Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Социјализмот…останува невозможен и по толку многу години!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Социјализмот…останува невозможен и по толку многу години!

Пишување by р on Нед Јан 09, 2011 4:20 am

Многу често во расправии на форумов нагласувам дека социјализмот не е ВОЗМОЖЕН и е целосно апсурден од економска гледна точка. Па, чувствував дека е должност и да го поткрепам мојот став со неколку аргументи. Извадок од мојот текст во дебата против Томислав Захов-Мара, марксист.

Социјализмот…останува невозможен и по толку многу години!

21.1. Ако под “признавање на цела декларација права на капиталот”, Мара мисли на тоа дека сметам дека слободниот човек мешајќи го својот труд со претходно непоседуван природен ресурс, штедење односно жртвувајќи ја својата сегашната потрошувачка, и сл., создава приватна сопственост и капитал и има право со нејзе да располага како што смета дека е најсоодветно (исто како со своето тело и разум-се додека директно и материјално не повредува некој друг!) тогаш да. Мара е во право, му признавам цела декларација права на капиталот (читај: приватна сопственост која претставува екстензија на правото на човекот да се поседува себеси!).

21.2. Конечно стигнавме и до големото финале-предлогот на Мара за работничкиот рај, тука и сега. Нормално, преку радикална монетарна политика (читај: национализација на централната банка под раководство на комунистички глави кои никако да научат и прифатат дека грешат, укинување на пазарот на пари и целосна контрола на што луѓето ќе изберат за разменско средство, и сл.!). Остана уште една тема со која можеме комотно да ја затвориме економско-политичката пресметка со Мара, а тоа е економската пресметка во социјализмот.

21.3. Што е “дебатата за економска пресметка во социјализмот”? Во екот на занесеноста на социјалистите во 30тите години од претходниот век, Лудвиг фон Мизес (гробарот на социјализмот!) го изнесе ставот дека социјализмот не е возможен[77], бидејќи со самата национализација на средствата на производство ги отргнува од рацете на поединците-без приватна сопственост на средствата за производство немаш пазар бидејќи немаш што да тргуваш, т.е. кој да тргува…без пазар немаш цени, а без цени немаш рационална калкулација.

Веднаш тука треба да се истакне дека Мизес ја фокусирал својата критика на тоа дека социјализмот неможе да ги постигне своите цели, а не само на критика на тоа кои средства ќе ги искористи за овозможување подобра економска благосостојба на своите граѓани. Мизес докажал дека “е невозможно за социјалистичките средства да ги постигнат социјалистичктите цели…понапредно материјално производство; бидејќи социјализмот не може рационално да врши економски пресметки”[78]. Со други зборови не само што нивните математички планови и компјутерски пресметки се логично грешни и немаат никаква практична вредност за реалниот човек, туку и со нивно користење социјализмот ќе вроди со стагнација, сиромаштија, уништен капитал.

По долгогодишна дебата помеѓу австро-економистите и социјалистичките економисти се сметаше дека Мизес загубил, а Ланге, Лернер, Дикинсон и Тејлор[79] дека победиле. Социјализмот е возможен, прашањето е на политичка волја.

По изминување на целиот век, обидот за секакви реформи во социјалистичките држави, и по нивниот тотален пораз, научната јавност конечно ја призна победата на Мизес-особено научната јавност составена од економистите од бившиот социјалистички блок. Хаосот и сиромаштијата во СССР и другите социјалистички држави беше емпириски факт кој стоеше на страната на теоријата на Мизес (што по социјалистичка тоа посиромашна-што подалеку од социјализмот тоа побогата-Југославија на пример!). Но, едно се предвидувањата на Мизес што ќе се случи во социјализмот кога ќе се укине пазарот на капитални добра, а друго е неговиот теоретски аргумент дека социјализмот е невозможен-било кога и било каде!

Тука треба да се потсетиме на ставот на Мизес и Ротбард-нив не ги интересирало како Мара ќе ги нарече општествените системи. Нивната критика била едноставна-средствата кои социјалистите ги предлагаат нема да ги постигнат нивните посакувани цели. И историјата ја потврди Мизесовата победа-“покрај сите теоретски и практични алтернативи кои социјалистичките интелектуалци ги понудија…ништо не делуваше…Во своите најлоши форми социјализмот произведе не само огромен пад на животниот стандард, туку и глад и сиромаштија; не само отпад и ирационално користење на ресурси, туку и принудни работни кампови, полициски држави-тиранија претходно непозната во човековата историја. Во својата најдобра форма, социјализмот заврши со целосна корупција на владеачката класа-бирократијата, огромни странски долгови и армија гастарбајтери кои избегаа од социјализмот за да бидат “експлоатирани” од капиталистичка Западна Европа, САД…”. Дополнително, како што учиме и ние денес, ќе биде потребно долго време (не прекинувано од социјалстички романтичари) да се воспостави чист слободен пазар-па, можеби и премногу долго за нашиот животен век.

21.4. Интересното е во тоа што ако се прочита што Мизес, а потоа особено и Ротбард пишувале, ќе се види дека биле за се во право! Централната теза на Мизес била дека ако нема приватна сопственост на средствата за производство (капитал, земја/имот) нема ниту пазар ниту цени за нив. Затоа, економската пресметка, т.е.споредба во сооднос со сегашните цени, очекувани приходи и очекувани трошоци изразени во заедничко разменско средство-пари-е буквално невозможна. Особено интересно е што Мизес, за волја на аргументот, го оставил на страна проблемот со мотивацијата на работниците и менаџерите (ако сите работат според своите способности, а добиваат според своите потреби кој ќе го чисти ѓубрето…кој ќе ја врши “прљавата” работа, која ќе биде мотивацијата на поединецот да го даде максимумот во било која работа?), и фокусот на неговиот аргумент бил целосно врз начинот на кој социјализмот (БЕЗ ПАЗАР!) ќе врши рационални пресметки, т.е. што, како и кога и за кого ќе произведува. (затоа е и важен неговиот аргумент и за анархо-комунизмот/социјализмот!)

Сепак, проблемот со мотивацијата исто така игра(л) голема улога и е особено битно тука да го истакнеме одговорот на социјалистите (особено, тоа што не нарекуваат нас пазарни фундаменталисти!). Најпрвин, да го видиме долго исмејуваниот став на Троцки дека “во комунизмот, обичниот човек ќе се издигне до височините на Аристотел, Гете и Маркс”[80]. Новиот Социјалистички човек нема да биде алчен, злобен индивидуалист кој ќе си гледа само за соптвениот газ-тој ќе биде просветлен, грижлив поединец кој ќе живее за заедницата и заедницата ќе живее за него (нормално, ако не сака-Голи Оток!). Многу набрзо одкога сите до еден, почнувајќи од Ленин и Букарин, па завршувајќи со Мао Це тунг и Че Гевара се обиделе да ги заменат “економските” мотивации со “морални” сватиле дека Новиот Социјалистички Човек не се раѓа ин витро. Едноставно човекот не е робот кој ќе реагира според претходно утврдениот план на Комитетите на Мара. Другото е историја. Чим граѓаните не сакаат доброволно да се поклонат пред новиот Социјалистички Бог-Државата, тогаш Социјалистичкиот Бог (се разбира, воден од “науката”) ќе се погрижи за ова. Повторно, неуспешно, на што Ротбард ќе забележи дека ваквата бесмртна индивидуалност на луѓето е “тестамент за духот на слободата кој неможе да биде истребен”. Но, да се вратиме на дебата за економската пресметка.

21.5. Уникатноста на Мизес се состоела во тоа што докажал дека во социјализмот, каде што нема да постои пазар, особено за капитални добра и земја/имот, “планот” на социјалистите ќе биде тотално арбитрарен и хаотичен. Со други зборови, планерите во социјализмот не можат да планираат, бидејќи нема да ги имаат на располагање пазарните цени, објективизираните субјективни преференции на граѓаните, кои ќе им сигнализираат кои алтернативи им стојат на располагање и кои се желбите на граѓаните, т.е.како најефикасно да ги алоцираат своите ресурси во согласност со потребите на граѓаните.

Набргу, по текстот на Мизес, немарксистичките социјалисти кои тотално ја напуштија идејата на Маркс да ги користат Зинговите бончиња како платежно средство, понудија своја критика на Мизес. Имено, Ланге, Тејлор, Дикинсон и Лернер (патем, сите до еден сметале дека мора да постои барем пазар за потрошувачки добра или пак некој друг вид на пазар!), сметале дека “социјалистичките планери можат лесно да го решат пресметковниот проблем со тоа што ќе наредат на различните менаџери да фиксираат сметководствени цени”. Потоа, исто како и на пазарот, преку “обиди и грешки”, согласно вишокот и кусокот, ќе ги кординираат цените на производите. И тука се раѓа митот на дебата на социјалистичката економска пресметка, кој Ротбард го изложува вака:

Мизес во 1920 му сторил извонредна услуга на социјализмот преку истакнувањето на проблемот на економската пресметка, проблем за кој социјалистите не беа баш свесни. Потоа, Парето и неговиот Италијански ученик, Енрико Бароне покажале дека обвинувањата на Мизес, дека социјалистичката пресметка е невозможна, биле погрешни, бидејќи бројот на понуда, побарувачка и ценовни равенки постојат во социјализмот исто како и во капитализмот. Во тој момент, Хајек и Лајонел Робинс, ја напуштиле екстремната позиција на Мизес, и се обиделе да се ослонат на нивната секундарна одбрана линија: дека, додека пресметковниот проблем може да биде решен теоретски, во практика тоа би било премногу тешко. Потоа, Хајек и Робинс се свртеле кон практичниот проблем, или кон степенот на ефикасност што е драстична разлика. Но, сега, за среќа, дојде денот кога е спасен социјализмот, бидејќи Тејлро-Ланге-Лернер покажаа, преку нивните утописки идеи за непарични или безценовен социјализам или преку пресметката согласно трудовата теорија на вредност, дека социјалистичките планери можат да ги решат овие досадни равенки, едноставно преку стариот добар капиталистички метод на “обид и грешки”.

21. 6. Сепак, наивноста на Ланге и компанија и за нивната пирова “победа”, беше евидентна веќе во 1940. Заблудата на Ланге, Лернер и Тејлор потекнува од Валрасовиот модел на генерален еквилибриум. Што значи ова? Ова значи дека “решението” на Ланге и компанија се основа на претпоставката дека “економијата е секогаш во статичен генерален еквилибриум, безгрешен свет во кој сите информации-вкусови и вредносни преференции, алтернативни технологии, и достапни ресурси-се познати за секого, и каде што трошоците се веќе познати и секогаш еднакви со цените. Дополнително, Валразовиот свет е оној со “совршена конкуренција”, каде што цените се дадени на менаџерите”. Апсурдот да биде поголем, “Тејлор и Ланге нагласувале дека социјалистичките планери ќе бидат поефикасни во пресметките него капиталистичкиот пазар, бидејќи планерите во социјализмот можат да осигураат совршена конкуренција“.

Каде се Ланге и Бароне[81] згрешиле:

- Апсурдно верување дека насилниот владин монопол може да се однесува како да сме во свет на “совршена конкуренција”.

- Моделот на Ланге е оној познат модел кој го користат економистите-моделот на генерал еквилибриум (нешто како филмот Еквилибриум), свет каде што се се знае однапред и не постои простор за водечката сила на претприемачот. Но, вистинскиот свет не е статичен каде се се знае однапред, тука сосема обратно. Свет каде што постои системска несигурност, константнии промени, менување на вксуовите на луѓето, техниките, итн. Токму поради оваа несигурност, капиталистичкиот преприемач, кој го ризикува својот капитал и ресурси со цел да постигне профит и да избегне загуба е основниот агент во економските системи, улога која не е возможно да се преслика во светот на генералниот еквилибриум. Патем, во светот на г.е. не постои пресметковен проблем, бидејќи нема потреба за пресметка. Бароне “докажал” тоа што е општо познато. Проблемот е со реалниот, материјалниот свет.

- Хајек нагласи дека е тотална збунетост и лудост да се смета генералниот еквилибриум како единствена легитимна “теорија”, со сите други проблеми тргнати на страна како обични проблеми кои зависат од момент на практичноста и степенот на калкулации. Ниту една економска теорија не вреди ниту за пред маало ако ја избрише улогата на претприемачот во светот на константни промени. Парето-Бароне-Ланге, “равенките” не е само одлична теорија која се соочува со проблеми во практиката кои ќе се решаваат преку процес на “обиди и грешки”-туку за воопшто теоријата да биде барем “добра”, таа мора да даде објаснувања и решенија на вистински постоечкиот свет.

- Следна огромна дупка во пристапот на обиди и грешки на Ланге и Тејлор е во тоа што се фокусира на цените на потрошувачки добра. Точно е тоа дека, продавачите, имајќи одредена количина на добра, можат да го чистат пазарот преку зголемување или намалување на цените. Но, како што Мизес истакна уште во неговиот прв текст каде што го изложува проблемот на економската пресметка во социјализмот, потрошувачките добра не се реалниот проблем. “Пазарните социјалисти” (пазете од каде до каде стигна работата…од тоа дека не е потребен пазар во социјализмот, до пазарен социјализам!) никако да сватат што Мизес истакнуваше уште од самиот почеток. Вистинскиот проблем лежи во интермедирајните пазари за земја и капитални добра. Во интермедијарните пазари постојат огромен број на разни пазари каде што Државниот монопол е истовремено купувач и продавач за секоја трансакција, и овие интра-монополи, интра-државни транскации ги убиваат највиталните пазари на сите напредни економии-комплексниот свет на капиталните пазари. И точно тука е точката каде што пресметковниот хаос неизбежно ќе замавне, и не постои начин за рационалност да го реши огромниот проблем на одлуки за алокација на цените и факторите на производство во структурата на капитални добра.

- Мара, со својот последен аргумент ја уфрла и својата претпоследна небулоза тврдејќи дека главната критика на социјализмот дошла од Ланге (патем, Советскиот марксизам-кога стана од државен капитализам, во советски марксизам не е јасно, но добро-бил доволно силен да ги игнорира Мизес и компанија-Точно! Затоа се случи тоа што се случи). Целиот труд на Ланге за пресметката во социјализмот е инспириран од Хајек и Мизес, односно е контра-реплика на нивните аргументи.

- Иронијата да биде поголема, Мизес го уништил аргументот на Ланге во својот magnum opus Human Action. Накратко, методот на “обиди и грешки” функционира само во капиталистичкиот пазар. На слободниот пазар постојат претприемачи кои се силно мотивирани да прават профити и да избегнуваат загуби и методот на Ланге е далеку од апликативен во социјализмот каде сите ресурси се контролирани од еден ентитет, владата (да не заборавиме, Мара, “анархистот”, никаде не спомнува дека во неговото решение ќе изостанува владата, туку напротив, се повикува на нејзината нелегитимност и присилност во секој негов аргумент-исто како и неговиот гуру, Кокшот!).

- Мизес, не застанува тука. Тој ја разорува целата интелектуална основа на моделот на Ланге-Валразовиот модел на генерален еквилибриум. Главната грешка на “пазарните социјалисти”, вели Мизес, е дека тие го гледаат економскиот проблем од аспект на менаџер на поединечно претпријатие кој се обидува да направи профит и да избегне загуба, но, во една ригидна рамка на веќе дадени, надворешни алокации на капитал на секоја индустриска гранка и всушност и на самата фирма. Со други зборови, менаџерот во “пазарниот социјализам” е склон, не на вистинските движечки сили на капиталистичкиот пазар, туку на релативно економски незначајниот менаџер на корпорацијата во капитализмот.

- Според Мизес, “кардиналната грешка на предлогот на пазарните социјалисти е во тоа што тие го гледаат економскиот проблем од перспектива на потчинет службеник чиј интелектуален хоризонт не се простира ни малку над веќе подредените задачи. Структурата на индустриското производство и алокацијата на капитал на разни гранки и производствени агрегати ја сметаат за ригидна и не го земаат предвид моментот на промена на оваа структура со цел да ја усогласат со променетите услови…Тие неуспеаа да сфатат дека дејствијата на корпоративните менаџери се состои во егзекуција на задачите кои им се наредени од нивните шефови, акционерите…Операциите на менаџерите, нивните купување и продавања, се само мал сегмент од вкупните пазарни операции. Пазарот на капиталистичкото општество истотака ги обавува оние функции кои ги алоцираат капиталните добра на разните индустриски гранки. Претприемачите и капиталистите креираат корпорации и други фирми, ги зголемуваат или намалуваат големините на претпријатијата, ги укинуваат или соединуваат со други; тие купуваат и продаваат акции и обврзници на веќе постоечки и новосоздадени корпорации; на кратко, тие ги обавуваат сите оние дејствија чија вкупност се нарекува пазар на капитал и пари. Токму овие финансиски транскации на промотерите и шпеклуаторите се оние дејствија кои го насочуваат производството во оние канали кои најефикасно ги задоволуваат најитните потреби на потрошувачите.

- Главниот проблем на моделот на Ланге е неговата тотална конфузија на капиталистичкиот претприемач со капиталистичкиот менаџер.Основното прашање е алокацијата на капитал до фирмите и индустриите. Оваа улога е улогата на претприемачот, не на менаџерот на Ланге. Мизес триуфмално заклучува дека ниту еден економист кој ја застапувал теоријата на пазарен социјализам не ја разбрал преприемачката функција во слободниот пазар.

- Моделот на “обиди и грешки” е погрешен и дури апсурден. “Човек не може да си игра шпекулатор и инвеститор. Шпекулаторите и инвесторите го ризикуваат своето сопствено богатство, својата сопствена судбина. Овој факт ги прави одговорни кон потрошувачот, ултимативниот шеф во капиталистичкото општество. Ако се ослободат од оваа обврска, се губи нивната суштинска смисла.” Самиот Мизес кога го прашале што е разликата помеѓу социјалистичко и капиталистичко општество рекол: клучната разлика е во тоа дали постои пазар на хартии од вредност, односно кој решава за алокацијата на капиталот и имотот.

- Поради вербата на Валразијанците дека капиталот е хомоген и временската преференција нема улога, тие сметаат дека прашањето е само како да се зголеми вкупниот капитал. Што вика на ваквата заблуда, проф. Џорџ Халм: “бидејќи капиталот повеќе не е поседуван од поединци, туку од општеството, не може да се одреди каматната стапка на капиталот. Ценовниот механизам е возможен секогаш кога се судруваат побарувачката и понудата на пазарот…Во социјалистичка економија…не може да постои побарувачка и понуда кога уште на почетокот капиталот е во сопственост на оној кој ќе го користи, во овој случај социјалистичкиот централен орган. Може да се аргументира дека каматната стапка треба да биде одредена од централниот орган. Но, ова несомнено е невозможно. Централниот орган нема никогаш да знае колку редок бил капиталот. Бидејќи реткоста на капиталот секогаш мора да биде поврзана со нивната побарувачка, чие флуктуирање потикнува варијации во вредноста на одреденото добро…Ако се аргументира дека ќе биде воспоставена цена за потрошувачките добра и дека следствено интензитетот на побарувачката и вредноста на капиталот ќе се одредува, ова би покажало уште една сериозна грешка…Побарувачката на средствата за производство, труд и капитал, е само индиректна.” Капиталот е хетероген (различен) и следствено во социјалистичката економија не постои начин за споредба помеѓу две капитални добра.

- Тука со огромно задоволство може да се цитира пророштвото на Мизес, кој одкога изјавил дека “рационално производство е тотално невозможно кога ќе се укине концептот на слободно утврдени монетарни цени за добрата од повисок редослед” [капитални добра:Б.Б] па секој што познава економска историја да може да види дали човекот бил во право за социјализмот: “Човек може да ја предвиди природата на идното социјалистичко општество. Ќе постојат илјадници оперативни фабрики. Многу малку од нив ќе произведуваат роба спремна за употреба; во повеќето слуачи тоа што ќе биде произведено ќе бидат недовршени добра и производствени добра. Сите овие проблеми ќе бидат повразани меѓу себе. Секое добро ќе поминува низ голем број на фази пред да биде подготвено за употреба. И покрај вечните маки и рмбања во овој процес, сепак, администрацијата нема да поседува ниту еден метод со кој би го тестирал својот исход. Никогаш нема да бидат способни да одредат дали одредено добро не било чувано вештачки за долг временски период во неопходниот производствен процес, или пак дали работата и материјалите не биле залудно потрошени во нивното производство. Како ќе одреди дали овој или оној метод на производство е по профитабилен? Во најдобар случај, ќе бидат способни само да го споредат квалитетот со квантитеот на потрошувачките произведени крајни добра, но во минимален број случаи ќе бидат во позиција да ги споредат трошоците кои се обавиле во производството.

- Главната критика на Мизес која ниту Ланге, ниту денеска Кокшот, а уште помалку па Мара (а кој е најгласен во навредите на Мизес!) не можат да ја сфатат е во тоа што Мизес докажал дека субјективните вредности на потрошувачите и работниците се чисто ординални, и на ниту еден начин не можат да се измерат. Но, пазарните цени се кардинални и мерливи во пари, со што пазарните цени ги внесуваат добрата и услугите во кардинална компарабилност и лесно спроведлива пресметка. Социјализмот, кој го укинува пазарот, барем во капитални добра и имоти, не е способен да калкулира и споредува добра и услуги. Секоја рационална пресметка на производствените ресурси во социјализмот е невозможна! Тригве Хоф го искоментирува ова на следниов начин: “Не само што стои фактот дека равенките кои ќе треба да ги решава централниот орган се од сосема друга природа од оние кои ги прават приватните поединци, приватните поединци нив ги решаваат автоматски, што Др.Ланге мора да признае дека овие другиве [централниот орган:Б.Б] не ги решаваат автоматски”. Не ни можат да ги решат, како што заклучил и Бароне!

- Треба да се наведе дека Полскиот економист Ланге, по наводниот триумф во дебатата, набргу станал претседател на Економскиот Совет на Социјалистичка Полска. И ниту еднаш неговиот модел не бил спроведен во пракса, ниту во Полска ниту во ниту една друга социјалистичка држава. Повеќето го прифатиле Сталинистичкиот модел на командна-економија. Патем, самиот Ланге, се залагал за Сталинистичкиот модел, а не за неговиот “победнички” пазарен социјализам, сметајќи го како историска неопходност. Ротбард ни изложува како всушност Ланге, пред својата смрт истакнал дека целиот неговиот модел (пазете, Ланге го победува аргументот на Мизес со тоа што тврди дека социјализмот ќе има пазар?) на пазарен социјализам е обична измама-не со овие зборови-но, кога увидол дека “равенките” можат да се решаваат компјутерски и економијата да биде управувана во Сталинистички стил, целосно го отфрлил неговиот модел како непотребен. Приметете ја само разликата на аргументите на Мизес против социјализмот, аргументите на Ланге кои се контра-аргументи на нешто сосема трето од она што го кажува Мизес, за на крај прифатеното решение на Ланге да нема никаква врска со неговиот модел.

- Во “Human Action”, Мизес не може да не се воздржи да изјави “тие [социјалистичките економисти:Б.Б] повеќе не тврдат дека социјализмот е посупериорен од капитализмот, со самото тоа што го отсрануваат пзарот, пазарните цени и конкуренцијата [што беше суштината на социјализмот кога Мизес го нападна во 1920г.:Б.Б]. Напротив. Тие сега гордо го оправдуваат социјализмот преку нагласувањето дека е возможно да се зачуваат овие институции [пазарот, пазарните цени] дури и во социјализмот. Тие создаваат социјалистички модели во кои постои конкуренција и цени. Дури сега тие признаваат [имплицитно] дека централното планирање е апсурдно и неговата реализација ќе резултира во хаотичен неред”.

Одкога социјалистите целосно ја промашија темата и понудија одговор на нешто што Мизес не ни го побиваше, т.е.ефикасност во решавање “равенки”[82] (запомнете, самиот Мизес во своите аргументи претпоставуваше дека социјалистичките планери и менаџери ќе поседуваат знаење за огромен број информации за потребите на своите граѓани) и одкога секој нивен обид за социјалистички калкулации се движеше од апсурд до тотален хаос, тие понудија еден последен очаен аргумент кој и тој Ротбард го побие уште пред да беше измислен. Аргументот е следниот: Социјализмот постоеше долги години, нели? Чим постоеше значи не е невозможен. Нормално, конфузните комунисти од стилот на Мара не знаат што да тврдат. Од една страна социјализмот постоел и издржал повеќе од пола век, а од друга страна (нормално, одкога се распадна СФРЈ и СССР) социјализмот не постоел.

Што вели Ротбард за аргументот дека социјализмот “опстојал толку години”? Па, воглавно истиот аргумент кои во средината на овој труд го изложивме. Дека планерите на социјалистичките држави, колу и да користеле брутални мерки, не успевале да го воведат социјализмот до крај (која и да е варијанта). Познато е дека црниот, сивиот и каков уште не, неконтролиран од социјалистите, пазар бил на широко распространет. Постоело трговија со валути, преприемаштво, итн.

Второ, социјализмот опстојал колку што опстојал поради тоа што бил “остров” опколен со пазарни економии (помалку или повеќе слободни!). И пак, Мизес предвидел точно.

Луѓето не сваќаат дека овие [социјалистичките држави:Б.Б] не беа изолирани општествени системи. Тие функционираа во средина во која ценовниот механизам сеуште функционираше. Тие [социјалистичките планери:Б.Б] можеа да вршат економски пресметки врз основа на воспоставените цени од странство. Без помошта на овие цени, нивните дејствија ќе беа целосно бесцелни и безплански. Само бидејќи тие беа способни да ги консултираат овие странски цени тие беа способни да вршат пресметки, да “keep books”, и да се подготват за нивните многу зборувани планови[83]

вели Мизес. Тезата на Мизес ја потврдил кој друг ако не самите полски економисти на чело со Ланге. Кога економскиот историчар Питер Вајлс ги прашал економистите кој ги креирале плановите во Полска на кој начин ја вршат економската пресметка, тие му одговориле дека имаат “привремена помош” од капиталистичките соседи. Потоа, Валјс го вели следново:

Што всушност се случуваше е тоа што “светските цени”, т.е. капиталистичките светски цени, се користат во сите размени во советскиот блок. Тие (капиталистичките цени) се префрлуваат во рубљи…и така влегуваат во билатералните пресметки.

И трето, да го искористиме ставот на Мара. Самиот Мара тврди дека со Лениновата НЕП беше воведен државен капитализам. Но, тогаш излегува друга слика на виделина. “Многугодишното опстојување на социјализмот” бил всушност само неколку години. Пазарниот социјализам бил само високо подигнато бело знаменце во знак на предавање.

21.7. Интересно е да се прочита заклучокот на Ротбард во неговата анализа на можеби најголемата економска дебата во поновата историја. Одкога ни покажува како Ланге цинично се посмевал со Мизес и неговата “заслуга за социјализмот” и како Ланге велел дека треба да се изгради споменик на Мизес во “големиот хол на Централно Планирачкиот Одбор на социјалистичката држава”, Rothbard враќа во ист стил (само што тој на своја страна ја има и теоријата и практиката).

Ланге, во текот на неговиот перид кога бил социјалистички планер во Полска, никогаш не успеа да подигне споменик на Мизес во Варшава. Можеби социјалистичкото планирање не било доволно успешно за да се поздрави Мизес со таква чест-или пак, можеби немало доволно ресурси ни за да се подигне споменик…Дали ќе, или нема идните слободни општества на Источна Европа да изберат да подигнат споменик на Лудвиг фон Мизес, како пророк на нивното ослободување, една работа останува сигурна: тешко дека во Краков или Варшава ќе се подигне споменик на Оскар Ланге.[84]

Сега одкога покажавме дека социјалстичката пресметка е решена во корист на Мизес и Австро-економистите (Хајек малку ја дефокусира целата дебата, со што помогнал Ланге да го “заборави” аргументот на Мизес и да се концентрира целосно на Хајек и можноста на централниот орган да решава равенки!), дека социјализмот се одржал врз основа на светскиот пазар и сопствените црни пазар, дека “растот” на социјалитичките држави бил лажен а во мера во која бил точен се должел на заслугите на пазарот а не плановите (кои патем се основале на светските пазари!), дека кој и аргумент да се земе-дека социјализмот постоел или не постоел-е сеедно…можеме да се позабавуваме малку со предлогот на Кокшот кој Мара го величи како “даровит марксистички економист” (не сфаќајќи дека епитетот на Мара е контрадикција во термини-или си даровит економист или си марксистички економист-едното со другото не е компатибилно). Досега не го разгледавме марксистичкиот предлог за пресмекта врз основа на трудови единици (работно време). Иако, со побивањето на Трудовата теорија на вредност и воопшто на Марксовата економија ние го одговоривме ова прашање, сепак да го побиеме и имплицитно. На моменти ќе се осврнеме и на Драчевиот есеј, “сламката” за која Мара се фаќа.

Пред да се осврнеме на тој дел, уште едно кратко прашање за Мара: ако монополизирањето на средствата за производство во едно претпријатие (комунистичко општество со планери и менаџери) е толку ефикасна работа, зошто тогаш најбогатата капиталистичка корпорација не ги одкупи сите производствени иднустрии и не планира ефикасно-и така немора да се грижи за создавање нови пазарни структури кога има веќе има постоечки (кои, патем, немаат потреба од централни органи или пак “јавна” регулација!)? Нели, алчните капиталисти не ги интересира ништо друго туку профит? Одговорот, кој патем е дополнителна критика на социјализмот како слеп планер кој е осуден на неуспех, може да се најде во десеттото поглавје од Man, Economy and State на Ротбард. На кратко:како што постои економија на обем, постои и дисекономија на обем. Со други зборови, големината понекогаш вродува со неефикасност.

21.5.Дел од Драчевиот есеј (кој плаче за посебна критика!) Мара го додава како забелешка следново: “Не е можно “вреднување на различните стоки од страна на потрошувачите” како ни »вреднување на производните техники затоа што во социјализмот НЕ ПОСТОИ РАЗМЕНСКА ВРЕДНОСТ….Заради поопштествувањето на средствата за производство нема потреба од изнесување на производите на пазар, односно нема потреба од приватна размена. Не постои ,,понуда‘‘ и ,,побарувачка‘‘, кои влијаат на формирањето на ,,цената‘‘ на ,,стоката‘‘, односно на ,,продажната цена‘”.

За нашиот контекст, економската пресметка во социјалистичко општество, треба да се истакне дека Мара се ослонува на трудовите на Кокшот и Катрел[85]. Иронијата е што Кокшот и Катрел не се сложуваат со Мара дека во социјалистичкото општество ќе нема пазар-во системот на Кокшот и Катрел изнесен, меѓудругото, во “Toward a New Socialism”, постои потрошувачки пазар, т.е.пазар на потрошувачки добра[86]! Јасно им е на Кокшот и Катрел (а јасно им е бидејќи е очигледно дека добро ги простудирале аргументите на Мизес и Хајек од што може да се заклучи дека, макар несвесно, се негираат кога велат “советскиот марксизам ги игнорираше тогаш [грешка!; советскиот марксизам (?) беше обземен со нивните аргументи што произлегува и од цитатите што ги наведов од Букарин] и одговорот на Западот дојде воглавно…од Ланге и Дикинсен [како што покажавме накратко, ниту ова е точно, особено што Дикинсон сметал дека секое општество мора да се ослони на пазар за рационално да пресметува:Б.Б!])[87]дека имаат проблеми со “чисто комунистичка” пресмектка во трудови вредности.

Затоа тие “се обидуваат да внесат побарувачка во нивната шема преку прибегнувањето кон она што тие го нарекуваат еден вид немонетарен пазар (“market of sorts”)”. Со воведувањето на Зингови бончиња кои чиј “курс” ќе биде работното време кое работникот го потрошил за создавање одредена употребна вредност, работниците “ќе можат да купуваат потрошувачки добра” (стр. 24-25). Поинтересниот момент, бидејќи Мара не планира да се отргне од Марксовите дела (чиј патем обоени со магијата на дијалектиката можат да значат се и ништо. Зависно од потребите. Белото и црното раѓаат црно-бело, кое не е ниту црно ниту бело и обратно. Па, види сега ти дали може Мара да греши некогаш), е што според Кокшот и Котрел (и Маркс) сметаат дека, произлегувајќи од разменската вредност на добрата, се создава разменски однос што во суштина е пазар! Да нагласиме значи: Мара или не е свесен за делата на Кокшот и Катрел или намерно, со својот препознатлив “научен” стил, ги бира само работите кои му одговараат. А, дополнително, Кокшот и Катрел немаат никаква врска со анархистите (повторно, простете што волку често се повикувам на “анархизмот” со цел да го критикувам “анархизмот” на Мара-но, и тоа како е битно да се покаже дека Марксизмот нема никаква реална, т.е. материјална врска со анархизмот!). Видете ја само оваа нивна изјава:

Ако нето заштедите паднат под предвиденото ниво, тогаш Токен [Зинговите бончиња:Б.Б] потрошувачката ќе го надмине пре-детерминираното ниво на потрошувачка. Во тој случај, планерите можат да реагираат преку подигнување на даноците… (стр. 106)

21.6. Не само што нема ништо анархистичко во нивните ставови туку и наеднаш, Атинската демократија на Мара, во која сите, преку компјутери ќе одлучуваат за планот, паѓа во вода. Уште повеќе што, “за научните работи нема демократски форум” не подучува Мара што рекол Енгелс. “Нема потреба социјалистичката заедница да отвара демократска дебата за прашањата за животната средина и користењето на ресурсите”, бидејќи тоа прашање го решаваат научници во корист на социјалистичката заедница. И во многу прашања јавноста треба да го отфрла капиталистичкиот манир на решавање на проблемите со “максимизацијата на профитот”, односно со минимизацијата на трошковите.”

Да не зборуваме дека ставов покажува тотално непознавање на концептот трошок (кој е меѓудругото и пропуштена алтернатива и е вечна категорија…ако моментално пишувам контра-аргумент на Мара неможам да гледам цртани!), но човек треба да се запраша за што ќе одлучуваат граѓаните? Кога самиот план и процесот на планирање е “наука” (од книгата на Кокшот и Котрел може да се увериме дека е барем “нешто” што тешко дека ќе може било кој да го разбере!) тогаш “нема демократски форум” за планот. Но, бидејќи самиот план одредува буквално се во “планираното општество” легитимно е прашањето, за што ќе одлучуваат граѓаните? И што кога некој (или пак поголемиот број луѓе) не се согласуваат со планот-нема дебата? Ах, да, заборавив. Во комунизмот сите ќе се издигнеме до височините на еден Гете, Маркс и Аристотел така да чим сите сме Маркс, а Маркс е научник, тогаш нормално дека ќе учествуваме сите ние во “научните” работи.

Јасно треба да му биде на секој дека или социјалистичкото општество (под претпоставка дека планот под раководство на Кокшот и Котрел и прифаќање на социјалистичкото општество, на почеток барем, од сите членови) ќе биде “научно” организирано од страна на “тоталитаристички научници” или пак ќе биде демократски план воден од субјективистичките преференции (нема бегање од Мизес!) на поединците што ќе нема никаква врска со “научното” организирање. Можеме, во стилот на Маркс, да го предвидиме водечкиот слоган во општеството на Мара: Смрт за планските експлоататори! Или со забавните зборови на Len Brewster “Смрт за планерската Класа. Потрошувачите [во моделот на Кокшот и Котрел постои потрошувачки пазар: Б.Б] немаат ништо да загубат, освен нивниот план. А ќе ја добијат назад својата слобода”.

21.7. На ваквите обвинувања дека неможе да постои социјализам без пазар (каков и да е!), на што и се должи главната критика, Кокшот и Котрел веќе имаат одговорено во своето дело “Notes for a critique of Brewster”. Тука нема да го истакнам нивниот одговор, само, во контекст на аргументите на Мара, ќе спомнам дека Кокшот и Котрел не ги негираат обвинувањата. Освен тоа што, на прв поглед барем на мене, ми изгледа како да не ги сфатиле аргументите на Brewster, тие враќаат со 10 страници повторно објаснување како социјализмот може да пресметува, нудејќи математички вектори, равенки и што уште не. За Мара можеби ова изгледа како наука (патем, и во економските учебници едноставни закони како законот за маргинална корисност се опишуваат со равенки и користење математики, но законот е едноставно јасен и може да се изложи преку вербална логика во една реченица!).

21.8. Патем самото пренесување на математичкиот метод во економската наука е уште една небулоза од природните науки копирани во науките кои го истражуваат човекот, разумно суштество со слободна волја! Но, што е проблемот со математичкиот метод имплементиран при истражувањето на човековите дејствија? Меѓудргуото, математичките равенки имплицираат постоење на квантитети кои можат да бидат израмнети и измерени, се разбира, во сооднос со некоја трета ствар како мерна единица (звучи познато нели?). Понатаму, математичките релации се функционални-варијаблите се во меѓусебна зависност и идентификувањето на каузалната варијабла зависи од тоа која варијабла се смета за дадена а која променлива (се разбира, во системот на Мара и Кокшот ова зависи од арбитрарната волја на планерите). Овој метод е соодветен во физиката, каде што ентитетите кои се истражуваат не ги одредуваат причините за своите дејствија (некако се станува јасно зошто Мара и марксистите го преферираат “научниот” метод, нели?)туку тие се одредуваат од квантитативните закони на нивната природа и природата која ги опкружува. Но, во човековото дејствување, слободната волја, изборот кој потекнува од разумната свест е причината на човековото дејствување и оваа причина генерира одредени последици.

21.9. За Зинговите бончиња: За да ја олесниме критиката на аргументот на Мара, ќе ги земеме сите претпоставки што можат да одат во негова корист и ќе се осврнеме само на економскиот момент. Значи, да речеме дека сите луѓе се сложуваат со комунистичкото општество, дека никој не е егоистичен како во слободниот пазар, дека сите се сложуваат и учествуваат во создавањето на планот и во исполнувањето на своите задачи, итн. Да речеме дека јас работам 1 саат секој ден и добивам бонче на кој пишува 1 саат сработен време. Сите добра произведени во утопијата на Мара се вреднувани со трудови ваучери сразмерно на трудот потребен за да се направат. ОК. Јас “заработувам” 10 бончиња, бидејќи седам на работа 10 саати. Но, не сработувам скоро ништо. Како тогаш ќе го купам производот кој вреди онолку саати колку што сум работел, а јас не сум создал ништо за тие саати? Ќе го купам она што не постои? Јасно е дека воглавно трудот се разликува во квалитет, а не во квантитет (ако се искористи “општествено неопходното време” тогаш како што покажавме се враќаме повторно на пазарот и се напушта трудовата теорија на вредност!). И како во овој систем би се почитувала Марксовата “секој според можностите, на секој според потребите”[88]. Во систем каде што морам да работам одредени саати за да можат да земам од општеството она што му го давам (колку смешно звучи ова али ајде!) нема смисла од таков слоган! [Мора да се обрне внимание и на “анархистичкиот” став на Мара дека трудовата вредност треба да биде оданочена за јавна потрошувачка. Многу анархистички став кој промовира оданочување-ако под оданочување Мара подразбира Новите Комунистички Супер Луѓе доброволно да се откажуваат од дел од заработени трудови бончиња, тогаш е ОК и нема потреба за никакво оданочување. Но, ако луѓето не се сложуваат со тоа да бидат оданочени, односно насилно да им се одземе дел од сработените Зингови трудови бончиња, тогаш експлоатацијата останува! Дури се поставува прашањето и зошто, ако сопственоста се поопштествува, и граѓаните станат сопственици и на планот и на производството, има потреба од јавна потрошувачка-кој ја троши “јавната потрошувачка” а кој онаа планската? Зарем, не е целиот план јавна потрошувачка и граѓанската комунистичка потрошувачка не е иста со јавната? И зарем има место во комунистичкото општество за “буржоаски” концепт? Мара, продолжува со тоа што не убедува дека јавната потрошувачка ќе биде определена демократски, со директно електронско гласање на граѓаните. Но, како што видовме горе-за Мара нема место за граѓаните и за граѓански дебати кога се решава за прашања кој ја засегаат животната средина и науката, т.е. се!-тоа право и обврска е дадена на комунистичките “научници”. Последното прашање е: која е улогата на Парламентот-нели имавме директна демократија, одкаде излезе пак “буржоаската” претставничка демократија-ако сите сме членови на Парлементот тогаш не важи овој коментар-за кој Мара така револуционерно ни објаснува дека ќе го “избира комитетот за монетарна политика”? И колку интересно само би било да имаме членови во Комитетот кој ќе се избираат по случаен избор. Замислете еден рудар, еден уметник, еден компјутерџија и еден писател како имаат удел во монетарната политика! Тотална апсурдија!]

Друг проблем кој веднаш се јавува со Зинговите бончиња: Да речеме потребно е 1 саат за правење кавијар и 1 саат за правење тост. Јас, во џебот поседувам трудова белешка на која пишува дека сум работел 1 саат. Одам каде и да треба да одам (затоа и Кокшот и Катрел воспоставуваат потрошувачки пазар) и пред мене стојат двата производи-кавијар, “цена” 1 саат, тост, “цена”1 саат. Што мислите кој ќе го избере тостот? Не е тешко да се предвиди дека набргу во општеството на Мара ќе имаме кусоци каде што има голема побарувачка, и вишоци таму каде што побарувачката не е голема. Затоа и Кокшот и Катрел, донекаде го прифаќаат и моделот на Ланге, преку подигање и спуштање на цените, да го чистат потрошувачкиот пазар (кој покажавме дека ваквиот модел е погрешен и не практичен!). И да, Мара. Концептите и економските закони на Австро-економистите се вечни и присустни се додека постои човекот-не се менуваат со ребреднирање на општествениот систем!

Како што споменав и горе, ниту тостот ниту кавијарот не вредат колку што вредат во слободниот пазар, бидејќи било потребно 1 саат за нивно производство, туку кавијарот вреди колку што вреди бидејќи поединците толку го вреднуваат во своите глави. Но, нивната субјективна преференција се објективизира во монетарната цена (и ова не му е јасно на Мара, па во Драчевиот есеј го критикува и се расфрла со вулгарни навреди кон Мизес-таков вообразен иритирачки простаклук досега не сум сретнал кај ниту еден мој врсник) односно цената ја одсликува реалната материјална стварност за која Мара толку многу пишува. Но, реалната материјална стварност, цената, потекнува од субјективните преференции на сите граѓани (т.е. од побарувачката и понудата во дадениот конкретен момент!) и нејзина материјализација е возможна само преку слободното дејстувување на човекот-единствено возможно во слободниот пазар!

Третиот проблем кој се раѓа со користењето на Зинговите бончиња е проблемот кој може да настане со тоа што, да речеме 1 кг редок метал може да добие иста вредност како 1 кг компири, од проста причина што и рударот и земјоделецот работеле по 1 саат за да произведат 1 кг компири и 1кг редок метал. Или пак да речеме, две различни добра со различна големина и квалитет, добијат иста вредност, бидејќи на нив се работело исто време.

Четвртиот проблем, кој му е јасен и на Кокшот и Котрел (се разбира, не и на Мара) е во проблемот на редукција, т.е. како да се аплицираат временските Зингови бончиња на ретки добра или пак на труд на особено надарен работник како научниците, уметниците и сл. Дури и Маркс го увидел овој проблем и го решил со тоа што “поквалитетниот” труд ќе биде редуциран во прост труд, за кој одлучува конкуренцијата. Бом-Баверк укажал дека Маркс во ваков случај се осврнува на пазарот, т.е. побарувачката и понудата со што ја напушта ТТВ, а без ТТВ видовме дека немаме марксизам. Кокшот предлага “придодавање на трудовиот трошок за обучување на личност и поделба со бројот на часови кои ќе се работат во текот на животот”. Се разбира ваквата математика не е тешка и ќе ја “заврши” работата, барем при калкулација. Но, импликациите во реалниот живот се катастрофални. Да речеме јас и С.Кедев сме иста генерација. Двајцата, учиме да бидеме доктори ист број на часови…Не треба да си голем мислител да увидиш дека истиот број на часови обука нема да вроди со истиот плод кај Кедев и кај Мене. Но, во системот на Мара и двајцата ќе “заработуваме” иста количина на Зингови бончиња. Во слободниот пазар лесно се решава овој проблем. Кој подобро ги задоволува потребите на граѓаните, ceteris paribus, тој прави поголем профит. Точка!

Петтиот проблем, е уште поевидентен за секој здраворазумски човек, но не и за Мара. Да речеме јас сум земјоделец и Мара е земјоделец-двајцата сме исто ефикасни, работиме исто време, и двајцата сме исто квалитетни-Мара работи на земјиште во Д.Дупени, а јас на земјиште во Струмичко, кое е многу поплодно и вродува со побогат и повкалитетен плод. Зарем, нема ова да претставува проблем во деноминацијата на работни саатници? Ваквата тврдоглава деноминација во трудови саати, водена од идеолошко марксистичко слепило, ќе вроди со ситуација во која продавниците (што и да се-простор во кој ќе се сместуваат потрошувачките добра и од кој комунистичкиот човек ќе носи трудови белешки и ќе “купува” производи) ќе бидат принудени да ги менуваат трудовите “цени” на производите со ист квалитет, ако тие се произведени во различни села каде што различен број на саати е потребен за производство на ист производ со ист квалитет. Да не зборуваме за тоа дека различните продавници ќе имаат различни цени, па ништо чудно работниците со своите бончиња да треба да патуваат до Струмица само бидејќи таму со многу помалку труд е создаден истиот производ. И можеме да предвидиме што ќе мора Мара и Co. да сторат за да го спречат овој хаос-ограничување на слободата на движење до максимум. Наеднаш, работничкиот рај не е баш толку убав, нели?

Или, пак ќе гласаме и за ова? За ова прашање има простор за дебата или пак и ова претставува прашање од научна природа за која, пазете, Енгелс рекол, дека нема место за дебатирање!? Многу ми интересира како Кокшот и Катрел (на Мара научниците кои ќе го скројат планот во комунистичкото општество) го имаат решено овој проблем-Мара можеби ќе се сецне кога ќе дознае дека нема друг начин, освен тоа последната фаза од производството на добрата, да се одреди на друг начин-имено, преку оставање пазарно да се одреди крајната цена на потрошувачкиот пазар согласно “потрошувачките” (се разбира, Маркс рекол дека нема да има потрошувачи во комунистичкото општество така да ќе оставиме Мара да ги крсти на некој друг начин!) преференции (субјективните преференции-повторно, нема бегање од Мизес!). Сепак, се враќаме на позиција бр.1-критиката на Бом-Баверк. Ваквото решение е обична “измама” бидејќи се напушта трудот како пресметковна единица, а истовремено ваквото решение нема да биде соодветно при одлучувањето на комунистичкото општество во врска со неопходните добра. Патем, да не испадне дека само Австро-економисти го критикуваат марксизмот и неговата (не)способност за пресметка, го предлагам на Мара да прочита било што од проф. Бруцкус кој го прави партал Струмилин-човекот од кој Мара и Кокшот требале да учат!

Претходниве забелешки се однесуваат воглавно на страната на понудата на потрошувачки добра и неопходни добра. Проблемите се мултиплицираат уште повеќе кога станува збор за пресметките на производството и кога се префрлуваме на страната на понудата на капитални добра. Но, мислам дека поентата е јасна. Зинговите бончиња не можат да бидат соодветен критериум за пресметковна единица во едно општество кое сака да постигне хармонични и хуманистички цели. Дополнително, планерот да ти кажува што ќе произведуваш и колку и кога и како е далеку од анархистичките заложби. И за крај, слободниот пазар далеку подобро си ја врши својата работа-прашање е само колку е слободен! Јасно е дека при вреднувањето (кое е неопходно за било каква рационална економска пресметка) играат повеќе фактори улога: трудовите саати и реткоста на ресурсите –на страната на понудата; И субјективните преференции/вреднувања на потребите и опотртунитетниот трошок-на страната на понудата (нормално, сите фактори се испреплетуваат и на двете страни во многу ситуации).
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Социјализмот…останува невозможен и по толку многу години!

Пишување by Rastapunk on Сре Јан 30, 2013 8:06 pm

Интересна критика.
Во целосност се согласувам дека системот на бонови воопшто не е компатибилен со анархистичката филозофија, но во основа тоа е колективистичкиот пристап, а не комунистичкиот пристап.

Сега, јасно е дека објективната вредност е всушност аритметичка средина на субјективните вредности. Но нејасно ми е како тврдиш дека субјективната вредност е неодредлива категорија. Како може да се одреди колку на човештвото му е потребно леб, колку му се потребни гитари и игли за инекции, ако не знаеме на поединечниот корисник колку му се потребни.
Еве, да симплифицираме:
„Ако во светот има само тројца болничари и има илјада пациенти, а сите треба да примат инекција, јасно е дека ќе се потребни илјада игли. Земајќи ја предвид ефикасноста на секој од болничарите, тие илјада игли соодветно ќе се распределат помеѓу секој од нив и колку повеќе игли ќе добие еден поединечен доктор, толку повеќе ќе ја девалвира нивната вредност. Со други зборови, колку е докторот подобар, толку е субјективната употреблива вредност на иглите пониска. Ако, да речеме, во идеален систем понудувачката е токму илјада игли (што значи секој доктор ќе си ги добие потребните игли токму на време и ќе нема осцилација на вредност) следува дека субјективната вредност на иглите ќе биде онаа која конкретниот доктор ќе си ја одреди. Таа сепак ќе биде некоја апстрактна вредност, ама многу брзо може да се спореди со некој друг предмет и со колкава вредност тој предмет го вреднува, т.е. да воспостави сооднос. Еве, имајќи бенд и свирејќи бас, не можам да кажам дека вредноста со која јас го вреднувам басот е еднаква на онаа со која ја вреднувам гитарата и како такво јас ќе речам, јас кога би имал 2 гитари би ги дал за да добијам еден бас. Со тоа, мојата субјективна вредност на басот е двапати поголема од вредноста на гитарата. Истото можам да го сторам со помала, или поголема точност со секој предмет и така да го добијам општиот однос на басот со сите предмети кои ме опкружуваат. Ако еден од тие предмети го земам како единица мерка, веќе имам и конкретна вредност. Другата варијанта е при споредбата со некој сигурен предмет, пример гитарата, јас да утврдам колкава е мојата субјективна вредност во однос на објективната. Пример, имам две гитари и двете се општествено вреднати со 10 000 единици, но јас субјективно сум одредил дека мене лично две гитари ми вредат како еден бас и фактички го вреднувам басот кој се продава со 20 000 единици, а гитарата со 10 000 единици“

Но, останатото помалку или повеќе е добра критика за невозможноста на колективизмот како доминантна економска филозофија.

Многу важно нешто што често го потенцираше е „Ако не се согласуваш, тогаш марш на Голи Оток“ и тоа факт, како што и самиот кажа, не е анархистичка постапка.

Многу просто, анархо-комунистичкото општество е општество каде што ќе постојат вредностите на предметите (кое е тоа општество кое би функционирало без одредба на вредностите?), каде секој ќе може да зема колку му е потребно (ограничено со одреден реален максимум на продукти кој едноставно не може да се надмине во дадената состојба), а ќе продуцира колку што може. Идејата е таа дека субјективната вредност која им ја доделуваме на предметите е всушност моралната водилка која ќе ни наметнува морални огранечувања (но не и фактички - фактичките секако можат да се наметнат само од максималниот број на такви предмети). Во тој систем сите ќе го градат политичкиот живот (не буквално, бидејќи никој нема да биде принудуван да го гради ако не сака) и на тој начин, општествената вредност на продуктите ќе биде секогаш анализирана и пратена од целото општество.

Но исто е многу важно тоа што до такво општество не се стигнува ниту преку ноќ, ниту со наметнување, туку со развој на таква култура.

За крај, основната разлика меѓу твојата критика кон социјалистите од 20ти век и неможноста да се воспостави тој однос меѓу анархо-капиталистите и анархо-комунистите е во тоа што сите вие (тргнувајќи до анархо-капиталистите до марксистите) сте приврзаници за овој систем на вредности и колку и тие левичари да сакаат да се нарекуваат револуционери, тие немаат цел да го менуваат системот и културата, туку преку неговата анализа да ги сменат неговите односи, неговата распределба на добра и средствата за производство.
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот