Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Pricinata poradi koja ste Anarhisti?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Pricinata poradi koja ste Anarhisti?

Пишување by Pandonetti on Саб Мај 05, 2012 4:29 pm

Prasanjeto naslov na temava e spored mene srzta na samoanalizata na eden Anarhist. Imeno, site imame svoi mislenja vo vrska so Anarhijata kako sostojba na poredok bez poredok, egzistencija bez vlast avtoriteti ugnetuvanje i manipulacii, ednakvost pomegju edinkite, bratsvo a sepak poedinstvo, plodouzivanje bez sopstvenost itn.....
Sepak ste se zaprasale li sekoj poedinecno ( koja bese pricinata sto stanav anarhist, i zosto go sakam anarhizmot?).
Prasanjeto ima dlaboka filozofska konotacija i kolku podlabok odgovor si dadete na sebe tolku poveke ke se zacvrsnete vo svoite idei...ili ke se otkazete od niv ako vidite deka nema nekoja dlaboka izdrzanost vo vasite tezi i pozadi vasiot anarhizam stoi samo ljubovta kon odreden bend, nacin na oblekuvanje, pristap do opijati, imidz i drugi plitki raboti....Anarhizmot treba da ima dlaboka i izdrzana mislovna pozadina.
No da pocnam od sebe...
Pred se mudrosta i potragata po vistinata me natera da se zainteresiram za anarhizmot. Nemozete da zboruvate za vistina i mudrost od perspektivata na coveckoto bitie a da pritoa ne ja zavzemete coveovata-humana perspektiva na nestata. Humanata perspektiva se temeli na osnovniot genetski imperativ -SAMOODRZUVANJETO I OPSTOJUVANJETO. Toa e prviot postulat koj poradi kompleksnata i slozena priroda na covekot koja se temeli na svesta i svesnosta se razgranuva vo svoite kvalifikuvani i kvantifikuvani oblici...
No da poednostavam, ako edinkite tezneat kon opstanok, a opstanokot moze da im bide zagrozen od prirodnite sili i drugite edinki, logicno e da edinkite baraat modus na zaednicko opstestveno ureduvanje koe na najefikasen i najdobar nacin ke im ovozmozi da se zdruzat protiv tragediite koi gi nosi Ponekogas surovata priroda ( zemjotresi, pozari poplavi uragani itn...) i drugite edinki ( vojni terorizam ubistva itn...). Egzistencijata e mozna samo preku koegzistencija. Sekogas vojnite i neprijatelstvata se vodat poradi necii povisoki interesi, pretstaveni preku vladite i krupnite kapitalisti zavitkani vo celofanot na nacijata i religijata. Ottuka slobodnata covekova edinka najsigurno svojata egzistencija moze da ja obezbedi vo ureduvanje na dobrovolno zaednistvo bez vladejacka elita, prisila i manipulacija, so eden zbor Anarhija no vo svojot napreden kvalifikuvan i sofisticiran oblik koj edinstevno bi bil primenliv vo praksa. Ottuka Anarhijata za mene pretstavuva modus za odrzuvanje na mojata sigurna egzistencija ( poveke verojatno na moite potomci bidejki nasite generacii tesko da docekaat anarhija na delo). Znaci dlaboko vo mojot anarhisticki poriv se odlikuva pragmaticnost i covecnost....
Koi se vasite pricini?
Srdecen Anarho Pozdrav
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pricinata poradi koja ste Anarhisti?

Пишување by Anarchist on Вто Мај 08, 2012 4:52 am

Многу интересно прашање и посакувам секој човек што се смета за анархист да си го одговори, ако не овде на форумов барем пред себе.

Јас стигнав до нештото читајќи ја библијата, добро сега не ме сфаќајте погрешно немаше патокази во библијата кон анархизам имаше и други моменти, но ме импресионираше оној делот на Исус кога секој пат кога се обраќаше кон своите ученици или следбеници, почнува со зборовите „Вистина, вистина ви велам...“. Па тоа ќе да е, потрагата за вистината и за знаење и барање на решенија за општеството, некако ме доведоа до ова нешто наречено анархизам или анархија. Друг, за мене доста интересен момент беше и една реченица која ја прочитав „Анархија не е хаос, анархија е ред без контрола“. Е токму таа реченица навидум едноставна ме заинтригира да истражам повеќе за анархизмот. И како помина време изучувајќи доста околу тоа, но пред се со скепса и многу сомнеж, увидов дека за работничката класа и потчинетите(имав претходно некаква си класна свест или класна призма за работите во општеството) дека е решението на проблемите на луѓето воопшто лежи токму во преобразба на ова општество во некое поинакво, похумано, каде човек на човека ќе биде другар, а не волк.

Но иако многу не-анархисти нема да се согласат, јас верувам дека анархизмот е најпрагматичната доктрина која им помага на луѓето и општеството. И да, ние проектираме визии за подобро и поубаво општество (но не и совршено), похумано изградено на вредности како солидарност, слобода и рамноправност, но во реалноста(денес, овде и во светот) голем дел од анархистите се општествено активни и свесни луѓе кои влијаат на општеството. Навистина не се сите револуционери, но се доволно свесни и самокритични, за да реагираат и делуваат во општеството, да бидат општествена струја која води кон ослободување од многу пранги кои ги имаме, особено оние кои ни се во нашите глави.

На крајот на краиштата најрационалното политичко делување за промена на општеството според мене е анархизмот и тоа е главната причина поради која сум анархист.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pricinata poradi koja ste Anarhisti?

Пишување by Intrepid on Пон Дек 31, 2012 4:54 pm

Како што велат долга и широка е,јас сум анархист иако многумина погрешно ме разбираат но мислам дека ние како луѓе сме способнио да се самоорганизираме и да обезбедиме добробит и благопдет за сите луѓе, но засттапувам и лично гледиште според нкое треба да има единствено одбранбена структура во системот, како и да е мотивот го губам пред се поради поделбата меѓу анархистите на анархо капиталисти, социјалисти, па зелени првите сакаат профит а да не плаќаат данок а вториве да лежат и работат малку а друг да надоместува за нив третите пак не сваќат дека техгнолошкиот развој и науката нема лоша страна туку човекот кој ја злоупотребува значи тоа се некои психопати умноболни еве конкретно со динамитот кој помогнал во градежништво, рударство и.т.н но умноболни го користеле и за да го уништуваат веќе изграденото, физиката и фисијата е нешто најблагородно и еколошко енергија и енергија...ама кога е злоупотребена потсетете се на хирошима слично е и со хемијата да не ги набројувам токсините и мужасиите кои можат да ги направат 10 микрограма на едно човечко биќе, така да сум анархист но сум крајно разочаран од индиферентноста и неактивноста, лицемерието и поделбата.
avatar
Intrepid

Број на мислења : 6
Registration date : 2012-09-08

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pricinata poradi koja ste Anarhisti?

Пишување by Anarchist on Пон Дек 31, 2012 7:25 pm

Interpid, луѓето секогаш се делеле и тоа е неизбежен процес, но тоа не треба да биде изговор за многу луѓе(не велам тебе) да не делуваат онака како знаат и умеат. Ќе има и карања и поделби нови секогаш но тука секогаш е на тест идеалот и колку веруваат во нештото или дали нештото е вредно за да се издржи секоја мака, секој пад и одново кревање. Разочарување има доколку само има очекувања, можеби не треба да очекуваме од другите ништо, можеби треба да очекуваме само од себе.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pricinata poradi koja ste Anarhisti?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот