Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Повик за пријателство:)...

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Избори

33% 33% 
[ 1 ]
0% 0% 
[ 0 ]
0% 0% 
[ 0 ]
67% 67% 
[ 2 ]
0% 0% 
[ 0 ]
 
Општо гласови : 3

Повик за пријателство:)...

Пишување by р on Вто Мар 29, 2011 12:46 pm

Анархо-комунисти, анархо-капиталисти...после се, повеќето на форумов веруваме дека возможно е општество без насилна неморална банда клошари која се нарекува себеси Држава. И тука ни е заедничката точка. Имаме разлики, понекогаш лета и по некој навредлив збор, но јеби га...такво е процесот. После се, дискусиите со Пандонети, Растапунк...ми биле позабавни и покорисни него мн дискусии кои сум ги имал со истомисленици.

Муабетот ми е дека се ближат избори. Треба да бираме од двете зла помалото - но, анархисти сме бидејќи веруваме дека има и трет избор (дали е возможен не е битно...исто како што секој верува дека ќе успее во животот,ама мн нема да си го остварат сонот!Sad ). Прашањето ми е - планира некој на форумов да организира нешто во врска со бојкот на изборите? Работам периодов на еден краток текст (онака, од рака - став!) во кој се мачам да определам што е боље - да гласаш за опцијата која ќе не доведе макар и малку поблиску до идеалното општество или пак да ги бојкотираш изборите. Заклучокот е...
п.с. Ќе го испратам текстот до форумов на коментари, па ако е ОК (нека одлучи критичната маса од форумов) би бил почестен ако биде објавен во наредниот број на СлободаSmile!
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by Rastapunk on Вто Мар 29, 2011 4:19 pm

Леле... Цел текст напишав и не сакајќи го изгасив!!! :@ :@ :@

Нема везе... На кратко овој пат, пошто стварно многу време потрошив:

Ако не гласаш си се придржуваш до идеалите, ама ако не правиш нешто во врска со тоа (како бојкот) тогаш џабе имаш идеали. Ама кај нас мислам дека е прерано за такви активности, кои би креирале само контра-ефект. Исто ако не гласаш твојот глас ќе биде злоупотребен.

Ако гласаш и го поништиш ливчето, не се предржуваш до идеалите, не го зголемуваш бројот на луѓе кои не гласале, ама не дозволуваш да бидеш злоупотребен.

Ако гласаш и од две зла одбереш подобро, правиш краторочно добра работа, ама на долгорочен пран ништо посебно. Стануваш уште еден од милијарди други. Ама во случај да се на власт некои фашисти, ултра - десничари/националисти, или некои квази комунисти - тирани - исламисти, или фанатици христијани и слично, јас би гласал против нив, нормално.

Кај нас е сега малце деликатно: ВМРО е демохристијанска партија (десно ориентирана) која прави делумно леви реформи, а се бави со националистичко - популистичка политика, СДСМ се левичарска партија која испадна најолигархиска и која најмногу ја ограби Македонија, ама која прави големи проекти како градење на хидроцентрали и брани, што ќе има долгорочен бенефит, другите се се` ситни риби кои при секаква прилика на добивање на моќ страшно усеруваат... Пример: ЛДП и Стевче порано. Единствен асален претставник на ЛДП и направи еден поголем проект со Влајко и заеба се` пошто нема никаква практична примена, а опра богзнае колку пари.... И така натака...

Јас само се прашувам дали да гласам за било што што не е ВМРО ради нивната националистичка политика која ми иде на нерви и која ќе не закопа во земја!!! Али уште немам изградено став за тоа, па совети се добродојдени Smile
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by р on Сре Мар 30, 2011 12:45 pm

1. "Ако не гласаш си се придржуваш до идеалите, ама ако не правиш нешто во врска со тоа (како бојкот) тогаш џабе имаш идеали. Ама кај нас мислам дека е прерано за такви активности, кои би креирале само контра-ефект." Се слагам целосно со првата реченица, но не со втората. Никогаш не е рано за да се обидеш да промениш било што што сметаш дека е неправедно. Ако ме прашуваш мене баш мислам дека е совршен период за вакви активности. 40% од граѓаните и така не гласаат!
2. "Ако гласаш и од две зла одбереш подобро, правиш краторочно добра работа, ама на долгорочен пран ништо посебно." Ова е мн проблематично. Не се знае ама ич - кој ќе коалицира и ќе направи влада; колку ќе се придржуваат до програмата која си ја гласал; итн, итн. И тука ми е проблемот. Мислам дека со било какво внимание (освен повик на бојкот) политичарите и Државата добиваат се поголема и поголема моќ. Со гласањето стануваш дел од фарсата и тоа ми е проблемот. Иако, не сум сигурен што е "точното" решение, сепак кај нас, за почеток, мора политичарите да ја изгубат популарноста, да се сведат на тоа што вистински се - паразити кои живеаат на сметката на туѓата пот.
4."Кај нас е сега малце деликатно". Секаде е. Не постои веќе разлика драстична помеѓу политички програми - програмите се прилагодуваат на мнозинството граѓани, односно на умереноста. Нормалниот граѓанин е умерен во политичките ставови - сака слободен пазар, приватна сопственост, но сака и контрола, регулација и социјална "правда". Т.Е. го сака тоа што го имаме денес - каша попара.
5.
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by Pandonetti on Чет Мар 31, 2011 12:02 am

Јас претпоставувам ќе направам како што правам на сите избори. Ќе го допишам моето полно име и презиме на ливчето и ќе се заокружам. Со тоа асоцијативно ќе посочам дека нема доверба во никого освен во себеси, и дека посредната демократија реализирана преку банда полноглавци, во машинеријата наречена држава е чиста глупост за мене. И баш ми е гајле како ќе го протокуваат тоа, и онака во 87% од предметите кои ги водам тужени ми се Република македонија, министерство за финансии, министерство за одбрана, министерство за.......Постапки за пропаднати денационализации, експропријативни надоместоци.... Во споровите во кои застапувам најцесто спротивната страна ми е некој од државно правобранителство, а парите кои ги барам се најчесто од буџет на р.м. Така да к.р ме здоболе што ќе помислат изборните комисии. Немам доверба во ниедна политичка опција која се вградува во државниот механизам.......
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by skatanic on Чет Мар 31, 2011 12:32 am

znaci kako sto vikate deka ako ideme da glasame togas stanuvame del od masata ... no ako ne glasas "moze" da bide zloupotreben tvojot glas... jas ne veruvam deka kje ti bide zloupotreben... deka ne si se potpisal ne si prisustvuval..... a pandonetti mislam deka ti so vikas kje idam da glasam i kje se dopisam ... mislam deka toa e loso... tek togas tvojt glas kje bide zloupotreben... bidejki si se potpisal si iskocil na izbori , i tie od komisija kje vidat deka nekoi ne glasale kako sto treba pa aj za moja partija kje napraam donese novo lifceeeeeeeee ......

zmn deka cicko mi bese na komisija i on mi kaza deka pred negovi ovi go napraile toa ... a inace on ne e od nitu ni edna partija samo ide da bide na komisija deka imalo mn kes :/ ..... nema veze .. toa so ti vikam moeto licno mislenje n eiskacam na glasanje ne ja sledam masata ....

@Rastapunk:

SDSM napraile hidrocentrali.... hidrocentrala ic ne e ubava rabota ... deka ja unistuva prirodata .... ja unistuva prirodnata sredina na zivotnite.... koi sme nie da ja unistime prirodnata sredina na zivotnite samo za nasi potrebi.... tapa sme deka sme lugje :/
avatar
skatanic

Број на мислења : 116
Registration date : 2009-08-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by р on Чет Мар 31, 2011 1:14 am

1. Добро ова со користењето на гласот е исто глупост ако размислам подобро. Што и да направиш може да го искористат на крај краишта, така да...поентата е друга.
2. Ако не искочиш на избори мора да преземаш нешто што тоа искачање ќе значи нешто. Не само да не искачаш, туку и да делуваш (на кој начин ти е најсоодветно и најок) негласањето да има цел и да се мултиплицира ефектот.
3. Поентата ми е дека сето ова е шоу на прдежи наречени политичари кои знаат дека немаат ништо друго туку само нашето мислење и став за нив. И ова мора да го чуваат, градат и да создадат сцена во која ние, граѓаните, ќе имаме барем мало чувство дека сме режисерите, дека од нас зависат работите. Но, се е тоа фарса. Ракоплескањето на празни напишани говори, пеење химни и веење знамиња на митинзи, гласање и гледање нивни препукувања, итн. Се е дел од шоуто во кое ние им даваме моќ и значење на сопствените владетели. Дали да бидеш политички активен...биди. Но, анархист треба преку своето делување моќта да ја префрли кон општеството, народот, граѓаните, поединците! Тоа е муабетот.
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by Rastapunk on Чет Мар 31, 2011 5:30 pm

Ама јас уште не можам да одлучам на кој начин моќта ќе се префрли на народот... Сè уште ми делува толку заебано... Ама како и да е... Има време за да размислам што ќе правам. Smile

П.С. skatanic, ако немаме хидроцентрали ќе немаме ние во Македонија струја брат. Хидроцентралите се извор на живот, пошто без струја сме ништо... Немој да мислиш само дека ги оправдувам СДС, туку само ги проанализирав работите, а во поглед на хидроцентралите, океј е да се грижиш за природата и животните, да гледаш да има што помалце нус - производи, ама дека ние не треба да напредуваме само поради тоа што на тој начин им ја земаме водата на животните е глупаво... Барем според мене.
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by р on Чет Мар 31, 2011 6:54 pm

Тоа е тоа Раста...прашањето е што значи трансфер на моќ од Држава кон Општество (колектив на слободни поединци!Smile)!

1. Неќев да коментирам за хидроцентралите, животните и сл (како еколошки правник), но ме испровоциравтеSmile. На кратко неколку ствари и темава може да ја отвори некој друг на друг пост (да не ги мешаме темите, ви текнува...ме карааSad)):
- ако немаме хидроцентрали ќе немаме струја брат...Од тука никако не произлегува дека СДСМ (Државните агенти во Х период) треба на сила да ни обезбеди струја. Секој рекетиран денар од Државата и потрошен за било што е катастрофа (барем, ова МОРА да е став на Анархист). Дали СДСМ со наши, рекетирани пари ќе гради хидроцентрали или споменици - принципот е ист. Криминал е криминал без разлика на што ќе ги потроши криминалецот парите. Може крадецот ќе биде морално суштество и ќе им купи храна на своите деца...нема разлика, пак е криминалец кој ги крши правата на оној од кој ги украл парите! п.с. За Робин Худ веќе зборував дека враќал тоа што било украдено од неговите соселани-ја враќал украдената приватна сопственост од рекетарите на кралот...
- за животните... идејата не е нималку глупава. Глупаво е мешањето на баби и жаби. Дали треба да се грижиме за СИТЕ живи суштества? Нормално, дека треба - човековата етика го налага тоа (чувам неколку животни дома!). Но, дали животните имаат права? НЕ! Правата се природна карактеристика само на луѓето и постојат за да ги уредат интерперсоналните односи. Плус, постои природна хиерархија на стварите...ако се грижиш за животните, зошто не се грижиш за бактериите, инсектите, мушичките, кои секојдневно убиваме по милијарда од нивниот сој? Ако животните имаат права, тогаш имаат права и растенијата - и тогаш му доаѓа крајот на човекот! И тука паѓа целата идеја за правата на животните...

avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Повик за пријателство:)...

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот