Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

ВМРО-ДПМНЕ:ТЕСТ ЗА АНАРХИСТИ?

Go down

ВМРО-ДПМНЕ:ТЕСТ ЗА АНАРХИСТИ?

Пишување by р on Саб Фед 05, 2011 3:25 am

Во претходната тема за "Даноци" воочивме дека Државата е неморална и насилна институционализирана банда на поединци кој глумат "владини" претставници на народот. Следствено, нејзината моќ да го пљачка имотот на граѓаните е нешто кое еден Анархист СЕКОГАШ, по дефиниција и принцип, мора да биде против! Од тука произлегува дека секој анархист треба да биде среќен кога БИЛО која влада ќе намали или укине данок, без разлика кој ќе го обере бостанот од таквото укинување (нормално, кој се разбира малку од економија и има малку повеќе разум во својата глава, сваќа дека секое укинување на било кој данок ќе го направи општеството побогато).

ВМРО-ДПМНЕ во 2006 дојде на власт и веднаш направи реформа во даночниот систем-го укина претходно "социјалистичко" прогресивно оданочување кое беше смешка само по себе, неефикасно, сложено, и ги замараше луѓето без потребно да трошат време и енергија; воведе рамен данок; ги намали даноците, поточно стапката и сл. Кој е тестот за анархстите, т.е. вежбата која сакам да ја размислиме сите кои се нарекуваме анархисти без разлика дали сме анархо-капиталисти или анархо-социјалисти? Прашањето е следново:

Како ВМРО-ДПМНЕ проектира две години по ред најголем буџет во историјата на РМ, а воедно и најголем буџетски дефицит (да троши повеќе него што прибрала за 2.нешто %)? Како е возможно Владата да троши највеќе, а истовремено да ги "намали" даноците од кои пак го полни буџетот?

п.с. Малку треба познавање од економија, но доста повеќе е потребна здраво разумска логика да се одговори на прашањето. Темава нема врска со конзерватизам, социјализам и сл. Прашањето е чисто анархистичко и анти-даноци стил (тука анархист не треба да има дилеми и поделби помеѓу десно или лево ориентиран-што пак само по себе е глупост али ајде...тоа за друг пат)...

Во следната тема ќе пишам неколку практични предлози кои може еден Анархист да ги искористи кога станува збор за плаќањето даноци!

Поздрав,

avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВМРО-ДПМНЕ:ТЕСТ ЗА АНАРХИСТИ?

Пишување by Pandonetti on Саб Фед 05, 2011 1:29 pm

"ВМРО-ДПМНЕ во 2006 дојде на власт и веднаш направи реформа во даночниот систем-го укина претходно "социјалистичко" прогресивно оданочување кое беше смешка само по себе, неефикасно, сложено, и ги замараше луѓето без потребно да трошат време и енергија; воведе рамен данок; ги намали даноците, поточно стапката и сл. "

Rothbard, zaboravi na krajot od reklamata da go dodases sloganot na nasata vmro vlada "Ostvaruvame" lol!

Inaku dokolku sakame da go otkrieme odnosot na danocite kon lugjeto i dali sega drzavnata kasa se polni poveke od porano mora da zememe vo predvid mnogu parametri.
Prosto kazano "ramnite danoci" ovozmozuvaat sekoj da plakja isti danocni stapki bez razlika na bogatstvoto koe go poseduva i kolku zarabotuva. Osven imeto "ramni" kaj ovie danoci nema nisto ramno nitu pravicno. Kvalitetot na ziveenje kaj edinkata e sklop na povekje variabli ( plata, prihod, imot itn) rezultatot na kvalitetot na ziveenje kaj covekot se otslikuva vo relaksiranosta od edna strana od ekonomski i egzistencionalni problemi, i visokot na pari koi mu ostanuvaat za da moze da gi investira zadovoluvajki razni potrebi na ziveenjeto. Pa taka onoj sto ima povekje i plakja ista danocna stapka so onojk sto ima pomalku e vo popovolna pozicija od ovoj vtoriov bidejki ovoj prviov e egzistencionalno poobezbeden od prviot. Vo ramniot danok nema nisto pravicno.
Inaku "ramniot danok" ovozmozuva pogolemo polnenje na drzavnata kasa od progresivniot. Vo edno opstestvo brojot na bogati lugje e daleku pomal od brojot na siromasni ili sredno imotni. Ako pobogatite lugje koi se pomalku plakjaat pogolemi danoci od posiromasnite koi se povekje (progresiven danok) toa znaci pomal drzaven prihod od situacija koga site plakjaat isti danocni stapki (ramen danok) ova isto taka znaci deka stapkata na danocite e pomala za bogatite no e povisoka za siromasnite.
"Ramniot danok" e samo eden od nacinite na koj vmro si ja polni svojata drzavna kasa.
Ako primetuvate vo drzavava nema veke nisto besplatno ( site parkinzi se plakjaat, vodata poskape, drzavnata kirija isto i milion drugi primeri) nasekade samo drzavni pretprijatija JP Parking, JP Vodovod JP Butel itn..... Naplakjaat kaj sto ke stignat za se i sesto i toa nimalku evtino. Na primer parking mesto i toa vo poevtinite zoni e 25 denari za cas. Presmetano po 8 rabotni saati toa e 230 denari.
Od danocite, javnite prihodi, taksi i slicni davacki vmro si ja polni kasickata, za posle da moze da pere pari i zema procenti so gradenje spomenici.
Nie kako anarhisti ne treba da imamae simpatii kon bilo koj politicki partii, i smetam deka e neumesno da komentirame temi koi se nasoceni kon pribiranje na politicki poeni za opredeleni partii, osobeno ne na anarhisticki forum kako sto e ovoj.
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВМРО-ДПМНЕ:ТЕСТ ЗА АНАРХИСТИ?

Пишување by р on Саб Фед 05, 2011 8:45 pm

Пандонети...зарем самото прашање кое го поставив, т.е.како ВМРО ги "намалила" даноците а троши највеќе не ти укажа на целта на текстот и на иронијата во делот каде што пишувам за даночната "реформа"? Зарем морам секаде да ставам наводници? Како и да е...

1. Мислам дека доволно добро истакнав дека темата што ја пишувам нема врска со ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО е само партијата која ги направи даночните "реформи" (во врска со претходниот начин на оданочување и како функционираше-тоа не се само МОИ ставови, туку се емпириски ФАКТИ кои ги имаш во секоја студија или учебник или сл кој го истражувал македонскиот даночен систем!). Имам чувство како да ми одговараш како да ги промовирам ВМРО. ОД една страна, тотално погрешно си сватил (иако, одговараш и на прашањето), а од друга страна пак, чим погрешно си сватил значи и јас нешто погрешно сум пишал.
Целта на која ја пишав темава е дека истово се случува со сите конзервативни влади (кој не се ЛИБЕРТАРИЈАНСКИ-јас ако некогаш бидам или направам некоја партија ќе биде ЛИБЕРТАРИЈАНСКА). Наводно фаворитизираат слободен пазар и мала влада (што значи ниски даноци и дерегулација), но во пракса се сосема спротивни-го зголемуваат буџетскиот дефицит, давачкките, регулацијата и сл. Еден од таквите митови е владата на САД во времето на Роналд Реган. И истото го правела како ВМРО сега. Од една страна демек ги намалила даноците, а во практика воведува нови само што ги крстува со друго име (пр. јавни давачки, казни, "се зголемила ефикасноста на УЈП", инфлација, и сл...-тука треба да се има на ум дефиницијата на М.Фридман кој веле дека не е важно колку се високи даноците за да видиш колкав е Левијатанот, туку колку всушност Владата троши!); ја намалува даночната стапка а ја зголемува даночната основа (процентот го намалува на данокот, а зголемува ствари на кој нас не оданочува); и сл. Така да со твојата шега, демек што сум заборавил е ....

2.[quote]"
Prosto kazano "ramnite danoci" ovozmozuvaat sekoj da plakja isti danocni stapki bez razlika na bogatstvoto koe go poseduva i kolku zarabotuva. Osven imeto "ramni" kaj ovie danoci nema nisto ramno nitu pravicno"

Паднонети НИТУ ЕДЕН ДАНОК не е ПРАВИЧЕН, па следствено не би можел да биде "прогресивен" данок поправичен од "рамен"!Праведноста не се воспоставува насилно!
Ако веќе данокот е неморален и насилен, а истовремено неизбежно зло, тогаш единствениот данок кој би го прифатил е еден данок по глава на жител (главарина) кој е доволно низок за секој да може да го плати (освен социјалнните случаи). Таков данок не ни имаме нема ни да имаме.

3."
Pa taka onoj sto ima povekje i plakja ista danocna stapka so onojk sto ima pomalku e vo popovolna pozicija od ovoj vtoriov bidejki ovoj prviov e egzistencionalno poobezbeden od prviot. Vo ramniot danok nema nisto pravicno.
Inaku "ramniot danok" ovozmozuva pogolemo polnenje na drzavnata kasa od progresivniot. Vo edno opstestvo brojot na bogati lugje e daleku pomal od brojot na siromasni ili sredno imotni. Ako pobogatite lugje koi se pomalku plakjaat pogolemi danoci od posiromasnite koi se povekje (progresiven danok) toa znaci pomal drzaven prihod od situacija koga site plakjaat isti danocni stapki (ramen danok) ova isto taka znaci deka stapkata na danocite e pomala za bogatite no e povisoka za siromasnite."
Незнам баш дали тука си во право. Прво, и Х и У плаќаат иста СТАПКА од својата даночна основа што значи дека СТАПКАТА Е еднаква, а не повисока или помала. Висината на данокот е поголем за побогатиот повторно како и кај прогресивниот данок! Разликата е што му остануваат повеќе пари кои ги добил слободно од своите сограѓани бидејќи бил добар задоволувач на нивните потребите!
Дополнително, ако јас правам 100 денари плаќам 10, а ти ако правиш 10 плаќаш денар, мене ми остануваат очигледно 90 а тебе 9. Сепак, поповлната ситуација на личќноста Х не произлегува од даночниот систем (иако даночниот систем може да го ОСАКАТИ и него), туку од неговата способност на пазарот да ги ЗАДОВОЛИ ПОТРЕБИТЕ НА СИТЕ ДРУГИ ГРАЃАНИ! Х е егзистенцијално побезбеден од У бидејќи ние сите слободно сме решиле дека Х толку вреди!

За тоа дека рамниот данок ја полни повеќе Државната каса истотака не е точно само по себе. Ова зависи од повеќе работи, меѓу кои и даночната основа (односно колку даноци постојат!) и "ефикасноста" на даночните управи. И последно, да не одолговлекувам, прогресивниот данок не значи помал данок за посиромашните! Туку само повисок за побогатите!

п.с.Незнам зошто би било праведно Државата да му одземе на сила поголем дел од доходот на богатитот само бидејќи е поуспешен. Ова разонирање е тотално нелогично и неосновано.
Единствено праведно и морално е она што е доброволно. Затоа и единствено ДОБРОВОЛЕН трансфер на побогатите кон посиромашните е праведна и морална акција, а не рекет од насилна институција која потоа ќе ги распореди парите (од кога ќе лапне голем процент во свој џеб!)на оние кои ТАА смета дека ќе биде "праведно" (нормално, под "праведно" читај повеќе гласови!).
Оваа социјал-комунистичка логика доведена до својата логична крајност би значела дека кога некој ќе ве сретне на улица со пиштол и ќе ви одземе 100 денари, би било ПРАВЕДНО: 1. ако личноста која е ограбена има 1000 денари во џеб да и земе 800 денари, а 2. ако личноста У има 200 денари во џеб да и земе 20???????????
Дефинитивно, тогаш би рекле дека крадецот е Морален и Праведен? Чудна логика.

4. "
Ramniot danok" e samo eden od nacinite na koj vmro si ja polni svojata drzavna kasa. "
Убаво си кажуваш тука дека си ја полни СВОЈАТА каса. Незнам зошто ако би била на власт Социјалистичка влада тогаш би ја полнела НАШАТА, а не СВОЈАТА. И незнам како СВОЈАТА би станала НАША ако поуспешните граѓани во државата се поинтензивно и повеќе пљачкани.

5."A
ko primetuvate vo drzavava nema veke nisto besplatno ( site parkinzi se plakjaat, vodata poskape, drzavnata kirija isto i milion drugi primeri) nasekade samo drzavni pretprijatija JP Parking, JP Vodovod JP Butel itn..... Naplakjaat kaj sto ke stignat za se i sesto i toa nimalku evtino."
Прво, апсолутно си во право за дека наплаќаат се и сешто! Но, нема НИШТО БЕСПЛАТНО. Претходно овие работи не беа БЕСПЛАТНИ. Туку беа плаќани преку даноци и долгови кои потоа се транферираа. Не беа бесплатни и тоа е МИТ што незнам зошто неможе луѓето да го сватат. Проблемот е сега што плаќаме ДВА ПАТИ. Прво преку даноци, а потоа и преку дополнителни давачки.
ВМРО ги зголеми старите и воведе многу НОВИ давачки (под давачки подразбираам се што треба да и платиме на Државата), функционираше во 2007 и 2008 со голема инфлација од 10% и сл.

6.
"Nie kako anarhisti ne treba da imamae simpatii kon bilo koj politicki partii, i smetam deka e neumesno da komentirame temi koi se nasoceni kon pribiranje na politicki poeni za opredeleni partii, osobeno ne na anarhisticki forum kako sto e ovoj. "
Најпрвин, зошто не би имале симпатии кон било која политичка партија која ќе користи средства кои ќе одат во насока на анархистичката цел-да нема држава? Со други зборови, која ќе користи средства кои ќе ја намалат моќта на државата? Ако дојде одредена партија која би ги укинала УЈП, би ја намалила Државата до некоја минимална свера, зарем анархистот не би требал да ја подржи или пак барем да има симпатии кон нејзе? Би било глупаво да не подржи нешто што е во согласност со неговата цел.
Да се разбереме не велам дека ВМРО го направи ова. Патем, во текстот велам дека го направи сосема спротивното-слободниот пазар го загуши уште повеќе и е целосно под контрола од централната власт, а дополнително и удри врз граѓанските слободи и права како на пр. слободата на говорот (казнување на земјоделците кои протестираа!).

А дека е неумесно да коментираме теми кои се насочени кон прибирање политички поени...Незнам како го воочи ова. И незнам Зошто анархистите не треба да размислуваат со своја глава за даноците и сл проблеми.

Патем, по твојава логика го промовирам и Велија Рамковски со претходната тема кога пишав дека Велија е тест за анархистите! Што значи ова? Дека сум за ВМРО, а истовремено сум за Велија? Или ако говорам за монетарната политика во времето на Хитлер тоа значи дека собирам поени за социјал-нацистичката партија? Не ме зезај.

п.с. Да имаше либертаријанска партија ЌЕ БЕВ нејзин член. Либертаријанист има огромна разлика од конзервативец. Има некои сличности, но има и сличности со социјалистички партии, ткаа да либертаријанизмот не е ниту конзервативен ниту социјалистички.

Немам никаква врска со конзервативци, и патем сметам дека е тотален апсурд да си конзервативец (преку насилен механизам) али ајде...Незнам зошто се испаничи толку кога ги спомнав ВМРО-ДПМНЕ.
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВМРО-ДПМНЕ:ТЕСТ ЗА АНАРХИСТИ?

Пишување by Pandonetti on Нед Фед 06, 2011 1:21 am

Ne se ispaniciv za VMRO dpmne, naprotiv kombinacijata na bukvi vo nivnoto ime me relaksirase na cuden "zen" nacin. Mi se dopagja i toa sto si go napisal :-)
Pozdrav
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВМРО-ДПМНЕ:ТЕСТ ЗА АНАРХИСТИ?

Пишување by р on Нед Фед 06, 2011 3:32 am

Мило ми е. Супер!

Поз
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ВМРО-ДПМНЕ:ТЕСТ ЗА АНАРХИСТИ?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот