Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Пацифизам или насилство, како до целта?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Пацифизам или насилство, како до целта?

Пишување by Секс Објект on Чет Ное 10, 2011 12:30 am

Ме интересираат вашите мислења во врска со ова, како мислите дека полесно би дошле до целта (нормално, зборувам за анархистичко општество)?

Јасно дека очекуваме пацифизам (според мене) во анархистичко општество, но колку мислите дека истиот ќе биде ефективен, а колку насилниот протест?



Последната промена е направена од Секс Објект на Чет Ное 10, 2011 6:14 am. Мислењето е променето 1 пати
avatar
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 30
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пацифизам или насилство, како до целта?

Пишување by р on Чет Ное 10, 2011 5:26 am

1. Имаш 2 сосема различни прашања во постот! Едно е како полесно би се дошло до анархистичко општество ... а друго е како би се задржало истото.

1.1. До анархистичко општество тешко може да се дојде на било кој начин. Насилство нема шанси ништо да промени и анархизмот е и мора да биде мирољубива идеја. Така да, единствен начин е со едукација и активизам кој ќе се залага за што помала улога на државата во општеството. Ова како еден анархо-комунист би го постигнал не знам! Да речеме, анархо-капиталист нема проблем - секогаш се залага за тргање на Државата од било која област. Анархо-комунист би се залагал за укинување на анти-монополските закони!? Ако не, тогаш навива за улога на Државата, што по дефиниција не е анархистички потег. Анти-капиталистички е, но не е анархистички!
1..2. Иако не би го исклучил целосно како опција, мислам дека е наивно да се очекува пацифизам во анархистичко општество и мислам дека ваквиот став се должи на анархо-комунистичката основа. Сериозна теорија мора да има одговор кој и како ќе бидат замените клучните институции - полиција, судство, национална безбедност.
п.с. Темава е премн широка, но се трудев да бидам краток за да се отвори дебата. Мислам дека мн попратни прашања се јавуваат од чив одговор зависи и одговорот на твојот пост...на пр. во голема мера како ќе функционира ан.општество зависи од тоа како ќе се стигне до вакво уредување. Ако се стигне по насилен пат, само со насилство ќе може да се одржи. А насилство не може да чува слобода што значи дека системот брзо ќе се распадне и ќе стане тираниски. Ако се стигне по мирен пат, со едукација и доброволна согласност на мнозинството, тогаш е скроз друг муабет. Единствено потребно ќе бидат соодветни правила и институции за да обезбедат одржување на уредувањето.
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пацифизам или насилство, како до целта?

Пишување by Секс Објект on Чет Ное 10, 2011 6:48 am

Ок, направив мала измена во првиот пост, а и направив мала грешка затоа што премалку напишав како вовед.

Не, прашањето ми беше како да стигнеме до анархистичко општество и кој пат, според вас, би бил најефективен?

Да ги оставиме настрана идеите за тоа како би функционирало (според нас) едно анархистичко општество, за тоа може да се отвори и друга тема (и пожелно е, затоа што не се согласувам доста со тебе и баш ме интересираат твоите ставови).

Потполно се согласувам дека анархизмот би требало да биде мирољубива идеја, НО сведоци сме на многу мирни протести и како истите завршуваат од страна на полицијата, имаш провокации и имаш насилство. Зарем треба во таква ситуација да седиме и да не тепаат? Или што кога на еден протест, имало доста такви случаеви, полицаец облечен како демонстрант крши и прави нереди?

Или, ајде да речеме, се одделуваме од ова општество, си правиме анархо комуни, стануваме потполно независни од државата и им даваме пример на луѓето. Нив (властите) тоа не им е од интерес и ќе дојдат да ни прават проблеми (веќе го имаме ова искуство), пак ли ќе им дозволиме да не малтретираат?
Тие нас со пушки, ние нив со цвеќиња, некако ми нема голема логика. На крај само би не елиминирале и ништо не сме направиле.

Логично е да се одбраниш доколку некој сака да те нападне.

Се надевам дека грешам, но искуството ни покажало дека мора да има крвава револуција за да ја постигнеме целта.

Според мене е лудост да бидеш пацифист во оваков ненормален свет. Тоа не значи дека ти треба да бидеш тој кој прави нереди, ама барем треба да се браниш во случај на напад, освен ако не си мазохист.
avatar
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 30
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пацифизам или насилство, како до целта?

Пишување by р on Чет Ное 10, 2011 7:05 pm

ОК. Сега е појасно. Како да се стигне до анархистичко опшетство (без разлика дали тоа ќе биде ан-кап или ан-ком, така - да останеме неутрални на ова прашање за да може да се фокусираме на темата!)

1. Крвава револуција ќе донесе само крв...ништо друго. Воглавно во такви услови преовладува хистерија, насилство, чувства, и без разумие. Од такви услови никогаш не може да излезе ништо корисно (во смисла на ан-општество). Во најдобра смисла, ќе стигнеме до СМЕНА НА ВЛАСТ, нешто налик на револуцијата во Русија во 1917.
2. Смената на Власт никогаш не ти гарантира дека ќе биде поасална власт - како што било пример со Русија и мн други држави кои направиле крвава револуција и почнале со воспоставување на некој вид квази-марксизам.
3. Како што рече, тешко дека Власта ќе дозволи слобода и интеракции кои ќе бидат надвор од нејзината контрола. Види само што се прави против „сивата" економија, која единствена „грешка" е што фунцкионира надвор од контролата на Државата.
4. Нема да има смена со протести - не е сеуште созреана идеајата. Колку луѓе знаеш што можат да ти одговорат задоволително на прашањето дали сакаш не-државно општество и како ќе функционираат судовите, полицијата и кои ќе бидат механизмите за решавање на конфликти. Еве јас сум член на форумов година - не слушнав ни еден задоволителен одговор. Заклучок: барем во РМ не постои добро изработена алтернатива на денешното општество која би се пласирала и би била прифатена.
5. Решението нема никаква врска со насилство и протести - има врска со прифаќање на идеја од мнозинството граѓани. Само кога мнозинството ќе верува дека анархистичкото општество е подобра алтернатива и Државата е непотребно зло, тогаш можеби нешто може да се промени.
п.с. Нагласувам дека не велам дека е потребно смена на свеста кај 90% од луѓето - доволно е смена на свест кај мнозинството граѓани за да се започне со реформи и поставување на соодветни институции кои ќе овозможат слободарската идеја да еволуира во анархистичко општество.


Последната промена е направена од Rothbard на Чет Ное 10, 2011 7:12 pm. Мислењето е променето 1 пати
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пацифизам или насилство, како до целта?

Пишување by р on Чет Ное 10, 2011 7:09 pm

А дотогаш ... улогата на анархист е да биде што поедуциран, да се држи до одредени принципи, и да се обиде да делува организирано и во согласност со обичаите на едно општество (не неопходно и со законите!). Друго, мора да не биде глуп анти-капиталист или анти-комунист; најчесто да знае што зборува кога ги критикува овие системи; и да не биде мало дете кое никој не го сфаќа сериозно. За ова потребно е да има одговор на мн прашање, особено економските! Мора да биде поткрепен со сериозна економска теорија (да го избегнува Марксизмот, бидејќи никој не го сфаќа сериозно и е побиен од пред 200 години - во економска смисла!), од луѓе кои се признати од други сериозни луѓе, и да има одговор на сите оние прашања како проблемите со монополи, зошто регулацијата е лоша и неефективна, како би фунцкионирале судовите без Држава, итн.
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пацифизам или насилство, како до целта?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот