ГО УПТРЕБУВААТ И АТЕИСТИТЕ никој нема авторски права врз зборот
и атеист знае да му рече на друг атеист ...НЕ ТИ ВЕРУВАМ - немам ДОВЕРБА ВО ТЕБЕ

само што тоа нема релиско значење .. би испаднало ..НЕ ТИ ПРЕТОСТАВУВАМ (?? свашта )

ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by ateist on Вто Јун 15, 2010 3:30 pm

а еве дека и библија И ИСУС СЕ СОГЛАСУВА СО АТЕИСТИЧКОТО СВАЌАЊЕ
НА ВЕРАТА ДЕКА МОРА ДА СЕ ДОКАЖЕ :

Матеј: 10:8 Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Матеј: 17:20 А Тој им рече: „Заради вашето НЕВЕРИЕ; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, И НИШТО НЕМА ДА ВИ БИДЕ НЕВОЗМОЖНО.

Гаранцијата е дека сите што ќе формираат иста личност = исус Христ ќе ги прават истите работи . иста личност Исус Христ = Анрхо комунист

ЕВЕ :

Лука: 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на два господара; зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да Му служите на Бога и на мамона!”

мамон =бог на парите


Дела Ап.: 2:44 А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше општо.
4:4 А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.
4:32 А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.
34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно.

Галатјани: 4:19 деца мои, кои пак сум во породилни маки, додека Христос се ВООБЛИЧИ=ОТЕЛОТВОРИ=ОФОРМИ во вас.

Павле ги "раѓа" новите Исуси = новите Анархокомунисти

Дела Ап.: 4:9 Ако денес нè испитувате за доброто дело направено на еден болен, од што е тој исцелен,
13 Кога ја видоа Петровата и Јовановата смелост и забележија дека се некнижевни и неуки луѓе; се чудеа; ги препознаа дека беа со Исуса,

14 но го гледаа исцелениот човек, како стои со нив, па немаа што да им приговорат.

Дела Ап.: 28:8 И се случи Поплиевиот татко да лежи болен од треска и болки во желудникот. Павле влезе при него, се помоли, ги положи рацете на него и се исцели.

Дела Ап.: 19:11 А Бог правеше необични чуда преку Павловите раце

Дела Ап.: 5

15 така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, та барем Петровата сенка да падне на некого од нив.

Дела апостолски :
8 Во Листра седеше некој човек немоќен во нозете, хром од мајчината утроба, кој никогаш не одел.

9 Тој го слушаше Павла кога зборуваше, а кога Павле го погледна виде дека има вера за исцелување,

10 и му рече со силен глас: „Исправи се на своите нозе!” И тој скокна и прооде.
..

.

.

ЕТЕ КАКО ШТО МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ ИСТИТЕ АТЕИСТИЧКИ ПРИНЦИПИ ВАЖАТ И ВО БИБЛИЈА !

РЕЛИГИИТЕ И ВЕРИТЕ ЛАЖАТ ДЕКА НЕ МОРААТ ДА СИ ГИ ДОКАЖУВААТ ТВРДЕЊАТА

ЗНАЧИ НЕ СЕ САМО АТЕИСТИТЕ ДОЛЖНИ ДА ДОКАЖАТ ТОА ШТО ГО ГАРАНТИРААТ ТУКУ И РЕЛИГИИТЕ И ВЕРИТЕ АМА ИЛИ Е ДО НИВ = ЛАЖАТ ИЛИ СЕ Е ИЗМИСЛЕНО ВО КУРАНОТ И БИБЛИЈАТА .
НЕМА ДРУГО ЛОГИЧКО ОБЈАСНУВАЊЕ .

ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by M-1 on Пон Сеп 20, 2010 3:14 pm

http://www.religioustolerance.org/chr_dira.htm

Variation in divorce rates by religion:

Jews 30%
Born-again Christians 27%
Other Christians 24%
Atheists, Agnostics 21%

Ron Barrier, Spokespersonn for American Atheists remarked on these findings with some rather caustic comments against organized religion. He said:

"These findings confirm what I have been saying these last five years. Since Atheist ethics are of a higher caliber than religious morals, it stands to reason that our families would be dedicated more to each other than to some invisible monitor in the sky. With Atheism, women and men are equally responsible for a healthy marriage. There is no room in Atheist ethics for the type of 'submissive' nonsense preached by Baptists and other Christian and/or Jewish groups. Atheists reject, and rightly so, the primitive patriarchal attitudes so prevalent in many religions with respect to marriage." 2

StopTheReligiousRight.org had some scathing comments as well:

"We hear an awful lot from conservatives in the Bible Belt and on the TV about how we all should be living. Certainly a culture that teaches the conservative religious values of the Christian right must have clean living written all over it. And lots of ripe fruit from their morally superior lives abounding."

"It doesn't. Far from it. People that talk the loudest may be the ones walking the slowest. Joining its history of Biblically correct bigotry and discrimination, it is an area with the highest divorce, murder, STD/HIV/AIDS, teen pregnancy, single parent homes, infant mortality, and obesity rates in the nation. As a region, the Bible Belt has the poorest health care systems and the lowest rates of high school graduation."
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by Pandonetti on Чет Сеп 23, 2010 11:43 pm

Verata e edno, religijata drugo !!!
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by M-1 on Пет Сеп 24, 2010 9:36 pm

Pandonetti напиша:Verata e edno, religijata drugo !!!

Според мене, премногу кусо кажано. Не дека се согласувам или не се согласувам. Едноставно би сакал малку подетално да објасниш што поточно мислиш да кажеш.
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by Pandonetti on Саб Сеп 25, 2010 7:13 pm

Pa vaka. Nesomneno deka postoi dvizecka sila koja e kreator na se i inicijator na se. Dali ke ja nareceme Bog, Golemiot arhitekt ili pak samo dvizecka silane e vazno, vazno e deka ne mozeme da ja ignorirame. Ignoriranjeto na taa sila bi bilo glupost bidejki bez razlika dali ja ignorirame ili ne "sekoja prolet povtorno ke cvetaat kokicinjata" odnosno zivotot i sozdavanjeto ke prodolzat isto kako i smrtta i razdorot. Tokmu vospostavuvanjeto na edna cista i nezagadena od tugji vlijanija i interesi vrska so taa sila pretstavuva VERA. Verata e pozitiven element vo zivotot na sekoja edinka bidejki taa znaci dvizenje vo korelacija so onoj koj ne sozdal i oformil uslovi za zivot za da egzistirame i sekako koegzistiranje. Pocitta kon taa sila-Bog se izrazuva na razni nacini i so konkludentni dejstvija. Na primer i zagaduvanjeto na prirodata e negacija na taa vrska i nepocituvanje na silata. Od druga strana religijata e tvorba na covekot vo koja toj promovira sistem na vrednosti kaj koi nadvoresno gledano postojat za covek pravilnon da go slavi boga, a ustvari se sistem na vrednosti koi sluzat za manipulacija na kapitalistite i vlastite vrz obicniot covek. Imajki go vo predvid principot na koegzistencija koj ja isklucuva manipulacijata, religijata povtorno pretstavuva negacija na cistata izvorna sila odnosno vrskata koja edinkata ja vospostavuva so taa sila-Bog, bidejki se mesa so svoite moralni normi i dogmi vo taa vrska i ja manipulira odnosno ja koristi vo polza na kapitalistite , bogatite i vladetelite. So drugi zborovi -VERATA e dovra a religijata e losa. Ili nemojte poradi religijata da ja izgubite verata. Se nadevam deka barem malku iako nakratko uspeav da gi iznesam moite stavovi. Pozdrav
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by M-1 on Саб Сеп 25, 2010 9:47 pm

Ок, благодарам на содржајниот одговор. Сега ми е појасно Smile
avatar
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот