Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Логика на Бесмртноста

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Логика на Бесмртноста

Пишување by ateist on Сре Окт 30, 2013 10:04 pm

Логика на Бесмртноста - Дел 1

Зошто воопшто има потреба од втор – привремен Господ кој бил Исус пред 2000 години .

Нели таква е гаранцијата и самиот Исус тоа лично го потврдил се изјаснил како вториот – приверемен (со временски ограничено траење ) Господ но со целосни овластувања .Но не и како Бог .
Еве ја гаранцијата за тоа :

Псалм: 110:1 Давидов псалм. Господ Му рече на мојот Господ „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!”

Матеј: 22:44 ’Му рече Господ на мојот Господ ‘Седни од Мојата десна страна, додека ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе’?

Марко: 12:36 Самиот Давид рече преку Светиот Дух: „Му рече Господ на мојот Господ „Седи оддесно Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе.”

Лука: 20:42 Зашто самиот Давид вели во свитокот на псалмите: „Му рече Господ на мојот Господ ‘Седи оддесно Мене,

Дела Ап.: 2:34 Зашто Давид не се вознесе на небесата, но самиот рече: ‘Му рече Господ на мојот Господ седни оддесно до Мене;.

Марко 12:32 А законикот Му рече: "Точно, Учителе! Ја кажа вистината дека Бог е еден, и нема друг освен Него,

1 Коринќаните 15:24 Тогаш доаѓа крајот, кога Тој ќе Му го предаде царството на Бог и Таткото; откако ќе го уништи секое началство и секоја власт и сила.

Исаија 9:7 Неговата власт и мирот бескраен ке растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и прада отсега па довека. Тоа ке го направи ревноста на Господа Саваота.

Даниел 2:37 Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,

Исаија 7:14 Затоа Самиот Господ ке ви даде доказ: ете, Девица ке зачне и ке роди Син, и ке Му дадат името Емануел.

Матеј 1:23 'Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел', кое преведено значи: Бог со нас!

Матеј 28:18 Тогаш Исус им се приближи и им рече: "Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата.

Итн.
Итн.
Но зошто ?
Која била потребата да се прави вакво нешто ?


Затоа што :
Природата на Бог-Љубов-воскреснувач од мртвите е таква што доколку се сервира директно нема да биде можно да се разбере . Во цела човечка историја дали еден или двајца би успеале да разберат за што станува збор .Иако Љубовта е основна за постоењето – свесноста за себе на личноста . Бидејќи секоја личност прво постои како себе –АНТИДЕСТРУКТИВНА (љубов за себе ) а што е овозможено токму од Љубовта .
Целиот проблем е дека и покрај се Љубовта по природа е АНОНИМНА .

Вака :

1 Коринќаните 13 :
4 Љубовта долго трпи, љубовта е љубезна, не љубомори, љубовта НЕ СЕ ФАЛИ, не се вообразува;
5 не се однесува непристојно, НЕ ГО БАРА СВОЕТО, не се раздразнува, не памети зло;

Дела 17:28 Зашто во Него ЖИВЕЕМЕ, се движиме и ПОСТОИМЕ, како што и некои од вашите поети рекле: 'И ние сме Негово потомство.'

Марко 12:33 и да Го љубиш Него со сето срце, со сиот разум и со сета сила, и да го ЉУБИШ ближниот КАКО СЕБЕСИ - тоа е многу повеќе од сите жртви паленици и приноси."

Матеј 5:45 за да бидете синови на вашиот Татко Кој е на небесата, бидејќи Неговото сонце изгрева над злите и над добрите, и Тој им дава дожд на праведните и на неправедните.

Ете тоа е главниот проблем и одговор на прашањето зошто морало да се оди на друга варијанта за да се објасни целата работа . Природата на Љубовта е анонимноста и затоа е многу тешко да се открие да се проучи и објасни на директен начин како би можеле што повеќе луѓе да ја разберат .
Е затоа се оди на друга варијанта со привремен Господ (Исус ) како би можела целата работа стане подреч , повидлива , поопиплива за многу поголем број на луѓе .
Тоа ти е како математика кај равенка додај работи во равенка но така што равенството би останало исто ... ништо не би се сменило.

Е во Библија се оди на варијанта да се објаснат работите преку највидливата најдреч работа контра – наспроти Љубовта а тоа е суетата . Исус се јавува како Господ на безсуетноста .Самата Љубов – Бог сама по себе е безсуетна .Од друга страна не секоја безсуетност значи и Љубов тоа и самиот Исус –Господ на безсуетните кажува дека безсуетноста сама по себе не значи ништо без компонентите на љубовта –Бог што ќе рече точниот одговор е љубовна – безсуетност .Вака разложена Љубовта е полесна за разбирање .

Најлесна најдреч највидлива за објаснување е Суетата оти токму таа ја нарушува анонимноста и има – предизвикува цел куп несакани ефекти спротивни на Љубовта –Бог .

Суетата е тема на цела Библија ( и Стар и Нов Завет ) и дури и цела книга Проповедник темелно ја објаснува . Суетата се објаснува – дефинира како стремеж тежнение на луѓето да остават што поголеми Траги – Спомени – Докази за свето постоење било преку материјани богатства – пари - имоти од разни видови или некаква историска улога (најчесто воено-освојувачка ) со цел што подолг временски период да бидат запаметени било од своте крвни наследници или од поширок круг луѓе. А сето тоа е директно спротвно на Љубовта-Бог која јасно е објаснета како безсуетна како анонимна – не остава траги – спомени – докази од-за своето постоење

Мудрост Соломонова 2 :
4 - со време ќе се заборави и нашето име, никој нема да си СПОМНЕ за делата
наши; животот наш ќе помине како ТРАГА од облак, ќе испари како магла
гонета од зраците на сонцето и отежната од неговата топлина.
5 - Зашто нашиот живот е како сенка кога ќе помине, од смртга за нас нема
враќање: печатот е ставен и никој не се враќа.

Мудрост Соломонова 4 :
18 - тие ќе видат и ќе го понижат, но Господ ќе им се потсмее;
19- и потоа тие ќе бидат презрен труп и срам меѓу умрените довека, зашто Тој
ќе ги турне и тие ќе паднат безгласно ничкум - ќе ги оттргне од нивната осно-
ва и тие најпосле ќе опустеат, ќе бидат во жалост и СПОМЕНОТ за нив ќе загине;


Мудрост Соломонова 5 :
9 - Сето тоа премина како сенка, како краткотраен глас.
10- Како кога помине брод низ разбранувана вода, ни ТРАГА нема од него; не се познава каде поминал, нити има патеки негови во брановите;
11- или како птица што во воздух лета и не остава зад себе трага од својот пат, но лесниот воздух, удиран од крилјата и сечен од брзото движење, проникнува со движењето на своите крилја, потоа не останува НИКАКВА ТРАГА од нејзиниот лет;

Е сега тука ќе се судриме со лагите пропагандата на Православието , Католицизмот Протестанизмот кој се уходале како да ги напаѓаат луѓето па после мрачниот среден век кога ги палеле , убивале , измачувале ( добро тука донекаде ќе ги исклучиме протестантите ) луѓето (како вештери-ки демони ) после тоа со забраната на ваквите нивни методи разработиле нова тактика а тоа е напад врз луѓето обвинувајќи ги дека се “ егоисти , горди и возгордеани “ а себе си се препорачуваат дека ете баш они го знаат-имаат лекот за тоа па се повикуваат на некакви цитати дека е потеребен “нов ум “ кој ете тие можат да им го понудат на луѓето .

Вака :

Римјаните 12 :
2- Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со ВОЗОБНОВУВАЊЕ на вашиот УМ за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е
добро, богоугодно и совршено.

Марко 7:22 прељуби, лакомства, пакости, лукавства, разузданост, завист, богохулство, безобѕирност, ГОРДОСТ, безумност

Си вадат цитати од контекст како што им одговара

А реално понудата не е таква како што лажат туку е следна :

1 Коринќаните 2:16 зашто: "Кој го запозна Господовиот ум, за да Го поучи?" А ние го имаме Христовиот ум.

1 Јован 2:16 зашто сè што е во светот: похотата на телото, похотата на очите и СУЕТНАТА ГОРДОСТ на животот, не е од Таткото, туку од светот

Ефешаните 4:17 Затоа ова го велам и сведочам во Господ, да не живеете веќе како што живеат неевреите ВО СУЕТАТАТА на својот УМ

Заклучок :
Православ Католик Протестант велат дека треба да го отфрлиме нашиот суетен ум во канта а тие ќе ни дале нов ум . И каков е тој нов ум што ни го нудат .Повторно суета . Значи да си го земеме стариот ум од канта и ...“ ај со среќа да си го користиш како нов “ ..... хахахах глупости невидени .Абе суета си е суета една е суетата нема ниту две ниту сто и две суети .
Или е е суетен или безсуетен ум . Христовиот Ум е Безсуетен Ум .

И тука ајде да го видиме односот помеѓу Суетата и Гордоста – Возгордеаноста .

Исаија 40:17 Сите народи пред Него се како ништо, - за Него се помалку од ништо, и помалку се од суетата.

Еремија 2:5 Вака вели Господ: "каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни;

Еремија 10:15 Тоа е суета, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ке исчезна

Проповедник 4:4 А видов исто, дека секој труд и секој успех во работите предизвикува меѓу луѓето ЗАЕМНА ЗАВИСТ. Но и тоа е СУЕТА и мака за духот.

Итн итн....

Дури многу луѓе од незнаење ги поистоветуваат суетата со егоизмот и гордоста ..ги сметаат една те иста работа . Што нее точно .
Суетата е востановена работа - трка меѓу повеќе учесници кој ќе остави повеќе траги –спомени –докази за соето постоење .
Дефиниција :
Егоизмот (саможивоста –самодоволноста ) , гордоста –возгореаноста , зависта –љубомората СЕ ПОСЛЕДИЦА НА СУЕТАТА (нејзини пројавни облици ) а не обратно .

Ќе објасниме преку прости примери :
Ако некој има животен век од 1000 години ама е сам на некоја територија на која има се што му треба тогаш и цели градови да направи и кули Вавилонски да изгради дали ќе биде егоистичен и горд ? Нема сигурно оти нема со кого да се спореди .Од каде да знае дека на друго место под исти услови некој не направил повеќе градови од него и повисоки Вавилонски кули од него .Дали ако е сам ќе биде суетен .Може да само биде ако знае дека има други како него . Мора да има веќе воспоставен систем на суета – трка меѓу повеќе учесници кој од нив ќе остави повеќе виливи траги од-за своето постоење . Мора да има воспоставен принцип на споредливост , компарација ,измерливост . Гордоста се јавува во услови на веќе воспоставена суета кога некој учесник на накој начин успеал да оствари поголем успех од другите па му се јавува такво чуство – комплекс на виша вредност . Исто и егоизмот –саможивоста а па тек со нарцисоидноста (заљубеноста во сам себе ) сите се продукти на Суетата .Но не и обратно . Нема случај кога некој кој нема успех значи нема услов да биде горд ( на својот успех во споредба со другите ) а ете врз база на неуспех (негордост ) рекол “ е ај бидејќи сум горд од сега ќе трчам по суета да оставам траги – спомени од своето постоење .“ Не прво е суетата а потоа доаѓаат сите нејзини пројавни – видливи појави како гордоста , егоизмот , нарцисоидност , завист итн .

А ете Католик Протестант Православ на луѓето им нудат “нов суетен ум “ (хахахаах) а демек се борат против егоизмот , гордоста , зависта итн кој се директен продукт токму на суетата која ја нудат како некаков “новитет “

Суетните општествени ситеми си носат и суетни Закони кој ја потстрекнуваат – поттикнуваат суетата .

Еремија.
10:7 Кој да не се бои од Тебе, Цару на народите? Навистина, Тебе Ти припаѓа, зашто меѓу сите мудреци на НАРОДИТЕ и во сите нивни царства Ти нема рамен! Со што палат оган, тоа ги залудува! Законот ИМ Е СУЕТЕН - обично дрво.

Робовладетлството , феудализмот (масовно робовладетелство ) капитализмот се суетни општествени системи кој си носат и соодветни закони со кој се регулираат суетните меѓучовечки односи Самите закони ја поттикнуваат суетата .И неможе во такви суетни општества ти да бараш да нема гордост , егоизам (саможивост неосетливост кон другите луѓе ) , завист и се она што е директен производ токму на суетата тие си одат “во пакет “ со неа .

Но не и секоја безсуетност е љубовна . Кај Јудаизмот и Исламот иамаме полусуетност оти имаат некој извесни забрани за ропство меѓу нив , забрана за лихва , хипотека , камата итн така што донекаде се ограничува суетата .Имаме и случај на безсуетни општества како што беа во бившиот Источен Социјалистички блок но со голема изоставенсот на љубовните компоненти . За разлика од безсуетните закони на бивша СФРЈ каде имаше не само безсуетност ( се подразбира дека не беше целосно искоренета а со тоа ги имаше и сите пројавни облици на суетата ) туку и вградени љубовни компоненти со што се подобрија меѓучовечките односи .

А ете кога збориме за Христов Закон само по себе се поима дека станува збор за безсуетен закон .

1 Коринќаните 9:21 На оние што се без закон, како без закон, иако не сум без Божјиот Закон, туку сум под Христовиот Закон, за да ги придобијам оние што се без закон.

И тука самите Православ Католик Протестант се фаќаат во сопствените лаги .
Фрлаат дрвја камења по безсуетните закони и општества бараат секакво друго општетсво само под услов да биде суетно со суетни закони ама демек ги лажат луѓето ете да немало гордост , егоизам , завист итн што е тешка глупост и не е возможно никогаш да се изведе –спроведе практично .Штом нудиш суета бараш да се воспостват суетни општесва со суетни закони автоматски си ги понудил и сите нејзини појавни облици како гордоста , егоизмот , зависта итн и неможе веќе со векови да лажеш дека се оградуваш од нив .демек си ја сакаат суетата и ја нудат на сите други ама не ги сакале појавните облици на суетата како гордоста , егоизмот и зависта .

ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Логика на Бесмртноста

Пишување by ateist on Сре Окт 30, 2013 10:07 pm

Логика на Бесмртноста - Дел 2

Пред да продолжиме понатаму мора уште малку да се осврнеме на најбитната работа на која става нагласок цела библија а тоа е секако Суетата .
Како што претходно објаснив суетата е како “ Пандорина кутија “ која со себе ги носи сите можни зла кој се нејзини директни последици . Има уште вообичаена заблуда дека суетата се поистоветува само со славољубието . Славољубието е само еден дел од суетата која е стремеж да се остават што поголеми траги-спомени-докази за своето постоење .Како што претходно рековме некој луѓе суетата ја изразуваат и преку славољубието најчесто порано било како војсководци-освојувачи иако самото славољубие како дел од суетата може да биде изразено на многу други полиња било спорт , музика итн но секогаш поентата му е иста да се остане запаметен од поширок круг луѓе а по можност и во историјата значи повторно се сведува да се остават што поголеми траги-спомени –докази за своето постоење .
Еве дека поистоветувањето на суетата само со славољубието е целосно погрешно .

Галатјани: 5:26 Да не бидеме полни со СУЕТНО СЛАВОЉУБИЕ! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!

Ете самата реченица кажува дека славољубието е дел од суетата инаку ако ако беа едно те исто тога шби добиле двапати славољубие во реченицата ....славољубие славољубие .Самата реченица кажува дека славољубието е последица на суетата .

Инаку освен таа реченица да не остане соменеж дека набројаните работи се последица од суетата има и други како што посочивме пример :

1 Јован 2:16 зашто сè што е во светот: похотата на телото, похотата на очите и СУЕТНАТА ГОРДОСТ на животот, не е од Таткото, туку од светот

Инаку кај сите последици од суетата треба да се стави додавка или придавка “суетната “
Евангелие по Марко 7:22 прељуби, лакомства, пакости, лукавства, разузданост, завист, богохулство, безобѕирност, ГОРДОСТ, безумност
Всушност треба ...суетни прељуби , суетни пакости , суетни лукавства , суетна разузданост, суетна завист ,суетна безобзирност (егоизам по нашки ) ,суетна гордост (тоа веќе и како такво е дадено како пример) итн .
Од тоа што веќе е објаснето како такво и го пишува дека Суетата која со себе ги носи сите можни зла нема ништо заедничко со Бог-Љубов и тие не се трпат на исто место во исто време .
Еве :
Еремија: 14:22 Зар БЕЗБОЖНИЧКАТА СУЕТА дава дожд?
Самата реченица си кажува Без – Божничка ..суета
Дефиниција :
Каде има суета таму го нема Бог –Љубов воскреснувачот од мртвите , давачот-дарителот на вечниот живот
ПСАЛМИ 118
37 Сврти ги очите мои за да не гледам суета , оживи ме на Својот пат.

Бидејќи природата на Бог е безсуетна нормално е дека може да се најде во безсуетна средина и самиот цело време дава такви изјави :
Вака :
ЕЗЕКИЛ
8-Затоа вака вели Господ Бог: бидејќи кажувате Суета и гледате во виденијата лага, Јас сум против вас, - вели Господ Бог.

Римјаните: 1:21 Зашто, иако Го познаа Бога, не Го прославија како Бог, ниту покажаа благодарност; туку станаа суетни во своите мисли и нивното неразумно срце се помрачи.
Пословици: 12:11 Кој ја обработува својата земја, наситен е со леб, а кој трча по суетата, неразумен е.
30:8 оддалечи ги од мене: суетата, и лагата; не ми давај ни сиромаштво ни богатство; храни ме со мојот насушен леб;

Или кога апостоли биле во Атина
Дела 17:23 Имено, минувајќи и набљудувајќи ги вашите светилишта, најдов и жртвеник, на кого беше напишано: 'На непознат Бог'. И така, тоа што вие го почитувате не познавајќи го, јас тоа ви го навестувам.
27 за да Го бараат Бог, та нема ли некако да Го напипаат и најдат, бидејќи Тој не е далеку од ниеден од нас.

Непознатоста –анонимноста на Бог-љубов нее од што игра мижи-татара или ги мањачи луѓето туку произлегува од неговата природа безсуетноста која не остава траги –спомени-докази за неговото постоење .

Инаку како Господар на Суетата се јавува ликот Ѓавол-Сатана кој уште се нарекува “бог на овој свет “ (мало “б“)или злиот .

2 Коринќаните 4:4 на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ја видат светлината на Евангелието на славата на Христос, Кој е Божји лик.

1 Јован 5:19 Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е под власта на злиот.

Матеј 4:8 Ѓаволот пак Го одведе на многу висока гора, Му ги покажа сите царства на светов и нивната слава,
9 и Му рече: "Ќе Ти го дадам сето ова ако паднеш и ми се поклониш."
10 Тогаш Исус му рече: "Оди си, сатано, зашто напишано е: 'На Господ, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и само Нему ќе Му служиш!'"

Лука 4:5 И го одведе на високо и Му ги покажа, во еден миг, сите царства на светот
6 и ѓаволот Му рече: "Ќе ти ја дадам сета власт и сета нивна слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам.
7 Затоа, ако ми се поклониш, сè ќе биде Твое."
8 А Исус одговори и му рече: "Пишано е: 'Поклонувај Му се на Господ твојот Бог, и само Нему служи Му!'"

Јасно е :
Праовослав Католик Протестант проповедаат суета а со тоа никгаш не повикувале никаков Бог туку цело време го повикувале ѓавол-сатана кој е господар на суетата а со неа во пакет идат и сите можни зла .....и казни .

И неможе да се правдаат дека со тоа што цело врем на луѓето им ја подметнуват суетата дека не ги знаеле и нејзините последици ..сите можни зла која таа ги предизвикува .Работата е ќе организираш бокс меч а после демек се чудиш како се удираат .Па ти си организторот да се удираат –тепаат не си ги викнал да се галкаат или да играат шах или да играат балет ..може лабудово езеро хахахаха.
Штом бараш луѓето да бидат суетни организираш такво општеств со такви закони јасно е дека ќе има и алчност и убиства и гордост и кражби и егоизам и завист и најмногу од се злоба . Злоба како убаво чувство кога ќе видиш или чуеш дека некому кој го сметаш за непријател му е нанесена штета од било каков вид што резултирало со негова душевна-емоионална болка –страдање . А Православ Католик Протестант цело време ја нудат суетата со која во пакет си идат и сите можни зла а потоа се јавуваат ...замисли молим те како ...борци против злото .Ајде де пази да немој .Нивната одговорност е дотолку поголема имајќи предвид дека се институции – организации кој постојат веќе 1700 години така што неможе да се правдаат дека не знаеле што прават и какви последици предизвикува суетата која цело време им ја нудат налуѓето како наводно верување .

А библијата суетата која Православ Католик Протестнт им ја нудат на луѓето никогаш и не ја признавала за никакво верување
Еве :
Книга мудрост Соломонова 13 - ред 1

"Сите луѓе по ПРИРОДА се СУЕТНИ оние кој не Го ПОЗНАЛЕ Бога "

Молим лепо се е кажано во дефиницијата.
Тоа ти е како јас да формирам религија дека луѓето ТРЕБА да дишат . Абе што има јас да им кажвувам дека нешто “треба “ кога тоа нешто и да не им кажам тие си го прават природно без никој да им соли памет .
Плус самата реченица – дефиниција во вториот дел ...“ ...оние кој не Го ПОЗНАЛЕ Бога " кажува се дека Православ Католик Протестант нудејќи им ја луѓето суетата со сите зла која ги предизвикува како последици од неа дека не го познаваат Бог никогаш и не го познавале само цело време со играле мајтап со луѓето .

И што има потреба да се ветува бесмртност за суета . Па Александар Македонски или Римјаните и сите антички народи ете не верувале во вечен живот но чисто поради суетата постигнале резултати според кој биле запаметени во историјата .
Испаѓа дека и сите антички пагански религии се христијански .
Еве уште еднаш :
Псалм 39 - ред 11 Ти го поправаш човекот со казна, и сè што му е најмило го расипуваш како молец; навистина, СЕКОЈ ЧОВЕК е СУЕТЕН


А библија гарантира вечен живот во рајот за безсуетните а никогаш за суетните кој се предвидени за пеколот .
Еве :
Еремија: 2:5 Господ зборува вака: „Каква НЕПРАВДА најдоа вашите очи на Мене, та се оддалечија од Мене? Тргнавте по СУЕТАТА та самите станавте СУЕТНИ

Псалм: 4:2 Човечки синови, до кога ќе ја обрнувате Мојата Слава во срам? До кога ќе ја љубите суетатаи ќе ги барате лагите?
24:4 Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не и ја предаде СВОЈАТА ДУША на суетата и кој не се заколнува лажно.
Душа - Емоции

Самата реченица кажува дека Господ цело време под ПРАВДА – ПРАВЕДНОСТ ја поима само Безсуетност а никогаш суетност која со себе ги носи сите можни зла .

И тоа нее само од стар завет туку истото го кажува и новиот завет .

Дела 24:15 и дека се надевам во Бог, како и самите овие дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.

Адам и Ева биле избркани од рајот поради суетноста и тоа го кажува самиот апостол Павле

Римјаните 8 - ред 20...Имено Созданието и беше потчинето на СУЕТАТА недобровоно туку поради Бог кој го потчини ...

1 Коринќаните 15 - ред 22 ..какошто сите УМИРААТ ВО АДАМ , така и Во Христос Сите ЌЕ ОЖИВЕАТ .

Адам бил создаден суетен но сам не направил ништо . Но од него била создадена Ева ја наследила суетноста Е кога има барем две суетни личности на едно место тогаш суетата избива на виделина .А каде е суетата таму е и ѓаволот.Така што нее битно дали била излажана жената или мажот оти двајцата биле суетни поенатата е дека суетна личност неможе да опстане во рајот .Можеле и двајцата заедно да крадат или било што друго оти штом биле суетни тоа значи со себе си носеле сите можни зла .Иако библија кажува дека биле избркани за многу мал престап што кажува дека суетна личност нема шанси да опстане во Божја близина .
Еве :
Римјаните 5:14 Смртта, пак, царуваше од Адам до Мојсеј, дури и над оние кои не згрешија со сличен престап како Адам ...

Јасно си кажува дека сите луѓе кој се суетни и да направат помали престапи не се подобни штом се суетни значи кога тогаш ќе направат и поголеми .

Дали Исус пред 2000 години ја проповедал љубовната –безсуетност за така разложена да им стане повидлива на луѓето .
Па уствари цело време само тоа и го правел и он и апостолите .
Еве за безсуетноста :
Матеј 6:19 "Не собирајте богатства на земјата, каде што молецот и 'рѓата ги уништуват, и каде што крадци разбиваат и отимаа
Лука 12:15 И им рече: "Bнимавајте и чувајте се од секој вид на алчност, зашто животот на човекот не се состои во изобилството на неговиот имот!"
Лука 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на два господара, зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе се приврзе кон едниот, а другиот ќе го презре. Не можете да Му служите на Бог и на Мамон!"
Мамон –бог на парите
Евреите 13:5 Bашиот начин на живеење нека биде ослободен од среброљубие, бидете задоволни со она што го имате,
Среброљубие-љубов кон парите
1 Јован 2:15 Не љубете го светот, ниту световните работи. Ако некој го љуби светот, љубовта на Таткото не е во него,
1 Тимотеј: 6:10 зашто љубовта кон парите е корен на секакви зла;
Лука: 12:15 И им рече: „Внимавајте и чувајте се од секое користољубие

Итн итн

Еве за љубовноста :
Лука 22:27 Зашто, кој е поголем - оној кој прилегнал крај трпезата или оној кој слугува? Зар не е поголем оној кој прилегнал крај трпезата? А Јас сум меѓу вас како слуга.
Матеј 20:26 Меѓу вас нека не биде така! Туку, оној што сака да биде најголем меѓу вас, нека ви служи!
Римјаните 13:10 Љубовта не му прави зло на ближниот; затоа, љубовта е исполнување на законот.
Јаков 3:17 А мудроста која доаѓа озгора, пред сè е чиста, потоа мирољубива, блага, разумна, полна со милост и добри плодови, непоколеблива и нелицемерна
Галатите 6:2 Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните Христовиот закон!
Итн итн



Исус бил предаден од Јуда оти овој веќе си бил суетен :
Лука 22:3 Тогаш сатаната влезе во Јуда, наречен Искариот, еден од дванаесеттемина.
Јован 13:2 За време на вечерата, ѓаволот веќе беше ставил мисла во срцето на Јуда, синот на Симон Искариот, да Го предаде.

Матеј 26:14
14 Тогаш еден од дванаесеттемина, по име Јуда Искариот, отиде кај првосвештениците и им рече:
15 "Што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?" А тие му изброија триесет сребреници.

Ефешаните 4:27 и не давајте му место на ѓаволот!
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ЈОВАН
7 Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас.
8 Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас;

И ВО СКЛАД СО ТОА :
И така и направиле првите Христијани под водство на апостолите :

Вака :
Прво ја сопреле Суетата која е извор – жариште на зараза на сите можни зла создале безсуетно општество
Еве :
Дела Апостолски.:
2:44 А сите кои поверуваа беа заедно и сè им беше општо.

4:4 А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади.

32 А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сè им беше општо.

33 Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив.

34 И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите.

35 И секому му се даваше колку кому му беше потребно..

Дела апостолски 2 - ред 44 ...а СИТЕ кои ПОВЕРУВАА беа заедно и се им беше општо-заедничко

Дела на апостолите 4 - ред 32 ..А народот кој ПОВЕРУВА имаше едно срце и една душа и никој невелеше дека нешто од неговиот имот е негово туку се им беше заедничко

1 Коринќаните 3:21 Затоа никој да не се фали со луѓе! Зашто СЕ Е ВАШЕ,

22 било да е Павле, или Аполос, или Кифа, или светот, или животот, или смртта, или сегашноста, или иднината СЕ ВИ ПРИПАЃА ВАМ ,

Наше – и мое и твое а ни мое ниту твое – самопуправна општевсна сопственост

Со тоа што ја елиминирале Суетата на ѓавол-сатана му го стесниле опсегот на дејстување .

Е потоа во една таква безсуетна околина – општество се инјектираат вградуват се повеќе и повеќе љубовни компоненти .

2 Коринќаните 12:19 Bие веќе мислите дека се браниме пред вас! Пред Бог, во Христос, зборуваме, а сè е тоа, мили мои, за ваша надградба
Надградба се бара а не некакви сулуди црковни догми
Јаков 2:13 Зашто осудата ќе нема милост спрема оној кој не покажал милост. Милоста слави победа над осудата.

Јаков 3:17 А мудроста која доаѓа озгора, пред сè е чиста, потоа мирољубива, блага, разумна, полна со милост и добри плодови, непоколеблива и нелицемерна.

Евреите 12:14 Стремете се кон мир со сите, и кон светоста без која никој не може да Го види Господ
Римјаните 15:26 зашто Македонија и Ахаја од сè срце собраа помош за бедните меѓу светиите во Ерусалим.

Се произведуваат и вишоци ако треба да им сепомогне на другите безсуетни не од некаква корист или за пари туку за резерва и солидарност со другите :
2 Коринќаните 8
13 Бездруго, не сакам со олеснувањето на другите, да ви донесе неволја вам, туку да има рамноправност -
14 вашево сегашно изобилие да ја покрие нивната скудност, та и нивното изобилие да и послужи на вашата скудност, за да има рамноправност
15 според она што е напишано: "Кој собра многу, немаше излишно, а кој собра малку, немаше скудност."

Јаков 2:

15 Ако некој брат или сестра се без облека и имаат потреба од секојдневна храна,
16 па некој од вас им рече: "Одете си во мир, стоплете се и наситете се!", а не им го даде она што им е потребно за телото, каква е ползата од тоа?
17 Така е и со верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.

Јаков 4:11 Не зборувајте еден против друг, браќа; оној кој зборува против својот брат или го суди својот брат, зборува против законот и го суди законот. А ако го судиш законот, не си извршител на законот, туку негов судија.
1 Јован 2:9 Оној што вели дека е во светлината, а го мрази својот брат, тој сè уште е во темнината.
1 Тимотеј 1:5 А целта на нашето укажување е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера,
1 Јован 2:10 Оној кој го љуби својот брат останува во светлината и кај него нема соблазна.

1 Јован 2:11 А оној кој го мрази својот брат е во темнината и во темнината живее и не знае каде оди, зашто темнината му ги заслепила очите
Римјаните 14:
19 И така, да се стремиме кон она што е за мир и за заемно надградување!
Галатите 6:2 Носете ги бремињата еден на друг, и со тоа ќе го исполните Христовиот закон!

Исто така се бара анонимност и во добродетелството како што го има Бог –Љубов кој им станал Општесвен Човек – свест заеднички за сите
Филипјани: 2:3 Не правете ништо од натпреварување или од суетно честољубие, туку во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси!

Со тоа:
Го ибркале ѓавол сатана
Се приближиле до Бог-воскреснувачот од мртвите и Тој до Нив
Се О-Чистиле од суетата(станале чисти ) и практично ја докажале својата безсуетност со што практично докажале дека се покајале за својте суетни-зли дела .
Практикувале љубовни компоненти со што станале подобни за вечен живот .
Ги исполниле сите можни услови што биле барани .


И сега доаѓаме до феноменот на екс СФРЈ каде имаме огромен преку 90 проценти преклоп на тоа што го практиувале Исус и апостоли и сите Христијани до 300 –тата година .А ете СФРЈ беше анархо-комунистичко=Самоуправно општество .
И ја има истата безсуетност како и таа опишана во Новиот Завет .
Имаше самоуправна општествена сопственост “ и мое и твое а ни мое ни твое туку се е наше “ како што ја имале христијаните под раководство на апостолите што е истата безсуетност како пред 2000 години
Имаше и многу љубовни компоенти ...работнички одморалишта , бесплатно здравство , школство , надградба , братство – единство , рамноправност , мирољубивост , солидарност итн. Што севкупно на самоуправувањео му даваше “човечки лик “ . Испаѓа дека државата СФРЈ беше прва , единствена и последна Христијанска држава во историјата која инсистирала да се практикува Христијанството пропишано токму според новиот завет .Имаше и демкратија како што имале христијаните пред 2000 години но се расправло исклучиво за теми од бесуетноста бидејќи и тие се откажале од суетата .

И денес после Самоуправувањето многу луѓе велат дека ..“како ѓаволот да влегол во луѓето колку станале зли “ . И точно токмну тоа и им го гарантира цела библија оти се откажаа од безсуетноста и љубовноста а ја одбраа суетата која е причина за сите зла и за која следи казна ..пекол .

Но како е тоа можно ?
Од каде доаѓа до толкав огромен преклоп на Самоуправувањето од екс СФРЈ со Христијанството од новиот завет ?
Кога Самоуправната –анархо-комунистичка идеологија не се базирала на никаков Бог туку на идологија . Работничка класа , капитализам итн не беше така одамна така што не би ја објаснувал тука .

Ајде да разгледаме што точно ДОКАЖАЛ тој Исус пред 2000 години .

За ова прво треба да разјасниме неколку основни појмови .

Прво : Вознесен
Исус бил вознесен на небото после распнувањето .
Но исто во стариот завет бил вознесен на небото и пророк Илија
И двајцата станале дух- идеал за другите луѓе како пример кој треба да се следи .

2 Цареви 2:1 Во она време, кога Господ сакаше да го ВОЗНЕСЕ Илија на небото во виор, Илија со Јелисеја доа аше од Галгал.
Дела 1:9 И велејќи го тоа, се вознесе пред нивните очи, и облак Го зеде од пред нивните погледи
Марко 16:19 А Господ Исус, откако им го рече тоа, се вознесе на небото и седна десно од Бог.

Второ :
Познава и Препознава

Луѓето се пре-познаваат по нивниот надворешен физички изглед
За некој да речеш дека го ПОЗНАВАШ значи треба да му знаеш навики , карактерни особини да му ја познаваш психата , да го знаеш како личност .

Исус цело време за себе ги прашувал дали го ПОЗНАЛЕ а не да го препознаат по физички изглед .
Физичкиот изглед се препознава а личноста се познава.
Библија гарантира дека човечки мозок нее мисловен туку мисловноста и припаѓа на личноста која нее од материјална природа туку преку мозокот управува со биолошкото тело.

Јован 17:3 А ова е вечен живот: да Те ПОЗНААТ Тебе, единствениот вистинит Бог, и Исус Христос, Кого Го испрати.

Јован 8:19 Тогаш Му рекоа: "Каде е Твојот Татко?" Исус одговори: "Не Ме познавате ни Мене ни Мојот Татко. Ако Ме познававте Мене, ќе Го познававте и Мојот Татко."
Јован 6:42 и зборуваа: "Не е ли овој Исус, синот на Јосиф, чии татко и мајка ги познаваме? Како вели сега: 'Слегов од небото'?"

Исто за Јован крстител кој бил пророкот Илија самиот Исус кажува :

Матеј 17:12 Но, ви велам, дека Илија веќе дојде и не го ПОЗНАА туку со него направија сè што сакаа. Така и Синот Човеков ќе пострада од нив."

А и како би го препознале кога Илија постоел пред многу векови никој и не знаел како изгледа физички .Но затоа можеле да го ПОЗНААТ како што го познал Исус по тоа што...По тоа што Илија од стар завет барал стриктно спроведување на Законот и тоа најмногу од владетелите –царевите кој и ги менувал . А ете и во Нов Завет Јован Крстителот бил погубен токму од истите причини ....барал да се спроведува законот и тоа прво од Ирод јудејскиот цар кој и го погубил заради тоа .

Матеј 14:4 бидејќи Јован му велеше: "Не е според законот да ја имаш",
5 и иако сакаше да го убие, се плашеше од народот, зашто го сметаше за пророк.

Трето :
Воскреснување
Воскреснување е наменето за личности Праведни= љубовно-безсуетни и Неправедни=нељубовни-суетни
Праведните личности ќе можат повторно да запоседнуваат управуваат со биолошки тела ..вечно
Неправедните .....никогаш повеќе ...вечна самица ...пекол .никогаш повеќе нема да добијат биолошко тело да управуваат ниту ќе можат било кого да повредуваат физички или емотивно

Четврто:
Ангели
Има два типа ангели
Бели ангели – Праведници – богови – Синови Божји кој Бог секогаш ќе ги воскреснува во рајот ќе менуваат разни биолошки тела кој веќе нема да се смета како сега дека умираат туку ....“се расипал – дефект на биороботот“ бидејќи се во зоната на Бог љубовно-безсуетноста Бог ќе им овозможи трансфер на таквите личности во други биороботи-биолошки тела од разни видови и облици

Црни ангели другарчиња на ѓавол-сатана кој никогаш повеќе нема да управуваат со никакви биолошки тела Бог немада може да ги воскреснува да им овозможи
Трансфер во други биолошки тела.
Како поблаг облик на црните ангели –суетни личности се јавуваат и демоните искомлесирани-исфрустрирани суетни личности кој не биле во можност како црните ангели да ги реализираат сите можни зла .

Што човек да каже ?
Прво воодушевува –ипресионира тоа дека оваа работа била проповедана пред 33 века прво од Мојсеј а потоа пред 2000 години од Исус и апостолите .А ете дури последните децении луѓето снимаат филмови дека еден ден машините ќе им овозможат личностите да разменуваат биолошки тела . Да ама библија гарантира дека тоа нее можно да се прави со машини туку си има строго пропишана процедура како тоа се прави .

Е Исус пред 2000 години токму тоа и го докажал .

Јован 10:34 Исус им одговори: "Не е ли напишано во вашиот Закон: 'Јас реков: богови сте?'
Матеј 5:9 Блажени се миротворците, бидејќи ќе бидат наречени Божји синови!
Матеј 13:49 Така ќе биде и на крајот на времето; ангелите ќе излезат и ќе ги издвојат злите од праведните,
Матеј 22:30 Зашто по воскресението ниту ќе се женат ниту ќе се мажат, туку ќе бидат како ангелите на небото.
1 Тимотеј 1:17 На Царот кој е вечен, бесмртен, невидлив, на единствениот Бог - чест и слава во сите векови. Амин!
ПОСЛАНИЕ ДО ЕВРЕИТЕ
2 Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и НЕ ЗНАЕЈЌИ , им укажаа гостопримство на ангели


И еве сега како Исус после смртта цело време бил вокреснуван менувал разни биолошки тела

Марко 16:12 Потоа им се јави во друг лик, на двајца од нив, по патот, кога одеа надвор од градот.

Марко 16:14 Најпосле им се јави и на единаесеттемина, додека седеа крај трпезата, и ги прекори заради нивното неверие и закоравеноста на срцата, бидејќи не им поверуваа на оние што Го видоа воскреснат.

Јован 21:1 Потоа Исус им се јави пак на учениците, на Тибериското Море, и тоа стана вака:
7 Тогаш ученикот, кого Исус го љубеше, му рече на Петар: "Тоа е Господ." Штом Симон Петар чу дека е Господ, си ја препаша облеката (зашто беше необлечен) и скокна во морето
12 Исус им рече: "Дојдете да јадете!" А ниеден од учениците не се осмели да Го праша: "Кој си Ти?", зашто знаеја дека е Господ.
13 Исус дојде, зеде леб и им даде, и риби, исто така.
14 Тоа веќе беше третпат како Исус им се јави на учениците откако воскресна од мртвите.

Јован 21:14 Тоа веќе беше третпат како Исус им се јави на учениците откако воскресна од мртвите.


Всушност Јован Крстител бил Илија оти овој како ангел –бесмртна личност која менува биолошки тела бил цело време но и неможел да им каже дека е Илија оти биолошкото тело на Илија одамна не постоело но личноста продолжила да постои .и плус неможел да им каже оти тука е задолжителниот услов за безсуетност кој има за последица анонимност .

Итн .

Ај да си ибат векот ова Самоуправните .....компир гледаа ама месо извадија .
Нека им е со среќа вечниот живот ....ако е точно ќе добијат награда каква неможеле да сонуваат ниту во најлудите соништа . Заслужено се подразбира нее спорно .

ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот