Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Зошто Анархизам?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Зошто Анархизам?

Пишување by Anarchist on Пет Јан 25, 2008 1:56 pm

Слобода и еднаквост
Во основа, анархизмот е борба за слобода. Слобода од владетелите и коорпорациите кои доминираат со нашите животи и ја уништуваат планетава. Слобода за работниците, жените и сите угнетени луѓе од сите делови на светот. Ние веруваме дека овој вид на слобода може да се постигне само заедно со еднаквост и со фер распределба на ресурсите.

Индивидуалното и колективното
Анархистите веруваат во инхерентното достоинство и во хуманоста на индивидуата. Но, ова достоинство и оваа хуманост можат целосно да се искористат во кооперативно и егалитарно општество. Ете затоа ние сме за да работиме заедно, колективно и да се организираме. Но, погрешно е да се изедначува анархизмот со индивидуализмот и хаосот.

Револуција
Анархистите предлагаат дека ова навистина слободно и еднакво општество може да се постигне само преку револуција – што значи комплетна трансформација на општеството. Оваа трансформација не може да биде “дадена” на народот од страна на политичарите или бирократите. Таа мора да биде изградена од дното.

“Насилство” и директна акција
Анархизмот се спротивставува на насилството кое е интегрален дел од капитализмот и Државата (ова насилство се појавува во многу форми: војна, работа, патријархалност итн.) Ние исто така се спротивставуваме и на употребата на насилство од страна на народот. Ние веруваме дека средствата ја обликуваат целта. Ете затоа ние не подржуваме освојување на државната моќ од страна на авторитативни политички партии. Сепак, анархистите веруваат во директна акција – секојдневна акција која би била преземена од луѓето која би предизвикала проблеми за владетелите на нашите животи.


Последната промена е направена од на Сре Јан 30, 2008 2:15 pm. Мислењето е променето 1 пати
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Анархизам?

Пишување by negative_h on Пон Јан 28, 2008 11:19 pm

Затоа што само тој е логична демократија. Затоа што, демократија никогаш не постоела. Затоа што се останато е диктатура. Затоа што, додека има власт, никогаш нема да бидеш слободен/а. Затоа што ми е преку кур од тоа да црнчам за друг. Затоа што сакам да живеам, а не да преживувам. Затоа што сакам да го видам светот. Затоа што никој не е повреден од мене. Затоа што никој не е помалку вреден од мене. Затоа што секој ден курот го јадат десетици илјадници луѓе, онака, за ич кур ништо. Затоа што... Јас си знам понатаму. Размисли и ти зошто анархизам. Сепак, тоа е индивидуалистичка “идеологија“. (ова се однесуваше на сите, да нема збунки)
avatar
negative_h

Број на мислења : 163
Age : 33
Location : nekade vo Tetovo (najverojatno na rabota)
Registration date : 2008-01-24

Преглед на профилот на членот http://www.myspace.com/negative_h

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Анархизам?

Пишување by negative_h on Сре Фед 13, 2008 5:36 pm

... Затоа што како и да е, полошо од ова денес не може да е!
avatar
negative_h

Број на мислења : 163
Age : 33
Location : nekade vo Tetovo (najverojatno na rabota)
Registration date : 2008-01-24

Преглед на профилот на членот http://www.myspace.com/negative_h

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Анархизам?

Пишување by Anarchist on Вто Мар 04, 2008 7:56 pm

Exclamation Анархистите се против хаос.

Кога ќе слушнете за анархисти, вие сте наведени да помислите дека тоа се луди луѓе кои бомбардираат се живо и диво. Секоја мала група која ќе пушти бомба и се става етикета дека се “анархисти” без разлика дали се националисти, социјалисти, фашисти или најобични криминалци. Митот е креиран дека ние веруваме во насилство поради самото насилство. Другиот мит дека анархизмот е хаос е најчесто користен од политичарите и мејнстрим медиумите, кои во нашата држава и се поседувани од политичарите, се со цел да го наведат народот дека без власт ќе има хаос. Но, дали сте се запрашале за состојбата во нашето опшстество денес и сте стигнале до заклучокот дека можеби веќе живееме во хаос. Милиони луѓе гладуваат, немаат дом, немаат работа, војни и страв на сите страни, а обичниот човек во кругот бара ќош да се стисне таму и да ќути и да си рече дека има и полошо. Сте се запрашале ли зошто е тоа така? Ние велиме дека постои една голема причина – ПРОФИТ! Живееме во време кое се повеќе и повеќе наликува на империјалистичкото минато, само со нови знамиња, имиња, бои итн. Шефовите, газдите, се заинтересирани да исцедат што повеќе работа, за што помала плата од оние кои работат за нив, за да тој/таа може да си ги одржи високите профити.

Средствата не се базирани на потребите на луѓето. Средствата се за профит. И покрај тоа што постои доволно храна во светот за да се нахранат сите, луѓето гладуваат бидејќи профитите се на прво место. Ова е капитализам.

Question Што е државата?

Постојат и други класи во општеството како оние самовработените и земјоделците. Кај нас, и тие зависат од одредени државни инструменти, кои се контролирани од политичарите на власт, како и газдите. Медиумите се на страната на газдите и политичарите, како што веќе кажав, тие и ги поседуваат.

Државата (судската, законодавната и извршната власт) е директен доказ дека живееме во класно општество. Општество каде малкумина поседуваат многу, а мнозинството поседува малку.

Државата постои да го заштити тоа малцинство.



scratch Избори: Ставање бројки на парче хартија.

Ние сме наведени да поверуваме дека државата работи за интересите на народот. Оваа репрезентативна демократија се состои само од пишување на бројки на парче хартија, на секои 4 години. Луѓето честопати велат дека ако сакаме одредени промени, тие промени мора да се случат преку избори. Ако ја погледнеме оваа идеја внимателно, ќе ни стане јасно дека со тоа не можеме да останеме верни на анархизмот.

Изборите се така конструирани, што прават да револуционерот набрзо ги заборави револуционерните принципи. Земете го примерот на нашите “леви” партии кои коалицираат со неолиберална влада, и кој патем нивните лидери се едни од поголемите капиталисти кај нас. Исто така тие почнаа и во црква да одат само затоа што тоа стана популарно, со цел за собирање на политички поени.

Question Може ли да се постигне социјализам преку Парламент?

Ова е уште една причина зошто не сакаме избори. Социјализмот не може да се постигне преку државата. Еве да земе пример и ќе видиме зошто е тоа така. Во 1973 година во Чиле беше избрана социјалистичка влада на демократски избори, предводена од престедателот Аленде. Оваа влада беше многу набрзо сменета со помош на *Ц*И*А* преку воен пуч. И работничкото движење потоа беше уништено, а илијадници милитанти ги изгубија своите животи.

Тоа се случи од две причини. Чилеанските социјалисти не разбрале дека вистинската моќ не доаѓа од парламентот, туку од салата за директори на мултинационалните компании. Тоа се тие кои ги имаат парите и ја имаат вистинската моќ. Социјализмот не може да се постигне преку избор на социјалисти во парламентот, но може да се постигне преку директна акција на угнетените, со заземање на фабриките и земјата. За нас анархистите, социјализмот може да се постигне од дното, а не од врвот.

Оваа поента не може да се разбере од страна на таканаречените социјалистички партии во Европа. Во ’80-тите во Франција, Шпанија и Грција “социјалистичките” влади го намалија стандардот на живеење на работничката класа бидејќи меѓународните банки во тој момент посакаа да им се исплатат долговите, а мултинационалните компании сакаа да си ги одржат профитите.

Втората причина е дека чилеанците не се обидоа да ја уништат државата, туку се обидоа да ја освојат на мирен начин. Ние мора да разбереме дека армијата и полицијата се против нас. Тие постојат за да го заштитат богатството на владеачката класа.

Question Како се менуваат идеите?

Уште од моментот кога сме родени, нас не учат да се откажеме од контролата на нашите животи и да ја предадеме на оние поспособните, дека ние мора да веруваме и да бидеме лојални на власта која ќе ги организира нашите животи. Во училиште, во весниците, на телевизијата работниците се третираат како овци на кои им треба овчар. Дури и во самите синдикати, организации на работничката класа се советуваат работниците да не преземаат иницијативи на сопствена рака.

Сепак, капиталистите во нивната луда трка по профит се принудени да ги држат платите и условите на најниско можно ниво. И поради конкуренцијата на пазарот, газдите понекогаш се принудени да им ја намалуваат платата и условите, и тогаш работниците се принудени на штрајк, и дури тогаш работниците ја согледуваат сопствената сила.

Без работа, целото производство ќе запре. Шефовите и газдите не можат сами да ги водат фабриките/фирмите. Работниците одат на штрајк и се потпираат на нивната колективна сила, тие разбираат дека ако сакаат да победат мора да се држат заедно. Тие стануваат повеќе свесни за тоа што можат тие да постигнат и така тие стануваат отворени за нови идеји. Ова е видено во 1984/5 во штрајкот на рударите во Британија. Пред штрајкот повеќето рудари сметаа дека улогата на жената е да седи дома и да ги чува децата. Но како што започна штрајкот, жените земаа активна улога и преземаа иницијатива за креирање на групи за подршка за штрајкот. Соочени со таа ситуација, многу рудари ги сменија своите сексистички погледи. Исто така се сменија и нивните погледи и ставови кон полицијата и судството. Во конфликтот тие согледаа дека главната цел на полицијата и судот е да ги заштитат сопствениците и да го уништат штрајкот.

Со тоа работниците не ги оствариле свои идеални планови, но сепак се избориле за подобри услови, а со тоа се зголемува и нивната доверба во сопствените способности за организирање. Тоа е една од причините зошто анархистите треба да учестуваат во штрајковите, да бидат заедно со работниците во секојдневната борба за навистина еднакво општество.

Exclamation Социјализам од дното.

Ние сметаме дека обичните луѓе мора да ја направат револуцијата. Секој член на работничката класа(модерните робови) како што се работниците/чките, невработените, домаќинките, итн. имаат своја улога. Кога ќе учествуваат и овие луѓе, тогаш ќе бидеме сигурни дека анархизмот е реален. Ние веруваме во револуција што доаѓа од дното нагоре и се базира на работнички и комунални совети. Слободата не може да биде дадена, за неа мора да се избориме.

Тука ние не се согласуваме со таканаречената “револуционерна левица”. Тие сеуште веруваат дека возможна е вистинска револуција преку политичка партија. Тие ги базираат нивните ставови врз тврдењето на Ленин дека само работниците се способни да создадат таква синдикална свест. Според него, на ним им е потребна партија од професионални револуционери за да ја направат револуцијата за нив. Резултат на таквото размислување е очигледен во Источна Европа. Тоа што беше, а и сега е во Русија, е дека целата моќ е во рацете на мала група на луѓе. Државата е шефот, и работниците се уште прават тоа што ќе им се нареди. Ова е состојбата на капитализмот. Работниците не ги контролираат своите работни позиции. Сета моќ е сместена во бирократијата. Работничката револуција ќе треба да ги отфрли овие бирократски елити.

Значи ние велиме дека се е до обичните луѓе. Некои се прашуваат дали ова е возможно? Зарем тоа не би било хаотично? Се разбира дека не. Во моментов капитализмов би колапсирал без подршка од работничката класа. Се што се произведува е од страна на работниците. Можно е да се направи такво производтво, што ќе ги задоволи потребите на сите. Исто така можно е и да се направат такви структури што ќе овозможат учество во одлуките на сите кои се засегнати.

Exclamation Текстов во поголемиот дел е превод, сепак постојат мали адаптивни модификации.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Анархизам?

Пишување by Ghost Dog on Пет Мар 21, 2008 7:24 pm

Дури и никад да не профункционира... Барем има повеќе живот од другите идеологии... А и позабавно еpirat
avatar
Ghost Dog

Број на мислења : 14
Age : 29
Registration date : 2008-03-18

Преглед на профилот на членот http://myspace.com/damjanaleksiev

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Анархизам?

Пишување by evolutionary on Саб Мај 24, 2008 5:35 pm

pa za sreka profunkcioniralo i ima dosta primeri koi se eliminrani i od istorijata oti kako sto znaeme istorijata ja pisat pobednicite zasto kapitalizmot da ne educira so neso so moze da ni gi otvori ocite i da ni sluzi ko primer koa bas saka da ni gi ostavi zatvoreni..na prime rspanja,ukraina,korea,italija,argentina,severna afrika revolucii vo kojj ne ucestvuvale anarhisti no spored osobinite i principite antidrzavnoto glediste bile anarhisticki kako vo ungarija ,revolucijata vo kronstadt -rusija i drugi samouprvani regioni vo juzna amerika.ZASTO ANARHIZAM? e kako da prasame zasto sloboda...znaci za razlika od komunizam i drr..nema tuka nekoj posebni interesi ili dvoumenja nema sednuvanja na stolcinja vo paralament i toa ja stava nasata cel na videlina...ednostavno anarhizmot e neizbezna faza na covekoviot razvitok samo problemot e so site zborat,kukaat cekaat nekoj da se digne a niso ne prezemaat vo svoi race..nemaatd ovolno nadez ne go sfakaat seriozno i sekako sledi najsmesniot argument.nemoze toa sea ke bide za edno 50 god.A STO ako tie ggeneracii za 50 god si recat nemoze ni sea tuku za 30 god i taka site generacii samo ke zborat i nema da se smeni niso...od negde mora da se pocne sekako promena ne doaga preku nok.zosto anarhizam za evolucija ,za izdiganje na covekoviot nacin na razmisluvanje i spiritualnost ne samo tehnoloski napredok pa luge ako sme bile na mesecinata koa imae luge so razmisluvaat ko u sredniot vek more u paleolitot...zasto anarhizam za da gi ozvieeme zborovite pravda,sloboda,ednakvi moznosti zborovite koi lugeto vecno gi upotrebuvaat a ostanale samo na hartija i vo nasite glavi
avatar
evolutionary

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-05-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Анархизам?

Пишување by -off- on Пон Мај 26, 2008 10:21 pm

zosto anarhizam???a zosto da ne ?barem koga bi bila anrhija ne bi bilo vakvo sranje vo svetot bi bilo edinstveno vreme kade sto lugeto bi imale pravo na mislenje i bi bile ednakvi,bez predrasudi,i tn. anarhija -idelalno! Wink
avatar
-off-

Број на мислења : 190
Age : 28
Location : skopje
Registration date : 2008-03-03

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Зошто Анархизам?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот