Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот

Пишување by ateist on Пон Јун 29, 2015 2:07 pm

Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот


протежира

1.
(фр. protéger) искаже/искажува протекција, штити, заштити/заштитува; препорача/препорачува.


реформа

1.
(лат. reforma) 1. преобликување, промена, преустројство, преуредување, подобрување, поправка, преобразба, преобразување; 2. политичко преобликување, преуредување што го спроведува владата; промена што не ги нарушува основите на системот.

реформатор

1.
(лат. reformater) тој што врши, што спроведува реформа, што менува нешто, што поправа нешто на подобро.


Бомбите на Заев не самошто го раскринкаа Мафијашкото здружение ДПМНЕ и нејзиниот водач Грјо Ајдук војвода туку отворија и некој други интересни прашања .
А едно од тие интересни прашања е :

Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот а ете со последните случувања најјасно тоа е гледа во Макеоднија .

Имаме признание –ПОТПИС на Груевски на извештај на Прибе дека е водач на Мафијашко организирано криминално злосторничко здружение наречено ДПМНЕ .

И сега наместо да се бара Грујо и неговата мафија да кршат главурдите а после потисот Груо немаше што да прави одеднаш се бара од Заев да преговарал и да постигнел ДОГОВОР со Мафијашите од ДПМНЕ чиј водач е Грујо гомно војвода .

Нели Грујо после реформите во 100 чекора со кој се фалеше испада дека тие реформи биле криминал пљачка партизација блокада на државата .
И сега топрв отсега Грујо ќе ми типравел некакви реформи пропишани од Прибе .

Значи Американците не требале да прогонуваат Мафијашите туку онака кога го фатиле Ал КАпоне требале да преговараат со него да му препиаш некакви реформи за фитнес јога диети и здрав живот .

Не треба да се забоарави дека како и сите Балкански мафијаши кој се на власт и Грујо гомно војвода цело време ја имаше полната подршка на Западот било преку замижување на изборните фалсификати и пишување лажни извешатаи до финанаски препораки за некакви наводни успеси па до кредитирање на споменици и улавштии.

И за ова веќе поодамна предупредуваа некој колумнисти и сега го прават истотот.

1)

А)
ЕУ педофилите и Американците барат ...

Браат...
Браат што ?
Каков компромис .
Груевски е нивен човек ..мафијаш ..каков компромис .
За што компромис ?
Абе тој Заев е должен да не се крие како пизда оти е на негова штета и јавно да каже што сака Западот

Груевски шопингува во Париз, ДИПЛОМАТИТЕ го притискаат Заев

26-06-2015

Груевски преку Фајненшнл тајмс од Париз порача дека нема намера да се повлече од премиерската функција и образожи што тој давал, а што не. Премиерот во градот на светлоста е придружуван од сопругата Боркица и министерот за надворешни работи Никола Поповски со сопругата.

Од кабинетот на Груевски објавија дека премиерот е на бизнис форум на кој ќе имал и обраќање и дека целта на ова негово патување е потрага по странски инвеститори.
На социјалните мрежи се појави информација дека прсстојот во Париз брачниот пар Груевски го користи и за шопинг во брендирани лускузни бутици.

Во меѓувреме овде во Скопје лидерот на опозицијата и вчера и денеска се среќава со странски дипломати кои, според изворите на Либертас, го притискаат во понеделник сепак да постигне договор со Груевски.

– Бараат да има договор а понудата на масата е неприфатлива за опозицијата и договор најверојатно во понеделник нема да има- вели нашиот извор.
Според него целиот притисок од меѓународната заедница практично е врз Заев, односно да се помири со ставот на Груевски да остане премиер до крајот на декември а предвремените избори да бидат во април како што беше постигата согласност на средбата во Пржино.

И ДУИ ја турка идеата Груевски да остане до декември односно да не биде премиер последните 3 месеци пред изборите, што практично не е никаква отстапка туку тоа е според законите.

Од канцеларијата на Еврокомесарот Хан порачаа дека тој во Скопје во понеделник би се појавил само ако претходно има гаранции дека договор меѓу власта и опозицијата ќе има. Овие денови, според дипломатскиизвори на Либертас, најактивен во обид да се заврши кризата и да има договор е американскиот амбасадор Бејли. И неговите совети до Заев наводно се исти како и на европските,односно во компромисот да попушти опозицискиот лидер.

Од опозициската партија се дознава дека тие остануваат на ставот, преодна влада без Груевски и дека шансите да се случи нешто до понеделник за да се постигне договор се речиси минимални.



http://libertas.mk/груевски-шопингува-во-париз-дипломат/



Б)

Еве дека и покај признанието и целиот криминал на ДПМНЕ се бара со Мафијата да сепреговара и да се постигне замисли ...компромис

ЕУ бара истрага за бомбите

22 June, 2015

На дебатата која ја одржале денеска била потврдена нивната поддршка за договорот од втори јуни, изјави попладнево шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Во текот на утрешниот ден, министрите ќе ги објават нивните заклучоците за Македонија.

Тие во нацрт верзијата содржат повик за темелна истрага за бомбите на опозицијата, но и детаљни одредби за реформскиот процес што се очекува од Македонија особено во делот на владеењето на правото, изборното законодавство, прекрушувањето на човековите права, слободата на медиумите, партизацијата на институциите, како и забелешките содржани во експертскиот извештај Рајнхард Прибе за работата на УБК.

Министрите на ЕУ очекуваат од македонските партии да постигнат ТРАЕН КОМПРОМИС на 29 јуни.

http://www.telma.com.mk/vesti/eu-bara-istraga-za-bombite


2)
Арсим Зеколи: Потребна е деконтаминација на државата од груевизмот и ахметовизмот

ИНТЕРВЈУ

06 Јун, 2015


Дали е можно европските посредници да си ги затворат очите на 10 јуни пред прекршувањата на режимот на Груевски и Ахмети?

Со оглед на тоа што европските дипломатии и политики тоа го имаат направено неколку пати во последните години, не гледам причина зошто тоа повторно не би ни го приредиле. Тоа е всушност веќе ТРАДИЦИОНАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ на ЕУ и САД, започнато со уривањето на телевизијата А1, со насилството врз опозицијата во Собранието на 24 декември 2012 година. Се до ШТУРИТЕ РЕАКЦИИ од Европа кон снимките со скандалозните однесувања на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. И секој пат, по секое такво затворање на очите од ЕУ, односот на Груевски и Ахмети стануваше се поарогантен, понасилен и побезобѕирен кон слободомислечката јавност и опозицијата. И со тоа кризата наместо кон смирување, дополнително се вжештуваше и заоструваше.

Дали очекувате зголемување на тензиите во Македонија ако не се постигне договор за преодна влада?

Ова е спор меѓу државата заробена од корупција, криминал и непотизам, и општеството оставено на милост и немилост на државата. Еден поглед врз насловните страници од печатот и било кое бегло преслушување на било која снимка од скандалозните телефонски разговори на министрите на Груевски и Ахмети докажува дека ние имаме целосно, до корен кородиран и пред распад систем во образованието, здравството, правосудството, социјалата, безбедноста ...

Политичката криза и распад е највидлива и најпровокативна за јавноста, но таа е можеби и најлесно решлива. Но, последиците на уривањето и компромитацијата на останатите наведенит области е навистина толкава што и домашните и НЕДВОРЕШНИТЕ набљудувачи се едноставно шокирани од степенот на злоупотребата на моќта од страна на Груевски и на Ахмети.


Дали сметате дека Груевски има коруптивни врски со Европската народна партија?

Па, со оглед на сите оние скандали поврзани со членови на ЕНП и службеници од други европски институции, обвинети за корупција, не знам зошто тоа би било исклучено и во нашиот случај. Пред извесно време слушавме како висок функционер од ЕНП тврдо ја бранеше политиката на Груевски, И ПОКРАЈ СИТЕ ВЕЌЕ ОБЕЛОДЕНЕТИ СКАНДАЛИ Истиот тој лик и функционер е веќе од порано обвинет за сомнителни релации и поддршка кон водството на Азербејџан и како дел од познатата афера наречена „Кавијар дипломатија”. Во прилог на тоа се и тековните скандали со мисијата ЕУЛЕКС во Косово и неверојатните поведенија на некои тамошни меѓународни претставници. Затоа, ЕУ и земјите членки, наместо штури соопштенија и бесмислени самопофалби, би требало да разберат дека во регионот веќе се создава една опасна перцепција за нив, не само како незаинтересирани за борба против криминалот и корупцијата, туку и дека стануваат составен дел од таа мрежа.

Но можната инволвираност на лица од ЕНП во коруптивни афери е само дел од поширок проблем. Кој исто така ги вклучува и бизнис врските помеѓу моќни ЗАПАДНИ КОМПАНИИ со домашни политички кругови и нивните лобирања низ европските престолнини во корист на владејачките партии. Ние сосема добро ја разбираме нивната логика дека тие се во Македонија поради профит, и тоа е нормално. Но и таквите компании и европските политичари не можат да избегаат од одговорноста дека со лобирањата во корист на автократи, корумпирани политичари и еден нео-феудален режим, тие самите наместо кон прогрес, ја буткаат земјата ВО ХАОС И БАНКРОТ.

Има ли криза на системот во Македонија, која практично останува без промена од 1945 година се досега?

Тоа е клучната поента на севкупната сегашна криза. Ова не е криза само на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ (кои ја донесоа кризата до монструозни димензии) туку на еден извитоперен политички ментален склоп и разбирање на државноста и општеството како тврдина под опсада, поради што се друго – и демократија, и слобода, и плурализам, и човекови права, медиуми – треба да бидат ставени „ад акта“ до некои други времиња.

Тој приод кон политиката е воспоставен со независноста од 1991 година и поради кризите во регионот, се продолжуваше се до денес. Притоа, тој приод воспоставен од постјугословенските политичари и безбедносни служби, постепено се прифаќаше и од новите политички фактори, но и од меѓународната заедница.

Во тоа е најпозитивната нота на „бомбите” на Заев, кому му припаѓа заслугата дека конечно по неколку децении на мимикрија на демократијата, тој пред јавноста ја разоткри и разголе „длабоката држава” (The Deep State) која од заднина управуваше со земјата.

Таа длабока држава беше и се уште е составена од пред се поранешни и сегашни безбедносни службеници, ликови од организираниот криминал, бизнис- тајкуни, делови од Македонската православна црква, МАНУ, новинари и интелектуалци од тнр. „патриотска провиниенција” ... До неодамна таа неформална групација беше составена исклучиво од Македонци. Но, снимките на Заев и настаните во Куманово упатуваат на тоа дека е сосема можно да во неа да се вклучени и високи функционери од ДУИ.

Со оглед на се, сметам дека крахот на тој систем не е загроза за Македонија, како што тоа љубат да објаснуваат владините политичари и добар дел од МЕЃУНАРОДНАТА заедница. Напротив, сметам дека падот на сегашниот систем, крахот на таа „длабока држава” е всушност првиот и најважниот чекор кон ослободување, отворање и нова шанса за една подобра, стабилна, современа и прогресивна Македонија.

http://www.kirilica.com.mk-vesti-arsim-zekoli-potrebna-e-dekontaminacij


3)
Поглупави и од новокаледониската врана!

Мирослав Грчев
28 јуни 2015

Македонската „политичка криза“ во која се дави целото општество може да се дефинира – заедно со своето решение – во логички исказ од три чекори. А: Суштината на македонскиот проблем е што една партија (ВМРО-ДПМНЕ) ја окупира државата, го суспендира уставно-правниот поредок и изврши обединување на партијата и државата, злоупотребувајќи ги сите институции и ресурси на државата во полза на сопственото криминално владеење. Б: За повторното воспоставување на уставниот поредок и демократијата, неопходно е да се изврши темелна департизација на сите институции на државата. В: Во процесот на департизацијата и возобновувањето на демократијата не може да учествува партијата што ги окупира државните институции (ВМРО-ДПМНЕ), зашто таа е извршител на злосторството, таа е суштината на проблемот што може да се реши само со нејзина политичка и институционална екстракција.

Зарем е толку тешко да се сфати каузалната врска помеѓу овие три става? Зошто тогаш и МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА , која, патем, веќе покажа дека ги СОГЛЕДАЛА ВИСТИНСКИТЕ ДИМЕНЗИИ на „политичката криза“, и еден недефинирано масивен дел од населението на библиската земја, се однесуваат како да не можат да ги поврзат во јасна причинско-последична низа горните три става? Зашто, упорното вклучување на Груевски и неговата ДПМНЕ, кои се главата и телото на проблемот, во процесот на обезбедувањето на услови за демократски избори, е јасен доказ дека едноставниот логички исказ во три чекори воопшто не го разбрале! Во што е работата?

Несфаќањето на оваа елементарна логичка низа од страна на делот од домашната јавност што уште ѝ е потчинет на фашизоидната партија-држава на Груевски, може да се разбере, зашто тие биле жртви на еден сеопфатен процес на културно-пропагандна кретенизација што траела неполна деценија. Но, од каква природа е менталниот проблем на претставниците на големите сили на меѓународната заедница? Конечно, се работи за наједноставната форма на рационалното мислење, за транзитна релација (како што ја нарекуваат математичарите) во која, доколку А е поголемо од Б, а Б е поголемо од В, тогаш исто така А ќе биде поголемо од В. Па, тоа го воочуваат и децата од претшколска возраст, и претставува ниво на аналитичко размислување за кое се смета дека го одвојува човечкиот вид од најинтелигентните животни. А, во рамките на човечкиот вид, ова ниво на мисла е гранично помеѓу нормалните луѓе и оние со пречки во менталниот развој. Инаку, каузалната низа, односно причинско-последичната врска помеѓу различни појави или настани прв како универзален принцип ја формулирал Аристотел: „Меѓу работите што настануваат, едни се производи на природата, други се производи на умеењето, а трети настануваат случајно. Но, сите работи што настануваат, настануваат од нешто и со помош на нешто“. Овој универзален принцип на каузалност, севселенскиот однос помеѓу причините и последиците, големиот Кант го сметал за основа на сите промени во природата: „Сите промени се случуваат според законот на врската помеѓу причините и последиците“. Каузалноста е самиот фундамент на индуктивното заклучување и, како таков, таа е во основата на секоја рационална, аналитичка мисла од која се создадени и природните и општествените науки.

Во што е тогаш проблемот? Да го поставиме поедноставно.
А: Македонија умира зашто Груевски ја споил неговата ДПМНЕ со институциите на државата.
Б: Единствениот спас на земјата е во процесот на корнењето на узурпаторската партија од државата.
В: За процесот на департизацијата не може да одлучуваат Груевски и ДПМНЕ, зашто тие се предметот на департизацијата!

Навистина не ми е јасно што треба човек да има во черепот наместо мозок, па да не може да ја разбере логиката на каузалната врска помеѓу овие три искази. Еве, читам деновиве, дека научниците потврдиле со повторен експеримент, на поголем број единки, дека враната од Нова Каледонија има интелектуален апарат што ѝ овозможува да решава причинско-последично врзани проблеми во три чекори. Човек да не верува! Експериментот се состоел во сложен проблем како да се дојде до вкусен залак што враната може да го види во стаклена кутија, но е далеку од дофатот на нејзиниот клун. Залакот може да се дофати со долго стапче оставено во друга кутија што, пак, може да се дофати само доколку се употреби друг покус стап, кој, за неволја, виси врзан на јаже на трето место. Сите новокаледониски врани што учествувале во експериментот успеале од еден, два или три обиди да го подигнат со клун јажето и да го одврзат кусото стапче, со него да го дофатат долгото стапче, за конечно со помош на долгото стапче да си го дотуркаат залакот до клунот. Една од нив, очигледно најинтелигентната, потрошила 110 секунди само на гледање и анализирање на ситуацијата, за потоа од прв обид да го реши проблемот од три чекори, односно употребата на три алатки. Испаѓа дека сме поглупави од новокаледониската врана, зашто не можеме да му доакаме на сличен проблем во три чекори, на едноставната причинско-последична природа на бинарните релации помеѓу смртта на македонската демократија и нејзиниот малиген канцер ДПМНЕ, како и помеѓу возобновувањето на демократијата и отстранувањето на канцерот од телото на болниот. Можно ли е да бидеме интелектуално поинфериорни од една врана? Очигледно. И, не е никаква утеха што процесот на оглупавување не нè опфаќа само нас – избраниот паганско-библиски народ, туку очигледно поприма застрашувачки глобални размери.

Како и да е, колку и да е тешко да се обезбеди плебисцитарното разбирање на длабоката егзистенцијална каузалност на неопходноста Груевски и неговата ДПМНЕ да нè се сметаат за никакви ПАРТНЕРИ ИЛИ СОУЧЕСНИЦИ во процесот на повторното ослободување и демократизација на Македонија, туку злосторници што треба да одговараат за своите недела, природните последици од овој ментален колапс и од опстанувањето на злосторничката партија-држава на Груевски во каква и да е форма, несопирливо и законито ќе ги претвораат во НИШТО сите „компромисни“ и дипломатски артикулирани обиди за нејзиното институционално надминување. Решението Е ЕДНОСТАВНО и го знаат и нашите, а не само новокаледониските врани: оние што пишуваат чекови без покритие се праќаат во затвор; оние што се допингуваат во спортот, се дисквалификуваат од понатамошно натпреварување, а претходните резултати им се поништуваат; лажните фирми за перење пари се затвораат заедно со своите сопственици и управители, а имотот им се запленува; криминалците се судат и затвораат, а оние што се одржуваат на власт со лажирање на изборите и со создавање антинародно чудовиште од партиска држава, се отстрануваат од власта, од институциите на државата, од политиката и од слободното општество. Само тоа, и ништо друго.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/620/poglupavi-i-od-novokaledoniskata-vrana


ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот

Пишување by ateist on Пон Јун 29, 2015 2:09 pm


4 )

Каков компромис и реформи очекуваат од Мафијаши ?
Кога е самите се свесни за кого станува збор.
Еве :


Рајхел: Владата мора да одговара за сериозните обвинувања

Тој додава дека очекува независна и кредибилна судска истрага во врска со обвинувањата кои беа изнесени, вклучувајќи обвинувања за коруптивни практики, непотребно владино влијание врз правосудниот систем и интегритетот на изборниот процес

Фокус 15 мај 2015,

Ернест Рајхел, специјалниот делегат за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во министерството за внатрешни работи во Германија денеска се срeтна со министерот Фатмир Бесими и министерот Никола Попоски, како и лидерот на ДУИ – Али Ахмети и опозицискиот лидер Зоран Заев.

Рајхел истакна, дека Владата мора да одговара за многуте обвинувања за сериозни владини нерегуларности кои излегоа на површина.

-Во ова време, кога вашата држава се соочува со загрижувачка политичка криза, мојата посета денеска е за да нагласи дека германија длабоко се грижи за вашата иднина. Германија ја реафирмира својата посветеност за поддршка на вашата земја на патот кон НАТО и ЕУ. Оставките на министрите и на директорот на УБК би можеле да бидат важен прв чекор од почетокот на враќање на јавната доверба и во адресирање на основните уште пофундаментални проблеми кои станаа очигледни. За ова да биде можно потребно е преземање на понатамошни мерки – истакна Рајхел.

- Исто така, на мојот соговорник му го повторив барање барањето да иницира конкретни мерки во однос на недостатокот на институционална и медиумска независност, посочени во снимените разговори. Сочувство за жртвите во полициската акција во Куманово, каде 8 специјалци го изгубија животот. Се надевам дека овој настан нема да создаде тензии во меѓуетничките односи – додава Рајхел.

Тој посочи и на демократското право на протест, непосредно пред двата протестот на опозицијата, кој е закажан за во недела, но и митингот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи во понеделник и ги повика и власта и опозицијата да покажат одговорност за услови на политичка криза во земјата.

http://fokus.mk/rajhel-vladata-mora-da-odgovara-za-serioznite-obvinuvan-a/


5 )
Дали Запдот само глуми дека незнае дека Грујо е лаже глуми дека ќе смени нешто ?
Па тоа е глупст после извештај на Прибе

Шилегов: Груевски само глуми дека сака да го реши проблемот

„Не може политичката гарнитура која овозможи Сашо Мијалков ниту еднаш во 9 години да не се појави на отчет на работа на комисијата, која овозможи УБК без никаква контрола да прави бројни злоупотреби и ја предизвика политичката криза во Македонија, сега, под притисок на меѓународната јавност да глуми дека сака да го реши проблемот.“

Фокус 26 јун 2015, 18:20
-Не може политичката гарнитура која овозможи Сашо Мијалков ниту еднаш во 9 години да не се појави на отчет на работа на комисијата, која овозможи УБК без никаква контрола да прави бројни злоупотреби и ја предизвика политичката криза во Македонија, сега, под притисок на меѓународната јавност да глуми дека сака да го реши проблемот, рече денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

За одлуката на Собранието, пратеничките Грчева, Буралиева и Топузова-Каревска да бидат членови и заменик-членови во двете надзорни собраниски комисии за контрола на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и на прислушувањето Шилегов вели дека тоа е кукавички обид на Груевски. Напомена дека„ дури и претседавачот на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, којашто треба да биде предводена од опозицијата, надвор од здравата логика има Претседавач од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.“

-Извештајот на Прибе констатира ужасни состојби во Република Македонија. Тоа што Груевски сега се обидува со наводни акциски планови за ЕУ, наводни комплетирања на парламентрани комисии, закани за раководството на СДСМ и претседателот Заев со судски постапки за лажни дела, да го смирува своето членство покажува колку самиот Груевски е во агонија, рече Шилегов.

http://fokus.mk/shilegov-gruevski-samo-glumi-deka-saka-da-go-reshi-problemot/

6 )
Сега да не испадне дека и Заев измислил топла вода .
Знаевме дека Мафијата ДПМНЕ ја претвори Македонија во КРИМИНАЛНА ДРЖАВА

Еве :

Георгиевски: Груевски ја направи Македонија КРИМИНАЛНА ДРЖАВА

Објавено: 19.05.2011

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ сака да живеете во терор и на колена да клекнете да ги молите за парче леб. Со притисоци и закани, владејачката гарнитура дава понуди за вработување на членовите на ВМРО-Народна партија во последните десет дена колку што ни во последните пет години не добиле!

Со овие зборови почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски пред малку им се обрати на тетовчани, кои со надеж гледаа на зборовите кои излегуваа од неговата уста.

- Зарем не е срам по 20 години по падот на комунизмот да живееме во страв, да се плашиме од сопствената држава и од сопствената влада? Притисокот е реален. Секојдневно слушаме за затворање на луѓе и притворање, но и за тие што чекаат ред, оти затворите ни се преполни... Почнувам да се прашувам дали е можно ние да сме криминален народ или криминална држава или самата власт го прави својот народ, криминалци – истакна Ѓорѓиевски.

За него невозможно е во земјава да има казни за сé и сешто, како на пример казни за собраќајни прекршоци кои се движат од 200 до 1.000 евра. Според него такви казни нема ни во Германија ни во Италија, каде што народот има куп пари.

- Ветувам дека во првиот месец ќе се ревидираат сите казни во Македонија за 70 посто. Уште посмешно е што секој трет ден во нашите медиуми делат отчет од 300 страни, па манифест од 330 страни, читаме, читаме и на овие ветувања не можам да се начудам... Повторно ќе градат автопати, ќе градат сто нови болници, сто нови училишта, ќе градат десет хидроцентрали, градење на сите страни, сите можни даноци и давачки ќе ги укинат. А сите плати и пензии ќе ги зголемат од 20 до 30 отсто. Како не им е срам по сé што направија уште да лажат? – истакна Георгиевски.

Според него, Македонија никогаш не била посиромашна од сега, создадена е бројка од 200.000 сиромашни за овие пет години додека владее ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиевски вети влез на Македонија во ЕУ и НАТО, решавање на социо-економските состојби и Закон за стечајците.

http://www.plusinfo.mk/vest/2361/Georgievski-Gruevski-ja-napravi-Makedonija-kriminalna-drzhava


7 )

Арсим Зеколи: Груевски и Ахмети се гаранти на недемократичноста, неправедноста и неслободата во било кој изборен циклус

Вести
28 Јун, 2015


„Од круцијална важност е да разбереме дека она што се случува сега во Македонија не е криза, туку шанса и можност за вистински промени. Вистинската криза ќе настапи доколку ЕУ и САД не ја разберат и ја пропуштат оваа историска и – се плашам – неповторлива шанса за уривање на овој ислужен, застарен и злокобен систем.“

Промента на системот во Македонија кој опстојува од 1945 година наваму, не е само прашање на избор, туку на опстанок на македонското општество, вели искусниот политички аналитичар Арсим Зеколи во интервју за агенцијата БГНЕС, што Кирилица ексклузивно и овластено го пренесува.

Не е ли време Република Македонија да се ослободи од тој систем создаден уште од времето на титовата диктатура од 1945 година наваму?

- Во последниот извештај на Стејт департментот за човековите права има една одредница која може да послужи како приближна дефиниција на она што подразбираме под “систем” воспоставен во Македонија. Таа одредница “фаворизирање на етаблирани личности во општеството” упатува на систем кој условува и гарантира дека лицата кои ќе се појават на политичката сцена се однапред обезбедени и инструирани дека ќе се придржуваат кон воспоставените правила на играта на политичката сцена, без можност да истата ја потресат со нови светоназори и ги загрозат интересите на воспоставената политичка, економска, културна или медиумска елита. Доколку со вашите ставови или размислувања не се вклопувате во рамките на тој затворен елитистички систем, вие ќе бидете или елиминиран на самиот почеток или пак подвргнати на координирана, систематска и безпоштедна кампања на сатанизација, исмејување, дефамација и оптужен како анти-државен елемент. Тоа профилирање на политиката е наследство од минатиот систем во кој под плаштот на идео-политичка подобност се обезбедуваше предвидлива послушност кон партијата, братсво-единството, социјализмот. Но истиот приод се наследи и во новиот систем, но со тоа што послушност кон четирите големи партии и нивните меѓусебно спротиставени агенди, кои сепак секогаш се усогласени кога на повидок ќе се појави било кој или било каков фактор кој може да ги загрози нивните интереси.

Затоа, со оглед на тоа што ние сме де-јуре определени за членство во ЕУ и НАТО, не станува збор дали е време да се стави крај на таквиот систем. Времето за тоа беше уште вчера. Прашањето е дали има суштински интерес и желба кај политичката елита да раскрсти со таа системска манипулација на граѓаните и да овозможи вистинска демократија во која различното ќе се почитува, а нема да се сатанизира. Граѓаните се секако и подготвени и сакаат промена на тој систем, но не сум убеден за политичката, економската и медиумската елита во земјата. Напротив. Доколку повнимателно погледнете како се одвиваат овдешните евроинтегративни процеси, ќе увидите дека дури и тие наводно проевропски реформи се манипулираат во правец на обезбедување на преживување и доминација на истиот систем, но сега под лажен европски плашт. Затоа оваа криза и судир помеѓу киднапираната држава и заробеното општество ќе потрае и нема да се смири се додека општеството не се ослободи од стегите на пост-комунистичкиот систем и елитистичкиот ментален код, кој управува со него.

Нели е нужно Република Македонија да се постави на нови основи, со оглед на тоа што имавме две кризи – првата во 2001 годиина, а втората денес, а исто така, како што знаеме, референдумот за независност од 1991 година не беше признат од сите граѓани?

- Историски, суштествената криза која ја определи иднината на Македонија и распоредот на силите во општеството не беше ниту онаа од 1991, ниту таа од 2001 година, туку кризата од граѓанската војна во Грција од 1946 – 1949, и вплетеноста на Југославија во подршка на тамошната комунистичка партија. Желбата на Тито да им помогне на комунистите во Грција беше првиот судир со Сталин, а со тоа и со Албанија и Бугарија. Во тој мал детал се крие зародишот на односот кон Македонија како сфера на интерес и коридор помеѓу Белград и Атина, во кој влијанието од Југославија (денес Србија) и Грција е добредојдено, за разлика од Бугарија и Албанија кои и ден денеска се сметаат како лошите дечки кои и мислат зло на Македонија. Војните во СФРЈ и ангажманот на САД и ЕУ само го продолжија тој однос, во име на обезбедување мир и стабилност, но притоа пролонгирајќи ја агонијата на еден систем кој долгорочно не е во полза ниту на стабилноста, ниту на мирот ниту на иднината на луѓето од оваа поднебје.

Притоа, тој однос е карактеристичен по два паралелни процеси - односите со Србија и со Грција се подеднакво државни, политички, економски и општествени, додека пак оние со Албанија и Бугарија се претежно строго државно контролирани, политички скрутинизирани, економски внимателно дозирани се со цел да не се наштети на непишаната сфера на интерес. За општествените односи не станува никаквов збор, и морам да признаам дека тој тврд и херметички затворен однос кон Бугарија посебно паѓа во очи, бидејќи Албанците со својата бројност помалку или повеќе самите ја разбија таа блокада кон Албанија. Но блокадата кон Бугарија се уште опстои, посебно на културното, медиумското поле. Јавноста во Македонија знае за некакви кловнолики фолк-пеачи од Бугарија, за матурските прослави низ Софија, а нашироко се пренесувани изјавите на некои периферни ликови од бугарската политичка сцена (чии провокативни ставови не помагаат кон заздравување на односите). Но, мислам дека ретко кој интелектуалец во Македонија ќе може да наброи барем две имиња од новата литературна сцена, културен деец , некој нов филм или претстава од Софија. Да бидеме искрени, истото се случува и кон Грција поради тековниот спор со името. Состојбата е навидум подобра со Србија, но и од таму на овдешната публика и се сервираат турбо-фолк звезвди, кич и шунд.

Зошто е ова важно? Бидејќи низ таа херметичка затвореност се докажува колапсот на политичката елита и политичка мисла во Македонија која е неспособна и немоќна да се справи со промените околу нас. Па затоа инсистира на уште повеќе затвореност, проектирана загроза и недоверба кон соседите, не поради нивните замислени мотиви, туку поради грчевитата борба да системот остане недопрен од промените. И со тоа оваа елита не доаѓа во судир само со соседите, со ЕУ и НАТО, туку и со сопствените граѓани. Посебно од младата популација, која е сосема комотна со својот национален идентитет, сигурна во своите способности, спремна да се соочи со предизвиците и сака да влезе во натпревар со останатите народи и на полето на политичката мисла, и во економијата, и посебно во културата во која има долга традиција. И таа спремност овие млади луѓе ја демонстрираат преку напуштање на земјата која не им дозволува да се докажат дома. Затоа промената и елиминацијта на сегашниот систем не е опционален, туку од суштински интерес за подобра иднина на Македонија.

Не се ли Никола Груевски и неговиот коалициски партнер Али Ахмети дел од тој стар систем, кој треба да се промени?

- Политичката природа на Груевски мислам дека ја опишав во првиот одговор во однос на овдешниот начин на избор и промоција на ликовите во политиката. Неговиот подем во политиката не се должеше на неговите познавања, способности и умешности. Туку токму на спротивното – на неговите потпросечни способности, кои умешно се камуфлираа од страна на системот кој го величаше поради тоа што со него се гарантираше неговото опстојување. Тоа е и причината зошто Груевски никогаш не прифати – или не му беше дозволено – да влезе во директна медиумска полемика и дебата со неговите политички опоненти. Неговиот инфериорен страв од Црвенковски, Шеќеринска беше веднаш нотиран, но сега мислам дека стравот од Заев е уште поголем. Како поради информациите на лидерот на опозицијата, толку повеќе и поради неговата популарност кај средните и пониските слоеви на општеството, вклучително и кај албанците. Затоа бизарното кај Груевски е што мислам дека дури ни тој самиот не е сосема свесен за невидливите конци околу него кои го третираат како марионета. Тој секако имаше можност да донесе вистинска, квалитативна промена на системот и менталната матрица на земјата, но со својата недописмена арогантност и опкруженост со профитери и полтрони се определи за демонстрација на гола сила, за покривање на сопствената инфериорна духовна природа преку наметнување на бизарна материјалистичка супремација. Најжалното од се е што не само што не успеа да го урне системот наследен од комунизмот, туку наместо тоа го карикатуризира македонскиот национален идентитет, кој неговите претци го градеа со векови.

Ахмети е, пак, сосема друга приказна, бидејќи по природа на своето политичко дејствување тој е типичен конвертит кој се приклонува кон тековната сила која му гарантира подем, опстојување или спас во политиката. Кај Ахмети нема идеологија, нема духовна ориентација, нема национализам, нема ниту замислена ниту посакувана друга цел сем онаа да се биде на власт по секоја цена. Тој беше марксист-ленинист кога тоа беше популарно во 80-тите, за време на престојот во емиграцијата и војните во Косово и Македонија се обидуваше да стане поголем Косовар од Косоварите, поради Сали Бериша и Хашим Тачи се приклонуваше кон десничарството, (но сега тоа не му успева со Еди Рама, како социјалист со убедување), додека исламистите му носеа гласови имаше симпатии за нив, но кога тоа стана опасно пред западот - стана поголем православец од Охридскиот Митрополит, додека Црвенковски беше Премиер безмалку го третираше како идол, за по краток период на адаптација истиот приод го усмери и кон Груевски. Впрочем, за неговата конвертитска природа доволно зборува фактот што неговата партија ДУИ идеолошки ја дефинира како –тематска. Преведено на обичен јазик, тоа би можело да се интерпретира како „зависно кој е на власт кај Македонците и кој од нив нуди повеќе”.

Каква е гаранцијата дека, ако не биде ликвидиран системот создаван од 1945 година, нема да се повторува истото што гоправеше Груевски во овие години откако е на власт?

- Не треба да чекаме на некои идни времиња за да ги видиме последиците на зачувувањето на овој систем. Доволно е да поминеме ден-два на граничните премини и ќе видиме дека најдобрите, најспособните, најборбените деца ни заминуваат, бегаат од земјата, која сепак ја сакаат.

Кога еден систем ќе застари, ќе стане нефункционален и прави поголема штета отколку добро, граѓаните или ќе го урнат преку демократски избори или пак ќе гласаат со нозе, онака како што граѓаните на Социјалистичка Германија го сторија тоа на крај на 80-тите. Затоа, имам резерви во врска со сите овие преговори и разговори за следните избори. Од сето кажано досега мислам дека е евидентен сам по себе заклучокот дека Груевски и Ахмети се гаранти на недемократичноста, неправедноста и неслободата во било кој изборен циклус во кој тие ќе имаат решавачка улога. Партнерите од САД мислам дека се сосема свесни за тоа, но преостанува и ЕУ конечно да ја увиди реалноста каква што е и да завземе цврст и категоричен став кон ДПМНЕ и ДУИ. Се друго е само мимикрија на кооперативност и добронамерност од страна на Брисел кон Македонија, која во очите на овдешните граѓани неминовно ќе вроди со капитулација на европските политики пред насилството на еден грст несовесни политичари.

Но, воедно мислам дека и опозицијата мора да се надмине себе си и да ја напушти таа предвидлива меѓупартиска борба и конечно да се соочи, да се справи и да повика на ставање крај на системот искроен според потребите на елитата. Имам чувство дека луѓето во Заев препознаваат лик и воља која е спремна за таков историјски пресврт, за нов почеток и шанса во која секој може да најде можност за себе. Токму поради фактот што Заев и човечки и општествено, не припаѓа на таа политичка елита и културна матрица на главниот град која со децении ја молзе земјата поради приватни или тесногради интереси. Мислам дека е време да се упати јасно и јавно предупредување до партнерите од САД и од ЕУ дека можностите на Заев и општествената опозиција за реализација на вистински позитивен пресврт на земјата се директно зависни од нивната спремност политички, дипломатски и материјлно да ги поддржат заложбите за смена не само на ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, туку на севкупниот општествено-политички систем на земјата. Затоа, од круцијална важност е да разбереме дека она што се случува сега во Македонија не е криза, туку шанса и можност за вистински промени. Вистинската криза ќе настапи доколку ЕУ и САД не ја разберат и ја пропуштат оваа историска и – се плашам – неповторлива шанса за уривање на овој ислужен, застарен и злокобен систем.

http://libertas.mk/зеколи-груевски-и-ахмети-се-гаранти-на/


ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот

Пишување by ateist on Чет Jул 02, 2015 12:11 am

Кога Вашингтон ќе го признае својот удел во промоцијата на криминогената машинерија на Мијалков и Муса Џафери ?


22-06-2015

Извештајот на Прибе навистина дојде како неочекуван подарок и четириесетта бомба против владата на Груевски/Ахмети. Но искуствата од минатото веќе налагаат конструктивна доза дрскост на гледање во забите на подарокот пред да удриме печат на неспорна доверба. Како препорачлива добра доза на скептицизам, како поради – вреди да се повтори – досегашните искуства со Брисел, но троа повеќе и поради интересно нашироко-и-надолго елаборираната листа на барања од Хан за „итни реформски мерки“ која следеше по објавувањето на Извештајот и „договорот“ на големата четворка.

Вистина, обемноста на барањата час воодушевуваат со деталното согледување на проблемите, но во потполно рамномерен баланс со интуитивната дилема дали таквата опсежност всушност нуди доволно време, простор и инструменти на релативизација на постигнувањата во „спроведувањето на реформските мерки“. Онака како што се имаме навикнато со толкувањата на ЕК Извештаите и апологетскиот новоговор на евро-бирократијта, дека во „определени полиња е постигнат напредок, додека во другите ги охрабруваме властите да вложат дополнителни напори“.

Но, читањето на Извештајот сето време ве става во недоумица пред една друга дилема – доколку извештајот на Прибке е напишан од група експерти, тогаш кој ги пишувал сите досегашни ЕК Извештаи? Или да бидам подиректен, кога Европејците ни ја имаат кажувано вистината – додека нè препорачуваа низ ЕК Извештаи или сега низ експертски групировки? Кога нивните извештаи биле политички, а кога реално-експертски? Досега? Или отсега?

Третата причина за скепса е традиционална и тврдоглаво вкоренета во секогаш присутното но никогаш одговореното прашање: дали ќе доживееме ден кога Извештаите и Наодите и Анамнезите и Обдукциските извештаи на ЕУ ќе се осврнат и кон сопствената улога (на Евро-Комисијата) во нашиот дебакл, со посебен осврт за мирудиите со кои ЕУ и земјите членки ѝ даваа заносен мирис на отровната чорба во која се наоѓаме? ЕУ допрва треба да смогне сила и чест (начини има безброј) да ја врати довербата во нејзините визии и идеи, барем на на ниво на половична убедливост од онаа која ја имаше до пред 5-6 години како апсолутно четиво со полна доверба. Бидејќи, доколку нејзината визија и идеја од пред една деценија се докажа како меур од сапуница и идеален подарок за локалните битанги, која би била причината и убедливоста со која ќе нè уверат дека сегашната ганц-нова визија и идеја од Брисел заслужува беспоговорна поддршка и доверба? Дотолку повеќе што за разлика од пред десет години кога балансот на идеолошки сили во ЕУ беше помалку-повеќе со исто влијание, сега целата ЕУ архитектура наликува на летен нудистички камп на пионири и пензионери на Конрад Аденауер.

Сепак, извештајот на Прибке (но не и листата на Хан) заслужува добра (иако не прекумерна) доза на поддршка. Ако ништо друго, како мал зрак на надеж дека ЕУ (читај – Германија) се има гризнато за малото прсте, согледувајќи ја реалноста дека работите во Македонија отишле троа стотина километри подесно од десната идилична евро-конзервативна лакрдија. Дури може да се каже дека доминатната дисонанца во ЕУ може во некоја поблиска иднина да доведе и до поискрена и погласно признаета Mea Culpa во операцијата на наметнување на балкански хохштаплери како европски адути и подметнувањето на нивните идеолошки протежеа, а нашите историски срамови – Груевски/Ахмети – како евроспки надежи за балканската иднината. Но предуслов за тоа е прифаќањето на нормата дека ниту еден од сегашните ликови од извршно-законодавниот листинг на ликови од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не може, не смее ниту да примириса до каква било подршка од ЕУ и земјите членки. Сè друго е ништо повеќе од решавање на кризата со пластична операција на ликовите, но без намера за липосукциско цедење на криминалот и корупцијата од млитавото тело на балканскиот монструм во чие создавање и Брисел и Вашингтон и Анкара имаат земено учество.

Но, за разлика од ЕУ, извесно е дека ќе треба да почекаме троа подолго и Вашингтон да го прифати и признае својот капитален удел во приказната за тоа како се калеше мафијашко-диктаторскиот челик во Македонија. За разлика од идеолошката измама која ни ја подметна Европа, одговорноста на САД наметнува поискрен однос во признавањето на нејзината улога во промовирањето и инсталирањето на криминогената безбедносна машинерија во ликот на Сашо Мијалков (и неговиот албански Болдрик, Муса Џафери). Секако ќе биде поцелисходно и за нас и за САД тоа да се изведе час поскоро и час потранспарентно, со цел сочувување на високата доверба на овдешното население во полит-дипломатијата на Вашингтон, отколку да тоа се изведе после неколку декади низ стерилизирани докуменатарци на Discovery Channel во приближно ист термин со десеттото продолжение на „Sharknado“.

Но, доколку шансите за посамокритичен однос на ЕУ кон сопствената улога можат да се сметаат како сосема можни и извесни, оние на САД како можни но неизвесни, нема никаков сомнеж дека шансите Република Турција на Ердоган да смогне сили и ја согледа својата неславна улога во хранењето на криминогениот двоец Груевски/Ахмети се ем неможни ем сосема извесно без никаква намера за корекција во блиска иднина. Во која односот на Турција кон Македонија нема да се мери според славопојките кон власта од страна на јавно поетичниот а зад-завесно реал-политичкиот Ердоган и Давутоглу, туку според почитта кон граѓаните како суверени на оваа земја, кои ги плаќаат сегашните, но и идните цехови на нивната дволична политика на подршка за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Aрсим Зеколи

http://libertas.mk/кога-вашингтон-ќе-го-признае-својот-уд/

ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот

Пишување by ateist on Пон Jул 13, 2015 1:39 am

Навистина интересно совпаѓање .

Се случи на денешен ден.......

Пред точно една година .................

На 13 Јули 2014 пред точно една година Викторија Нуланд ќе рече ...

Ова :

САД- НА БАЛКАНОТ ИМАТЕ ПОЛИТИЧАРИ КЛЕПТОМАНИ!


13-07-2014

Американската администрација за прв пат без ракавици им прати сериозна порака на корумпираните балкански политичари дека САД знаат за нивната коруптивна практика и за нивното недемократско владеење.

Помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, во петокот учествуваше на форумот “Кроатиа 2014″, каде што ПОБАРА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И ДЕМОКРАТСКИОТ РЕГРЕС за да се зачуваат вредностите на трансатлантската заедница.

“Европа не може да биде цела кога КЛЕПТОКРАТИТЕ ги третираат нивните држави како извор на профит за нив и нивните пријатели. Не може да биде слободна кога ИЗБОРИТЕ СЕ МАНИПУЛИРААТ , кога слободните медиуми за замолчуваат и кога малцинствата се под закана. Не може да има мир кога корумпираните политичари се служат со политички, економски и судски закани за да се ЗАДУШИ ОПОЗИЦИЈАТА и да ги ОПЉАЧКАТ нивните граѓани”, изјавила Нуланд пред учесниците на форумот.

Според неа, корупцијата претставува опасност за националниот суверенитет на земјите од Балканот до Балтичкото и Црното Море, затоа што секој ИЗВАЛКАН ПОЛИТИЧАР и секоја нетранспарентна зделка која се толерира, создаваат можност за надворешни влијанија.
“Корупцијата не е само убиец на демократијата туку е уште еден дополнителен инструмент во арсеналот на автократите и клептократите, кои бараат да го прошират нивното влијание и ги ослабуваат нашите демократии и да се ЗБОГАТАТ НА СМЕТКА НА нашите граѓани”, истакна Нуланд.

Утре во 14.30 часот Нуланд ќе се сретне со претседателот на ДУИ, Али Ахмети во амбасадата на САД во Скопје. Ќе оствари средба и со други претставници од државниот врв.

http://libertas.mk/сад-на-балканот-имате-политичари-клеп/
Клептоман

1 : (грч. klepto краде, mania лудило) мед. човек со болен и несовладлив
нагона за крадење.

Kлептоманија

1 : (грч. klepto, mania) мед. болен нагон за крадење


Шилегов: Груевски и Мијалков, дали извлековте МИЛИЈАРДА ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ВО СТРАНСТВО ?

март 19, 2014


Дали директорот на УБК, Сашо Мијалков, во соработка со братучедот премиер, Никола Груевски, го држи воЗАЛОЖНИШТВО ЦЕЛОТО СТОПАНСТВО во Република Македонија, праша на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
-Дали преку субвенции, тендери, концесии, назначувања свои луѓе на клучни позиции, во Македонија водат успешни бизниси само фирми блиски до братучедското стебло на власт. Дали преку казни, сите други фирми во Македонија се приморани да соработуваат со фирмите под братучедите Груевски и Мијалков? Дали е тоа тајната на богатењето на фамилијата, којашто го исцеди и стопанството и граѓаните? Еве го неверојатниот успех на фамозната фирма Ексико, со корени од швајцарски Лугано и партнерска врска со менаџерите на бизнисите на Сашо Мијалков во Прага. Во 2011 година оваа фирма ја нема на листата 200 најуспешни фирми во Македонија, што ја прави Еуро Бизнис Центарот во Скопје.ФИРМАТА ЕКСИКО, КОЈА ШТО ВЛЕГЛА СО АКЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА КАДЕ ШТО СТИГНАЛА, А ТИЕ ФИРМИ ОД ВЛАСТА НА ГРУЕВСКИ ДОБИВААТ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ, ВО 2012 ПРАВИ НЕВЕРОЈАТЕН СКОК. ЕКСИКО, НЕ САМО ШТО ВЛЕГУВА ВО ЛИСТАТА НА 200 НАЈУСПЕШНИ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА. ЕКСИКО СЕ ИСКАЧУВА НА ВИСОКОТО 29-ТО МЕСТО! Што значи овој успех во бројки? Еве – ДОБИВКА НА ЕКСИКО ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ, САМО ЗА 2012 ГОДИНА ОД ОКОЛУ 180.000.000 ДЕНАРИ ИЛИ БЛИЗУ 3.000.000 ЕВРА! САМО ЗА ЕДНА ГОДИНА. ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА НА ЕКСИКО. Да видиме само 4 други фирми, од многубројните во коишто се разгранува фирмата Ексико, како акционер или косопственик. На пример З.К. Пелагонија, Пелагонија Полог, Жито Лукс, Жито Вардар. Овие 4 фирми во 2012 година се искачиле на вискоки места на Листата 200 најголеми компании. ВКУПНИОТ ПРИХОД, САМО НА ОВИЕ 4 ФИРМИ, САМО ЗА ЕДНА, 2012 ГОДИНА Е НАД 4.000.000.000 ДЕНАРИ ИЛИ 71.000.000 ЕВРА! Да видиме кога Ексико го бележи овој вртоглав пресврт во профитите со коишто се стекнува на посреден или непосреден начин. ПЕРИОДОТ СЕ СОВПАЃА СО ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ЕКСИКО НА ФИРМАТА ОД ЛУГАНО Т&МЈ ИНВЕСТМЕНТ. 20.09.2011 ГОДИНА. Тоа е оф шор фирмата во која што фигурираат исти управители со фирмата од Панама, ТАСИГА КОРП, на којашто Мијалков ја продава својата фирма МИРТЛАНИС. Потсетуваме дека по продажбата на оваа фирма истата го задржала своето седиште и својот менаџер Горан Гацов. До овој момент директорот на УБК Мијалков не кажува, дали си ја продал фирмата МИРТЛАНИС сам на себе, со оглед на тоа што има проблем да каже, ако не е така, тогаш кој е сопственик на МИРТЛАНИС. По оваа мрежа без крај, Груевски и Мијалков се должни да и објаснат на македонската јавност: Дали од Чешка, преку Панама и Лугано, се влезени во Македонија? Дали на овој начин, преку оф шор фирми ги влечат парите од македонското стопанство и македонските граѓани? И дали тие пари завршуваат за нивни бизниси надвор од Македонија? Погледнете. Ова е луксузен кварт во Прага. Сопственик на оваа скапа парцела од 9 232 м2, на која што се гради овој луксузен комплекс згради е наводно продадената фирма МИРТЛАНИС, со којашто управува Горан Гацов, менаџер на Сашо Мијалков во Чешка. Сега одговорете, премиере Никола Груевски и директоре на УБК, Сашо Мијалков. Чешка, Панама, Лугано, Македонија, Чешка – дали сте сепак тоа ВИЕ ДВАЈЦАТА и фамилијата, која според повеќе проценки, има ИЗВЛЕЧЕНО надвор од Македонија МИЛИЈАРДА ЕВРА ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ на Република Македонија- праша Шилегов.

http://brif.mk/?p=138848


(ФОТО и ВИДЕО) Шилегов: Преку Лугано и Македонија братучедите до луксуз во Прага?!

http://brif.mk/?p=138891




ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Западот протежира Мафијаши на власт на Балканот

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот