Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Анархизам и демократија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Анархизам и демократија

Пишување by Rastapunk on Нед Фед 03, 2013 5:57 pm

Се стигна некако до Хитлер и демократичноста на „демократското укинување на демократијата“, па ме инспирираше да ја отворам оваа тема.

Значи, ме интересира што подразбирате под поимот демократија и каков е односот со анархизмот.

Односно, две прашања:

„Што е демократија?“
„Дали анархизмот подразбира демократија?“
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и демократија

Пишување by Pandonetti on Сре Фед 06, 2013 10:30 am

Demokratija ili demos -lugje crates- vladeenje pretstavuva vladeenje na lugjeto vo verbalna smisla na zborot. Bidejki vo periodot koga zborot go dobil svoeto ontolosko, gnoseolosko i verbalno znacenje - Stara Grcija (gradovi drzavi) imal cista smisla demokratijata najprvin bila neposredna (site slobodno gragjani na polisite ucestvuvale vo sobranieto. Podocna se javila i posrednata demokratija koja se prektikuva denes i znaci deka lugjeto biraat svoi pretstavnici koi ke gi pretstavuvaat vo praktikuvanjeto na vladeenjeto. So posrednata demokratija se javuva i poimot vladeacka garnitura, koja vsusnost treba da bide glasot na potrebite i na narodot a kako sto znaeme e samo politicka elita koja so golem obem na manipulacii i vlijanie probuva da gi realizira samo svoite potrebi .
Sto se odnesuva do neposrednata demokratija, apsolutno mislam deka deka istata podrazbira anarhizam bidejki site odlucuvaat, site ucestvuvaat vo sobranieto i site vladeat. Nema vladeacka elita. Drugata demokratija koja e posredna i spored mene ne e vistinska demokratija, nema nikakva vrska so anarhizmot. Taa e eneprijatel na anarhizmot i go sozdava opozitot od anarhizmot - vlasta. Nazalost ovaa demokratija se primenuva denes vo sovremenite opstestva pod izgovor deka postojat tolku mnogu lugje so tolku mnogu profesii i preokupacii sto prakticno e nevozmozno site da ucestvuvaat vo vladeenjeto bidejki nikoj nisto drugo ne bi rabotel i se bi propadnalo. Verojatno donekade i se vo pravo......
Pozdrav
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 37
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и демократија

Пишување by Rastapunk on Сре Фед 06, 2013 4:02 pm

Супер.
Многу интересен муабет што направи е тоа дека демократијата не е универзален концепт врзан за идеализмот. Поим предефиниран од Бог и како таков преземен од обичните смртници, туку е поим кои ние го дефинираме во однос на околностите.

Со други зборови, додека робовите биле нормална работа, демократијата не ги вклучувала нив. Додека пак додека општеството било доволно мало, таа не вклучувала преставништво.

Уште Аристотел на времето има кажано:

„...Основната претпоставка во демократијата е слободата (велат кон тоа цели секоја демократија), а едно од својствата на слободата е наизменично да бидеш управуван и да управуваш. Според демократијата, праведно е да имаш еднакво, но по број, а не според вредност. Друга претпоставка е секој да живее како што сака, па од тука следува дека е најдобро да не бидеш под ничија власт, а ако не е така, тогаш наизменично да бидеш управуван и да управуваш, а со тоа се постигнува согласност за слободата според еднаквоста...“
(Политика, Книга VI, глава 2, страна 228)

Значи, он има две многу јаки поенти извлечено тука.
Едната е дека демократија е или воопшто да нема никакво владеење (хаос), или наизменично да се менува власта (анархија). Малку може збунка настанува со зборовите кои се користат, но токму ако наизменично и константно се менува власта која ја имаат поединците ќе се премине од претставничко во непосредно владеење. А во практика, непосредното владеење е еквивалент на безвластието. Пошто сепак станува збор за теоретско и филозофско сфаќање на владеењето. Постојано менување на власта во практика се сведува токму на непосредната демократија која била функционална во тоа време.

Другата страна тврди дека ваквиот концепт за демократијата е применлив само на мали општества и на тесен дијапазон на општествени прашања.

Но всушност и не е така, бидејќи основната тенденција на човекот кон слободата ги анулира тие контрадикции и невозможности. Една од причините поради која има толкав технолошки развој е токму поради желбата за слобода. Токму тој технолошки развој го компензира рапидното накачување на бројот на луѓе.

Што значи, ако пред 200 години беше возможен анархизмот во светот поради помалиот број на луѓе и помалата поделба на трудот, ако пред 100 години тој беше возможен само низ помали комуни во светот, а пред 50 практично и да не беше возможен, тој сега, поради технолошкиот развој, повторно станува возможна (и неопходна) категорија.

Динамиката на светот е токму виновна за таквите осцилации и турбуленции. Ништо не настанува моментално и токму затоа не постои идеална компензација од страна на технологијата.

Втората поента е дека демократијата е квантитативно владеење, а не квалитативно, како да речеме во Политеја на Платон, каде владеат мудрите. Тука може да ја внесеме одма критиката на анархистите за моќта и деструктивната моќ на нејзината централизираност. Иако постојат огромни анализи, доволно е само ова кратко есејче од Бакунин за да се аргументира критиката на централизираноста: Моќта ги корумпира и најдобрите
Земајќи го тоа предвид, јасно е дека како глобален начин на владеење треба да се земе оној концепт кој ја отфрла централизираната моќ, додека во доволно мали средини може (и треба) да се задржи централизираната моќ (преку стекнатиот авторитет).
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 25
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Анархизам и демократија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот