Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

8-ми Март

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

8-ми Март

Пишување by Секс Објект on Вто Мар 01, 2011 1:48 pm

Знам дека имате милион „поважни“ проблеми за решавање, ама нели, доаѓа денот на жената, па се прашував, што мислите за некаква акција да се направи на овој датум? Можеби некој креативен ум ќе ни каже некоја идеја? Ние сме во план малку едукативно да делувама на масата, затоа што мислам дека луѓето не се доволно едуцирани што точно се случувало на овој ден, не знаат дека треба да бидеме благодарни и на кого, за каква - таква квази еднаквост. Да не звучам и јас неблагодарно, да не се случило тоа што се случило, не би биле ни на ова ниво, на кое што сме денес.

Ајде мал вовед:

Постои причина зошто се слави Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март и самите почетоци на движењето, кога почнало подобрувањето на статусот на жените во општеството, не враќаат назад во 1857 година, 8-ми Март, во Њу Јорк, се оддржал голем протест против лошите услови за работа и ниски плати, во организација на жени вработени во текстилната индустрија. Тоа бил голем напредок и за развојот на општеството како целина, како и за почетокот на еманципација на жените, кој сеуште е во тек. Во 1908, повторно на 8-ми Март, во Њу Јорк, 15 000 жени марширале низ градот сакајќи пократко работно време, поголема плата, права на глас и забрана на детската работа. Протестирале под слоганот „Леб и рози“, каде што лебот е симбол на економската безбедност, а розите претставувале подобар квалитет на живот. Подоцна, истата година, последната недела во февруари, била донесена одлука да се одбележи Националниот ден на жените, во период од 1909 – 1913 год.
Приказната продолжува во Данска, каде на меѓународна конференција, се сретнале социјалистички организации, и каде што Клара Цеткин, германска социјалистка, предложила Меѓународниот ден на жените да го одбележи протестот во 1857. Повеќе од 100 жени, од различни земји, веднаш го прифатиле предлогот, но точен датум не бил избран. Следната година, меѓународниот ден на жената е одбележан на 19-ти Март, во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија, каде што мажите и жените го бараат правото да гласаат, да бидат избрани и да се забрани дискриминацијата на жените на работа. Крајниот настан значаен за историјата на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, се одржа во Русија 1917, кога руските жени почнале протест . Ги постигнале своите цели и добиле право на глас. Конечно, 1975, Обединетите нации го прогласиле 8-ми Март како официјален ден за прослава на долгата женска борба за еднаквост во светот, базирано на патријахатот.
Впрочем, тажно е што била потребна борба од таков вид, бидејќи тоа значи дека имало големи причини за започнување на истата. А имало причини. Сите тие се директна последица на угнетената положба на жените во текот на историјата, за која, сигурна сум, повеќето се свесни.
Меѓутоа, истото мнозинство можеби и го одобрува феминистичкото движење, кое го постигна основниот напредок во 20 век, но за ставот дека феминизмот денес е потполно непотребен, можеме да ја обвиниме погрешната интерпретација на идејата. Не се работи за непотребни приговарања, се работи за свесност за опкружувањето во кое живееме.
Многу мажи се дел или ја поддржуваат оваа идеја за еднаквост, бидејќи тие сфаќаат дека очигледно нешто не е во ред. Не се ли жените денес сеуште главни жртви на физичко и сексуално насилство? Не се ли во „неразвиените“ делови на светот сеуште во понижувачка позиција, бидејќи немаат право да прават ништо без дозвола на мажите, кои „се должни“ да ги почитуваат? Не се бројни во трговијата со луѓе? Не се ли сеуште претежно жените домаќинки? Не се ли женските списанија полни со празна пропаганда која создава стандарди што на крајот ќе донесат профит за оние кои ги поставуваат тие стандарди? Не продава ли женското тело се’ ? Примери има многу. Се разбира, тоа не може да се негира дека има многу промени во текот на минатиот век, но родовата нееднаквост и понатаму е присутна и видлива денес, како и знаците на напредок, како подобра едуцираност на жените, грижа за здравје, нивно вклучување во политиката и многу други.
Но, без оглед на тоа како законите се прилагодени на женската благосостојба, целосната еманципација ќе се постигне само со смртта на шовинизмот, кој сеуште е присутен во општеството, без оглед на тоа колку би сакале да го сметаме за развиен.

Преведено од http://anfema.tk/
avatar
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 30
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 8-ми Март

Пишување by netocka on Вто Мар 01, 2011 2:41 pm

ЛЕБ И РОЗИ!!
со оглед на то што лебот само што поскапе...
Идеја за 8-ми март, дајте да направиме нешто, флаери, постери, лепенки, ad busting, било што, shop dropping, ....а на школо масовно им даваат на децата да учат песнички "Мојата Мајка" за приредбата на 8-ми Март...и масовно ќе бидат кафаните посетени да се прослави "еднаквоста" и 8 ми март, цвеќина на сите страни, ќе се пуфкаат пратеничките од парламентот и ќе зборуваат за нивната еднаквост со мажите ... А што е со текстилните работнички што работат за 6000 денари а понекогаш и неплатена дупла смена....

netocka

Број на мислења : 95
Registration date : 2008-09-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 8-ми Март

Пишување by netocka on Вто Мар 01, 2011 2:51 pm

Против конвенционални догми на патријархатот, против систематската доминација на мажите врз жените и во сите структури на општеството, против културата на силување, против сите стереотипи за жените како светица и мајка или курва, жените како сексуален објект, жените како пасивни единки.
За еднакви права на жените и мажите, кон претворање на “машкиот свет” во “свет на сите луѓе” без разлика пол, возраст, раса, образованите, сексуална определеност.
Против патријархатот како есенцијално оружје на модерното капиталистичко и хиерархиско општество, со чија помош го определува текот на секојдневниот човечки живот преку институциите и семејството како една од нив.
Проблемот на жените во општеството како граѓанки од втор (трет?) ред не е проблем сам за себе, туку е дел од целото проблематично општество на нееднаквост и авторитарност.
Промената на положбата на СИТЕ луѓе во општеството! Како ќе придонесеме ние за таа промена?

netocka

Број на мислења : 95
Registration date : 2008-09-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 8-ми Март

Пишување by netocka on Чет Мар 03, 2011 2:48 pm

Ништо не прајме Секс Објект, другарите анархисти не ги интересира многу анархо-феминизмот...

netocka

Број на мислења : 95
Registration date : 2008-09-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 8-ми Март

Пишување by Rastapunk on Пет Мар 04, 2011 1:25 am

Не е точно! Јас прочитав и супер е сето тоа, ама стварно не ми текнуваше што да кажам Smile Него, кажете филм, за да проектираме во Ла Кања...
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: 8-ми Март

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот