Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Нова Византија замена за бившиот источно Европски комунистич

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Нова Византија замена за бившиот источно Европски комунистич

Пишување by ateist on Вто Jул 07, 2015 12:11 pm

Нова Византија – Православна Унија замена за бившиот источно Европски комунистички блок

Ваквата идеја за создавање на некаква Православна Унија ја имам слушнато неколку пати но еве овој пат имаме текст каде тоа подетално се кажува .Во некој друг случај можеби вакавата идеја не би ја разгледувале сериозно меѓутоа покрај сериозните индиции за подготовка на вакво нешто ние имаме и те како ЗАИНТЕРСИРАНИ страни и на Исток но и на Запад .

Кој се тие заинтерсирани страни и какви последици би предизвикало вакво нешто ќе комнетираме откако претходно ќе го видиме тестот

Еве :

Srbija kao deo Pravoslavne unije,ili obnovljene Vizantije

Objavljeno: 11. maj 2014.

Ekonomska kriza preti da pocepa Evropu na tri dela i od jednog napravi
„Vizantijsko carstvo“. Sve prognoze CIA jasno ukazuju da SAD i NATO više
neće voditi glavnu reč u svetu

KADA će Srbija da uđe u Evropsku uniju? Odgovor na ovo pitanje mogao bi da glasi: nikada!

Ali, glavni razlog za to nije pobeda nekog „antievropskog“ lobija na izborima ili nedovoljna saradnja zvaničnog Beograda sa sudom u Hagu, već situacija u samoj Evropskoj uniji.

Ekonomski problemi, izazvani svetskom ekonomskom krizom, počeli su da služe kao okidač za političke razmirice. Ako nekako i dočekamo svojih pet minuta za ulazak, postavlja se veliko pitanje kako će tada da izgleda ili da li će uopšte postojati Evropska unija

No, ništa zato, jer Srbiju čeka rezervisano mesto U SAVEZU istočne Evrope, takozvanoj
PRAVOSLAVNOJ UNIJI , ili OBNOVJENOJ VIZANTIJI !

Američki Nacionalni savet za informisanje, u saradnji sa CIA, objavio je „Mapu budućnosti 2020. godine“, koja ne prestaje da izaziva pažnju evropskih geopolitičkih stručnjaka. U ovom projektu, predviđa se da će se Unija raspasti, a Evropa bi trebalo da se podeli na tri dela.

Zapadni blok bi činile Nemačka, Francuska, Velika Britanija, Irska, Austrija, Italija, Španija, zemlje Beneluksa i Skandinavija.

Druga unija nazvana je Nova Evropa sa članicama Estonijom, Letonijom, Litvanijom, Češkom, Slovačkom, Poljskom, Mađarskom, ali i Hrvatskom i Slovenijom na jugu, preko kojih bi „katolička istočna Evropa“ imala izlaz na Mediteran.

Atlantski savez bi, prema projekcijama Amerikanaca, trebalo da ima kontrolu nad
ovim delom Starog kontinenta.

Istočnom Evropom, odnosno Pravoslavnom unijom gospodariće Rusija, a sačinjavaće je
Ukrajina, Belorusija, Gruzija, Moldavija, Rumunija, Bugarska, Grčka, Makedonija, Srbija, Crna Gora, ali i BiH (prevagu će odneti postojanje Republike Srpske).

Kada je Albanija u pitanju,procene su podeljene: ili će je Rusi svojim kapitalom približiti istočnoj Evropi ili će Tirana i dalje ostati pod patronatom NATO i SAD.

Slična predviđanja iznela je i poznataamerička nevladina organizacija „Stratfor“. Pored Rusije kao regionalne sile (Istok), „Stratfor“ smatra da će se EU uskoro raspasti na dva dela: bogatiji zapad i grupu malih zemalja centralne Evrope, koje će se vojno prikloniti Vašingtonu.

Koliko god se ovakve prognoze nekome čine kontroverzne, sve više geopolitičkih stručnjaka u svetu počinje da veruje u njih. Jer, Pravoslavna unija ili skraćeno Vizantija neće nastati zbog pravoslavnog „bratstva“, već će to biti „gasna unija“, čiji je osnovni motiv formiranja novac!


Rusija će nastojati da kontroliše tok svog energetskog bogatstva i da povrati uticaj u
zemljama poput Ukrajine, Gruzije, Bugarske, Rumunije i Srbije, baš kao što je to i predviđeno u projekciji CIA. I pored toga što su Rumunija i Bugarska danas članice NATO-a, njihova sudbina unutar evroatlanskih integracija je krajnje neizvesna i scenario, po kojem će one u bliskoj budućnosti (prepoznavši lični interes) da istupe iz ovih saveza i prilagode se novonastaloj situaciji, nije naučnofantastična priča.

Da li se ovim prognozama može verovati?

Geopolitički stručnjaci se slažu da dolazi vreme višepolarnog sistema, sa nekoliko centara moći i da SAD i NATO ubuduće neće voditi glavnu ulogu na svetskoj sceni.

Uostalom, kada je francuski političar Emanuel Tod predvideo raspad Sovjetskog Saveza
1976. godine, petnaest godina pre nego što se to dogodilo, ljudi su se smejali. Danas, kada se govori o mogućem kraj EU, smeha nema.

EVROSKEPTICIZAM

DOK zemlje Balkana uglavnom jedva čekaju da postanu deo Evropske unije, anketa koju je objavio britanski Bi-Bi-Si pokazala je da bi većina Britanaca veoma rado napustila EU! Više od polovine ispitanih smatra da Velika Britanija nema nikakve koristi od članstva u Uniji, više od 50 odsto bi podržalo referendum sa pitanjem o izlasku Velike Britanije iz EU, ali i odbilo uvođenje evra umesto funte.

Holandski desničar Gert Vilder pokrenuo je inicijativu da se iz Unije izbace Bugarska i Rumunija (ideju podržava skoro 20 odsto Holanđana), dok s druge strane i Bugari smatraju da im članstvo u EU nije ništa donelo. U 17 država članica manje od 50 odsto stanovnika na EU gleda pozitivno.

“NABUKO“ PO STRANI

SVE je izvesnije da Rusija postaje apsolutni gospodar energenata. Gasovod „Nabuko“,
projekat vredan više milijardi evra, koji je trebalo da smanji zavisnost EU od ruskog gasa,
skinut je sa spiska prioriteta Brisela i to na insistiranje Angele Merkel, nemačke kancelarke.
Smrtonosni udarac ovom projektu zadao je dogovor azerbejdžanskog rukovodstva i ruskog „Gasproma“ prema kojem se Azerbejdžan, od koga se očekivalo da postane glavni snabdevač „Nabuka“, opredelio za gasni savez sa Moskvom.


EU KAO “ORIJENT EKSPRES“

EVROPSKU uniju mnogi porede sa „Orijent ekspresom“. U tom „vozu“ postoje salon vagoni, vagoni za spavanje i ručavanje. U njima se vozi isključivo briselska birokratija, a u vagon za ručavanje zalaze i putnici

1. klase, kada imaju da plate (Nemačka, Francuska, zemlje Beneluksa, Skandinavije, Austrija, V. Britanija, Italija).

U 2. klasi putuju Irska, Španija, Portugal, Grčka. Oni su na vreme ušli u voz i dobro su
profitirali od raznih bespovratnih kredita i pomoći, dok je za to bilo para.

U 3. klasi je takozvana sitna boranija – baltičke zemlje, Malta, Poljska, Češka, Slovačka,
Mađarska, Slovenija.

U vagonu za bagaž, stisnuti između sanduka i kofera, voze se Rumunija, Bugarska i
Hrvatska, stalno se nadajući da će ih možda nekada pustiti i u 3. klasu. Na kraju voza
klackaju se „stočni vagoni“. Samo u njima još ima mesta, ukoliko oni iz salon-vagona i kola za spavanje uopšte nekome više i dozvole da uđu u voz. Mnogi stručnjaci unutar EU, ovakav „Orijent ekspres“, putujući po šinama svetske ekonomske krize, već su osudili na propast…

Finansijski problemi rezultirali su velikim nesuglasicama u EU, ali i ekonomskim
protekcionizmom. U borbi protiv krize, države članice sve češće vuku individualne poteze, izbegavajući dogovor i zajedničke antirecesijske mere EU. Bogatije zemlje poput Nemačke i Francuske se zalažu da njihove kompanije zatvore fabrike u istočnoj Evropi i vrate radna mesta u maticu.

Veliki je otpor i finansiranju oporavka slabije razvijenih država poput Grčke, a kamoli
Bugarske, Rumunije ili Hrvatske. Potraje li recesija, uz ekonomski protekcionizam i krah evra, teško je verovati da će EU, zajednica utemeljena na slobodnom tržištu, moći da funkcioniše.
Podela ili raspad EU je u tom slučaju izvestan scenario.

http://www.dnevne.rs/drustvo/srbija-kao-deo-pravoslavne-unije-ili-obnovljene-vizantije


а добар е и овој текст

Го напушта ли Србија Балканот?


Објавеново 04 јули 2015

Имам нова дефиниција за Балканот! Колку и да е оригинална, нова и неочекувана, потополно е очигледна и разумна. Значи, денес, Балканот не е некое полумистично царство на древните обичаи и притаени тенденции вградени во самото тло и природата на луѓето со нивните барбарогениски својства кои ги истражуваше Цвијиќ, и ги митологизираше Мештровиќ ... Можеби Балканот беше понешто од тоа во деветнаесеттиот век, несомнено во седумнаесеттиот и осумнаесеттиот, но во овој сегашниот и минатиот тоа е едноставно простор во кој Русија - претходно Советски Сојуз – имаше пресудно или барем многу големо влијание. Секоја држава во Јужна или Источна Европа е толку балканска колку што е влијанието на Москва, пишува Денис Куљиш во Данас.

Дали Романија е Исток или Запад, Балкан или Подмосковје? Запад, тоа е јасно на прв поглед. Целосно влезена во Европската унија, стана земја со динамична економија која за дваесет години ја надмина непостоечката Југославија, односно просекот во Југосферата, ја достигна Хрватска и речиси двојно ја надмина Србија според националниот приход по глава на жител ... Како компании, мерени со вкупниот приход, Хрватска и Србија вредат по 90 милијарди долари, а Романија - 365, точно два пати повеќе колку што вредат и двете земји заедно.

А познато е Романија од што почна - од оној ужас во времето на Чаушеску, кога еден загрепски новинар ја опишуваше новогодишната атмосфера во Букурешт со зборовите: се смрди на варено цвекло, а луѓето одат по улиците и плачат ... Во последните дваесет години, Романија имаше среќа Русија да нема апсолутно никакво влијание на нејзиниот политички развој. Романија, имено, имаше цврста уставна и политичка рамка и не зависеше од руската нафта, бидејќи има своја.

Унгарија не можеше да се ослободи од зависноста од изворите на енергија, а потоа во општеството навлезе и руско-израелски капитал, па и до ден денес не се знае кој е вистинскиот сопственик на тој пакет на акции во државната нафтена компанија. Се разви огромен антисемитизам. Ова не може ниту една земја сама да го изнедри, секогаш е вклучена тајната кабала, најчесто руска, која ги фабрикува „Ракописите на сионските мудреци". За такви потфати мора да имаш на располагање неограничени ресурси под контрола на државни тела со неограничена моќ – некоја агенција која делува како „Left Hand of Darkness", "Левата рака на темнината", како што тоа впечатливо го нарекуваше Ursula Le Guinn. Во секој случај, унгарската влада ја национализира нафтената компанија, а потоа се отклони од Западот и сега претседателот на Комисијата отворено им се заканува дека ќе бидат избркани од ЕУ. Ако воведат смртна казна и на тој начин да излезат од европскиот формат кој веќе го напуштија со суспензијата на независното судство и цензурата на интернетот, ќе се најдат во политички вакуум, па ќе мора да се потпрат на Кина, на Русија или на црниот ѓавол, или на сите три.

Бугарија? Бугарија е географски на Балканот и политички се обидува да се оттргне од него, бидејќи таа земја невозможно е да се приврзе за Русија, бидејќи како и секогаш во историјата и во неодамнешното минато се свртуваше од Москва кон било кој друг центар на моќ ... Во оваа стожерна земја, која Русија ja создадe на вратата на Стамбол со своето оружје и дипломатски авторитет (по битката кај Плевен), Русите секогаш беа исклучително непопуларни, како и нивната црква. Софијската епархија беше насочена против руското влијание, кое се ширеше преку грчката, фанариотска, „вселенска“ ... (Одлична студија за форматирачките влијанија врз балканските народи даде Лефтен С. Ставријанос: "Балканот по 1453", класична едицијата „со дијалошки вовед на Трајан Стојановиќ", Equilibrium, Белград, 2005).

Бугарија е, значи, чиста спротивност на Србија, која ја доби својата независност со поддршка на Западот и западните држави по Берлинскиот конгрес (како компензација за австриската окупација на Босна). Но, во Србија, Русите беа и остануваат популарни. Исто така и нивната црква. Зошто Црквата? И во српската и во руската еклезијастичка традиција постојат „западна" и „источна" поларизација или „компонента" на национални верски институции, со тоа што во руската таа поделба и сега е во голема мера институционализирана. Западната рускоправославна црква и онаа Источната, неодамна сосема се обединија, и тоа номинално под решавачко влијание на државната власт, што не доведе до фузија.

Спротивно, кај Србите до слично спојувања се случи уште пред Првата светска војна, кога како дел од програмата на Караѓорѓе за обединување и балканската експанзија, повторно е втемелена Пеќката Патријаршија, а западно, сремскокарловачкото православие со богата барокна историја е интегрирана, поврзана со запуштената, средновековно монашката, византиска црква, која едвај се одржуваше на румелиската, турска територија. Во Српската црква не се гледа повеќе тој спој и нејзините поранешни составни делови, во неа се е ново, како вчера печатен псалтир. Најголемиот проблем на српскиот општествен живот е тоа што секогаш се почнува одново, со нов циклус и нови амбиции на властите со револуционерен или превратнички легитимитет. Историјата тука секогаш се пишува од почеток... Религијата во таа нова српска верска институција има изразито антимодернистичка агенда. Горливоста е знак на неофитите. А источно во руското битие и источно во српското битие, барем кога станува збор за верата, складно произведува мистичен, реакционерен наратив, што ќе ве вџаши ако знаете, на пример, дека Амфилохије Радовиќ докторирал во Париз и дека знае совршено латински, за разлика од сегашниот загрепски надбискуп (кој го дрвеше канонското право на Универзитетот Грегоријана во Италија). Спротивставениот дух на инквизиторскиот агностик во секој црковен приказ бара скриен режисер кога ќе осознаеш колку верските институции, како и сите други земни институции подлежни на коруптивното влијание, ќе сфатиш дека Православната Црква која според својата структура уште од Константин е предмет на влијание на државата, мора за тоа да има државно покритие, ако не сопствено, тогаш од страна, кадешто живеат „едноверни и еднокрвни браќа", кои ќе ги позлатат сите куполи и сводови...

Влијанието на Русија се ширеше низ Балканот со воена моќ, со експорт на идеологија и мистична религиозност, а потоа, најмалку и најнеуспешно – со економски средства, со што и самата Русија никогаш не успеа да ги совлада, бидејќи рускиот капитализам никогаш не се оттргна многу од меркантилизмот. Во тоа Русија заостанува зад Кина околу два века. Според тоа руските огромни ресурси не донесуваат благосостојба и среќа, туку сиромаштија и несреќа, но ако се обидете да избегате од тоа влијание, а граничиш со руската држава, во моментот можеш да се најдеш во воена зона во која се борат некои патриотски командоси обучени за специјална војна, маскирани со фантомки и балаклави, како талибанските невести. Но, и во земјите кои се наоѓаат во „втора линија", одвоени со „зарубежни" територии, присутни се влијанијата кои водат кон нивна дестабилизација. Преку дипломатијата, црквата, медиумите во контрола на олигарсите на Кремљ и преку државните претпријатија управувани од Москва, се создава притисок кој го зголемува невидливото влијание од „зоната на самракот" што според руската - и советска - доктрина секогаш претходи на видлива државна интервенција.

Значи, прво се става влогот - пари, и тоа многу малку пари - тогаш оди насочена, софистицирана интервенција преку Службите и, на крајот, економски, политички и воен притисок. Ускратување на енергија, демонстрација на сила, поддршка на најлошите елементи на домашната политичка сцена и, на крајот, некоја помала агресија, доколку се покаже практична, а на теренот дофатлива. Идеолошки, работата секогаш е лесно да се оправда со антируски национализам присутен кај соседните народи, кои придаваат непропорционална важноста на злосторствата и масовните силувања кои го пратат секој руски одмазднички поход. Атмосферата во соседството секогаш е полна со негативен набој поради „деконтекстуализација на катинскиот масакр, хлодомор или масовно силување, како во Германија и Србија, со настапувањето на Работничко-селанската Црвена армија. Најлитературно тоа го опиша црвениот комесар Исак Бабељ ("Конармија"), па на ова не треба да се трошат повеќе зборови.

На таквите концентрирани притисоци на интервенционистичката политика не може да му се спротивстават државите без стабилна државна рамка кои не ја завршиле транзицијата и влегле во европскиот систем и западната алијанса. Или се фатално ранети со внатрешна криза, како Грција. Грција беше чист Запад, сега се враќа на Балканот и Ципрас го повикува Путин кога и да му запеат во Брисел дека тие повеќе не сакаат да потпишуваат со него нереални ветувања со кои тој дојде на власт во едно волатилно и недовршено општество со заостаната економија и трагикомична погрешна перцепција на својата светска ролја. Некои земји секогаш го повторуваат одделението кој веќе еднаш го паднале - така и Грција од три војни со Турција изгуби две што заврши со „малоазиската катастрофа" и протерувањето на Грците од Анадолија. Втората светска војна траеше во Грција од 1940 до 1949, затоа што никако не можеа да се откинат од Русите, Тито и од Балканот, додека не им беше приведен умот со напалм, британската воена интервенција и активностите на ЦИА, а Сталин и Тито ги оставија на цедило па Тито, згора на тоа, својот командант Маркос Вафиадес го достави на Сталин, кој го однесе во Сибир, додека Маршалот се сликаше на Пропилеи со грчкиот крал Павле и дамите, Јованка и кралицата Фредерика, која го гледа – забележи камерата - како да гледа жив Минотаур ...

Економскиот колапс на Грција, кој се чини неизбежен, ја враќа Грција на Балканот и под руска закрила. Немирите што се случија неодамна во Скопје исто така се предизвикани од дебаклот на македонската влада во управувањето со државата и економијата. Во Србија постојат две тенденции - како и секогаш – една проруска, источњачка и една западњачка. На Запад се Европа, Америка, парите, развој, капитализмот и сите оние убави работи кои се усвоени од луѓето кои заклучиле дека не се живее меѓу митолошки суштества на фолклорната историографија и простите лажговци на политичката сцена на назадњачката Србија, па „гласаа со нозете" и побегнаа на далечни и прекуморски дестинации, никој во Русија, сите во Канада, Америка и Австралија.

На која страна Србија ќе оди, што ќе надвладее? Судејќи според нејзината историја, тоа е неизвесно, хаосот е тука веднаш под површината и за час многу лесно се создава нарушување и со најмал поттик се потпалува некоја голема неприлика од светски размери.

Што ќе се случи со Унгарија ако продолжи по истиот пат кон пропаста, кој не се наслутува толку во економијата, колку во пропаѓањето на општеството? Во секој случај, од шпионски сателит може да се види дека „балканскиот појас на нестабилности" ги зафати Грција, Македонија, Србија и Унгарија, баш на трасата на која може да мине рускиот гасовод кој ќе го направи непотребен оној во Украина ...

Србија во таа насока е клучна земја, таа го отвора или пресечува тој пат, а Белград е Schwerpunkt. Како се развиваат таму настаните? Сега е краткотрајно затишје. Претседател Томислав Николиќ му пиша на премиерот Александар Вучиќ писмо за прашањето на Косово, во кое - да поедноставам - се враќа на позициите кои до својата политичка смрт ги застапуваше Воислав Коштуница. Значи, условува дека не може да се реализира договорот за Косово, не затоа што постои некој друг начин за зајакнување на српската позиција во таа парадржава која ја признаваат повеќе од сто земји во светот, туку едноставно за да се оневозможи пристапот во Европската унија, влез во НАТО и бескомпромисниот прозападен курс на српскиот политички живот. Наместо на Западот, треба да се потпрат на - Русија, која за Србија, реално, никогаш не направила ништо добро освен што воено ја окупира и ја предаде на Тито како на свој командант на балканскиот терен. Така Србите кои го мразат Тито се најдоа во парадоксална ситуација заедно со Путин да ја одбележуваат победата над оние кои ги сметаат за жртви на тој „здружен злосторнички потфат", на приредба кадешто шајкачите, кокардите и црвените ѕвезди толку се измешаа што никој не знаеше што вусшност се слави и одбележува ...

По пишувањето на писмото до Вучиќ, Николиќ отпатува на Куба, каде што го одликува Фидел Кастро, кој додека е сè уште жив го препарираа како мумијата на Ленин. Така беше избегнат или одложен разговорот кој Вучиќ го одложи со високопрофилираната посета на Берлин и Вашингтон. Пред два месеца, претставници на Бундестагот кои што го посетија Загреб посведочија дека политиката на германската влада кон Србија е сменета драстично во последните два месеца.

Политичките промени во германската политика не се случуваат како резултат на конверзија на тековни приоритети, туку се искажуваат по долго крчкање и „гешталтување" во политичките кругови, управните одбори на големите компании и академските тинк-тенкови - ова е тријадата на која се заснова германската надворешна политика. Капиталистите, мандарините и бескрајно видни новинари, живи институции во јавноста, како што е Ханс-Георг Рајсмилер со кого имав чест да се запознам и со него кратко време да соработувам за време на хрватското признавање ... На таа поддршка српската влада сега може да профитира. Ако некоја слична поддршка добила и во Америка, јасно е дека се подготвува терен за голема идеолошка конфронтација. Србија на Исток или на Запад? Познатиот одговорот на Ѓинѓиќ во насловот на книгата која ја напиша гласеше – „Србија ни на Исток, ни на Запад“. А што ќе биде пресудниот став на Вучиќ?

Во оваа интелектуално многу елегантна конструкција на современата политиколошка содржина на терминот „Балкан" има алка што недостасува, и на која веднаш сите ќе алармираат – а Босна, според тоа Босна припаѓа ли на Балканот? Не припаѓа, мислам, Република Српска е американска креација, а сараевското бошњаштво не припаѓа на Балканот туку во - Мала Азија. Не се знае единствено дали центарот му е во Анкара, како што би сакал просветлениот Изетбеговиќ, или во некоја друга метропола на разбудениот ислам - Каиро, Техеран, Џеда, или уште понатаму, во Куала Лумпур?

http://www.plusinfo.mk/vest/32474/go-napushta-li-srbija-balkanot


ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот