Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Право на Сопственост?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Право на Сопственост?

Пишување by р on Сре Дек 15, 2010 9:59 pm

КОЈ МЕ ПОСЕДУВА?

Основното прашање е дали човекот е суверена индивидуа која ја поседува својата личност, својот ум, својот живот, својот труд и наградата од трудот-или пак е сопственост на племето (државата, општеството, колективот)? Дали човекот има право на постоење сам за себе, за свое добро-или пак е роден во окови, како вечен слуга кој мора да го откупува својот живот служејќи му на племето а истовремено никогаш неможејќи да ја стекне својата слобода?

Постојат четири опции.

1. Јас сам се поседувам себе!

2. Некој друг ме поседува мене!

3. И јас и некој друг се поседуваме и двајцата!

4. Никој не поседува никој!

Навидум едноставно прашање, но од ова прашање зависи цел општествен-систем. На секој архитект му е јасно дека од материјалот кој ќе го користи при градење на својата градба зависи и неговата идеја. Но, на нас (денешното општествено-политичко уредување) не ни е! Затоа пополека градиме еден општествен систем кој е СЕ само не систем во кој индивидуата е господар на себеси. Ханс Херман Хоуп, еден од најголемите интелектуалци на нашето време кој сериозно верува и работи за анархо-индивидуалистичкиот систем ја дава најдобрата (по онаа на Ротбард, базирана на природното право!) теоретска одбрана на фунадемнтите на индивидуализмот! Без оваа теорија (прифаќање/аргументирано одбивање) секој анархо-индивидуалист е загубен. Тука може да ја прочита неговата беспрекорна теза.

п.с. Во прилог ќе следат повеќе текстови за принципот на себе-поседување/само-сопственост (self-ownership). Повеќе за принципот на себе-поседување види го текстот “Либертаријанизам…идеологија на слободно општество“, глава 2 (Либерализмот и неговите основни принципи)

Анекс I

Според Муреј Ротбард (вистинскиот), себе-поседување значи следново:

секоја индивидуа го поседува (и ексклузивно контролира) своето сопствено физичко човеково тело. Човековата природа е фузија од духот и материјата. Секое живо човечко тело е присвоено и контролирано од единствен независен (автономен) разумен ум и волја-себство или его. Следствено, се додека е живо му се обраќаме како на персона, а не corpus. Правото на себе-поседување имплицира апсолутно право на секој човек, преку неговата моќ која извира од самото тоа што е личност, да го поседува сопственото тело, т.е. да го контролира своето тело и личност слободно од насилно вмешување. Бидејќи секој човек мора да размислува, учи, вреднува, и да ги избира своите цели и средства со цел да преживее и просперира, принципот/правото на себе-поседување му дава на човекот право да ги извршува овие витални активности без притоа да биде спречуван и попречуван од присилни малтретажи.

Колку и да изгледа ова основно право без кое човекот нема "правен основ" за своето постоење, одредени филозофи го сметаат овој став за погрешен. Одредени филозофи ги сметаат опциите кои се наведени во првиот дел како возможни или пак дека мораат да се имаат предвид (некој друг е сопственик на мене, сите сме сопственици на сите, никој не е сопственик на никој па ниту на себе). Ова прашање го одговараме и во нашиот есеј “Либертаријанизам…идеологија на слободно општество, преку претставување на ставовите на Ханс Хоуп и неговиот “argumentative ethic”. Сепак, тука се одговорени само опциите под 2 (некој друг ме поседува мене) и под 3 (и јас и некој друг се поседуваме и двајцата/а и б се поседуваат заедно).

Да ја разгледаме накратко четвртата опција и уште некои делумни варијанти од дадените можности на кој кого поседува.

Што се случува кога никој не поседува никој? Најпрвин, мора да истакнеме дека принципот на себе-поседување не бара некој да поседува некој друг, всушност и е во целосна контрадикторност со ропството. Принципот на себе-поседување имплицира на тоа дека разумот и волјата X се сопственици на телото X и само на ова тело и се што ова тело ќе произведе мешајќи го својот труд со претходно непоседуван природен ресурс (homestead principle!). Според Ротбард, опцијата никој да не поседува никој е апсурдна бидејќи “сопственоста означува опсег на контрола…ова (никој да не поседува никого:Администратор) би значело дека никој не би можел да стори било што и човековата раса набргу би исчезнала”. Ваквиот став на Ротбард е во согласност со неговата дефиниција на правото на себе-поседување дадена погоре. Да бидам господар на себеси, да се поседувам, значи да имам контрола врз своето тело и дејствијата кои ги преземам без екстернална насилна принуда. Евидентно од ова е дека ако не сум сопственик на себе неможам ниту да го контролирам своето тело и своите дејствија со што набргу би умрел или пак би бил зависен од милоста на некој друг себе-сопственик.

Според други филозофи постои уште една можност-сите сме Божји деца. Согласно општествено-политичката идеологија на либертаријанизам и анархо-индивидуализам, принципот на себе-поседување е интерперсонален принцип и слободно може да коегзистира со теологијата се додека теологијата ја признава секоја индивидуа како носител на Божјата волја и дарот Божји кон човекот-слободната волја да одлучува на кој начин ќе ја реализира Божјата замисла (најчесто, анархо-индивидуалистите се атеисти, но пак…). Во моментот кога теологијата на средновековен начин ќе закова на престол одредени “избрани” поединци да владеат со другите како ексклузивни претставници на Божјата волја, тогаш имаме проблем и ваквиот став се коси со принципот на себе-поседување.

Некои политички мислители гледаат во овој принцип недоволна конзистентност, бидејќи не пробува да даде одговор на прашањето: што ако одредена личност Х е парцијален сопственик на личност У? Ваквиот став, според нив, би требало да биде земен предвид уште повеќе што постоел низ историјата во периодите кога постоеле робови. Имено, одредени поединци (слободните граѓани) биле сопственици (до одредена мера, па некаде и целосно) на други граѓани. Сепак оваа алтернатива е толкав апсурд што се одговара со само една реченица (без оглед на тоа што голем период од човештвото постоеле робови!)- Апсурдно е постоењето на оваа алтернатива, бидејќи е апсурд замислата дека личноста Х е парцијален сопственик на поединецот У без притоа да го сметаме Х за сопственик на самиот себе. Јасно е дека Ништо неможе да биде сопственик на Нешто.Уште повеќе што се поставува прашањето според кое право/принцип личноста Х е сопственик на личноста У, еднакво слободно родена личност со волја и разум? За да постои соодветно образложение на оваа ситуација, мора да постои и соодветна суштинска разлика помеѓу Х и У (како на пример помеѓу детето и мајката или пак мајката и детето со заостанат развој- и во двата случаи детето не е целосен сопственик на себеси бидејќи му недостасува дел од главната компонента која го прави личност-разум!). Прашањето може да се постави на следниот начин: ако човекот Е човек, тогаш тој Е сопственик на себеси; ако човекот НЕ Е човек во апсолутна смисла на зборот, тогаш човекот не е сопственик на себе.

Ротбард и либертаријанците развиваат цел систем на права и слободи градејќи го од основната аксиома: Секој човек е сопственик на себе и на се што ќе произведе мешајќи го својот труд со претходно непоседуван природен ресусрс. Единствено општествен систем во кој оваа аксиома се прифаќа може да се декларира како етички систем (морално праведен!) кој е универзално важечки за секој поединец. Секоја друга опција би имплицирало или целосно невозможен систем во кој поединецот не би преживеал ниту еден ден или пак тоталитаристичко ропство.

п.с. Ханс Хоуп (види го мојот есеј за Либертаријанизам…слободарска идеологија) демонстрираше дека секое аргументирање имплицира себе-поседување на телото и личноста на оној кој аргументира и оној кој го слуша аргументот. Природно-правната етика на Ротбард и аргументативната етика на Хоуп се најдобрите одбрани на филозофските основи на Слободното Општество. Секој слободарски ум мора да почне од тука!http://www.garryarcher.com/?page_id=291http://www.garryarcher.com/?page_id=291http://slobodnoopstestvo.blog.mk/2010/11/21/libertarijanizam-ideologija-za-slobodarsko-opshtestvo/

п.п.с. На блогот www.slobodnoopstestvo.blog.mk (горниот линк) го имате целиот текст со се соодветни линкови и видеа (тука неможам да се снајдам со линковиве, ми ги става на крај од текстот) и плус ги имате коментарите од Растапунк и мојот одговор. Кој го интересира, бујрум!
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот