Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Кон Анархизмот од Ерико Малатеста

Go down

Кон Анархизмот од Ерико Малатеста

Пишување by Anarchist on Нед Апр 20, 2008 9:22 pm

Кон Анархизмот


од Ерико Малатеста


Генерално е мислењето дека ние, бидејќи се нарекуваме револуционисти, очекуваме анархизмот да дојде веднаш со еден замав – како непосреден резултат на востание кое насилно ќе нападне се’ што постои и се’ ќе замени со институции што се навистина нови. И да ја кажам вистината, оваа идеја не е недостаток помеѓу некои другари/ки кои ја замислуваат револуцијата на овој начин.

Оваа предрасуда објаснува зошто многу чесни противници веруваат дека анархизмот е нешто што е невозможно, и исто така објаснува зошто некои другари/ки, чувствуваат одвратност од моменталната морална состојба на луѓето и гледаат дека анархизмот не може да се случи набрзо, растегнувани помеѓу екстремниот догматизам кој ги ослепува со реалниот живот и опортунизмот кој практично прави да заборават дека тие се анархисти и дека за анархизмот тие треба да се борат.

Се разбира дека триумфот на анархизмот не може да биде последица од чудо, тоа не може да се случи во контрадикција со законите на развојот (аксиома на еволуцијата дека ништо не се случува без доволна причина), и ништо не може да се постигне без адекватните средства.

Ако ние треба да сакаме да замениме една влада со друга, т.е. да ги наметнеме нашите желби над другите, доволно би било да ги комбинираме материјалните сили потребни за отпор против актуелните опресори и да се поставиме ние на нивното место.

Но ние не го сакаме ова, ние сакаме анархизам што е општество базирано на слободна и доброволна согласност, општество во кое никој/а не може присилно да ги наметне желбите на друг/а, и во кое секој/а ќе може да прави тоа што му/и’ одговара и сите заедно доброволно би допринесувале за општото добро на заедницата. Но поради ова, анархизмот нема дефинитивно и универзално да триумфира се додека сите луѓе не само што нема да сакаат да бидат командувани, туку и нема да сакаат да командуваат, ниту пак анархизмот ќе успее без да ја разберат предноста на солидарноста и да знаат како да организираат план на општествен живот каде што нема да има повеќе траги од насилство и наметнување. Како што свеста, одлучноста и капацитетот на луѓето континуирано се развиваат и наоѓаат средства за изразување во градуалната модификација на новата околина и во реализацијата на желбите во пропорција на нивното формирање каде стануваат доминирачки, исто е и со анархизмот, анархизмот не може да настане освен малку по малку, бавно, но сигурно, растејќи во интензитет и во екстензија.

Оттаму, темата не е дали ние ќе го постигнеме анархизмот денес, утре или за десет века, но ние ќе одиме кон анархизмот денес, утре и засекогаш.

Анархизмот е напуштање на експлоатацијата и опресијата на човек од човек, т.е. напуштањето на приватната сопственост и власта, анархизмот е уништувањето на мизеријата, суеверијата, омразата. Затоа секој удар зададен на институциите на приватната сопственост и на власта, секоја ескалација на свеста на човекот, секое нарушување на моменталните услови, секоја лага немаскирана, секој дел од човечката активност одземен од контролата на авторитетите, секое зголемување на духот на солидарноста и иницијативата, е чекор кон анархизмот.

Проблемот лежи во знаењето како да се одбере патот што навистина се приближува до реализацијата на идеалот и во не-збунувањето на вистинскиот прогрес со лицемерните реформи. Бидејќи овие лажни реформи со претекст на одржување на непосредните подобрувања, се стремат да ги одвојат масите од борбата против авторитетот и капитализмот, тие служат за парализирање на нивните акции и ги наведуваат да се надеваат дека нешто ќе се подобри преку милоста на експлоататорите и властите. Проблемот лежи во знаењето како да се користи малата моќ што ја имаме, што одиме да ја освојуваме, на најекономскиот начин, за повеќе престиж за нашата цел.

Во секој земја постои власт, која со брутална сила, ги наметнува своите закони над сите, ги сведува сите да бидат покорени на експлоатација и да ги одржуваат, без разлика дали тие сакаат или не, постоечките институции. Им забранува на малцинските групи да ги активираат своите идеји, и ги спречува општествените организации општо од менување на истите на начин како што тие си сакаат, напспроти менувањето од страна на јавното мислење. Нормалниот мировен курс на еволуцијата е уапсен од насилството, и затоа со насилство е потребно да се отвори повторно тој курс. Ете поради оваа причина ние сакаме насилна револуција денес, и ние ќе ја сакаме – се додека човекот е субјект на наметнувањето на нештата кои се спротивни од неговите природни желби. Ако го одземеме владиното насилство, тогаш нашето нема да има причина да постои.

Ние сеуште не можеме да спреичиме формирање на нова власт слична на онаа која ќе ја срушиме. Но тоа не не’ спречува, ниту пак ќе не’ спречи утре во отпорот кон секаков вид авторитет – одбивајќи, секогаш кога е тоа можно, да се потчиниме на неговие закони, и константно користејќи сила да се спротивставиме на сила.

Секое ослабување на било каков авторитет, секоја акцесија на слободата ќе биде прогрес кон анархизмот, секогаш таа треба да се освојува – никогаш не треба да се бара, секогаш треба да ни дава поголема сила во борбата, секогаш треба да не натера да мислиме дека државата е непријател со кој никогаш не треба да имаме примирје, секогаш треба да не натера да запомниме дека намалувањето на штетите произведени од власта се состои од намалувањето на нејзините атрибути и моќи, и резултирачките услови треба да се одлучат не од оние кои владееле, туку од оние кои биле владеани. Под власт ние подразбираме секоја личност или група од личности кои во државата, земјата, заедницата или асоцијацијата го има правото да прави закони и да ги наметне над оние кои не ги сакаат.

Ние сеуште не можеме да ја напуштиме приватната сопственост, ние сеуште не можеме да ги регулираме производните средства, кои се потребни за слободно работење, можеби не би можеле тоа да го правиме во следното инсурекционално движење. Но тоа не не’ спречува сега, или во иднина, континуално да се спротивставуваме на капитализмот или било која друга форма на деспотизам. И секоја победа, без разлика колку мала, добиена од страна на работниците против нивните експлоататори, секое намалување на профитот, секој дел од богатсвото земен од индивидуалните сопственици и ставен на располагање на сите, ќе биде прогрес – чекор напред кон анархизмот. Секогаш треба да се зголемуваат добивките на работниците и да се интензивира борбата, секогаш тоа треба да се прифаќа како победа против непријателот, а не како концесија за која ние би биле благодарни, секогаш треба да останеме цврсти во нашата резолуција да ги земеме со сила, што е можно поскоро, оние средства кои приватните сопственици, заштитени од власта, ги краделе од работниците.

Со губењето на правото на сила, со ставање на средствата под управа на оние кои сакаат да произведуваат, резултатот мора да биде плод на мирна еволуција.

Анархизмот не може да биде, ниту пак некогаш ќе биде само за оние неколку кои го сакаат и го сакаат само во оние нешта каде што тие може да постигнат нешто без соработка со не-анархистите. Ова не мора да значи дека идеалот на анархизмот ќе прави мал или никаков прогрес, бидејќи малку по малку неговите идеји ќе се прошират до повеќе луѓе и повеќе нешта се додека не го опфати целото човештво и сите животни манифестации.

Отфрлање на власта и сите постоечки опасни институции кои со сила ја бранат, освојувањето на целосната слобода за сите, а со тоа и средствата за регулирање на трудот без кои слободата би била лага, додека ние се бориме да стигнеме до оваа точка, ние немаме намера да ги уништиме оние нешта за кои треба малку по малку да ги реконструираме.

На пример, во сегашното општество функционира сервисот на обезбедување храна. Ова се прави лошо, хаотично, со голем трошок на енергија и материјал и со капиталситички интереси во предвид, но покрај се’, на еден начин или на друг ние мораме да јадеме. Би било апсурно да сакаме да го растуриме системот за производство и дистрибуција на храна освен ако можеме да го замениме со нешто подобро и поправедно.

Постојат и поштеснките услуги. Имаме илјадници критики да упатиме, но во меѓувреме ние го користиме тој сервис за да ги испраќаме нашите писма, и ќе продолжиме да го користиме, без разлика на маните, се додека не бидеме способни да го поправиме или замениме.

Постојат училишта, но сепак тие лошо фунционираат. Но не дозволуваме само поради тоа да ги оставиме нашите деца неписмени – со што би одбивале да научат да читаат и пишуваат.

Во меѓувреме ние чекаме и се бориме за време каде ние ќе бидеме способни да организираме систем на модел на училиште во кој ќе има место за сите.

Од ова можеме да видиме дека за да дојдеме до Анархизмот, материјалната сила не е единствениот начин да се направи револуцијата, важно е за работниците, групирани според различните гранки на производството, да се стават себе си на позиција што ќе им овозможи соодветно функционирање на нивниот општествен живот, без помошта или потребата од капиталистите или властите.

Ние гледаме дека анархистичките идеали се далеку од контрадикторни, како што “научниците социјалисти” тврдат, за законите на еволуцијата докажани од науката, тие се концепција која перфектно се вклопува во тие закони, тие се експериментален систем донесен од полето на истражување до општествената реализација.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот