Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Царството на Јеховините сведоци

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Царството на Јеховините сведоци

Пишување by ateist on Нед Jул 12, 2015 7:47 am


Лажгите на Јеховините сведоци

Пред некојси што знам 10 – 15 години имав една кратка средба со Јеховиите сведоци некојси пола час до час и им поставив некој прашања . Некако ми киднаа луѓево без конкретни одговори .Дали не ги разбраа прашањата што им ги поставив или што сега нее битно . Бидејќи јас воопшто немам променето мој мислења и ставови по тие прашања сега НАПИСМЕНО ќе им ги поставам истите прашања да не биде рекла казала работата .

Ајде прво да видиме што може да најдеме на нетот за јеховините сведоци (иако Јеховините си постоеја и во Социјализмот и тогаш непречено си проповедаа да не помисли некој дека тогаш биле забранети оти нее виситина тоа )

Ајде да видиме :

Јеховини сведоци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Христијански собир во Сала на Царството на Јеховините сведоци.

Јеховини сведоци проповедаат од куќа на куќа во Софија, Бугарија.
Јеховини сведоци се милениумска обновителна христијанска деноминација со нетринитаријарни верувања за разлика од главното христијанство. Според годишникот од 2015 на Јеховините сведоци, од август 2014 година, организацијата известува за целиот свет членство од над 8,2 милиони следбеници кои се вклучени во евангелизирање, присуство на над 12 милиони, и на годишниот меморијал присуство од над 19.950.019. Тие се управувани од страна на водечко тело на Јеховините сведоци, група на старешини во Бруклин, Њујорк, кој ги воспоставува сите доктрини. Верувањата на Јеховините сведоци "се базирани на нивните толкувања на Библијата и тие предпочитаат да го користат својот превод, Новиот свет Превод на Светото Писмо. Тие веруваат дека уништувањето на денешниот свет систем на Армагедон е неизбежно и дека воспоставувањето на Божјото царство на земјата е единствено решение за сите проблеми со кои се соочува човештвото.

Групата се појавила од библиското студентско движење основано во доцните 1870-тите од страна на Чарлс Тејз Расел со формирањето на здружението сионска стражарска кула,со значителни организациски и доктринални промени под раководство на Јосиф Франкин Ратерфорд. Името Јеховини сведоци, е врз основа на Исаија 43:10-12, кое било усвоено во 1931 година за да се разликуваат од другите библиски студентски групи и да симболизира прекин од наследството од Раселовите традиции.

Религијата се развила како одговор на она што го виделе како компромис и корупција во општото христијанство. Не ги признаваат Светото тројство, пеколниот оган, бесмртноста на душата и свештенството како важечки додатоци на изворното христијанско учење. Името „Јеховини сведоци“ е земено од Исаија 43:10 во 1931 година. Горенаведената организација издава религиозни материјали од крајот на 19 век; најпознати се списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се!“.

Јеховини сведоци
Во 2014 имале околу 19,95 милиони луѓе што редовно или повремено ги посетуваат нивните собири. Сепак, како членови ги вбројуваат само оние што се јавуваат како објавители секој месец. За 2014 службена година, (од септември 2013 до август 2014) најголем број на објавители бил 8.201.545.

Главната тема на нивното учење е прославување на Божјето име и оправдување на Неговиот суверенитет, преку Неговото царство, со Исус Христос како негов владетел. Сведоците веруваат дека владеењето на Исус започнало со Второто доаѓање или присуство на Спасителот, што било означено како пророштво на крајот на „Времињата на паганите“. Веруваат дека ова се случило невидливо во 1914 година.

Други учења на Сведоците ја вклучуваат употребата на еврејското Господово име, Јехова (или Јахве) коешто се сретнува повеќе од 7 000 пати во изворните библиски списи, обично преведено како „ЈХВХ“ или Јахве и верувањето дека употребата на неговото име и познавањето на неговото име е важен дел од обожувањето. Веруваат дека смртта на Исус била неопходна за исправањето на гревот направен од првиот човек, Адам, отворајќи го патот на надежта за вечен живот на човечкиот род. Исто така дел од нивното учење е дека 144 000 луѓе ќе добијат живот на небото како совладетели со Исус Христос, кои ќе го водат остатокот од човештвото до совршеност на рајска Земја за време на илјадагодишното владеење. Јеховините сведоци веруваат дека за време на Армагедон, којшто треба да се случи во блиска иднина, грешните ќе бидат уништени, а преживеаните, покрај милионите што ќе бидат воскреснати, ќе оформат ново општество над кое ќе владее небесна влада, со Спасителот Исус Христос како Цар. Така човештвото ќе има можност да живее вечно во земен рај - можност, бидејќи сѐ зависи од нивните дејствија по воскреснувањето.

Позицијата на религијата во врска со приговорот на совеста на воената обврска и одбивањето да ги поздрават националните знамиња ја донеле во конфликт со некои влади. Како резултат на тоа, некои Јеховините сведоци биле прогонувани и нивните активности се забранети или ограничени во некои земји. Постојаните правни предизвици од страна на Јеховините сведоци имаат влијание законодавство поврзано со човековите права во неколку земји.

Информации Број (2014)
Земји во кои има Јеховини сведоци: 239
Највисок број на Јеховини сведоци за 2014: 8.201.545
Просечен број на Јеховини сведоци за 2014: 7.867.958
Собранија: 115.416
Број на бесплатни библиски курсеви што се водат: 9.499.446
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт: 19.945.487.607


http://mk.wikipedia.org/wiki/Јеховини_сведоци

и ова за Македонија :

Јеховини сведоци во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јеховините сведоци се христијанска религиска група во Македонија и се вбројува во малите религиски заедници. Првпат е формирана во САД во 1876 година, а за нејзин основач се смета Чарлс Расел. Името на оваа заедница се користи од 1931 година и произлегува од библискиот Јехова, кого тие го сметаат за Бог-Отец. Првите припадници на оваа религиска група во Македонија се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година. Прв конгрес одржале во селото Колешино во 1973 година. Во Скопје формирале своја група во 1968, а во 1975 година отвориле канцеларија. Оваа верска заедница била регистрирана во поранешна СФРЈ, а во Македонија е пререгистрирана во 1992 година. Во 2003 отвориле нова канцеларија, наречена Бетел. Заедницата во Македонија публикува неколку списанија од религиски карактер и тоа: Списание „Стражарска кула” (двомесечник) „Разбудете се” (едномесечник) и брошури и книги.

Јеховини сведоци во Македонија - 2013

Информации Број
Јеховини сведоци во Македонија: 1337
Собранија: 25
Број на бесплатни библиски курсеви што се водат: 1188
Присутни на одбележувањето на Христовата смрт: 3169

http://mk.wikipedia.org/wiki/Јеховини_сведоци_во_Македонија


Да добро е објаснето во Википедија генерално и на форумите ги застапуваат истите работи .



ateist

Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот