Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во ус

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во ус

Пишување by ateist on Саб Јун 28, 2014 10:17 am

Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во услови на Ислам Православие Католицизам

Целта на оваа тема нее само да го разјасниме насловот на темата туку и да дефинираме други работи како што се :


1)Што е Капитализмот
2)Кога може со сигурност да констатираме дека транзицијата завршила
3)Кога – кој момент може да констатираме дека капиталистичкиот општествен систем е навистина воспоставен
4)Дали бившите комунистички земји од кој некој завршија со транзицијата а други ја довршуваат навистина воспоставуваат (воспоставиле ) капиталистички општествен систем .


Тоа што го нарекуваме развиен Запад – земји со развиени капиталистичк односи веќе 200 години е локомотива на развојот на цела планета .(нешто учествува и Јапонија нее спорно иако се приклучила подоцна ) Веќе 200 години од тој Запад имаме експлозија од новитети , развој на сите можни области , невидени достигнувања на сите полиња . Но како тоа му успева на капитализмот .Каков систем е тоа .

Одкога се има појавено капитализмот пред 200 години како општествен систем нема некој што не му пророкувал - претскажувал брз крај .Разни гатарци патарци вражалци идеологиии религии сите во последните 200 години му предвидуваа брза пропаст арно ама ете тој пуштињакот абер нема од пропаѓање .
Религиите кој тврдеа дека феудализмот е вечно Божјо благословено општество и друго општество нее можно дури војуваа против Наполеон да не се воспостави капитализмот како доминантен европски општесвен сиситем арно ама ја утнаа работата .
Комунистите тврдеа дека дека тие ќе бидат вечни оти се румени Црвени во образите здрави прави а дека капитализмот е жут -болен трул па само што не се распаднал .Арно ама испадна жут жутује Црвени путује .

Денес во бившите Социјалистички земји имаме реставрација на страите феудални односи каде комунистичкиот еднопартиски систем се заменува со еднопартиски православен тоталитарен систем (Правослвието кое му е дадена огромна финанскиска моќ формира партии и така владее )
и повторно ги имаме истите прикаски дека Западот бил декадентен и дека само што не се распаднал дека треба малку да се причека и каде и да е Запдот - развиениот капиталистички ситем ќе доживее крах ќе се распадне ќе пропадне засекогаш .

СТОП
СТОП
СТОП

Ај доста со глупости ај доста со правење бајрам со умот .
Очигледно е дека во тој Запад - западен капитализам има нешто многу здраво што никогаш не дозволува да пропадне .

Ајде да видиме што е тоа ЗДРАВОТО во развиениот западен капитализам што досега победи се живо и диво и што не дозволува тој да пропадне .
Ајде да видиме што е капитализмот .
Да го дефинираме да знаеме со што точно си имаме работа .

Досега се дадени многу дефиниции за капитализмот но генерално сите помалку повеќе се потпираат на Марксовата комунистичка теорија дека капитализмот е економско општество .Дури и западните теоретичари горе доле со извесни разлики ја користат истата дефиниција .
Арно ама ако одевме според таа дефиниција капитализмот досега навистина ќе се распаднеше .
Плус зошто само капитализмот се дефинира како економско општество ?
Па сите држави - и општества кој постоеле во историјата зарем не биле економски .
Да сите општества во човековата историја биле еконмоски .И робовладетелството и феудализмот па и Социјализмот беше еконмоско општество .Нормално секој со своја специфика .Ама најмалку е спорно дека сите биле економски .

Тоа може да биде само делумно точна дефиниција која ниту оддалеку не ја одразува вистинската природа на капитализмот .
А нас ни треба кратко сликовито објаснување кое ќе ни даде многу прецизна слика - дефинираност за тоа што е навистина капитализмот (збориме за западниот како докажано најуспешен ) без да ги разгледуваме сите пропратни детали на капитализмот како не би се изгубила суштината на темата ами да како што рековме да ја откриеме ЗДРАВОСТА на капитализмот која не дозволува негова пропаст а токму таа здравост веќе 200 години обезбедува негова надмоќ на планетарно ниво .

Ајде да почнеме.
Ќе направиме мала симулација при што јас ќе ја превземам таа неблагодарна улога на Креатор на капитализмот (западниот -успешниот )
.
Па велам вака :
1)
Јас Знам дека секој народ за да постои и ќе постои се дотогаш тој мора во континуитет пермантно во секоја нова генерација која ќе се роди да исфрла
а ) Храбри луѓе кој ќе го бранат народот
б)Способни луѓе кој ќе се јават во улога на организатори .

2)
Јас знам дека кога еден народ во континуитет исфрла Храбри и Способни луѓе после извесен период Храбрите и Способните тежнеат да создадат ДРЖАВА .
Храбрите луѓе водржавата мора да ја заваземат улогата и привелегиите кој следуваат според нивните обрски
Способните -организаторите ќе бидат Владетели и ќе управуваат со општеството .

3)
Јас сакам да градам Капитализам кое како општество за разлика од феудализмот нема да се задоволи само со просто преживување- победување на гладот туку индустриско општество каде ќе се произведуваат и други различни производи .

И ќе го дефинирам Капитализмот :
Дефиниција за капитализам :
Капитализмот е диктатура на Способните .

4)
Јас знам дека во секој народ во секоја нова генерација се раѓаат многу малку Способни луѓе кој се навистина Способни да го организираат -водат целото општество .(еден на 10 000 или 100 000 )Се подразбира дека има разни способности некој ќе биде доктор , некој инженери , некој возачи итн меѓутоа мене ме интересираат Способните кој се навистина способни да бидат лидери кој ќе ДОКАЖАТ дека се навистина такви .Тоа мора бидат некој во кој јас навистина ќе имам доверба дека својте способности ќе искористат на најдобар начин.

5)
Значи јас знам дека тие постојат и дека се таму негде меѓу народот меѓутоа не знам кој се тие .Неможе да одам да прашувам кој се оти ќе испаднам зелен мајмун оти секој ќе ми каже дека томку тој - таа е вистинскиот и дека немора понатаму да барам .
Реално неможе да ги препознам - незнам кој се .

6)
Способните- Успешните нема да се јават самите а мене баш тие ми требаат.
Морам да смислам начин некако да ги намам .
Ми текна !
Незнам кој се ама знам што сакаат .
Сите Способни од кога е настанат човекот сакаат една иста работа а тоа е :
Никој во општеството не смее да им ја спори способноста - заслужноста која ќе ја докажат на дело .Збориме ако навистина ја докажат својата способност нависина се заслужни .
Дефиниција :
Од кога е светот и векот секој Споосбен (способни) за да искажат својата спосбност да го дадат својот придонес во општеството мора да имаат ПРАВО НА ПРВЕНСТВО НА ИЗБОР пред сите други во општеството .

Тоа е Првото свето правило на Способните од кое тие никогаш не отстапуваат .
Порано во првобитните општества способните биле ловците па тие имале право на првенство на избор први да изберат дел од уловот но и најдобрите женки за парење кој сметале дека ќе им остават здраво потомство .Откога настанале државите способните имале право на првество во земање дел од плен -богатство општествен статус бирање жени итн .
Јас велам добро ќе им го признам тоа право само да ги имам .
Целото (ново ) општество капитализам ќе им го подредам ним.
Нека прават хиперпродукција нека прават новитети нека обезбедат развој -унапредување на сите гранки сектори во општеството материјалното богатство секако тие ќе го прават такашто тоа материјално богатство нека им го обезбеди правото на првенство на избор...прво нека имаат најскапи коли , куќи , жени итн .Ништо не им спорам .

7)
За да дознам кој се навистина тие ќе им поставам тест-филтер критериум .
Тој тест -филтер -критерум преку кој ќе ја извршам селекцијата која сигурно ќеми ги даде Способните кој ми требаат ќе бидат економските критериуми .
Ќе повикам економисти - Австриска школа , кензијанска тензијанска ќе изберам некоја од нив .
Сите учесници ќе бидат должни да играат според правилата на тој филтер - економски критериуми кој ќе бидат еднакви - исти за сите учесници .
За да нема изигрување на правилата да се провлече некој што нее способен ќе формирам ПРАВНА ДРЖАВА која правно ќе ги формулира економаските услови иќе предвиди казни за сите кој ќе сакаат да ги изиграат правилата .Ќе формирам и полиција да ги затвори тие што ќе ги прекршат правилата .

Јас знам дека претходните две правила се прифатливи за Способните .
И не само што се прифатливи туку и самите ќе побараат да постои независен арбитер -Судија -Правна држава како не би била спорна нивната победа но и друга најбитна работа :
Второто Свето правило на Способните :
Дефиниција :
Способите сакаат да се натпреваруваат исклучиво само меѓу себе .
Ако постојат натрапници кој не се способни туку на вештачки начин изигрувајќи ги еконскиот филтер и правната држава се мешаат со Способните па дури и им ја крадат или делат наградата -правото на првенство на избор тогаш Спсообните сигурно ќе престанат да се натпреваруваат меѓу себе па дури и ќе си заминат па макар тоа значело и пропаст на народот и државата .

Тоа е свето правило на Способните од кое тие никогаш во историјата не се откажале .
Никакви келеши несмее да има во нивна близина .(може како слуги но не како конкуренција)
Во текот на трката (докажувањето на Способноста ) мора да се обезбедат екстремно високи хигиенски услови така што сите други залутани забегани ќе бидат елиминирани како не би ја контаминирале -загадувале околината каде Способните се натпреваруваат меѓу себе .Тоа е исто така работа на Правната држава и полицијата .
Нема сомнеж :
Ако нема филтер и правна држава како гарант тогаш Способните сигурно ќе престнат да се напреваруваат .

Cool
На тие што ќе го поминат тестот ќе им речам .
Повелете змемете си ја наградата си ја заслуживте навистина сте способни :
Со тоа ќе констатирам дека капиталситичкиот општествен ситем е навистнина воспоставен како заокружена целина .
Вака :

Половина од американските конгресмени се милионери

За прв пат во историјата половина од членовите на Конгресот на САД се
милионери . Ова го покажува извештајот на асоцијацијата која го истражува
влијанието на парите во политиката.
Конгресмените милионери се претставници како на Републиканската , така и на
Демократската партија. Најмалку 268 од 534 членови на Претставничкиот дом и на
Сенатот имале нето приходи од еден милион долари или повеќе во 2012 година –
референтна година за даночните пријави во 2013 година.
Просечниот приход им изнесувал 1 008 767 долари , покажува анализата.
Републиканците и демократите се претставени еднакво со мала надмоќ за
демократите , чиј просечен приход бил 1,04 милиони долари спрема 1 милион
долари за републиканците .
Приходите се зголемиле на годишна основа со 990 000 долари , пријавени во 2012
година од демократите и 907 000 од републиканците . Во 2012 година 257
пратеници или 48% биле со приходи над 1 милион долари.

http://faktor.mk/archives/92046

А за тие што нема да успеат -лузерите самите си знаат дека нема да има милост , да не чекаат таква работа .

Вака :
Италијански бизнисмени во знак на протест ги соблекле панталоните (ВИДЕО)
Нивното бизнис лоби Кобас Импресе е една од двете групи кои бараат референдум за укинување на Еквиталија, агенцијата која собира заостанати даноци и казни за неплаќање данок.
Бизнисмените ја обвинуваат оваа агенција дека ја влошила економската криза прогонувајќи ги сопствениците на пропаднати компании кои не плаќале данок.
„Во изминатите 18 месеци, 162 БИЗНИСМЕНИ ИЗВРШИЈА САМОУБИСТВО бидејќи завршија во рацете на оваа агенција“, изјавил претседателот на Кобас Импресе Џузепе Грацијани.
Италијанската економија, трета во еврозоната, се наоѓа веќе две години во рецесија, поради што расте стапката на невработеност и се затвораат илјадници фирми.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/italijanski-biznismeni-vo-znak-na-protest-gi-soblekle-pantalonite-video


9)
За да обезбедам РАЗВОЈ мора да ги принудам (неспорејќи им ја наградата) Способните секојдневно без престан да се докажуваат натпреваруваат меѓу себе .Никој нема да живее на стара слава .
Тоа ќе го направам на тој начин што ќе забранам-спречам формирање монополи и олигархии .
Монополите ќе ги разбивам на поситни делови и ќе им донесам конкуренција ако треба и од странство .Олигархиите во негативна конотација спрега власт компании законски ќе ги казнувам .
Ќе разграничам :
а)
Оддавање тајни на странски служби ќе ги наречам шпиунажа и ќе подлежи на стрги казни за кој ќе судат воени судови
б)
Крадците на пари од државен буџет или банки и фирми ќе ги наречам ДРЖАВНИ НЕПРИЈАТЕЛИ и ќе издадам потерница да бидат ловени како животни и од ловци на награди и од полиција шерифи ФБИ и таквите најжестоко немилосрдно ќе ги казнувам .
Ако некој изврши убиство а не украде пари од буџет или фирми и банки ќе го наречам убиец а не државен непријател и ќе го казнам многу но не повеќе од државниот непријател .

Ќе дозволам слободно новинарство да помогнат ако има некакво затајување на ситемот да се поправи .Транспарентноста е добредојдена бидејќи способните несмеат да бидат спорни и несмее за никого да биде спорно дека ја заслужиле наградата .

10)
Сите работоспособни во зависност од работата која ја извршуваат од степенот на Одговорност која ја прифатиле ,Ризикот со кој мора да сесоочат (некој неможејќи да поднесат пораз како што претходно видовме ќе се самоубијат ) ќе имаат сосодветни парични приходи според кој ќе разликувам приближно три класи во општеството :
1)
Богата класа -Со најголема одговорнсот и најголем ризик
Најчесто тоа се Банките и многу големите корпорации кој прават многу голем обрт на средства што и самите се способни без банкарска помош да обезбедат сопствен сморазвој.

2)
Средна класа - со нешто помала одговорност и превземен ризик
Виша средна класа -поголеми претпријатија
Средно Средна класа- мали и средни претпријатија
Нижа Средна класа - технички (инженерики) персонал и надградба (актери ,медицина ,адвокати
итн )

Во кои професии е забележана највисока стапка на самоубиство?
30/09/2013
Притисокот и стресот на работното место често го земаат својот данок .
Врз основа на податоците од истражувањата на Американскиот национален институт за здравје и безбедност, ризикот на работното место постои и покрај тоа што некои професии не „исполнуваат“.
Податоците на оваа институција покажуваат дека, веројатноста на лекарите да посегнат по својот живот е за 100 % повисока од останатите. Тука спаѓаат и стоматолозите и морнарските инжинери.
Финансиските експерти и адвокати се исто така на листата на професии со висока стапка на самоубиство.
Иако често се мисли дека најчести жртви на самоубиство се оние луѓе кои имаат монотони професии, податоците зборуваат дека и оние кои се занимаваат со„убави професии“, како скулптура и ветерина, завземаат високо место на оваа „темна листа“.
http://faktor.mk/archives/75084#


3)
Нижа - работничка класа со најмала одговорност и превземен ризик Најчесто одговорни кон самите себе (за себе ).
а)виша нижа класа -- високо квалификувани работници
б)средно нижа класа --- средно -ниско квалификувани работници
в)Неквалификувани работници


Тоа е тоа
Диктатура на Способните .
Е сега во едно такво општество кога на Способните им го признавам нивното свето право -право на првенство на избор тогаш и на сите друго со текот на времето ќе им ги дадам правата и слободите кој им следуваат

Се мора да функционира безпрекорно .
Не смеат да се штедат пари за правната држава .
Без неа Способните ќе прстанат да се натреваруваат и целото општество ќе пропадне .

Кога ќе пропадне капитализмот ?
Тогаш кога ќе пропадне Правната држава и Способните веќе нема да се натпреваруваат меѓу себе па и нема да ја земат наградата која ја заслужуваат .

Тоа веќе се случило со римската империја .
Вака :

RIMSKO PRAVO
Skripta By Ante Bojić

DOMINAT
(284.-565.g.)
Ukratko:
Razdoblje započinje dolaskom Dioklecijana, i traje do smrti Justinijana
Glomazni birokratski aparat i carstvo zahtjevalo je povećanje društ. Troškova koji su podmirivani sve težim porezima pučanstva
Rasulo carstva na kratko je spriječio Dioklecijan koji je vodio državu ka apsolutnoj monarhiji. Vladar je sad dominus et deus, i sve što se njemu sviđa IMA SNAGU ZAKONA
Najviši organ uprave u prefekturi bio je praefecti praetorio koji su imali široke ovlasti. Odlučivali su o sudskim stvarima
Jedninstvo Carstva je ponovno uspostavio Konstantin, pojačavajući apsolutizam, do definitivne podjele carstva došlo je u vrijeme Teodozija 395.g. Gospodarstvo se skoro vratilo na naturalnu privredu
PRAVO RAZDOBLJA DOMINATA
1. Leges i Ius

Ovo razdoblje je ujedno i razdoblje VULGARIZACIJA PRAVA . Gašenje robne proizvodnje i robnonovčane razmjene i povratak na naturalnu privredu su imali i za posljedicu da su feudalni elementi prodrli u SVE GRANE PRIVATNOG PRAVA . Zbog utjecaja Grčkog jezika i ostalih provincija, došlo je do opće kulturne dekadencije. Napuštaju se klasični pojmovi i shvaćanja. Zbog opće svemoći cara GUBI SE SAMOSTALNA AKTIVNOST PRAVNIKA. Pravnici više nemaju ius respodendi. Smanjuje se interes za teorijsku obradu prava, a pravnici se sad školuju u pravnim školama

www.nasciturus.com


После распадот на праваната држава целиот државен апарат се распаднал како кула од карти .Способните прстанале да се натреваруваат меѓу себе
Вулгаризација - Спрдачење со Правната држава .
Тоа од 2006 се случува во Макеоднија.Имаме спрдачење со правната држава .Незнаеш што е полошо дали да не постои или тоа што воопшто постои во ваков облик.
Денес да се стане судија во македонија треба да се исполнат два услова :
1)
Да се биде свесен за сопствената неспособност а со тоа свесен за потребата на послушност кон тие што те назначиле
2)
Да се биде подмитлив.

Денес во Македонија и сите бивши комунистички земји се воспоставува Црковна олигархија која е Власт во макеоднија и другите земји народи на кој им е спопикано православието и исто како во Византија се воспоствува Диктатура на Неспособните .
А кога еднаш ќе се воспостави Диктатура на Неспособните тогаш распадот е неизбежен.
Во такви услови Способните не се натпреваруваат оти неспособните се навреда за нив и си заминуваат на Запад каде регуларно ќе си го завзаемат местотото кое им припаѓа кое го заслужуваат .А Македонија станува земја без Способни луѓе значи земја држава и народ без иднина и било какви шанси да опстанат .Таквите народи изсчезнуваат од историската сцена.
Во Македонија нема филтер за селекција нема правна држава па нема ниту натревар меѓу способните .А кога кај еден народ Храбрите и Способните не ги завземаат позоциите кој им припаѓаат таквите народи и држави пропаѓаат.
Ај кафе пауза па продолжуваме.

ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто капитализмот не успева (неможе да се воспостави) во ус

Пишување by ateist on Пет Jул 04, 2014 2:35 am

Зошто капитализмот не успева во услови на Ислам Православие Католицизам

---------------- ДЕЛ 2( ВТОР) --------

Гледаме дека Капитализамот успева во Западна Европа , САД ,Канада , Австралија ,Јапонија Индија и Кина .

Но не успева во држави и народи каде доминантна или на власт е Исламската Православната и Католичката религија .Кај овие држави и народи постои некаква приватна сопственсот повеќе или помалку кримнал повеќе или ич човекови права и слободи и некаде тоа си го нарекуваат капитализам а некакде па и не им е гајле .

Капитализам има кај народи и држави каде декларативно има повеќе католици но поради силното влијание на атеизмот и протестантизмот влијанието на католицизмот е сузбиено .Таков пример е Италија .Но капиталзиамот - диктарура на Способните неможе да се воспостави во држави каде католицизмот е доминантен како што се Филипини , државите од Јужна-Латинска Америка познати и како банана-држави итн .

Гледаме дека капитализам -Диктатура на Способните неможе да се воспостави ниту во бившите комунистички држави од источна Европа каде доминатна или на власт е Православната религија .Поради таквата неможност знаеме дека наместо капитализам комунистите воспоставиле Социјалистички општествени ситеми кој се распаднаа 1990 година .Ваквиот проблем Западот го решил со Француската буржоаска револуција потоа атеистичкиот цар Наполеон и со капиталистичките револуции од 1848 кога капиталистите си го одржале ветувањето кон селаните па пошто зашто им го распродале имотот на феудалците и Католичката црква .На Католичката црква и биле оставени објектите за верски обреди . Со тоа направиле РАЗВЛАСТУВАЊЕ на Католицизмот во Западна Европа .Затоа на Запад е возможен капитализам како диктоатура на Способните . Парламент на Франција имал аристократски сталеж и католички сталеж Тоа била власта која владеела .Но капиталистите кој решиле да создаваат Капитализам како диктатура на сособните неможеле да дозволат неспособните-католиците (папата исвештенство) да бидат директно во власта оти во такви услови Способните воопшто и не би се натпреварувале меѓу себе па капитализмот би пропаднал пред воопшто ида се воспостави .Исто така и комунистите кога дошле на власт и ги оставиле објектите -цркви на Православна религија со што исто така извршиле РАЗВЛАСТУВАЊЕ на Православната религија .

Но после падот на Социјализмот под маска на денционализација на Православна религија и е дадено огромно материјално богатство и можност да формира Политички партии под маска "демохристијански" така што имаме Православна ОЛИГАРХИСКА религија која има релевантно одлучувачко влијание во економијата и политиката така шти таа е повторно вратена на ВЛАСТ .
Кај нас тоа го направи нездравиот Љубчо Георгиевски кој со Никола Груевски под маска денационализација Православната религија ја направија најбогататабизнис корпорација .Така што и да се смени Груевски не игра улога оти Православната корпорација секогаш ќе постави свој човек .Исто е во сите бивши Комунистички-Социјалистички земји каде Правсоалвието е на власт .Сегде имаме тоталитарни општества , многу криминал , разврат и масовно одумирање на народите од тие држави каде Православието е вратено на власт .Нее возможно воспоставување на капитализам -Диктатура на Споспобните не само како транзиција туку без било какви изгледи дека било кога ќе биде воспоставен Капитализам од Западен тип -Диктатура на Способните .Се воспоставува стариот феудален неразвоен-ненедградлив систем како Диктатура на Неспособните - Криминалците -Силеџиите -Ненормалните па затоа и има масовно бегање на население на Запад и масовно одумирање на тие народи што веќе порано се случувало кога Православието било на Власт .

Католицизмот и Правсолавието било кога се навласт или како подлога (доминантно население ) во една држава нее можно да се воспостават Капиталзитички односи-Диктатура на Способните
Исламот е интересен .
--Кога е на власт нее можно воспосвување на капиталистички односи имаме Диктатура на Неспособните

--Кога е доминантно население (ислам) е добро и може да се воспостават Капиталситички односи - Диктатура на Спосбните како што е примерот со Турција .Капитализмот со сите тешкотии но навистина успеваше .Но ете гледаме во последно вмреме кога дојдоа исламистите со Ердоган имаме менување-руинирање-укинување на Судството забрана - мрак за информирање на населението забрана на интернет , цензура на медиуми итн .Како ќезаврши ќе видиме но се укажува дека се напушта Капитализмот

--Исламот е исто така добар како подлога за воспоставување на Социјализам од специфичен тип како што беше Либија .Да Либија беше Социјалистичка држава со Гадафи и тој стандард таква благосостојба сега кога е воспоставена исламска власт може веќе да сонуваат .Социјалситичка Либија немаше сосптвен развој како и другите Социјалситички атеистички држави но имаше многу добра распределба на националното богатство .Државата им плаќаше се од школство до соодветна работа па дури и стан за младите брачни парови .А сега после падот на Либискиот Социјализам има диктатура на Неспособните значи забрана за информирање , прогон на учените и Способните луѓе во кој се гледа опасност .Диктатура на Неспсообните .Со таа разлика од Православието дека нее деструктивна кон населението и тоа не одумира па и да има големи човечки загуби тие брзо се надокнадуваат а кај Православието тие загуби се трајни - остануваат празни територии .

Еве ги последиците од Исламот како власт во однос на Капитализмот

Како религијата труе сè (5)

16.11.2012

Без оглед колку бил приватен тој феномен - се чини дека не го почувствувал никој освен него - тој го сфатил како уште еден знак за скорешното враќање на дванаесеттиот имам, а можеби и како дополнителна поддршка за неговата амбиција, од Исламската Република Иран, инаку потоната во СИРОМАШТИЈА, РЕПРЕСИЈА, СТАГНАЦИЈА И КОРУПЦИЈА, сепак да направи нуклеарна сила.

Друг начин да се опише таа состојба е да се рече дека, во моментов додека ја пишувам книгава, една нова верзија на инквизицијата се подготвува да стави рака на нуклеарното оружје. Под угнетувачката власт на религијата, големата, инвентивна и развиена персиска цивилизација незапирливо го губи пулсот. Нејзините писатели, уметници и интелектуалци се главно ПРОТЕРАНИ или задушени со ЦЕНЗУРА , нејзините жени се третираат како подвижен имот и сексуален плен, нејзината младина е НЕДОВОЛНО ОБРАЗОВАНА и е НЕВРАБОТЕНА.По четврт век теократија, Иран и понатаму ГИ ИЗВЕЗУВА ИСТИТЕ НЕШТА што ги извезувал и кога теократијата ја презела власта - ф’стаци и килими. Модернизацијата и технологијата ги ЗАОБИКОЛИЛЕ, со исклучок на нуклеаризацијата.

Тоа ја издигнува конфронтацијата меѓу верата и цивилизацијата на сосема поинакво рамниште. До пред релативно кратко време, оние што ќе го прифателе патот на клирот, морале да платат висока цена за тоа. Нивните општества пропаѓале, економиите им биле во грч, нивните НАЈДОБРИ УМОВИ останувале НЕИСКОРИСТЕНИ или СИ ЗАМИНУВАЛЕ и постојано доцнеле зад општествата кои научиле како да го скротат и да го изолираат религиозниот импулс. Една земја како што е Авганистан едноставно ќе изгние.

http://okno.mk

Тука треба да се напомене дека Исламскиот свет кој традиционално беше близок со Истокот -Индија и Кина почнува да трпи порази токму од нив .Праплавени се со евтина кинеска роба која и тоа малку домашно производство го прави инфериорно и го уништува. Кина и Индија стануваат (веќе се )капиталистички суперсили .Така што веќе станува спорно дали ќе може и понатаму да урлаат....."Западот е крив за се "

Омилена работа која ја злоупотребуваат Исалмистите есе човековите права и слободи на Западот како ихуманитарните организации но кога Неспособните -во конкретниот случај Исламисти ќе се дограбат до Власт тогаш друга песна се пее


10 години затвор и 1000 удари со камшик поради онлајн навреди против исламот

08-05-2014


Саудискиот блогер Раиф Бадави е осуден на 10 години затвор и на 1000 удари со камшик поради обвинение за навреди на исламот изнесени преку онлајн форум кој самиот го создал.

Судот во саудискиот град Џеда, исто така, на Бадави му нареди да плати казна од милион саудиски риали – 266.000 американски долари.
На првата судска инстанца, за истите обвинувања Бадави беше осуден на седум години затвор и на 600 удари со камшик. Тој се жалеше и Апелацискиот суд донесе построга казна. Бадави е во затвор од средината на 2012 година, а неговиот форум „Слободни саудиски либерали“е затворен и неактивен

http://libertas.mk/10-години-затвор-и-1000-удари-со-камшик-порад/

Iran zabranio Barbike
Iranska policija za moral zabranila je prodaju Barbi lutke zbog zaštite društva od "opasnog uticaja zapadne kulture, koja ugrožava islamske vrednosti", rekao je jedan od prodavaca igračaka u severnom delu Teherana.

16.01.2012.
Zapadne zemlje nedavno su uvele do sada najoštrije sankcije Iranu zbog njegovog nuklearnog programa, a vlasti navode da su u zemlji pokrenule "meki rat" protiv dekedentnog uticaja zapada.
"Pripadnici policije za moral došli su u radnju pre tri nedelje i zatražili da uklonimo sve Barbi lutke", rekao je prodavac, prenosi portal Sarajevo-x.com.
Iranski verski vladari proglasili su 1996. godine Barbi za neislamsku lutku, uz objašnjenje da ona ima "destruktivne kulturne i društvene posledice".
Novo naređenje primoralo je prodavce da kriju lutku iza ostalih igračaka, da bi zadovoljili potražnju na tržištu i istovremeno izbegli kažnjavanje.
http://mondo.rs/a231767/Info/Svet/Iran-zabranio-Barbike.html

Iran zabranio proizvodnju poklona za Dan zaljubljenih
18.01.2011
TEHERAN - U Iranu je zabranjena PROIZVODNJA poklona za Dan zaljubljenih, kao i promovisanje tog praznika koji iranske vlasti smatraju posledicom širenja zapadne kulture, izvestili su iranski mediji.
Dan zaljubljenih nije zvanično zabranjen, ali ekstremne snage su upozorile na štetne posledice širenja zapadnih vrednosti, jer, prema iranskom islamskom zakonu, nevenčanim parovima nije dozvoljeno da budu u emotivnoj vezi.
Zabrana se odnosi na proizvodnju poklona kao što su čestitke, kutije sa simbolima srca i crvene ruže, javile su agencije.
"Slavljenje stranih praznika je posledica širenja zapadne kulture. Naša zemlja ima drevnu civilizaciju i mnogo praznika kojima veličamo dobrotu, ljubav i osećanja", izjavio je predsednik SINDIKATA vlasnika štamparija Ali Nikou Sokan.
Dan zaljubljenih je sve popularniji među iranskom omladinom i donosi veliku zaradu u zemlji u kojoj je 70 odsto stanovništva mlađe od 30 godina i ne seća se Islamske revolucije 1979. godine u kojoj je zbačen šah koji je uživao podršku SAD.
"Štampanje i proizvodnja svih proizvoda koji su povezani sa Danom zaljubljenih, uključujući postere, brošure, čestitke, kutije sa simbolima srca, polusrca, crvene ruže i sve aktivnosti koje promovišu ovaj dan zabranjeni su i vlasti će preduzeti pravne mere protiv onih koji budu prekršili zabranu", navedeno je u zabrani.
Neki nacionalisti su predložili da se Dan zaljubljenih zameni Mehreganom, iranskim praznikom koji se slavi od preislamske epohe. Mehr znači prijateljstvo ili ljubav.
http://www.kurir-info.rs/iran-zabranio-proizvodnju-poklona-za-dan-zaljubljenih-clanak-68748

Иран повторно го забрани пристапот до Интернет
2.02.2012
Милиони жители на Иран, втор пат оваа недела, останаа без пристап до Интернет, а според агенцијата Ројтерс, блокирани се сите интернационални страници обезбедени со кодот ХТТР.
Според информатички експерти од Техеран, ситуацијата е полоша од претходната недела за забрана за пристап до Интернет, бидејќи сега забраната може да се заобиколи со VPN и “proxy“ сервери.
Само пред десетина дена, Иран го забрани пристапот до меил сервисите како што се “Гугл маил“, “Хотмаил“ или “Јаху“.
Помеѓу сајтовите за кои важи забраната е и страната на најпопуларната светска социјална мрежа “Фејсбук“.
Коментар за оваа забрана од официјален Техеран нема. Вообичаено земјата секогаш одбиваше цензура на пристапот до Интернет, но го прави тоа секогаш кога земјата е зафатена од протести.
По две недели во земјата ќе бидат одржани избори.
Минатиот месец, министерот за телекомуникации на Иран, Мохамед Реза рекол дека во план е националниот итранет да стане оперативен за релативно кратко време. Тој не спомена точна дата за почеток на овој сервис, но додаде дека тоа може да се случи во секој момент.
За плановите за основање на внатрешна интранет мрежа во Иран пишуваше и “Вол стрит журнал“, цитирајќи го иранскиот министер за економија, Али Агамохадиши, дека националната интранет ќе биде навистина халал мрежа (халал е термин кој се однесува на сите работи и активности кои се дозволени во исламот), која "ќе ги поседува сите етичко-морални вредности на исламот“.
http://tocka.com.mk/1/60774/iran-povtorno-go-zabrani-pristapot-do-internet
Сума Сумарум
Таму каде Исламот е воспоставен како Власт нее возможно воспоставување на капитализам -дикатура на Способните .
Ете и да не анатемисуваат и прогонуваат Спосбните тие повторно нема да се натпреваруваат меѓу себе .Прво нема да се натпреваруваат поради тоа што никогаш нема да се наптпреваруваат во Способноста ако бидат контролирани од неспособни или тие неспособни им ја крадат наградата за Спсоосбноста .Друго е што дури ида им се дозволи да се натрпреваруваат Способните помеѓу себе Способните немаат мотивација да си ги ризикуваат животите .Таква ситуација имаше во бивша СФРЈугославија кога имаше периоди кога луѓето навистина имаа многу пари но тоа беше џабе кога немаше на што да се потрошат .Немаше производи што можеше да се купат .Барем имаа заштеди ...па на крајот и нив им ги заробија .
ДРУГО БИТНО
Е да тука треба да се напомене и Комунистичката религија како Диктатура на Просечните (полуспособните )
За разлика од другите религии кој создаваат затуцани верници комунистичката религија создаваше атеисти .А атеистите си бараат ум разум и логика .
Комунистичката религија на простотри на екс СФРЈ кога се појавила во почетокот била доста напредна што и не треба да чуди бидејќи водачите биле многу Способни луѓе не само Тито како висококвалификуван работник туку имало и многу капиталисти (добра серија беше хрватската Раткаеви ) па дури и Аристократи кој имале огромни феуди и замоци .Така што тоа била една интересна идеолошка-духовна дружина .Точно е дека квислинзите петоколонашите ивоените злосторници ги ликвидирале .Точно е дека и Сталинистите ги прогонувале на Голи оток .Ама не бил ликвидиран ниту еден инженер или доктор итн ваквите дури и да биле Сталинисти и подржувачи на Усташите (се знаело дека се такви ) никого не ликвидирале ниту пратиел на голи Оток .(Билеиспратени во македонија или друго место со сите можни привелегии некој држеле катедри на факултети некој добиле службени автомобили и станови и добри плати да раководат )На голи оток биле праќани гомнојадците неспособните кој секако ништо не вределе а само можеле штета да направат (хахааахх абе трагично ама вистинито ) .Дури не биле ликвидирани ниту Капиталистите освен ако не правеле злосторства или активно соработувале со окупторите .Капиталситите не биле праќани ниту на голи оток .Едноставно Капиталистите биле назначени за директори на фабриките на кој биле сопственици и потоа си отишле во пензија без да им фали влакно од глава .Тоа е вистината и добро е што ако не се тие живи ама барем нивни синови ќерки се живи па можат да потврдат .(на крају крајева нивни синови ќерки бараа денационализација нафабриките кој биле во сопственсот на нивни татковци ).
Имале генијални решенија после војната .Не само што имало вистинска експанзија на индустријализациај туку ги решавале и мотивациите за да се работи .После војнатасе јавиле 800 000 борци кој барале привелегии .Комунистите од СФРЈ кој не прифаќале Сталинизам кој поимал урамниловка на плати им понудиле решение какона развиениот капиталситички Запад .
Кој сака да работи лесна адмистративна работа добија една плата , кој сака фабричка или работа во надворешни услови во близина на место на живеење најмалку две плати а пак оние кој цело време работат под отворено небо како што биле градежниците , или поставување на далекуводи итн најмалку три плати ..според учинокот .
Исто било и е сеуште во капиталситичките земји на Запад а денес во Македонија е обратно ...најдобро платени се административците помалку платени грдежниците и други кој работат на отворено а најмалку во фабриките (социјални случаи).............и затоа работоспособните си заминуваат со фамилиите на Запад .А што може друго да ти смислат Неспособите од ДПМЕ како партија на Правсолавието .Само улавштии ништо паметно .
Социјализмот немал некој сопствен саморазвој (Способните не се натпреварувале меѓу себе )но како воена сила можел да си дозволи да краде -копира технологии (индустриски и воени ) од Западот без да плаќа лиценци и авторски права .(хахаахх смешно ама така беше а истото денес го прави и Кина )Се пратеа копираа некој музички и донекаде модни тендови .
И сето тоа некаде до 1970-1975 година кога комунистите револуционери остареа и настана смена на генерации .Арно ама при таа смена на генерации замената била со читачи на реферати -гомнојадци , упикувачи , кариеристи заради привелегии без никакви практични докази за нивни способности .Тоа беше новата Авангарда .
Есега во меѓувреме се создадоа многу учени луѓе од многу профили . Имаше и многу способни висококвалификувани работници .А некој од раководителите-директори на фирми сакаа прогрес наредок сакаа како Способни да почне процес на наптпревар меѓу Способните во Самоуправувањето .Што беше многу нормално и посакувано .Плус и мене лично ми беше чудно како може Западот да биде водечки во развој на технологии кога во Социјализмот имаше многу подобри услови за такво нешто .Логично навистина требаше така да биде .
Требаше ама неможеше .
Новата Комунситичка Авангарда почна војна против Способните .
Беше формирана комунистичка Инквизиција за лов и уништување на Способните .
Реално на Западниот капитализам дотогаш противник му беше Седната класа од Социјализмот.
На Запад имаше 3 класи меѓу кој и Средната класа и на нив на Исток -Социјализмот требаше да му се спротивстави нижата средна класа -- инженери , техничари , доктори ,актери ,уметници итн .Нели непостоеше богата класа ...банкари , крупни претпријатија со големи капитали кој обезбедуваа сопствен саморазвој ,инвестициски фондови итн .
Вака :

И во социјализмот се правеа „спектакуларни апсења“ по партиска директива

Текстот е објавен на 15-ти август 2008-ма во неделникот „Фокус“ во бројот 685



На партиските раководители оптоварени со завист, не им беше тешко да препознаат за режимот сомнителни и опасни луѓе во успешните стопанственици. Немоќни пред проблемите со кои се среќаваше земјата, тие политичари во техноменаџерите препознаа опасен слој што „неоправдано богатејќи се“, може да прерасне во нивна политичка алтернатива!

Пишувал
Стојан АНДОВ
При крајот на септември 1982 г. националните медиуми (тогаш една телевизија и радио, и двата весника на македонски јазик) бомбастично објавија дека ЦК на СКМ заседавал и усвоил заклучоци за интензивирање на борбата против неоснованото богатење, митото, корупцијата и другите девијации со кои се попречува развојот на социјалистичкото самоуправно општество и се поткопуваат темелите на уставниот поредок. Како главен носител на тие опасни појави беше посочен „техноменаџерскиот слој“, чии припадници, често, спротивно на интересите на работниците – самоуправувачи, се стремеле кон остварување на своите приватни, егоистични цели.
Заклучоците, исто така, како главни носители на борбата против таа опасна појава ги означија комунистите што работат во Министерството за внатрешни работи, во Обвинителството и во судството. Наскоро почнаа да се насетуваат вистинските резултати од дејството на тие заклучоци. Медиумите почнаа речиси секој ден да објавуваат дека некој раководител од некое претпријатие што особено добро стои и работи – е притворен. И со секој нов притвор првите десетина – петнаесет дена објаснуваа дека, ете, уште еден или двајца им се придружиле на порано притворените за исти гревови двајца раководители од „Македонија Вино“.
Притворените беа генерални директори, технички, комерцијални, финансиски директори или шефови на служби. За секого од притворените беа „исткаени“ вистински крими-приказни, кои понатаму беа повторувани и дополнително „накитени“ во локалните радио-станици, во фабричките весници и по партиските и синдикалните состаноци.
Тој пред да дојде на работа во федерацијата, беше претседател на словенечката влада. Му објаснив што се случува и изнесов мислење дека тоа може да биде опасно, пред сѐ за стопанството во Македонија. Тој веднаш искажа изненадување, па на шега рече: „Ако за тоа се притвора и се гони, ние во Словенија треба сите стопански раководители да ги испозатвориме. Тоа е бесмислица“. Ја поддржа иницијативата што сум ја дал и рече дека и самиот ќе му се јави на Ставрев.

АПСЕЊАТА ПРОДОЛЖИЈА
Многу луѓе беа апсени и лично понижувани, како и членовите на нивните семејства. Споменатите двајца раководители на „Македонија Вино“ беа држени во притвор повеќе од дваесет месеци, а на крајот од судот беа ослободени од вина. Еден мој пријател од Штип беше држен цели 87 дена во притвор, а потоа не беше покренато обвинение и беше пуштен од притворот. Но откако излезе на слобода, иако ослободен од секакво сомневање, тој со години не можеше спокојно да излезе на улица, ниту да најде вработување.
А некои поминаа многу полошо. Генералниот директор на „Астибо“ соочен со можен притвор врз основа на исконструирани докази, а длабоко трауматизиран уште во своите младешки години од голготите и понижувањата на нашите гулази, не ја поднесе заканата и сам си го одзеде животот. Таков бран од апсења и дискредитирања на стопанственици во тогашните ју-републики немаше. Но, македонскиот ЦК, токму во слојот од такви раководители, откри свои политички противници и ги осомничи како непријатели на народот и државата.

Од друга страна, надојдените нови генерации образовани луѓе без можност да најдат вработување соодветно на своите квалификации, ја зголемуваа напнатоста. Соочени со огромните проблеми, а неможејќи да ги видат нивните вистински причини, членовите на ЦК-СКМ виновници за таа тешка ситуација препознаа во тој слој стопански раководители што тогаш ги нарекоа техно-менаџери.

ЦЕ-КА СЕ ИСПЛАШИ ОД ТЕХНО-МЕНАЏЕРИТЕ
Инаку, тие луѓе на функции во стопанството дојдоа со одлука или барем без противење на партиските комитети. Но, поспособните од нив наскоро по доаѓањето на функциите, сфатија дека и нивниот опстанок и опстанокот и развојот на фирмите што ги водат, зависат од нивното успешно поврзување со фирми од меѓународен пазар, особено од подрачјето со конвертибилни валути. Од тоа подрачје можеа да добијат технички иновации, современа опрема и, што често се случуваше, кредити за обртни средства од кои недостиг имаа речиси сите претпријатија во Македонија.
Тие потреби ги принудуваа „техноменаџерите“ често да патуваат во странство и да се запознаваат со странци. Тие патувања им носеа дневници во цврста валута, што не беше безначајно за нивната лична и семејна ситуација. Во нивните домови тие гостите ги служеа со скапи странски пијалаци, а можеа да слушаат музика од некои од последните музички новотарии, недостапни за обичните луѓе.
Со еден збор, почнаа постепено статусно да се одвојуваат од средината во која живееја, а таа, воспитана врз идеите на еднаквоста, спонтано реагираше кон нив со завист, сомневање, дури и со омраза. Тие директори, во согласност со успехот на фирмите што ги водеа, по правило имаа повисоки плати дури и од претседателот на ЦК, а камоли од оние на членовите на ЦК.

На партиските раководители во тие услови и самите оптоварени со завист, а засипани со „анонимни писма“ не им беше тешко да препознаат за режимот сомнителни и опасни луѓе. Лично немоќни пред проблемите со кои се среќаваше земјата, тие политичари во техноменаџерите препознаа опасен слој што „неоправдано богатејќи се“, може да прерасне во нивна политичка алтернатива. Тие жестоки прогони доведоа до масовно кршење на човековите права и до натамошно економско заостанување на Република Македонија во однос на другите републики во тогашна Југославија. Негативното искуство со оваа афера имаше важен удел во општата дискредитација на системот што го имавме до 1991 г.

Беа вградени и други решенија за заштита на човековите права од самоволието на политичките центри за злоупотреба на органите за откривање и прогон.
Меѓутоа, решенијата вградени во Уставот постепено беа ревидирани. Нивната ревизија беше објаснувана со потребата за ефикасна борба против општите зла како што се нелегалната трговија со оружје, трговијата со дрога и луѓе, тероризмот, организираниот криминал и корупцијата итн. Истовремено, беше објаснувано дека во новите услови нема опасност од злоупотреба на државните органи за масовно кршење на човековите права.
Се објаснуваше дека во нашите услови нема такви семоќни политички центри како што тоа беше случај во поранешниот систем, дека повеќепартискиот парламент овозможува демократска контрола на функционирањето на органите на прогонот и дека покрај функционирањето на парламентарната демократија, дејствуваат и институциите на граѓанското општество, вклучувајќи ја и слободата на медиумите. Така, се создаде убедување дека злоупотребата на државните органи за политички цели и за кршење на човековите права станува невозможна. Но, изгледа дека некои од споменатите околности не сме ги процениле добро и во оценките добро сме се излажале.

http://fokus.mk/i-vo-sotsijalizmot-se-pravea-spektakularni-apsen-a-po-partiska-direktiva/

Или познатиот случај со ФЕНИ од Кавадарци кој тогаш беше прогалсен за промашена инвестиција за денес да копат странци ида работи добро со истата технологија .

Или случајот со Фикрет Абдиќ од Босна кој беше затворен и прогонуван само затоа што создал огромна индутрија (Агрокомерц )за прехрана за која немаше проблем за пласирање на производи во СФРЈ и странство .

Фикрет Абдиќ извлекол 3 милони евра од Агрокомерц
20.08.2013

Според пишувањата на босанскиот весник Дневни аваз поранешниот прв човек на Агрокомерц,Фикрет Абдиќ успеал од сметката на фирмата да земе три милиони евра во една банка во Виена.
Фикрет Абдиќ пред војната беше директор на нАгрокомерц , а фирмата за време на воениот конфликт речиси целосно била ограбена.

http://lider.mk/2013/08/20/fikret-abdik-izvlekol-3-milioni-evra-od-agrokomerc/


ед војната беше директор на
Комунистичката религија кажа што имаше да каже .И покрај добрите намери (во кој јас не се сомневам ) на нивните осздвачи на Социјализмот ете се покажа како невозможно општество .
Способните кога бараа да се натпреваруваат да донесат развој беа прогонувани исто како што биле прогонувани во Средниот мрачен век .Не беа прогонувани ако се задоволеа да бидат просечни .Им беа давани добри плати , станови со што немораа дури ниту да бегаат во странство како сега кога ДПМНЕ (Православието ) е на власт .Но не и да искажат способност.

А комунистичката религиозна инквизиција -авангарда прво се набута во СДСМ а денс комплетно е прсселена во ДПМНЕ со што само се потврдува дека религија си е религија .
А оние што си беа просечни (чевтрт до полуспособни ) потоа -после 1990 година станаа олигарси
Македонски олигарси (1): Бранко ги роди, Грујо ги прероди
http://fokus.mk/makedonski-oligarsi-1-branko-gi-rodi-grujo-gi-prerodi/

Но и голем дел од комунистичката религиозна инквизиција денес се многу богати луѓе .
Едноставно ја имале болеста на неспособните религиозни луѓе - љубомората кон Способните а ја сакале наградата која им припаѓа на Способните .Да крадат нешто што не им припаѓа нешто што како неспособни можеле само да го сонуваат .

Но каде се Способните кој натпреваруваат меѓу себе тие носат напредок прогрес и за ссбе и за сите и таму НАРОДОТ НЕ ОДУМИРА .
Народот одумира таму каде се Неспособните на власт или им ја украле наградата -богатството кое им припаѓа на Способните .Богатство кое нее само за лична потрошувачка туку и за развој и натпревар со другите Способни .

Затоа денес младите кој се Способни нетреба да подлегнуваат на паролите на комунистите кој бараат враќање на власт .Да не подлегнуваат на ласкања дека се "напредна интелигенција" ако им се приклучат нив.
Зошто кога би се вратиле на власт истите тие ќе бидат предмет на ликвидациоја баш дека се напредна интелигенција .Оти днешни комунисти се религиозна инквизиција -Неспособни кој бараат некој да ги крми да ги тови да рмба да работи за нив ама да не бара како Способен да си ја добие заслужената награда која ја заслужил .
Да не ги лаже памет дека ако се Способни ќе може да правт развој да учествуват во создавње новитети и нови технолигии .Тоа не беже можно не само во СФРЈ туку нигде во било која Социјалистичка земја .Да логиката кажува дека требаше да се создадат могу повеќе и помодерни технологии од тие на Запад но реално во услови на кунистичка религија -комунистичка инквизија тоа никогаш ниту се случи ниту било кога ќе сеслучи . Способните кој отидоа на Запад создаваа иновации и рационализации добиваа соодветни награди и се збогатија.Тиа што останаа тука добиваа пофалници за газот да си го бришат .Денес се сиромашни и децата ги колнат.
Да лошо е што се врати на власт црносмрдољачкото Правсолавие кое уништува се пред себе .
Ама и да уништи се барем нешто ќе се реши .А комунизмот дефинитивно покажа дека не е решение .
И безброј пати да се повтори резултатот секогаш ќе биде ист како 1990 година ....неизбежен распад и крадење на се што е содадено но несоодветно платено.
Тоа што нешто што нема шанси да успее нема резон да се повторува .


ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот